Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Секс во текот на бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од soledad, 28 ноември 2009.

  1. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.412
    Допаѓања:
    16.972
    Пол:
    Женски
    И јас имав односи цела бременост,ја прашавме докторката и одобри.
     
  2. stsmua05

    stsmua05 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    2.393
    Допаѓања:
    13.986
    Пол:
    Женски
    Ваша одлука јас не би никогаш до 12 недели т.e уште не сум а за два дена сум полна 20та :)
     
  3. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.447
    Допаѓања:
    17.108
    Па матичната ми одобри.
    Мислам дека ако нема медицинска нема зошто да биде проблем.
     
  4. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Ако доктор одобрил може.
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  5. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.447
    Допаѓања:
    17.108
    Да затоа реков со одобрение од доктор. Туку членката пиша "јас никогаш не би до 12та", затоа :)
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  6. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.412
    Допаѓања:
    16.972
    Пол:
    Женски
    Ти си знаеш за себе,ама на членката и пиша лелел жено каков секс,како да е најголемото зло.А и по коментариве виде дека не се малку жените што имаат секс за време на бременост и дека тоа не е нешто ненормално.
     
    На pamelche и Emy867 им се допаѓа ова.
  7. stsmua05

    stsmua05 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    2.393
    Допаѓања:
    13.986
    Пол:
    Женски
    Да пошто мене не ми е нормално некој да мисли на секс во тој период ама изгледа само мене не ми е како и што пишав погоре :):):)
     
  8. Сара Лав

    Сара Лав Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2021
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    @stsmua05 јас мислам на секс:D За жал несмеам, а изгледа и до крај ќе сме си без секс. Сексот(водењето љубов) ми е уживање, близина а не само задоволување потреби. Кога би смеела би имала редовен, ама тоа е:D
     
    На marijamarkoska, pamelche и stsmua05 им се допаѓа ова.
  9. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.914
    Допаѓања:
    20.234
    Пол:
    Женски
    Не да мислам хахаха :D И се ми е дозволено, и немам никаков проблем ама мм усвет фаќа кога му спомнувам. Се плаши да не направиме проблем и јас си страдам вака тивко полека :lol:
     
    На Anaroz1, pamelche, Сара Лав и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.412
    Допаѓања:
    16.972
    Пол:
    Женски
    Незнам што да ти кажам,јас кога бев трудна не бев болна,фала му на Бога убава бременост без некои посериозни проблеми.Сигурно не би помислила да имам,т.е не би имала кога др ми рекол да немам.Ама од постов твој се осетив како да сум го направила најголемиот грев во бременоста.
     
    На Mantub, pamelche и Emy867 им се допаѓа ова.
  11. stsmua05

    stsmua05 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    2.393
    Допаѓања:
    13.986
    Пол:
    Женски
    Јас смеам ама неќам хахаха .. ама мојов ме пукна за секс :lol: Во почетокот ни он неќеше ама сега јас си бегам :lol:
    Жал ми е што неможеш ама секако бебињата се на прво место ќе се издржи :inlove::l:
     
    На Сара Лав му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.914
    Допаѓања:
    20.234
    Пол:
    Женски
    Мене најслатко ми беше тој период од 15та докај 27-28ма недела. После почна све да ме боли, хормоните на макс, карање, вриштење, плачење секој ден. И сеа јас се смирив и се ми е погодено и он ми се понаша ко труден да е :rofl: Па и ми збори после пораѓај ќе сме се врателе на старо.. аха, седи дека ќе сакам да те видам после пораѓај :?::rofl:
     
    На baby 5, Kikke, zverkica и 2 други им се допаѓа ова.
  13. stsmua05

    stsmua05 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    2.393
    Допаѓања:
    13.986
    Пол:
    Женски
    Не таман работа доколку си уживала и имала желба за тоа не си ништо погрешно направила јас биднав фригидна од бременоста па можда затоа имам такви испади на тоа прашање не е до вас до мене е :?:
     
  14. stsmua05

    stsmua05 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    2.393
    Допаѓања:
    13.986
    Пол:
    Женски
    Хахахахха и ја тоа му викам на маж ми ќе се вратиме на сексот после пораѓај ама секако има и други начини на задоволување барем за него што му ги пружам .. се осеќам како повеќе сега да сака од претходно како он да е бремен што викаш ти само различни ситуации :rofl::rofl::rofl:
     
    На Arjanit2021, LiquidLuna и Сара Лав им се допаѓа ова.
  15. Anaksunamoon

    Anaksunamoon Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2016
    Пораки:
    720
    Допаѓања:
    1.838
    Пол:
    Женски
    Секс во бременост-нема "нормално".
    Ако нема медицинска причина, дозволен е, ама прашање е дали исто го доживуваат и посакуваат партнерите. Некогаш на идните мами од хормоните и емоциите им опаѓа либидото до 0, некогаш оди до плафон. Исто и кај татковците, немаат физички промени, ама имаат е емоцонални. Некои не сакаат да го повредат бебето, едноставно не ја гледаат жената исто, некои ги гледаат своите бремени како најпривлечни и најженствени со заоблено стомаче. Сѐ е нормално, дури се има компримис и едниот не пати заради одлуката на другиот. И ако можете, уживајте, затоа што после пораѓај не е баш исто
     
    На Hani2, marijamarkoska, PoisonGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    3.282
    Пол:
    Женски
    Не сум родила, уште не сум ни трудна, само ме интересира зошто многу од жените пишуваат дека сексот после пораѓај не е ист? Тоа е кога станува збор за природен пораѓај, па од тој аспект сексот не е ист или од некоја друга причина?
     
