Е не бе, немаш дечко ништо на видику и што ќе чекаш врба да ти никне на п*тката!? Море ако ти удри сперма у глава ич да не ви е гајле, а од прв пат му дадеш, а од трет исто ти се фаќа. Ако човекот си е на место ќе си биде човек и од прв и од десетти пат . Туууууууу јас мислев дека во мое време така се размислувало, тоа закоравело значи кај некои ликови. И што е тука јадно не ми е јасно? Врска од 10 години па не бива ништо (брак). Според мене нема разлика, можеш да го знаеш 10 години, а воопшто да не го познаваш. Само ве молам со капчиња за главчиња. Јадно е за ова децава што се е*аваат на 14-15 години и никој не води сметка за тоа.
Дефинитивно би имала, и во многу наврати сум влегувала со пријателки и во долги и бескрајни дискусии, во кои едноставно не се гледа крајот, затоа што секогаш има некој со различно од твоето мислење. Што е сосем во ред и нормално, нели. Хипотетички, замислите ситуација, едноставно замислете - без претходни стереотипи од типот тоа-се-случува-само-на-филм, како сте на летување еве во Грчка на Миконос пример, немаш дечко, маж, девојка , и вечерта излегувате со другарка на некоја латино урнебесна журка, околу себе гледаш исунчани машки светкави тела за кои скоро секоја жена би помечтаела, пиеш два коктела и атмосферата те вози ли те вози. Одеднаш забележуваш како некој згоден црномурест типац, рецимо Французин, започнува да флертува со тебе, ти ја прифаќаш играта и доцна во ноќта при нормални околности и здрава свест, потенцирам - здрава свест, се согласуваш да отидеш кај него во соба. Следно имате секс, подготвена да ги прифатиш сите понатамошни последици. Наредното утро сфаќаш дека можеби никогаш понатака во животот нема да го видиш, а си доживеала незаборавна летна авантура.
Јадно е да се случи брак како кулминација на кежуал секс со непознато лице, по трет пат го пишувам ова (и тоа на кирилица). Можеби треба да појаснам зошто ми делува јадно - во секс за една ноќ нема ништо страшно или грешно само по себе, нагони, секс меѓу две пијани лица и сето тоа е во ред. Но како почеток на врска која ќе кулминира со брак е јадно бидејќи сето тоа почнало врз основа на пијан секс. ``Сине, мама и тато се запознаа така што начукани до даска завршија во кревет...или беше во ВЦ...а мажу, кажи се сеќаваш точно како беше?`` ``Не бе сине прв пат се видовме со мајка ти тогаш`` Тоа значи дека лицата кои на тој начин започнале врска која завршила со брак имаат многу скромен опсег на емоции и потреби, нешто како подвижни стомаци или полови органи. Но тоа е сепак субјективно мислење, кое може и да не е точно. А сексот за една ноќ како и многу други работи е ок се додека не се претера и се додека се случува ако лицата ангажирани во тој секс не се во врска или брак. Како што одвреме-навреме е ок гладот да се отстрани со хамбургер. Но јадење хамбургер секојдневно е знак на скромни нутриционистички потреби или незнаење за нешто подобро.
