^^ А штом во Америка го практикуваат како мусли за појадок, тогаш кои сме ние селанчиња да се правиме паметни...Како брзо се следи "мода" од запад па дури и се воодушевуваме, како да сме живееле во заблуда досега па ете дошол некој да не просветли...Не дека морал продавам али па и дека е најнормална работа и дека треба да се прифати со леснотија, за мене не е...
Секс за една ноќ оправдувам заради неколку важни причини - девојката е долго време сингл, не може да си најде дечко, мажјак, што годе, напалена е, ѝ се сака, а не е невина, напротив; емотивно и физички созреана ко презреана крушка... се појавува некој кој ја привлекува доволно, и он сака, двајцата се на чисто дека тоа е тоа, и се впушта во таква авантура. Што да не, многу е пофер, пореално и почесно да изигра така, ем ќе си ја испразни душичката напатена, ем нема да ја напнува околината со невротични испади поради нејзината сексуална неудовољеност, ем здраво си е бре, од секој можен аспект... пред се најмногу алудирам на психичкиот момент (иако тука има поединци кои упорно убедуваат како не сме биле животињи, како сме можеле да издржиме и цел живот без секс, да се стрпиме... тиЈа прикаски на други места ) Кој/а знае достојно да се носи со one night stand (оти станаа многу комплицирани, вистинска машинерија и мистерија се крие позади поимов) едно палче нагоре. А секс за една ноќ - секоја вечер со различен, оти сум сингл, млада, згодна, неопходна, ми се сака и ми се може, и сакам да го премерам половина град во мојот црн тефтер, ниту е здраво, ниту пожелно, алудира на милион други скриени проблемчичи - страв од обврзување, од осаменост, самотија... Не знам вечерва што со себеси, еј ми текна - ќе најдам некого да се плеснам. Во принцип многу сум ЗА секс за една ноќ, како што го опишав во првиот случај, со ум и разум... двапати Мери, еднаш сестра ѝ...
Абе тоа нема логика. И сега сум врзала неколку реда муабет со некој странец и ќе ме убедува дека тоа е ок? Не е ок. Прво од безбедносни причини- нити ја познаваш личноста, нити ништо. Од каде да знам јас дали тој некој што го викам дома или му одам дома не е некој психопат кој не знае за граници? Да, сум прифатила да имам секс, ама можеби е мазохист, можеби е некој лудак кој сака да ме ограби, можеби во станот чекаат уште неколку души за групен секс? Животот е многу посуров од сцените од Сексот и градот. Плус, од каде да знам дека нема некоја СПБ која може да се пренесе и при користење на заштита? Ова за непознати- во западњачки стил. А ако го познаваш, ти бил пријател, познаник, што ти знам што, зарем треба да си го расипете односот поради една ноќ? Потоа ништо нема да биде исто, а прашање е колку тоа вреди за неколку часа (ако имате среќа) секс. Обично знаеме дека првите неколку пати додека да се усогласат партнерите, не е тоа тоа, а пак ако имате “среќа“ да ви се погоди некој што бргу свршува или не може да ве задоволи, а сте се познавале- тогаш заборавете на вашиот поранешен пријателски однос. Ништо веќе нема да биде исто.
Секој има свое мислње и причини за или против секс за една ноќ, и сечие право е ако ти се сака одиш, ако не - немораш А тоа дека е западњачки тренд - далеку од тоа, овде се сите " поштени " а цел град ги знај што прават, со кој, како . . . често се дешава, само никој не зборува за тоа. И ако знаеш што сакаш и што правиш нема да се чувствуваш незнам што се е наброено погоре: валкано, искористено или незнам ти што друго таму
Вао .. ќе си користиш заштита и нема СИДА да имаш, фала богу Јас не реков оди еби се, па за тука одма да почнат невкусни дискусии. Само сакав да кажам дека кај многу луѓе тоа е нормално и не се притресуваат дека било за еднаш. Ќе заборавев да надополнам, ако чека тој од тебе да кради далеку ќе стигне. Не мислат луѓето да те ограбат си имаат свој пари. За разлика од нас си одат на одмор со по 1000 евра.
