јас со првото дете имав многу желба за секс како нимфоманка бев повеќе маж ми се плашеше да не ми се случи нешто, премногу го замарав крајниот термин правевме и за 2 3 дена се породив
Кога сме кај сексот ајде да кажам дека во текот на првата бременост од страв првите 3 месеци немавме односи ама затоа после до последен момент само мм внимаваше многу, е сега исто скоро 2 месеци немавме, што од страв ,што од мачнините што ги имав ама искрено и немам желба за секс , само сакам да ве прашам какви препораки имате од гинекололозите,мене матичниот секоја контрола ми нагласува може да имам односи ама строго со кондом е сега мм не се противи нели се за доброто на бебчето, ама до сега сите брисеви ми биле негативни фала богу а искрено да ви кажам и никогаш до сега не сме користеле кондоми во брак сме 5 години ,али сега ајде
Јас првите три месеци немав секс но се испаничив затоа што вториот пат кога имавме секс а бев веќе бремена ми потече малку розевко и прекинавме сега после трети имаме не толку често но сепак го имаме, а гинекологот не ми ни забранил ниту ништо. Долго разговарав на таа тема затоа што бев уплашена но ме опушти и ми рече дека нема никаков проблем да си имам секс
Доколку се е во ред со бременоста можеш да имаш секс колку што ти душа сака... јас уживав во сексот додека бев бремена посебно до 6-ти месец, потоа малку поретко Кога ќе влезеш во 9-ти месец велат дека оргазмот може да го забрза породувањето... Значи ако се си е како што треба уживајте... можеби ќе го имате и најубавиот секс во животот
јас имам најнормална бременост и откако сум останата бремена само еднаш пробавме ама ништо цели бевме здрвени двајцата,хехехе и ништо се откажавме нависитна ви завидувам на тие што си имате нормално , ама ајде кај и да е ке издрќжиме уште малку, па после
вчера имавме... ама најнормално без глупирања... и дали дека јас цела здрвена за 1 пат после сексот така нешто ме заболе лево кај јајникот и еве и денес имам ко тапа болка на моменти може и од сугестија ама ете.....што може да е? а да...и пред чимот осекав надуеност може и тоа ке да е а?
Не би требало да имаш проблем, може да ти е нешто сосема друго. Ако не дај боже имаш проблем, најверојатно би прокрварела.
времето е за никаде може и преладена си и затоа осекаш така надуеност а за секс ако ти е се во ред со бременоста без болки контакции и крварења можеш да си имаш али без акробации а ова што го опишуваш ти е од прелада замоткај се со едно кебе од нозето до стомакот и свари си едно чајче и така потстопли си се ке ти помине
Aаааа.... епа може да е од прехладата.цела недела многу кашлав бев болна.. мене уствари ме заболе секундарно кога се накашлав.иначе се во ред ми е фала му на господ. фала ви
Otkako ostanav trudna,samo ednas vodevme ljubov so mazuleto....mene ic ne mi bese ubavo,ama aj vikam grevota za mm.Celo vreme bev napnata,ne znam ne mozev da se opustam a kamo li da doziveam orgazam.
Многу сум исплашена...Последниве денови чувствувам болка при пенетрација Незнам дали е нормално, иако се мислам дека не е..но мешето веќе видно ми се познава па при подлабока пенетрација чувствувам како негде да `мава` и заболува како живец од заб... Имам и појачан исцедок, но, се` се плашам да не е некоја инфекција или штознам...=(
на нас ни забрани докторот да имаме односи до 12 недела од бременоста ама ние си продолживме со апстиненција и после тоа јас немам ич желба а ниту мажот ми не ме напнува. се зафркаваме дека сме како братче и сестриче сега. ми има спомнато докторот дека препорачливо е да се користи презерватив додека жената е бремена и дека мажот треба да одржува многу хигиена,кај нас бремените бил намален имунитетот и лесно настанувале инфекции кои инаку вон бременоста не би ги добиле
не и е ништо нас господ не чува се додека си е културно и со исаф дозволено си е... на почетокот на сите ни е шубе да имаме односи ама после тоа мора малце на нас матичниот ни кажа доколку е нормална бременоста после 12недела може...
Најнормално , како да не сум бремена , гледам некои трудници немаат желба, ама мене пустотоникако да ми снема желба
форко мило ми е што сте добри блазеси ви на тие што имате желба за секс ако останам ваква и после породувањето ќе си има мажот ми мака кутриот само рачуна уште колку време треба да чека,ама онака со усул ме потпрашува,многу ми е интересен кога му кажав дека треба и скоро еден месец после породување да чекаме ги обеси увцињата
Додека бев бремена во 3 пополноќ да ме разбудеше сопругот ќе се согласев за секс и имав секс се до последниот ден.
розич па да не те учам сега предигра и да не беси увциња се шалам и јас кога имам мислам повеќе на неа него на самиот секс..ама ете дужност си е дужност позз до сите