Абе тоа да, ама девојката редовно го практикувала, а тука станува збор за еднаш до два пати да се случи. Сите се изјаснивме дека не поддржуваме тоа редовно да се случува.
А Е па добро тогаш Мада јас сум повеќе за ова настрана, во друга земја на одмор и сл., како што кажа Мистериозната. Инаку тука како што повеќе ги согледувам работите не би се осудила. Па ни на една вечер.
а, зошто да би го направиле во странство? да не им се златни нивните? подобро на наш човек ќе му дадам, отколку на туѓ. нека си го направат меракот и нашиве момченца.
и што со тоа? овде ќе се правиш чесна, прибрана девојка? кого ќе излажеш со тоа? кој лажи - себе си се лажи. што ако пред некој си `невин`, чист, кога во себе знаеш дека не си?
На нашите момченца многу им дрнда устата, па затоа нивните девојченца ќе одат во странство да си го прават меракот. Ете затоа. И да ти кажам јас да сум на твое место не би ја ни читала темава, да не те зафати нечистотијата од девојките
Грл, а што имам јас некому воопшто да му се правам чесна или нечесна?! Ако се решам да му ја легнам со некој за една вечер, секако дека ќе пребројам два и два предтоа.Откако ќе знам дека се 4, предност и тоа како ќе има некој од страна, софистициран, а не затупен во минатите векови што после ќе ме користи во неговите фалбаџиско-клошарски муабети.
Една чистокрвна Австријка јас шо ја познавам се разведе од маж и исто Австриец по пет години брак баш ради некој авантурички шо ги имала пред да се земат значи не е па се до балканчињата зависи од чоекот то шо таму нема оговарање е ради брзото темпо на живот, ради големината на градовите и ради преокупираноста на луѓето со себе а не значи дека таму нема предрасуди А да си бегам јас од темава дур си е време ни крива ни должна да не си го папам и онака не ме интересира муабетот а гледам сте се закарале дури ја пишав пораката
Па, ако биле заедно дур си имала авантурички, нормално. Да не би австријските мажи се помалку мажи од нашите балканци пак би они и туѓо дете да е ќе го прифатат и девојка им со други да спие ма се е тоа сосема ок м? Ако си била позната по шврљањето, шо не ќе ја остави. Туку никако да укапирате што се дискутира. Темава веќе е уф! А, жениве се баш ко што рече Трендафилка. Нит еманципација ни треба нит ништо. Не знам што воопшто ни дозволуваат да гласаме, не знам што воопшто ни даваат да одиме по факултети, одмори, да го шетаме светот по ѓаволите, нам не ни треба тоа. Оставете ги вашите дечковци и мажи да ве управуваат и да одлучуваат место вас. Вие едно крпче на очи и терајте.. они знаат најдобро што е најдобро за вас. И потоа дојдете во совети да ви дадеме по некој, кога ќе ве изневерат и ќе преспијат во текот на вашата врска со неколку неморални девојки за неколку неморални вечери, ако не и врска да си тераат со нив. Ама они се машки, сосем во ред е за нив... девојките се криви, крадачки на дечковци бу! Туку, неморалот е зараза, може да се прошири ко чума и да ви ги уништи сите нормални клетки во организмот. Дури и читањето на ваквите теми, може да се рашири во вашето друштво и да ве обвинат за неморал! Девојки ќе горите во пеколот!
ете и јас имам една другарка од Данска - оргинал . таа имала зад неа 6 сексуални партнери и рече дека и таа бројка била голема за кај нив и дека ретко кој би ја оженил ако ја знае таа цифра. значи не измислувам-така кажа таа. значи доста се јадеме меѓу нас дека ние македонците не чиниме. како сите други да се многу поарни.
Не не жапче не биле овие заедно тогаш пред да се знаат многу убаво го знам случајот затоа пишам и многу сте се запалиле на темава јас реков не пишам повеќе не ме интересира муабетот само нејќам да се изврти она јас шо го кажав а и многу ме нервира тоа шо се мисли овде во Македонијава дека на запад кујзнае како е и дека таму нема предрасуди не кажувам безвеза туку знам затоа се вклучив
Yeah baby,we are on fire... Не сме запалени,само коментираме,дискутираме. Има многу други теми низ форумот што биле многу повеќе он фајр,и затоа имаат клуч. Ова не е ништо. Али нова си,ќе имаш и ти такво доживување.
