сигурно дека не си затуцана ако не ти се допаѓа секс за една ноќ....тоа е твој став и ок си е но мислења од типот ...не сум јас таква,или тоа го прават лесни девојки.или така се фаќаат болести ми се мене премногу примитивни. И доста читав во претходните мислења дека он само ќе те искористел па ќе те фрлел...ејјј луѓето имаат секс за една ноќ за да си задоволат сексуалните потреби, а не емотивните....и влегуваат во таква авантура со цел да се искористат заемно.Не сум имала,но немам ништо против.
Зивеам во Свајцарија и ако ме слузи добро меморија, сто ме слузи јас ебе никаде не те спомнав , а усте помалку навредив. Ти одговори на мојот пост со навреди. Ајт поздрав
Категоријава секс на форумов порано ми беше баш пријатна за читање и корисна, се развиваше квалитетна дискусија и се даваа совети или дискусиите завршуваа и со хумор значи беше и забавна за читање. Сега фрчи од навреди и неброени реплики ама буквално на секое реплика на н-ти степен, остава некоја „прелиберална„ провоцирачки пост па контра банда „морални„ проповеди и на првата и се приклучуваат приврзанички или пак обратно сценарио и се разгорува виртуелна војна и ова веќе видено мал милион пати на секоја една тема. И постојано докажување што во суштина и нема ефект бидејќи ниедна група нема да разувери друга и секој и натаму ќе си тера по своите убедувања. И намерно употребив наводници поради посликовит ефект, не поради лични навредливи контексти упатени кон конкретни форумџики. Не држам ничија страна, форум е, има различни мисли и ставови, ама полнење на страни со излишни коментари „вакви сте-онакви сте„ предизвикува долгометражно и . Мислењево е целосно оф топик и неам против и да биде избришано, ни па намера да навлегувам во ланец на натамошни новонастанати реплики.
јас ни тебе те спомнав,а ни па некој друг спомнав,општо кажував,зависи кај си била ти странство,да има и таму луѓе што се бетер од овде,јас не мислам за никој дали е затуцан или не знам шо,али само кажав да живееш надвор од земјава е мноооогу подруго,едноставно го кажав моето мислење,а колку што знам сите сме овде за да го кажеме своето мислење без разлика дали му се свиѓа тоа на некој или не,сите си имаме различни ставови и размислувања.....и да не напоменав дека таму од ко ќе си ја завршиш работата дечкото нема да те каже на пола другари или на пола маало,а овде може и цел град да те дознае....јас лично не сум имала секс за една вечер,а колку и да го сакам тоа сигурно нема да го направам овде во македонија....затоа што со сигурност ќе те направат расипана и нз каква уште....
Ах бе жени Македонски, која од поштена по поштена, дури да не ти се верва, единствена нација најпоштена на светот....како прво ние жените меѓу себе се вреѓаме дури и на форум па после машките биле криви ако се понашале или зборале вака така за нас...на оние со еден партнер цел живот-секоја чест, ама кога тогаш душата ќе си побара да проба нешто друго, а еден од најголемите машки стравови кога тој му е прв на женската нема кој не се плаши дека таја ке сака да проба и со друг....и во право се значи нема потреба од вреѓање, секој си има право на свое мислење и ставови, тие што не сакаат,не одбруваат... or whatever секс за една вечер нека не го практикуваат, ама не мора тука да солат памет демек што ке речеле другите, што ке речел тој ке кажвал наоколу нема да кажвал, па религија таму незнам ти шо, па сексуално преносливи болести и разни други глупости па добро бе луѓе 21 век сме, информирани за се и сешто а и доволно возрасни да носиме сопствени одлуки и да се соочиме со последиците така да секој нека си прави како му одговара..... а за оние кои велат ДА за секс за една вечер само едно имам да кажам JUST GO FOR IT...и јас сум ЗА !!! И да се надоврзам на муабетот... јас сум ЗА за секс за една вечер,сум имала и беше најдоброто искуство до сега.... И јас порано бев "јас секс само со дечко ми,и то ако заслужи, јас сакам долга,озбилна врска " и велев "шо секс за една вечер, секс со непознат-јас-нема шанси " ама ете животот некогаш ке те натера да се смениш и тоа се деси и воопшто не се каам напротив среќна сум што имав такво искуство .... и нормално не во мојот град туку додека бев Америка, вистина е дека таму секој си го тера своето и никој со никој не се замара.... е сега вака дечкото го запознав во клуб и стварно многу му се бендиса, имаше и хемија и сите работи, дечкото беше супер најдобар досега шо сум го запознала, значи по некој час играње завршивме кај него во станот, па по уште една пијачка следеше најдобриот секс, следното утро пак секс, па тој стана спреми појадок, па ме однесе со колата до дома и ме праша дали ке се видиме и наредната вечер,зошто тој сакал да ме испрати бидејки тоа беше мојата последна вечер во тој град, реков ок, па ми праќаше пораки цел ден да ми кажи кај бил,со кој,и шо праел...али заради сплет на околности не успеавме да се видиме таја вечер-штетеа ми се јави наредниот ден да ми посака серќен пат, и ми се јавуваше скоро секој ден наредната недела додека бев во USA, сега сум во Македонија веќе 2 недели и контактираме секој ден... значи поентата ми е дека не се сите машки исти некој ќе те "избрка " како шо прочитав пример негде погоре, а некој знај да го цени она што го имал таа една вечер....сигурна сум дека да бев сега таму ќе беше повеќе од секс за една вечер, али добро ми е и вака