  17. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Природно сум породена, можда првиот пат после породување да го наречам чуден зашто не бев опуштена, не знам што очекував можда болка...
    Инаку и мене ми е забранет оваа бременост... а паметот само таму ми е. Едвај чекам 9ти месец да биднам си викам... многу ми се погоди тогаш на крај:$:D
     
    На Angella7 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Anaksunamoon

    Anaksunamoon Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2016
    Пораки:
    720
    Допаѓања:
    1.838
    Пол:
    Женски
    Од многу причини. Дел ги имам искусено, дел се од искуство на блиски, многу се нереални и поминуват брзо, други бараат малку време и напор да се отстранат:
    -Прво, имаш мало суштество за кое треба да се грижиш 24/7, 99% од мислите ти се таму. Забораваш што си јадела вчера, што ден е денес, а сексот ти е сеќавање од пред пораѓај кое секој ден е побледо, како и сѐ останато пред да се породиш, не си ни сигурна дека реално постои.
    -Хормони. Се билдаат во бременост, се издишуваат по пораѓај. Не ги снемува скроз додуша, се заменуваат со нови, постпородилни и насочени кон лактација и одговарање на потребите на бебето. Дали дише? Дали доволно цица? Дали е нормално толку да повраќа? Дали му е топло? Да не му е претопло? Папочната врвца ја заменува мајчина интуиција, зен ниво над телесни потреби како.. секс.
    - Неспиење. Првите месеци од животот бебето јаде/плаче на 2-3 саати, дење и ноќе. После одреден период најсекси активност во спална е ако партнерот се разбуди во 3:48 кога бебето плаче, ти ја крене маицата и го држи додека го доиш. Или ако му направи шише со млеко.
    ПС. Најчесто ќе го гледаш како спие спокојно со неговите бескорисни брадавици. И ќе ти дојде желба да го (б)акнеш, со топче од тешка пелена, ама ќе се собереш да не го разбудите бебето и ќе легнеш што побрзо оти имаш 1:45 минути да преспиеш пред пак да се разбуди за цицање.
    - Гради и делови на тело кои не ги доживуваш баш како свои. Градите најчесто се кујна за друго живо суштество, (ретко кој ги гледа како секси деколте кое возбудува), по цел ден висат достапни, се мачкаат со масти, крварат, течат, креваат температури, се мотаат со листови зелка.. Додади и остатоци од труднички стомак кои тажно висат месеци по пораѓај -не возбудуваат многу, или во најмала рака ја намалуваат самодовербата кај новопечените мами.
    -Крварење. Независно каков е пораѓајот, откако ќе се одлепи плацентата од ѕидот на матката, има крварење со различен интензитет и должина, но најчесто од 20-40 дена (или ако е некој среќен ко мене и 60 дена). Во овој период и матката се враќа од големина на лубеница до големина на крушка. Процес кој не е баш пријатен, и не поттикнува атмосфера во спалната соба. Ако пораѓајот бил царски, барем месец постои чувство дека те исекле на половина и те составиле, па мрдање многу со долниот дел не ти доаѓа како природна активност.
    -Премногу обврски. Доаѓањето на едно мало човече дома носи мал милион нови задачи, а често знае да плаче, кенка, да се храни со саати, да спие на брадавица, а мама да ја чекаат милион обврски (куп бебешки алишта за перење/простирање/собирање/пеглање), чистење, готвење, дезинфекција на шишиња/цуцли/пумпи.. И да постои желба за секс, понекогаш физички е невозможно да се мрда од истрошеност.

    Добрата страна на сево ова е што брзо поминува, ги зближува родителите иако има отсуство/редуциран секс, тие увидуваат дека ЈАС, ТИ, стануваат НИЕ и дека нашите потреби се потчинети на потребите на некој мал и кревок, а потоа излегуваат посилни и поблиски од бурата наречена Првата година на нашето најмило.
     
    Последна измена: 30 октомври 2021
    На GirlVolley, WhiteCat33, see.emily.play и 20 други им се допаѓа ова.
  19. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.412
    Допаѓања:
    16.972
    Пол:
    Женски
    Може да не е ист ради лудило од хормони,да ти се намали либидото скроз,умор,стрес,враќање во нормала организмот,целото тело.А ако евентуално мислиш на тоа вагината дека е проширена или незнам ти што нема врска се е исто
     
    На Angella7 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    3.282
    Пол:
    Женски
    Фала ти за опширниот одговор. Сега веќе ми е тотално јасно :tmi:
     
    На Anaksunamoon му/ѝ се допаѓа ова.