1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Секс за една ноќ

Дискусија во 'Секс' започната од Ani-Honey, 9 септември 2010.

?

Сте имале ли секс за една ноќ?

  1. Да

    371 глас(а)
    34,7%
  2. Не, но би имала

    287 глас(а)
    26,9%
  3. Не, никогаш нема да имам

    410 глас(а)
    38,4%
  1. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    А добро камо мислења од маживе на форумов да видиме они што мислат за темава :^) :emo:
     
  2. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.649
    why not? :^)

    И никогаш не велите никогаш. Замислете сето тоа еден да ви дојде врз глава?
    Ќе го направите тоа и тогаш што... јавно ќе кажувате дека сексот за една ноќ е океј или ќе се скриете некаде од срам?
    До сега не сум го направила тоа, ама којзнае за натаму.
    Само ќе ми биде чудно некоја од 15 години да каже дека имала секс за една вечер или па не дај боже да почне да се кае за тоа и да се сожалува. |( Шамарот треба на време, а не по „делото“.
     
  3. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    Леле партал е направена темава :lol: Јас никогаш нема да имам секс за една ноќ . Тоа е за мене нискост и мизерност . Не сум лесна девојка и немам убаво мислење за нив ... Ете , си кажав мислење , сега ајде , истепајте ме ]:) распнете ме :devil: не ме интересира , не се навраќам на темава
     
    На anastasijaki, simoncelicius и MonnaSi им се допаѓа ова.
  4. Karol.Ina

    Karol.Ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    74
    Сега размислувам на оваа тема, но не можам да дојдам до конкретна одлука. Во моментов не би сигурно тоа, но не ги осудувам оние кои го прават (ок не со секој, да не ме сватите погрешно) и не можам да кажам дека Никогаш не би го направила тоа.
     
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Мора ли да одите оф топик? Задржете се на темата по ѓаволите, зошто да ја заклучам? Ќе се случи еднаш во незнам колку време да се појави дискутабилна тема на форумов и веднаш се расипува со глупи коментари.
    Нареден оф топик ќе поделам опомени.
    Втор пат предупредувам.
     
    На MonnaSi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. priti

    priti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    83
    Мислења од мажите не се потребни. Зошто? Затоа што многу добро знам шо мислат мажи на оваа тема. Надвор вели дека е за за да си добива а за женска сестра да го прави тоа не смее не им било морално. Нема да бидат искрени џабе ќе пишат.
     
  7. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Ете и од машко, претходно имав напишано ама ќе се повторам и искрено ќе си кажам :).

    Запознаваш некоја многу згодна, ти се свиѓа и знаеш дека нема никогаш повеќе да ја видиш. На теорија би радо еден секс со неа ама само на теорија.

    На пракса ми е секс со непознат преголем ризик за добивање полна или друга болест и затоа никогаш не сум и никогаш нема да го практикувам :).

    Но не ги осудувам тие кои го практикуваат, нивен живот, нивна одлука :).
     
  8. giorgoxx

    giorgoxx Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    па дојден сум на форумот за нешто друго, но кога барате машко мислење ќе прокоментирам. Секс за една ноќ сум имал и тоа не еднаш туку многу пати да не речам на големо и ако продолжат вака работите сигурно ќе имам и во иднина. Но да бидам искрен бидејќи барате искрени одговори, за тие девојки немам високо мислење, тие нормално не го знаат ова, и вистина е дека не би сакал во никој случај моја женска за озбилно или идна жена па и сестра ако ја имав да има вакво искуство. Тоа е моето мислење.
     
  9. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    жал ми е за тие девојки со кои си бил...очигледно не си искрен и си голем лажго со нив.....
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  10. giorgoxx

    giorgoxx Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Паулина нема зошто да ти е жал јас никого на ништо со сила не терам освен тоа вие баравте искрено мислење не треба тоа да ти смета, јас колку што знам и повеќето мажи размислуваат вака како мене, само на девојките им зборуваат нешто друго, јас пак не ги лажам, само во таквите ситуации и во тие ноќи не зборувам збаш со девојките за мислењето еден за друг а вака во вакви ситуации или некој ако ме праша секако дека ќе си го кажам мислењето, лажго не сум
     
  11. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    па види кога ќе поразсмислам не ни морате да имате високи мислења едсен за друг . и онака сте заедно таа вечер за да ги задоволите сексуалните потреби и ништо повеќе од тоа....ама види од тоа многу често знае да излезе долготрајна врска....примет моја другарка
    имаа секс одма првите денови па до ден денес 4 год се заедно
     
  12. giorgoxx

    giorgoxx Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Па јас зборувам за себе и за своето искуство како и за искуството на моите познаници и пријатели. Нормално дека секогаш постојат ретки исклучоци, иако јас овој случај не би го нарекол ни секс за една ноќ, очигледно е дека и двајцата гаеле подлабоки чувства. Како и да е јас прокоментирав овде само затоа што беше побарано машко мислење, само кажувам како јас како маж ги сфаќам работите и како гледам на тие врски. Не би сакал да ја продлабочувам непотребно дискусијата
     
  13. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    го читам постов и не ми се верува на очите :tmi:
     
    На Anouk, MonnaSi, adrijana.81 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Belisima

    Belisima Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2010
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    26
    Никогаш не сум имала секс за една вечер и мислам дека нема ни да имам бидејки јас сум таков човек не можам да се опуштам со некој кој не го знам . Не ги осудувам оние што го имаат тоа е нивен избор има луѓе што се палат на тоа . Исто така сметам дека во денешно време е ризично да се има секс за една вечер и ако го има треба да бодеме добро заштитени
     
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Ајдееееее |(
    Ќе се појави еден примерок со ваков коментар каде што местото и е за во темата - Спијам со женети и одма кревате грУди... ете им, ете им секс за една ноќ! На, нека видат како е - расипувачки на бракови.