Мислам дека имам пишувано некогаш во темава. Не е битно. Не, никогаш не би имала секс за една вечер, а уште помалку па со човек што прв пат го гледам во живот. Тоа ти исто како да си играш руски рулет. Да, некој се возбудува на тоа да има секс со непозната личност ама што потоа? Зарем нема страв во вас дека може да ви пренесе некоја болест, инфекција итн? Зарем не ви е страв за тоа со која и каква личност одите во кревет? Можеби е некој психопат, можеби е убиец... Како така наивно би прифатиле од нигде-никаде, сте го виделе во дискотека, на одмор сте, ве понела атмосферата, малку алкохол и тоа е тоа, што ми е гајле, никој нема да знае? Не е проблемот дали некој знае или не, проблемот е во последиците кои секако вие би ги сносиле. Што ако ви се скине кондомот, а дечкото има сида? Што правиме тогаш? Или другиот ден ќе се молиме да биде се' како што треба? Или пак мислиме дека некои работи едноставно не можат да ни се случат на нас, тие лоши работи се случуваат само на други луѓе кои не ги знаеме, а само сме слушнале за нивната тажна приказна? Не знам, јас лично не сум сакала ни да се бакнам со некој што прв пат го гледам во дискотека, а не пак секс да имам. Никогаш. Премногу сум забегана за такви работи. Веднаш помислувам сешто. Секакви мисли ми одат низ глава. Дека можеби не води доволно хигиена, дека можеби нешто умствено болно правел пред да се бакне со мене, можеби боледувал од нешто, можеби, можеби, можеби... Свашта во глава ми се мота. И буквално кажано ми било гад да се бакнам со некој што не го знам, а камоли па да имам секс. Тоа од физички аспект. Инаку и од психички, емотивен аспект не би можела да имам секс со човек кој сум го видела еднаш во живот. Тоа сум јас. Ми треба нешто друго за да можам да бидам со некој, физичката привлечност не е доволна за мене. Ми треба подлабока, поголема поврзаност. Ми треба љубов. Физичкото празнење не ми значи апсолутно ништо доколку не е поткрепено со нешто посилно. Зборам за секс за една вечер. Инаку секс со другар, со братучед на другар, со другар на другарка, со цимерот итн, не ми спаѓа во секс за една вечер, туку за секс без обврски кој обично продолжува некој период. Секс за една вечер се знае што е, излегуваш со другарки, пиеш, запознаваш некој што прв пат го гледаш во живот и после саат време си врз него, а утре го забораваш, нит број му имаш, нит па мислиш да го бараш.
Зашто така ? Па секс за една вечер можеш да имаш и со некој кој го знаеш! Не мора да е некој што прв пат го гледаш у живот. Се разбира дека е возбудување ама можеда биде и Strangers in the night,aids in the morning ако не се внимава.
Те сфатив, прашањето ми беше реторско. И што сега: ако им се присакало да си се легнат така еднаш, ама им се заубавило да се дружат и надвор од чаршавите, мора да се воздржуваат и да не градат емотивна врска само затоа што еден ден, доколку дојде до брак, фактот дека започнале со „секс за една ноќ“ им го прави бракот „јаден“ и помалку вреден од оние кои легнале после три месеци врска.
Веројатно мислеше на реторичко Сосема точно дека е можно такво нешто и пијаниот секс со непознато лице да фати емоционален тек и да заврши со брак, сето тоа си е легитимно но сепак потпаѓа кон категоризацијата која ја наведов и која е сосема субјективна.
Најт рајдер, сакаш да кажеш дека мојот брак би бил јаден ако би бил ваков: јас и некој рандом тип се среќаваме некаде, пијани и имаме секс. Од нигде никаде, решаваме да одиме кај него во стан и да имаме секс до сабајле. Си одам дома, и ко ништо да не било. И типот ми се јавува по 2-3 дена да праша како сум. Или случајно се среќаваме некаде на појадок. И сфаќаме дека всушност, освен тоа што сексот ни бил одличен, имаме и муабет. И јас, по твојата логика би требало да му речем, извини, јас и ти нема да бидеме пар никогаш, оти ќе ми биде срам на внуците да им кажам како сме се запознале Бедни сме Не бе душо, супер сме. Освен сексот, ни оди и муабетот и карактерите. На внуците ќе им кажеме дека со месеци ме молел да излеземе, оти сум била јака пичка, ко што викаат сите наши баби и мајки, а никогаш не кажуваат што правеле во сеното или на одмор Сите поштени и девици на прва брачна ноќ За болестите... Има кондоми. А секако и дека ако излезам со него 3 пати, нема да го прашам какви болести има кои се пренесуваат со бакнеж. И секако нема после 3-4 недели гледање, и откако законски ќе смеам да имам секс со него за да не бидам категоризирана за курва, ороспија и бедна, ќе го однесам да се тестира на сите полово преносливи болести, како и за хепатит. Верувам дека ниедна од вас не чекала да види дали после еден месец излегување со тип ќе почне да пожолтува од хепатит или го однела да му тестираат крв, па дури не ни прашала - Изивини ти болен си од нешто? 100% сум сигурна дека сте се лапале пред да ве испрати дома и ни на крај не ви паднало дали има мононуклеоза.