Антонија веќе си го кажа своето мислење на темава и не планира да се расправа понатаму со "напредните европјанки" зашто веднаш ќе стане предмет на дискриминација од нивна страна и ќе биде окарактеризирана или како затуцана калуѓерка спремна за во манастир (ова нормално во европскиот демократски дух на отворени погледи на светот без осуди и стереотипи ) или како домаќинка која цел живот ќе го помине во кујна готвејќи му на мажето и покрај тоа што Антонија е атеист и и покрај тоа што студира паралелно два факултети, а тие притоа правдајќи се дека нив некој друг ги вреѓал а пази богати тие први почнале со навреди. Па што да ви кажам "напредни Европјанки " без предрасуди ахам, кои немате врска со Македонија само во сништата(бре да бевте толку напредни колку на темава што се покажувате Македонија ќе цутеше досега )ми ги погодивте животните приоритети: кујна или манастир Така да Уника Уница како год ајде што ќе зборувам понатаму кога и онака ништо нема да разбереш и се ќе извртиш несакајќи де, знам дека и ти не сакаш ама тоа е што е
Oк е сето тоа нормална работа но за луге со тврдо срце и со мало сексуално искуство е тоа јас имам повеќе искуство и од тоа влецам некоја поука дека нема топлина сетоа тоа кога неможи да се повтори да се направи рипит сум го имал тоа искуство повеќе пати но за жал се чувствувам како свиња после тоа кој што сака само да ги задоволи своите зивотински сексуални нагони без емоции без цувства единствено физицка привлецност сто знае да лази некогас ко ке си под дејство на алкохол веке се цувствувам искористен некако на некој начин иако сум маж
браво reddevill потполно се согласувам со тебе и го поздравувам твоето мислење а воопшто и твојата храброст да признаеш нешто што повеќето машки не би го признале, поради несозреаност или поради глупото мислење јас сум лав уште една на мојот список. од сето тоа факт е дека нема ништо иако може де се развие понатаму но ако остане само на секс за една вечер и двајцата ке се чуствуваат искористено.
Се согласувам со РедДевил. Мене досега само еден другар ми има признаено (а, другите се прават јаки фаци, а вечерта ништо не ни Спојлер е*але ), дека пред сексот се осеќал многу возбудено и напалено, ама отпосле се чувствувал искористено. Истиот тој, потоа никогаш немал секс за една ноќ. Додека, од женска страна, три мои другарки отпосле исто така се чувствуваа искористено, депримирано, незадоволно, затоа што тие машки со кој беа после по пат не им велеа ни здраво, а се фрчеа со други женски, па осетија дека биле само уште една во низата. Сексот и оргазмот траат кратко, ама последиците отпосле се поголеми.
^ Ако е сфатено од двете страни како секс за една ноќ, нема причина зошто некој да се почуствува искористено или да му паѓа тешко ако другиот се пафта со други... ниту за грижа на совест.
Се чувствувале искористено зашто или немале многу желба за секс или зашто мислеле дека преку сексот ќе добијат нешто повеќе Ако сексот бил само заради нивна желба, без да помислат што ќе биде утре, око немало да им трепне ако се фрцкале после со други.
не сум љубител на секс за една нок,ниту сум имала а ниту ке имам,а и не ги подржувам оние кои го практикуваат тоа
Па, така и` пришле. Со возбуда, без обврски. Ама, чувството отпосле било лошо. Се осетиле искористено. Кој го осетил ова, знае за што зборувам.
во право си не си човек ако не се почуствуваш искористен, колку и да си немал чуства за особата со која си бил таа ноќ сепак после ќе се чуствуваш искористено а исто ке биде и од другата страна и не можеш а да не се сетиш на таа ноќ кога повторно случајно ќе се видите и чуството па и не баш убаво туку напротив се осеќа некоја напнатост па кој што сака нека каже инаку јас сум имала секс за една вечер и ви зборам од искуство. и од искуство знам дека тоа е најголемата глупост што постои, едноставно не води до ништо. после извесен период ќе помине напнатоста и чуството " искористена " и може ќе успеете да бидете пријатели но минатото останува секогаш присутно, чуствата се менуваат но не и спомените. за мене тоа е глупост и не би го направила тоа повторно никогаш.
А, што е со муабетите отпосле? Да не се правиме западњаци, но кај нас сексот не се завршува на таа ноќ. Колку ли пати сум слушнала машки, кога некој прашува за некоја женска, пр.: Остави ја неа, на другар мој, после забава одма му дала, се соблекла за 1сек, ја бивало...итн... Ќе речете ваквите машки што зборуваат се сељаци. Но сепак такви се повеќето! Наречете ги како сакате, но на `таа девојка` која имала секс за една ноќ, одма и` лепат етикета и како таква останува. Вакви муабети сум слушнала за многу девојчиња. И повеќето навистина и се такви.
Само да се изјаснам за темава.Не би имала секс за една ноќ,тоа е за мене перверзно,одвратно и незамисливо .Моите другарки практикувале секс за една ноќ,и после им останаа етикетите на лесни и курви,да не зборувам што се осеќаа гадно,искористено и се жалеа зошто машките барале од нив само секс за една ноќ .За жал кај нас менталитетот е таков да се осудат само девојките,јас подеднакво ги осудувам и таквите машки,т.ест ми пречи што мојот партнер практикувал секс за една ноќ,и оттаму почнаа сите проблеми ,јас бев повредена затоа што тој почна да ми зборува за таквите искуства и многу е болно,планиравме и брак .Прашањето ми е како може после секакви искуства човек да успее да биде верен во сериозна врска и брак,кога веќе се навикнал на секс со различни?И после ќе плачеме тука на форумот маж ми или дечко ми ме изневери дрн дрн...епа така ни треба кога дозволуваме се и сешто.Не сфаќате ли дека тоа не е убаво штом остава негативни последици?Зборувајте што сакате,но никој не може да ме убеди дека сексот за една ноќ останува на тоа,сепак сме створени со разум и треба да размислиме што е правилно а што не е