    Значи читам упорно и мешате баби и жаби. Никој не рече дека сексот за една вечер се препорачува за малолетнички од 16, па ако читале тука, ќе го копирале истото. Па сме лоши и неморални за заедницата која и онака отишла морално и етички во неповрат.

    Зборуваме за одлука која ја носи емотивно зрела и изживеана девојка.
    Еманципирана, сигурна во своите одлуки, храбра и авантуристичка расположена.
    Која девојка од тука која се изјасни ЗА секс за една ноќ рече дека тоа го практикува по 5 пати во неделата? Која?
    Јас се кладам дека не се случува повеќе од 3 пати во животот кај умни и паметни девојки.
    Никој не рече дека е викендашки спорт. Никој не вели да го правите тоа како навиени, каде ќе стигнете и со кого ќе стигнете.

    Мешате многу поими меѓу кои и - еве ја оваа, имала секс за една вечер и кога ќе се омажи ЌЕ ИМА ПАК, таква си е она, не може да заузда страсти и хормони, ќе го изневери мажот, а јас мојот ќе си го чувам, иако нема да го сакам...
    Ајде сега прочитајте ја реченицава погоре, ви има ли логика. Мене ми нема, а јас ја напишав, а е сублимат на неколку претходни мислења.

    Значи не е така еднодимензионално и со цело почитување - не бидете толку ограничени.
    Никој не рече дека е во мода, па некои го прават поради тоа.
    Вие решавајте си во вашиот живот што и како, ама не се дрзнувајте таквите девојки кои сакаат да уживаат во секс за една вечер (повторувам -со УМ И РАЗУМ) да ги навредувате, како биле лесни и биле неморални и да ги изедначувате со оние кои стојат позади мтв.

    Секако ги почитувам првите повеќе, отколку некоја фуфица која позајмува прслук од другарка и', оди да го ќари најголемиот фраер во градот, за пијачка и за парфем и шетња во скапа кола.
    Го цеди и се плеска со него на редовна база за материјални нешта, ама нееееее, она е фина.
    Она не е девојка за секс за една ноќ, она е за... онолку ноќи колку што треба да ја затрудни и да ја земе, да не скапе од глад, зашто е неспособна самата да расудува.

    Ајт, преку глава од темава и плитки ограничени мозочиња.
    Сакате еманципација, рамноправност, феминизам, не бре моми, сакате да сте роб, да те умни, послушни женчулиња по дома, со метлата во рака и три расплакани дечиња, додека мажот запрепастен од вашата сексуална желба и отвореност ќе си ѕирка по други. Типично балкански, типично патријархални, типично усрамени, затворени и прости.
    Ајде и ова извртете го, зашто не можете ниту да го разберете.
     
    На lans, Theodora, Meggy и 14 други им се допаѓа ова.
  16. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Баш поради вакви и слични на овој коментар многу и да имаат вакво искуство не би се осудиле да напишат!
    Овде сме да споделиме искусва, да дадеме совет а не вака да напаѓаме и осудуваме!

    И да не бидам офф топик не не сум имала вакво искуство, а имам другарки кои имале и кога веќе си решен да направиш вакво нешто сигурна сум ама баш сигурна ни во најмала метра нема да ги е гајле што типот или другите мислат за тебе.
    Секој си прави како што му одговара!
     
  17. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Ај да си се изјаснам јас, ептен ми жеже.

    Зошто една разумна девојка не би можела да ужива во секс со некој непознат или познат за една вечер без никакви обврски?? Тука потенцирам девојка. Не девојче од 15 години туку девојка која ужива во своите дваесетти години и благодарение на случајност или судбина запознава некој со кој може да си помине убаво. Меѓутоа ова не се случува секој викенд, затоа што со тоа темпо нема да остави ниту еден непознат за 2 години.

    Како што ние самите си се навредуваме не може никој да не навреди. Во моментот кога некоја вели да имав секс за една вечер, епитетот Ороспија за секунда ја краси. Аман бре жени, па што има толку страшно во тоа да имаш едно ново искуство со мерка се разбира.
     
    На Aniaa и Offspring им се допаѓа ова.
  18. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Како и да го вртам Трендафилке, мене ми личи дека некој е многу поограничен во мозокот отколку што самиот сака да признае..ти де... Со последните неколку реченици го потврдуваш тоа...Не секоја која не практикува секс за една ноќ или пак го осудува истиот е проста, роб на правила или (wannabe) очајна домаќинка...Како што и не секоја која практикува секс за една ноќ е зрела, еманципирана, модерна девојка која го надминала 'балканштилокот'...
    Ако веќе си против стереотипи и предрасуди, биди до крај...
     
    На Мистер_89, Anouk, priti и 6 други им се допаѓа ова.
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    не напагам јас никој, само пишав дека не мозам да си поверувам на очите на тоа што го читам
    а секако дека секој си има свој зивот и прави што сака со него :)
     
  20. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    До сега не сум имала секс за една ноќ и за сега не сакам да имам ;) но животот е долг па не знам што ќе се случи за 2 3 год. а и секој си има право да си избери како ќе си го живее животот и заради оваа причина не сакам никого да осудувам :!: бидеќи тоа е нивно право и ќе си го уживаат како што мислат дека е најдобро