Малограѓанското морализирање против сексуалната слобода не ми се допаѓа, ама не ми се допаѓа ни фалењево на западните вредности. Кога ја споменувате Америка потсетете се дека е огромна земја, мултиетничка, мултиконфесионална, прилично толерантна покрај се и базирана на принципот на “ич да не ти е гајле“. Да се движиш на улица во голем град таму со чадор залепен со селотејп на глава, никој нема да те осуди, а многумина нема ни да те забележат. Има многу секс за една ноќ и кежуал врски, но затоа има милиони луѓе што се Мормони со повеќе жени, традиционални Муслимани и Христијани, феминистки кои мислат дека сексуалната либерализација е само уште еден начин да се контролира и објектифицира жената итн итн. Многу групи на луѓе со различни сфаќања! Зошто секогаш се фали убавината на Западот кога на некој му се присакува секс, па сака да го оправда „гасењето на жедта“ со моралниот код во тие општества? Дали сте свесни колкава е осаменоста во тие метрополи? Како некоја што живеела во Австрија, можам да кажам дека многу од работите не се за завидување. Работат многу, често повеќе од педесет часа неделно, имаат мал круг на пријатели и познаници и единствен начин да почувствуваат задоволсво и интимност со друго суштество е да одат во некој убав ноќен клуб и да најдат среќа макар за една вечер. Не мислам дека го гледаат тоа како придобивка на нивната умствена отвореност туку како неизбежен производ на стресниот начин на живот. Нормално, ова е генерализација и запознав секакви луѓе таму со многу поинакви ставови и практики, али тие луѓе не се инспирација на слободоумните девојки тука.
Многу нормално дека се со статус сингл. Англичаните конкретно не ни сакаат некој долги врски. За работење си работат. Сите имаат работа за тоа што го завршиле. Сексот не го гледаат како спој на љубовта меѓу две тела, туку како обична потреба. Секој различно си го сфаќа тој израз секс за една ноќ. Јас мојот став кон оваа тема веќе го образложив и не планирам со никого да се напаѓам и да пишувам безлични коментари во врска со тоа. Ако си со статус сингл не значи дека си осамен. Излегувањето по ноќни клубови не мора да значи само секс за една ноќ. Англичаните само така си практикуваат. Можеби во некоја наредна прилика пак ќе имаат такво искуство. Можеби не. Македонија е друго. Градовите се мали, луѓето со контрадикторни сфакања. Македонија заостанува во секој поглед, така да може да се каже дека и во поглед на врските за една ноќ.
Ми се допага напишаново , ретко која признава дека имала и поддржува секс за една нок , у принцип сите на форумов се светици . Ако е така - тогаш кај се другите девојки што практикуваат ?! Јас се имам изјаснето во однос на темава, поддржувам секс за една вечер , мегутоа не да се плеснеш со било кој , туку некој што го знаеш и го симпатизираш , а немаш намера ништо повеке од тоа . На пример јас со тој што се глеам - и еве знам дека има шанса да ми е дечко - ама не фала , таков човек не заслужил да биде покажан у јавност , поред тоа што знам со колку многу девојки има легнато . Тој е дечко за у нокта . Цела срека што од прва вечер ми се погоди и секс и се . Значи без да се изјаснам што сакам , човекот едноставно си знаеше - што ме бендиса највеќе. Значи само не поддржувам секс за една вечер у стилот секоја вечер - или ако не секоја вечер , секој викенд различен , е тоа е too much , мала околина сме - јаде бурек кој ке стаса после.
Секоја чест на оние што имаат храброст да го направат тоа... Без разлика дали слободна или во врска не би практикувала секс за една ноќ. Кога калкулирам во мојата свест ризикот ми е далеку поголем од добивката т.е задовоството. Така да за ништо не велам никогаш, а за ова со сигурност можам да кажам НИКОГАШ!
Не сум јас за оваа работа, не сум имала, нити верувам дека ќе имам. Кога се впуштам во интимни односи морам да бидам доста заљубена и внесена и да сакам да му се предадам на човекот целосно, а не онака само со тој дел или плус уште два три така тоа функционира во мојов мозок, а и во моиве чувства. Па и после односот да не ми се јави? Да не ми посвети внимание? Ма не бре, нема шанси тоа, ќе си мислам дека нешто не е во ред со мене Иначе, во поглед спрема другите жени, се сложувам со мислењето на Трендафилка. Нити имам право нити пак потреба да осудувам некоја која се согласила за ваков секс кога условите не и дозволуваат поинаку. Не за друго, туку и околината ќе треба да ги трпи фрустрациите од секс. незадоволената се шалам. А секс за една ноќ, секоја вечер со различен, во месецот да мора да има минимум 1 нити себеси ќе се цениш повеќе, нити ќе им дозволиш на другите да те запознаат на поинаков начин.