Ова што го напиша би било фино сценарио за тинејџерски филм но во реалноста би било малку поинаку. Поимот ``добар секс`` со тотален странец притоа и пијан припаѓа повеќе на фантазијата отколку на реалноста, на рекла-казала, на измислени муабети, на кисело грозје психологија, ``леле кој секс, кои гимнастики кама сутри кршења кревети уау`` за да не се признае дека сексот уствари бил никаков... ама филмови Затоа реков дека е крајно субјективен став, дури и да претпоставиме дека сценариово од погоре се случило и завршило со брак се работи за лица со скромни потреби кои може да ги задоволи било кој/а било каде. Сепак зависи од човек до човек како гледа на некои работи, мене ми е несфатливо како би можел да имам добар секс со некоја која прв пат ја гледам, зошто побогу би се трудел воопшто да задоволам некоја која апсолутно ништо не ми значи и која прв пат ја гледам? Но секој со своите стандарди.
Рајдер, ако си немал добар секс со непозната по пијанство, не значи дека тоа е само тинејџерска фантазија. За разлика од тебе, многумина имале одличен секс со некој кој прв пат го гледаат. Оти има мажи и жени за кои сексот е само секс. А некои мажи пак, и не треба многу да се трудат за да задоволат жена, едноставно ги бива, или пак си се комаптибилни. А може па има мажи кои ете, сакаат да задоволат жена, без разлика дали и го знаат името. Може си се погодиле да сакаат баш таков секс. А може и имаат високи критериуми кои баш тој дотичниот ги исполнил. Тоа е подеднакво веројатно како што е веројатно и цел месец да се гледаш со некој и да испадне дека не го бива у кревет, не му се дига или свршива за 15 секунди. Се е можно. Не е бедно да имаш One night stand. Не е ни лошо, не е ни лош сексот. Лоши се светиците и архангелите кои озборуваат. Сексот никогаш не бил лош. Лошо било тоа што некој кој имал лошо искуство со прво гледање - прво ебење, или пак воопшто го немал, за некој кој имал да каже дека има ниски стандарди. Дали би сметал дека имам високи стандарди ако чекам еден месец за секс со некој? А три недели? А две недели? А недела? А ако чекам година, онда иам стварно високи стандарди. Оти моите стандарди се мерат по катанецов на теткава подоле.
A по кој критериум ќе формирам мислење за некого ако не според неговите постапки? Ама ајде. Беда. Терање американски филмови, а по други прашања глумење светици, безгрешништво и продавање морал. Дури и на форум се забележува истото лицемерие.
Не, не ми се десило, преемотивен тип сум за да би сакала да ми се деси, ама големата работа. Јаката постапка што открива каква личност сум, бре. Колку поподмолни, навистина злобни и неморални работи се случуваат околу нас коишто не вклучуваат секс, ехехее. Кој што сака нека си прави со својот сексуален живот. Себеси си прави, вам не ви смета. Ако знаеш да се чуваш, да се заштитиш, ако таква авантура ти одговара, која сум јас да судам. Да требаше да живееме на начин на којшто вака или онака би не` гледале другите, огледала по дома немаше никој од нас да има. Друг интересен момент. Секогаш вниманието за етикетирање е повеќе насочено кон жените коишто го прават тоа, отколку кон мажите. Мојата "омилена" изрека море, муж је, го личит. Све сами си праиме, ние жените.
Боже каква филозофија...и навреди фрчат кај што не треба. Ако сакате направете го тоа ,ако не никому ништо.За тоа Грујо се уште не казнува. Единствен совет за тие што сакаат да си носат кондом на лесно достапно место.А тоа етикетирање вакви такви ,не ви прилега ,да знаете.
Постојат различни стандарди за ``добар секс`` а според моите стандарди добар секс е невозможнен со особа која прв пат ја гледам и уште е и дрво пијана. Едноставно ги бива? За што тоа? Пак мислам дека се работи за фантазии, за фантомското мажиште кое ќе те ``разнесе`` на one night stand, верувам дека фантомската секс машина која се материјализира неочекувано и исполнува сексуални соништа е честа фантазија и кај мажи и кај жени но која е далеку од реалноста. Воопшто за да доведеш жена до климакс мора да правиш барем нешто, да не навлегувам во детали но тоа е многу повеќе отколку што лично би бил спремен да направам за некоја која прв пат ја гледам. За споредба, на некој тип кој прв пат го гледам не би бил склон да му позајмам пари, прв пат го гледам, who cares? Како може да се биде компатибилен со некоја која прв пат ја гледам во животот? Реков јас филмови Не е поентата во тоа колку време ќе помине од прво гледање до прв секс, едноставно ми е непојмливо да завршам во брак кој почнал со пијан секс. Претпоставувам алудираш на својата вагина, не знам зошто и во кој контекст, можеби сакаш да се претставиш како особа која не пати од лажен морал или нешто така?