Хехехехе а јас што не сум верник и не сакам секс за една ноќ ама ја читам темава и јас ли ќе горам во пеколот? Буу чума ќе ме фати ќе се разболам, Божја казна ќе ме стигне леле ај остај што ќе горам во пеколот туку не сум ни доволно еманципирана, туфф не требаше толку книги да читам, требаше Очајни домаќинки да гледам, повеќе ќе научев. А сега ќе морам да му готвам на мажето дури тој ме вара со фуфици Леле од каде и да фатиш на исто сум пак сум осудена Хах ајде бе, ниту јас ќе му слугувам некому, ниту мене некој ќе ме вара, кој е тој што ќе се осуди на тоа? Нејсе јас да си кажам не сум за секс за една ноќ многу ми е ниско тоа, глупаво, заостанато размислување. Тие батките или многу им се работи настрана и мислат дека жените се гомна па ајде за една ноќ, или пак се премногу бедни и не можат да си најдат девојка па мораат вака со некои јаднички авнтурчиња и што јас на таков некој да му дадам?! И после сме горди фраери и фраерки. Само битно е никој да не дознае каков живот водиме и како размислуваме. Се скришно. Ама ајт тоа е модата, ќе помине ваљда... тоа е...Никогаш нема да направам нешто вакво зашто сум свесна за својата убавина и не давам секој да ужива во неа, комплекси немам, ептен си се чувствувам посакувано и немам потреба од ова. Другите абе што сакаат нека прават ако сакаат можат и на дрво качени да се онакват само нека е подалеку од очите на јавноста, не за друго, нели да не ги оговара после затуцаниот комшилук. Си се искажав за темава. Поздравче ПС Не одговарам на реплики
Зошто бре луѓе не сфатите живееме во Македонија, каде секогаш полесно ни е да плукнеме во дворот на комшија одколку во својот, каде се изгледа како мед и млеко а уствари е масло и вода. До кога ќе расправаме дека такво ни е опшеството, уназадено и тако даље... Туку сексов за една ноќ, мене ми звучи интересно, но јас не би имала-верна сум му на Петко . Но девојките кои имале, или планираат да имаат не се помалку вредни од оние кои се колнат во Светото тројство дека никогаш нема да направат ваков грев. Авантура, адреналин, моментална страст и привлечност и ...ќе си го направите кејфот, и ти задоволна, и тој задоволен. Нема нешто не јасно нели? А за она лаењето по другари, низ град, по комшии...Па тоа се недораснати дечиња кои сеуште си го градат карактерот, па недостигот од самодоверба го надополнуваат што се главни е*ачи во маало. Возрасен и зрел мушкарац никогаш не се фали со неговите сексуални доживувања и достигнувања а уште помалку да открива идентитети и детали, тоа е толку ниско, безобразно, малограѓански. А девојките, еве другарките кои имале секс за една ноќ, ми се довериле и кажале, женска прича (од почетка па до краја) но тоа нивно искуство не ми ја променило нивната слика во мојата глава. Едноставно немам ништо против ова, ма е*ете се луѓе, тоа ќе ви остане .
на демек секоја девојка сонува за секс за една нок тоа е индивидуално ако не сакаш немој ако сакаш повели не осудувај не критикувај оди помини си убаво и фала чао пријатно секс како секс понекогас со непознат за една вечер е интересно искуство што не се заборава.ПС.Кој пробал знае
Ако глеате за озборување, нашиве фраери и по улица да поминеш ќе кажат дека вчера те лежеле. Тоа ти е. Така да дали стварно ќе легнеш со некого или дома ќе седиш утре ако сака да ти извади муабет ќе ти извади и пак ќе бидеш ку*виче
Јас лично, не би си дозволила никогаш да имам секс со некој кој не ми е дечко. Значи нема никакви шанси. Тоа е премногу... к*рвински за мене (без навреда за оние кои си го практикуваат), наречете ме старомодна но мене ми е такво воспитањето и таквата постапка прво би направила јас да се чувствувам како гомно, а потоа и таа особа да мисли дека сум лесна. п.с. целосно се согласувам и со коментарот на мимс-89, за жал такви се нашите "фраери", сум се нашла во ткава ситуација јбг.
До сега сум немала такво искуство, па искрено, не знам дали сум пропуштила нешто . Доколку станува збор за некој непознат, т.е. истата ноќ и да го сретнам и да легнам со него, нема шанси. Со оглед на тоа дека до сега не сум го направила тоа, а најмногу заради мојот карактер, не верувам дека допрва би почнала (на страна фактот што сум во брак, зборувам и кога би била без обврски). Ама можна е и друга варијанта, секс за една ноќ со некој кој веќе го познавате... Значи, го знаете, една ноќ и после како ништо да не било... . Сум немала ни такво искуство, ама еднаш, мнооогу одамна, после една долга врска, во период кога си бев слободна и млада бев во искушение . Го знаев дечкото од претходно, и тоа добро, ама таа вечер беше вонсериски внимателен, заводлив, нежен во однесувањето, но, исто така знаев дека е голем женкар. Ми годеше сето внимание, многу убаво знаеше што да каже и како да каже (искуство, верувам ), но кога влеговме во кола да си одиме (бевме излезени) и кога онака нежно ме праша „Да возам кај мене или да те носам дома?“ кај мене преовлада мојот карактер и му реков дека ќе си одам дома.. Искрено, не знам дали згрешив Е тоа е најблиску што сум била до секс за една вечер
Што ли ќе било наместо што те прашал што сакаш да тргнел директно накај него . Никогаш нема да дознаеш .