Мислам дека не би била способна за вакво нешто. Посебно ако го бива фраерот во кревет. Физичкото задоволство многу често ми се преточува во емоции, па стравувам дека ќе се приврзам за него. Можеби кога ќе станам сексуално активна ќе ми се смени мислењето, но сепак мислам дека можеме ние луѓето повеќе од животните. Бар тоа можеме.
Не сум имала до сега такво искуство а нема ни да имам знам со сигурност да одговорам на тоа,затоа што порано во животот мој сакав едно момче бескрајно го сакав детска љубов беше тоа а тој беше постар од мене 6 години се дружевме едно време но тој имаше девојка некако викаше демек ќе се скарале незнам што и ај една ден ми рече да излеземе ме собра со колата и ме однесе на едно понапуштено место и почна да ми кажува некои приказни незнам што и секој збор му завршуваше на секс многу го сакав но не дозволив тоа да се деси знаев дека ке завршам како да не ме познава а несакав такво искуство во животот го одбив но не испадна човек воопшто не доликува тоа на човечка особина ме остави тамо и си замина верувале или не пешки и со трчање сум се враќала до дома а веќе се темнеше со страв сепак пак ќе речам и фала му на бога што и така испадна пак можеше свешто да ми направи таму санки ќе го видеше некој пак ќе речам девојчина драги феминки што и да правите во животот па макар било и секс за една ноќ внимавајте со кој човек ќе биде тоа ех да ми е овај памет сега што ми е воопшто не би гоо ни погледнала од него.
..ако некогаш во животот бидам очајна да немам партнер а ми отчукува биолошкиот часовник и посакам дете..Се шалам,не сум мачка,ниту куче,ЧОВЕК СУМ,со емоции,разум и не би го направила тоа,не заради нешто,туку тој чин за мене е сплотување на две души во една,претставува многу повеќе од физичко дејство и тука лежи НЕ зајчето.
Нека не се навреди некој,али според мене мислам дека сексот за една ноќ е типична грешка пошо мажите те гледаат после како лесна девојка и после тоа или ќе бараат од тебе само секс и тоа краток период или никогаш више нема да ги видиш.До сеа не сум имала,не ми се ни верува дека би го направила тоа.
Во врска со темава, многу се измешале мислењава, малку и застраниле од темава. Во моментов, колку што читам горе, 58 имале или би имале, а 42 отсто не би имале секс за една ноќ. А овде има најчесто коментари за осуда. Не е прашањето да се суди. Еве јас како го сфаќам тоа. Не е тоа, ајде ќе излезам вечер, ќе најдам некој (кој било) и ќе легнам. Јас мислам дека на секој може да му се случи секс за една ноќ и сум ЗА, ама за нешто посебно, што се случува ретко во животот, нешто што знаете дека ќе биде посебно за вас (а не нешто што се случува еднаш неделно). Некоја посебна хемија, секоја паметна жена ќе осети кога е тоа - тоа. На жена без мозок (или која не знае сака), хемија и се случува секоја недела со друг, и се губи себеси, веќе нема критериум што сака а што не. За двајца во мојот живот мислев ќе бидат за една ноќ, ама ја осетив хемијата и реков, па нека биде. Со едниот останав 6 години, со другиот 3. Не беше за една ноќ, ама на почетокот мислев дека ќе биде. А ако некој решил дека баш така ќе биде, баш тоа една ноќ, не треба после да очекува нешто повеќе за да не се разочара. Мислам дека се осеќа тоа. Ако било супер, нема да е за една ноќ. Деликатна тема е...
јас сум имала таков секс.... сето беше спонтано.Машкото го знаев 5 години, од ко се запознавме знаевме дека има некоја хемија меѓу нас, и една вечер (небевме ни пијани) на излегување од кафич се начекавме и врнеше,па се понуди да ме однеси со колата дома. Ама наместо дома ние се возевме низ град и после појдовме на едно местенце и ете се случи. Немав ни фб,ни број негов, и 2 месеци се немавме видено низ град.... И после некој месец почнавме да се гледаме,сето тоа траеше 2 години сеуште има хемија меѓу нас, но од хх причини не сме сега заедно. И НИКОГАШ не помислив дека од тој секс од таа вечер ќе ми трае 2 години )))