Здраво женички, вака бремена сум 27 недела и денес имав секс со маж ми и беше навистина многу болен ме болеше вагината премногу и уште ме боли, осекам како да ми теже вагината ми беше многу сува пијам апчиња магнезиум и за тероидна жлезда дали е можно да е од тоа? Инаку имам контрола на 31ви месецов и срам ми е да му кажам на гинекологог дека сум имала односи и ме болело
Кажи му исто како со заболекар да разговараш. Пр. Јадев гумени бонбони, во моментот ме болеше ама не мислев дека е страшно. Опиштено
Од хормоните е недоволната влажност. А за гинекологот, оти да ти е срам, па трудна си, секако дека ќе си кажеш што те боли и зошто.
Јас немам воопшто секс имам сува вагина како барут изгледа до крај ќе си останам без секс а и либидо нула
Какви односи практикувате бидејќи и кај самите доктори има премногу различни и поделени мислења, оа не знам кој да слушам, некои викаат никако незаштитени, никако внатре свршување, некои викаат слободно незаштитени, нема гајле.. Јас го прашав и матичниот доктор, и прашав и друг доктор на приватно каде што одам, и двата ми рекоа слободно незаштитен однос, нема потреба од кондом. Сепак ми е страв бидејќи гледам дека на многу, на повеќето им викаат никако внатре свршување. За првото не користевме кондоми и немаше никакви проблеми.. Ама сега некако ме кладоа во мисла ...
Не се препорачува да се свршува внатре затоа што омекнува грлото на матката,па да не дојде до предвремен пораѓај.А околу заштитата со кондоми,најчесто се користат за заштита од инфекции и сл.За да ти биде главата раат.
Ако имаш нормална бременост имајте колку што ви се сака. Не е проблем. Јас од почеток па се до неколку дена пред пораѓај имав.
Јас од кога дознав дека сум бремена до денес 36+6 ич. Ниско ми е бебче и доста време крварев . Ти посакувам нормална бременост без апстиненција.
Здраво После сите стресови ,пишував дека пред 2 недели правев CVS (земање дел од плацнета хорионски ресички) фала нови се е ок. Бев на контрола дрката рече се во ред почекај 2 недели и оди на одмор.Еве станавме на одмор мене желбата за секс ми се врати ненормално мм бега од мене вика не сакам да имам пак стрес.Имала ли некоја после амнио или хорионски зафат секс во бременост? Инаку сум 17та недела :
Женчиња,имам едно прашање.Бремена сум 6 недели,па би сакала да знам дали е добро да се има осноси и која е најдобра поза за овој период?Сепак имаме страв со мм.
Какви односи жено на почеток од бременоста си .. во второ тромесечие можеш ако имаш нормална бременост.
Хм, јас би те советувала да почекаш малку Да се фати убаво бебче, да се зацврсти, нека ти помине барем првиот скрининг (така ми кажаа мене кога ја потврдив бременоста) Односите не бегаат хаха. Знам дека и желбата се зголемува сега и се тоа ама има и други начини за интимност
А што има врска ако е на почеток? Јас 6та недела бев на прво ехо, докторката ми рече дека може да имаме секако со кондом. Не ми кажа ништо за чекање до второ тромесечие, па еве се е во ред до сега. @Ljubovka8 прашај си го гинекологот види што ќе ти каже. Како што гледам сите различно кажуваат. Но ете ако ви е страв, анален/орален не гледам да би било проблем.
Јас има цела бременост односи. Имав нормална бременост и со дозвола на доктор правев се како и вообичаено. На крај не можеш не знам колку ама интимност си е интимност.