проблемот е што тој е постар од мене, а и јас си имам некои проблеми со такви перверзни помисли, и неможам повеќе ни да мислам ни да го гледам на ист начин... тешко ми е[/quote] зошто да ти е тешко???? мислам стварно немаш потреба.... [/quote] подобро размислено, можеби е затоа што тоа е уште едно плус искуство за него.. многу долга приказна, јас сум немала секс ни во двојка, сепак сум премлада за тоа а он ми кажува за тројка, а гледам не е таков..
Една од најчестите машки сексуални фантазии е сексот со две девојки, тоа сигурно го направил само од љубопитност, ретко кое машко би можело да одолее и да не проба ако има шанса. Разбирам дека ти е толку чудно бидејќи си сеуште невина, но тоа што тој имал секс во тројка не го прави лоша личност и не треба сега да гледаш поинаку на него.
Мојот сопруг одамна ме убедува за тројка во било која комбинација,мислам дека би било интересно но сеуште не сум сигурна дали да се впуштам во таква авантура.И сеуште одговорот пред него ми е дека нема шанси за такво нешто.
Тешко дека некогаш би пробала, ама ако се решам има тоа двајца мажи да бидат И ниеден од нив да не го знам многу-многу по можност, дечко па во никој случај. Може е конзервативно, ама јас би се навредила маж ми да ми предложи вакво нешто со жена И мислам дека секако би имало последици за бракот подоцна
аииии.. море море... значи ако ти се бендисува оваа помисла за тројка...ти би немала ништо против ако твојот маж те изневерува а би било оправдано ако има секс со друга девојка во твое присуство, или можеби со две девојки...значи немам зборови...блазеси ви на бракот што го имате, се надевам функционира...па секој маж би посакал жена како тебе бе...хахахахах
Не ми е јасно зашто воопшто влегуваш во ваква тема на форумот кога си конзерватвна.Значи оваа тема не е за такви како тебе да ни солат памет и да ги осудуваат нашите идни или сегашни постапки.Најди си дел каде што се збори за везење,плетење,рецепти за јадења па разговарај си до миле воље.
да истото и јас го прашувам....мислам што се пола од девојкиве овде??? психолози,свештенеци....???!! а има и такви теми за моралните хахахаа овој зборов морал е толку смешен и патетичен..... Слушајте драги девојки...во својот живот секој ќе си прави што сака....и да ви кажам нешто поголеми се шансите вашите бракови да се растурат заради претерана љубомора отколку нејзиниот.
Ако вас ви пречи што некој има поинакво мислење од вашето, не мора да навредувате, сепак ова е форум, секој може да каже што мисли. Никој не ви кажува што да правите, само се искажуваат ставови и мислења. А кој спомна тука љубомора? Само факт е дека може да си направи проблеми во бракот, освен ако и на двајцата баш им е гајле за оној другиот. Ако си во брак со некого, сексот во тројка може и тоа како да ја искомплицира работата. Ама се зависи од луѓето, нели?
баш така ,се зависи од луѓето....секој во својот живот и во својот брак ќе си поставува свои правила.Сексот во тројка може воопшто да не го искомплицира бракот...ако партнерите знаат што сакаат и ако се сложат на тоа.Нас воопшто не ни пречи тоа што некој има спротивно мислење...туку тоа што обично мислење на крај излегуваат навреди и моралистички предавања.
Не е тоа за мене, јас со еден едвај на крај излегувам па не со двајца да треба, десно ли било лево ли ауууу паника ме фаќа само што ќе помислам.
Мислам дека не би пробала а и воопшто не сум размислувала за такво мешто ни јас ни па дечко ми е спомнал такво нешто! Јас искрено сум против тоа ни па би сакала да го делам дечко ми со некоја друга! Сепак не размислуваат сите исто!
Во таа ситуација треба да разграничите љубов и задоволство.Кај вас има премногу љубомора и затоа не можете да сватите.После неколку години брак ке видите дека ке ви треба нешто ново дека со еден партнер подолго време ви станува монотоно.И нека не ми реплицираат и осудуваат девојки на 16-17 години ниту оние што се во врска помалку од 5 години.
Не се работи за љубомора туку за личен избор, тебе ако ти претставува тоа задоволство, некому му е гадно и ниско, секој со свој избор, така? Просветлувачки постови како сите други треба го прават она што тебе ти е убаво мислам се непотребни секој си гледа за себе
ако ти не си задоволна од твојот партнер немора да значи и дека останатите ние не сме. Јас сум во врска со дечко ми веќе 4 години и никогаш не ми било монотоно или да ми се појавила желба за нешто ново, поточно 3ка или нов дечко. Доколку имате убава комуникација со партнерот, и си се разбирате 1 со друг неможе да ви здодее. Експериментирајте си само вие 2. Пози, локации, нападнете го сексуално кој најмалку очекува, изненадете го со некоја секси облека или танц. Така се одржува една врска во живот и се трга монотонијата на страна. Задоволете ги неговите потреби на свој начин, бидејќи тој дупло ќе ви врати А ти Solea очигледно врска си немаш како да се справиш со таа монотонија која се појавува во врската после одредено време. Јас не ни дозволив а нема ни да дозволам тоа да се појави кај нас.
Solea немој да им објаснуваш зашто очигледно не сфаќаат.За нив а љубов а секс тоа е едно исто.Не можеш од луѓе кои сексот го гледаат само како начин да направат деца,да очекуваш да го сфатат ова што го пишуваш.Јас те сфаќам перфектно и те поддржувам.
? ехе, ти ако го гледаш сексот само низ една призма - задоволување полови нагони, ние не го гледаме сексот само низ биолошката призма - правење деца. Па не сме сите ограничени да ги гледаме работите само од една гледна точка и само онака нам како ни чини