^ Па и треба да е филм, едновечерна фантазија, занес, што ќе ти е реалност и мислење дали и како ќе го задоволиш партнерот кога знаеш дека веќе нема да го видиш, и често заради тоа необременување сексот знае да биде прилично добар. Не мора да влегуваш во детали, знаеме сите што е секс плус жени сме, што имаш ти да ни кажеш за тоа што треба да се задоволи жена а ние не знаеме? Некогаш и секс од две минути во некое темно ќоше не задоволува повеќе од еден час предигра и труд на партнерот. Не оправдувам млади девојки кои влегуваат често во вакви филмови, ова повеќе ми е за зрела женска на која и се погодила атмосфера, момент, хемија, страст, а знае да се погоди некогаш, тогаш ок. На редовна база веќе ми спаѓа во курварлук
А од каде си сигурна дека некој што еве си го запознала пред 4 месеци, а сега ти е дечко и имате редовно односи е сосема здрав? Можеби имал 4годишна врска и не изневерувал ама му пренела нешто девојката? Или на сите со кои планираш да имаш секс им бараш потврда дека се здрави за сите сексуално преносливи болести? Или можеби ти доставуваш таква на своите секс партнери? Затоа што јас колку што знам неретко првиот партнер (први на себе и двајцата) не останува последен... а и да остане што ако не дај Боже преку игла на лекар му пренесат сида итн итн... Ми ја сфаќаш поентата? Твое е да се заштитиш најдобро што можеш, а ако нешто треба да се деси у животот ќе се деси па и на раце да почнеш да одиш.... Иначе уз темата не се доизјаснив, не дека ми е омилен секс за една ноќ, т.е. не сум ни пробала нити би со некој кој баш прв пат го гледам. Ама еве сега сум во ситуација, излегувам со еден дечко веќе неколку пати и таква сексуална хемија осеќам према него што никогаш не ја осетив во мојата 6 годишна врска или во било која друга. А не осеќам емоционална поврзаност. А истото е од негова страна. И сега според македонските стандарди на културна девојка би требало да го откачам затоа што јас и он не можеме да бидеме во брачна заедница бидејќи не се сакаме, само сме си физички привлечни.... Мало морген. Ама ќе живеам вечно со мислата дека никој нема да ми тури пчеличка на рачето затоа што сум лоша и вулгарна девојка. Едно време си помислив, па и пишав во друга тема за совет како таа наша само сексуална поврзаност да не му остави впечаток дека е многу easy со мене, ама нека си мисли он да не ми остави впечаток дека е лесен, а нема. Сите сме гомна луѓе, правете што сакате.
И сакаш да ми кажеш дека врска, дечко е исто што и секс за една вечер со некој што никогаш не си го видела претходно? Не сите имаме секс после една недела од врската, така што за мене воопшто не е исто. Кога некој ти е официјално дечко, можеш да седнеш со него, да разговараш, па ако се сомневате во нешто можете и на преглед да одите, затоа и се вика врска. И немој да ми речеш дека е претерано тоа, зашто ако јас се сомневам во мојот дечко, а воедно и потенцијален сексуален партнер дека има сомнително сексуално минато и тоа како ќе го фатам под раче и ќе го однесам на тестови, а кој, што ќе помисли ич не ми чуе, зашто се работи за мое здравје. А кога имаш секс за една вечер па и не знам колку е изводливо да разговараш на таа тема или па да направиш тест. Ми нема апсолутно никаква споредба муабетов. Дури глупо ми е и што објаснувам. И баш заради тоа што се водиме сите по речениците: "Ако треба нешто да се деси, ќе се деси" ; "Еднаш се живее" ; "Уживај дур можеш" ; "Сега сме млади" дојдовме до ова дереџе. И за СПБ и за се' останато. Сида на секој чекор. Мене тие реченици не ми се апсолутно никаква гаранција и ми се својствени за несериозни луѓе. Или пак ќе правиме што ќе ни текне, па после ќе се тешиме?