Чудни ми се комбинацииве, двајца во врска со некој трет?! Дечко ми да ‘‘работи‘‘ некоја пред мене?! Жити се......... Има смисла работава доколку, пример, двајца другари со жена која не им е ништо и на двајцата, или обратно. Ама дечко и девојка со трета личност?! WTF?!
Немам ништо против секс во тројка, четворка, седумнаеска... Само доколку е во соогласност и по мерак на учесниците. Сепак, сметам дека тоа би ја растурило врската ако некои од учесниците се во врска или брак. Единствено ако партнерите се долго заедно, и во поодминати години па да им е монотон бракот, па да се забавуваат. Оти реално после толку години заедно, најверојатно не би ја жртвувале врската за некој со кој се сексаат. И многу интересно како некои одма скокаат тука со предрасуди за болесници и перверзни. Сигурно никогаш не ни изневериле... кхм
Читам Википедија, вика од прилика вака во 2011 во САД има околу 15милиони американци кои свингаат. Верувам не се сите настрани, уште повеќе сум убедена дека се возрасни личности со изградени ставови во животот па ваквите повремени „забави“ не ги тераат да се разведат.
Кој со кого сака нека си има секс и со колку луѓе сака само да се парадираат по улиците и слични глупости
Токму тоа е проблемот, што Американците преку интернетот ни го трујат мозокот, што и да отвориш на интернет ти е поврзано само со Америка, Америка и Америка. Порно филмови 80% Американски, свингери, групни сексови и што ти ја знам, пак најмногу Американски. Зошто секогаш мора да се споредуваме со Америка, демек они се господ и се што прават тие е добро и тоа мора и ние да правиме??, јас баш напротив мислам се што е лошо доаѓа од Америка.
Секако дека ќе бидат поинакви, не дека и таму воопшто нема вакви работи, ама се далеку во помал број, и неможеш да најдеш податоци за тоа колку милиони свингери има и што уште не, затоа што Амерканците и западно европските земји го имаат окупирано интернетот, и затоа ти прво си налетала за бројките во Америка.
Не мора да се согласиш со мене, само размисли за ова, а тоа што не се трудиме е уште еден проблем, секогаш сакаме да дојдеме до брзи информации, и што е најлошо секогаш мислиме дека тоа што ќе го прочитаме е добро, пошто нели доаѓа од "модерниот" запад.
No zatoa Amerika e drzava so najmnogu razvodi ... pa ne se vodete po nivniot zivoten stil mnogu,tuku po toa sto vie licno go sakate i vi e potrebno
Ne rekov deka procentot na razvod go pravat svingerite vo Amerika tuku da ne se vodeme po nivniot nacin na zivot zatoa sto e daleku od idealen .. ne deka kaj nas ili bilo kade e podobar
Ne e sramota da si mazena 2-3 pati i ni tamu ne e moderno toa tuku zenata ima prava i e svesna deka ne treba da trpi maz koj ne ja pocituva,za razlika od kaj nas sto seuste ziveeme vo edno opstestvo kade sto zenata treba da trpi i da molci.
Па незнам како е пошто ниту сум бил ниту планирам да идам таму, ама знам дека нивниот и нашиот начин на живот се неспоредливи, а инаку маж кој не те почитува не треба воопшто да го земаш, ама проблемот е што со текот на времето луѓето се менуваат, a не можеш да предвидиш на кој начин ќе се променат.
^Кога ќе видиш дека се променил во нешто што не ти се допаѓа треба да можеш без проблем да си заминеш. Тоа е полесно во „лошиот“ западен свет.
И овде можеш без проблем да си заминеш, колку што знам нема закон што те спречува да го направиш тоа.
Другарче олабави се, луѓето имаат право да прават ебено што сакаат, слободата е од суштинско значење. Тоа што има социјални блокови, предрасуди и морални заебанции не значи дека човекот не треба да го прави тоа што го прави среќен а не е во склад со морално - опшествените принципи. Сексот според мене е најмоќна работа на светов и треба што повеќе да се практикува. Доста зборите за вашите мисли , зборете за секс и за темата тројка!!!! Прати што ти зборам: Постојат огромен број докази за тоа дека сексот е многу корисен за здравјето. Љубовниот интерлидиум спроведуван три пати неделно согорува 35.000 килокалории, што е еднакво на 130 киломентри трчање годишно. Сексуалниот чин го зголемува нивото на тестостеронот,што,од друга страна,ги зајакнува коскениот и мускулниот систен и го снабдува организмот со т.н добар холестерол. Сексологот д-р Вилиам Флорес вели: За време на сексот се ослободуваат ендрофини, кои се природни смирувачи на болката во организмот, и затоа сексот ги намалува главоболката, вкочанетоста на вратниот и рамениот појас и артитисот и го прави човек да се чуствува HIGH!!!
Па овде само разменуваме мислења, инаку секако дека луѓето имаат право да прават што сакаат се додека не ги загрозуваат останатите, и не мора да е секој пост стриктно за секс во тројка.