Велиш нема потреба од генерализации а ти ни кажа за што копнееме сите жени. Не сме сите исти и не го гледаме од ист аспект сексот . За мене сексот е многу повеќе од анимално задоволување на нагони , тоа мора да биде со човек кој го сакам и му верувам и го познавам добро . Никогаш не би можела да се соблечам пред туѓинец а уште помалку и да уживам во таков акт . Нема да бидам воопшто опуштена а опуштеноста кај жените е главен предуслов за добар секс. Така да такво нешто ни посакувам нити некогаш ќе направам. А со партнер со кој си со години заедно и се сакате , верувај дека нема стравови и предрасуди кога се однесува на сексот . А немам проблем со тоа ако некој си ужива во такво нешто нити сакам да му проповедам морал негово тело , негова работа . Само што па и нема потреба од генерализации дека сите посакуваме такво нешто .
Добро грешка моја се извинувам. Повеќето жени. Кога тогаш сите посакате или ви поминува низ глава такво сценарио. Ќе те оставам да уживаш во бајката дека мораш да имаш секс со партнерот до крајот на животот. Не повикувам на сексуална мобилизација или разсексување таман работа не сакам така да ми биде сфатен претходниот пост. Сакав да кажам уште има стеги околу ова прашање заради просторот на кој живееме. Во право си дека секој различно гледа на оваа тема, ниедно мислење не може да биде земено како највалидно. Како и да е мојата теорија е дека едно женско различно се однесува во Македонија и во странство кога е во прашање сексуалната слобода. Факт кој не се спори.
Ако сакаш да инсинуираш нешто со твојата теорија, сум била и неколку месеци во странство и исто сум се однесувала. Може за некој е поради стеги од средината но за многу е поради лично убедување и на друга планета да се наоѓаат истото ќе го мислат. Не се работи за бајки или чуда , тука како го перцепира тој акт еден човек . За еден е само секс за некој многу повеќе .. Нешто што не го разбирате или не сакате да разберете , за мене сексот е исклучиво поврзан со емоции и доверба. Не мора да не осудувате дека сме конзерви и дека се лажеме самите себе ако нешто гледаме поразлично од вас . Јас имам и другарка која е со спротивен став од мојот , ја ценам и почитувам како личност и никогаш не ми паднало на памет да ја етикирам ,едноставно си живее според своите убедувања.
Не сте конзерви во никој случај. Мала грешка која ете ми падна во очи. Ти па ептен идеален секс сакаш - љубов, емоции, доверба, совршенство е ова стварно. А зар не те пали нешто лудо и динамично или кажано на англиски нешто out of the ordinary? Како човечки битија сакаме неизвесност и ситуации кои не можеме да ги предвидиме, тоа е тоа што дава адреналин и динамика на животот. Токму и затоа викам секој треба да си живее по своите убедувања и верувања. Колку луѓе толку различни карактери.
Пред некоја година неможев да си замислам да бидам гола пред некој странец или макар другар кој не ми е дечко. Една вечер, во убавава моја депресија, го запознав, си направивме муабет малце и отидовме кај мене. Едноставно си седевме во барот на сепаре, почнаа некој невини допири, зборување близу до увото, ме бакна и тоа беше тоа, морав да го имам баш во моментот. Тоа беше љубов за една вечер според мене. И, Најдобар секс во животот, се осетив како да беше професионалец. Буквално го прашав дали е свесен за својот талент, и ми доагаше да му се заблагодарам. Сеуште ги анализирам тие моменти, а познавајки го малку каков е, срекна сум што не ми е дечко. Сепак тоа ми се случи еднаш, не оправдувам кога некој константно го прави тоа.. Всушност, сеуште мислам дека не е добро, но некако ми беше толку убаво таа нок што сакам но неможам да се каам
Пред добри 15 години,со друштво у аутобус,се клацкавме накај Златни песоци у Бугарија и се сеќавам на еден билборд пишуваше " strangers in the night,aids in the morning". ова нема везе со тоа дали сте или не сте за секс за една вечер...на крајот од краиштата на старост човек може и да зажали ако пропуштил таква прилика. Можеби тој секс е повозбудлив од оној "регуларниот" секој со свое убедување
Пред околку 1 ипол година, кога бев сингл и слободна, завршив во кревет еден тип кој беше вистинска бомба во секој поглед. Потоа се слушнавме на 2-3 пати, ме викаше пак да излеземе, но јас не сакав повеќе. И од тогаш немаме никаков контакт.
со неЈа си имал или? Ако не, онда мислењево треба да ти биде пишано во темата Денес сакам да имам секс со...?
Страшно како одма се пуштаат со муабет: "како не ти било одвратно да станеш, да се облечеш и на прсти да си отидеш" и "како ризикуваш со секс за една ноќ". За првиот муабет, како прво ако преспиеш кај некој или он кај тебе, чинот автоматски преоѓа во невидена љубов,м? Второ, не мора на прсти, ако си отишла ти, си си завршила работа, ако знаеш за што си отишла нели, излези си како човек, на цела нога , или ако дошол, молим лепо, чао пријатно. За вториот, секс за една ноќ не подразбира автоматски и непознат човек, а ако е тој случај, да треба да процениш да не е некој психо, а за другиот ризик запознај се со аксесоарот наречен кондом. Ми се случил секс за една ноќ, кога ми бил потребен, и ми завршил работа. И да, последниот секс за една ноќ се претвори во доживотен секс, да појаснам, во брак, да допојаснам, не заради трудноќа благодарејќи на горенаведениот аксесоар
Океј де секој има право да си седе на својата чест и ниво, срекно хахах но остатокот што испробале лажна љубов за една нок (да курви сме, машки женски јбг) не си пишаме на чело дека тоа сме го правиле жити се. Ако сака некој да сподели океј ако не не мора исто се фака, ако некој е доволно курва да љуби само за една нок сигурно е доволно курва и да го сокрие тоа кога е од интерес.. (ако после стане некоја озбилна љубовна прича ондак океј искреност бла бла и тоа не би требало да биде никаков фактор) Не сфакам едно, зошто кога ке се спомне секс за една нок сите мислат само, дечко приога кај девојка, разменуваат име и хоби, и се легнуваат, и толку.. Моето искуство беше со близок другар на цимерот, се знаевме неколку месеци но малку, после некое време се сретнавме во барот, муабет со муабет се запознавме поубаво и бидна што бидна, се зближивме прилично многу, и сега идемо даљје, како ништо да не било, никој не сака ништо повеке и готово. Користевме заштита, така да не си пренесовме сида. Никој не не дозна, светци сме. Сигурно е поубаво да го прабиш тоа во врска, но после неколку ужасни врски убава е промена малце... Така да осудуванја врз база на тоа е.. глупаво фак ит..
Тоа се тие машко-женски „другарства“! Другарства во кои никогаш не сум верувал, а кои постојат само додека: „Другарката“ реши дека сака нешто повеќе. Или постојат ако: „Другарката“ не му е доволно привлечна на другарот, па џабе ѝ е, дури и ако реши. „Другарот“ не ѝ е доволно привлечен на другарката, па џабе му е, дури и ако реши. Просто е, за да опстане м-ж другарство, треба да не чувствуваат никаква физичка привлечност, (никаква!!!) ниту тој ниту таа.
Сега со новата платформа си ги разгледував мислењата и само сакав да ви кажам дека уште си сме заедно имаме и ќеркичка 3 и пол години ( и мојот 7годишен син ) а од пред неколку месеци сме сопружници
Ова е многу тажно и јадно, барем јас така мислам, брак како кулминација на кежуал секс со непознато лице.