Па баш како што ти кажав, ти можеш од јутра до сутра да се распрашуваш со кој бил каде бил, може ни он сам да не е свесен дека нешто носи. За СПБ има на интернет милиони информации кого го интересира може да чита и симптоми и период на инкубација, кога се манисфестира, кога не итн... Сомнително сексуално искуство и да има ти тоа од него нема да го дознаеш, а од други још мање. Мојата поента е јасна, заштита во секое време, ама тоа со кинење на кондомот ти е без везе мислење затоа и тоа го болдирав. И не си само ти на светов што се грижи за своето здравје, драга. Сите се грижиме и затоа се заштитуваме. Јас ги мразам „еднаш се живее“ или „дур сме млади“ ама има голема разлика меѓу тоа и „ако нешто треба да се деси, ЌЕ СЕ ДЕСИ.“ Ако утре те удри метеор (ти се скине кондом), кој е крив, дал Бог ил судбина? Сексот е убава работа за која треба да се задржат некои стандарди. Ама дека мора секогаш да пропратен со голема љубов и емоции апсолутно не треба, тоа е и поентата на темава. А исто и дека тоа дали ти или стрина ми ќе мислите дека мојата одлука е погрешна ништо нема да ми смени во животот, нити некој друг ќе ме теши ако нешто ми се случи. Сексот сам по себе има последици, без разлика дали е со партнер или со не-партнер. Затоа и треба човек да е свесен за нив кога почнува со секс.
Девојки како и да е не чини.иако не верувам дека сите вие не сте напраиле никогаш таква работа да бидете со некој еднаш и никогаш повеке.немора да значи дека сте сретнале дечко на улица сте имале секс и толку,ја на пример имав другар една вечер подначукани имавме секс и тоа е тоа десило се ...
Нема што јас да се распрашувам, нит сум се распрашувала, нит па планирам тоа да го правам некогаш, за се' што имам недоумица, седнувам и разговарам со партнерот. Затоа и си ги бираме партнерите де, да можеме за се' да разговараме, а не да погодуваме, нагаѓаме, распрашуваме. Мојот став е јасен, ако има сомневање, одиме на тест, толку. Колку му е верливо на некој, не е мој проблем. Тоа сум јас, не сме сите исти. Кондомот и тоа како може да се скине. Колку само деца се имаат родено благодарение на тоа. Како и да е, јас бирам да не се потпирам целосно на една тенка гумичка која би требало да ме дели од потенцијално пренослива болест. Можеме да се вртиме во круг до утре ако сакаш. Јас си го кажав мојот став околу ова. Ниедно физичко задоволство нема да го ставам пред безбедноста и здравјето. А секако во врска безбедноста во сексот е многу поголема отколку сексот за една вечер. И тоа е факт. А тоа што ти индиректно ме ставаш во ист кош со стрина ти (претпоставувам мераклика на трач муабети) ти е само низок удар во било која тема. Као јас се замарам што ти или Стојна правите, ме заболе мене најмалото прсте за друг. Цело време зборам од личен аспект, нит некого осудив, нит за некој друг кажав. А сега ако тебе не ти одговара мојот муабет, не е мој проблем. Можевме да дискутираме, ама после вакви маубети, јас тука застанувам.
Што се не прочитав на темава! Од вреѓање на тие што имале секс за една вечер, до убедување на тие што немале, да имаат. Не директно, ама индиректно. Се е тоа до внатрешно чувство, како што имаше некој погоре напишано, хемија, момент, искра.. немало кај да бега, се случило. И било прекрасно, и се случило само еднаш. Чувството е феноменално, и после години кога ќе ти текне ти се враќа дел од адреналинот од таа вечер, затоа што ретко се случува. Можеби и само еднаш. И јас сум велела дека нема да имам секс за една вечер, па сум имала. Имам пишувано во темава за тоа, да не се повторувам, Муабетот ми е, кој сака да проба, нека проба. Кој сака редовно да има секс за една вечер. нека има редовно. Кој сака да го преболи бившиот, слободно може да има секс за една вечер. Кој не сака, не сака, не е дека мора. Не е никој тука од нас задолжен да суди некому, ниту да убедува во спротивното. Не треба никој да се срами да каже дали имал или немал ваков секс. И тоа и тоа, е во ред, според мене.
1. Што значи официјално дечко? Во кој момент настанува официјалноста? 2. Што значи сомнително сексуално минато? 3. Досега се има случено третиот болд и каде го однесе и кои тестови ги правеше? Или досега сите имале несомнително сексуално искуство? Прашувам оти досега никој не сум го одела на тестирање, а верувам дека и многу не ги носеле дечковците, па мислам дека е во ред да се сподели искуството.
А тешки ли се прашањата на тестот? Мене не ме носеа. Јас изгледа паднав Ќе треба 3 дена сумамед да пијам. Ќути среќа јас бар од вагиналети се спасив
1. Е што се правите сега настинати со сила. Кога официјално станувал дечко... Прво одделение. Кога ќе се договорите дека сте во врска. Барем кај мене работите секогаш оделе по договор и со точно определено време. 2. Е што де? Што значи сомнително сексуално минато? Не знам, ти кажи ми. 3. Не, досега не сум ги носела сите на тестови, зашто сум имала и имам само еден сексуален партнер. Зошто? Напишав уште во првиот пост. А дали до сега сме биле или не, не мислам дека е овде за расправа. Тоа не е темата овде па јас толку детално да изнесувам приватна работа. Тоа го наведов како една причина плус, зошто е подобро и побезбедно да се има секс во врска отколку секс за една ноќ. Феминката погоре ме наведе да изнесам толку детално зашто ме убедуваше дека било исто секс во врска и секс за една ноќ, односно безбедноста била иста. Ова според мене. Вие не морате така да размислувате, нит па ве натерав. Секој со своето размислување, своите постапки и своите последици. И не знам што толку за детали се фативте. Јасна бев и во претходните постови. А за @tinan ми е дури испод интелигенција да си трошам време и да му реплицирам. Ќе треба ептен на негово ниво да паднам, а до толку па и не планирам, премногу е за мене.
Во ред, само што двеминутен секс во веце кој задоволува кажува премногу за особата која тоа го прави. Алкохолот е сепак главен фактор во сето тоа да не се лажеме со зрели или незрели жени и погодени атмосфери и хемии. Во ред етиленот е хемиско соединение. А дали ваков совет би поделиле на ќерка, син или сестра?
Како прво, зборам за возрасна група на луѓе, не зборам за деца да се ебаваат кај стигнат. Сигурно јас ќерка ми не би ја воспитала така, меѓутоа кога таа веќе ќе наполни 25 години има своја глава и свое размислување кое, може ќе спаѓа во категорија дека не сака таков секс, или можеби ќе го оправдува, јас како мајка со ќерка на 25 години веќе и нема да можам да влијаам многу на нејзините ставови, работата како мајка е многу порано. Се е до самата личност и не мешајте ќерки и сестри, бидејќи се зборува за изградени карактери и личности. возрасни луѓе, одговорни за самите себе.
Ете гледаш Не верувам дека постои близок член на семејството кому би му било во ред ќерка, сестра, брат да се оддаваат на пијан секс во редовни интервали со непознати лица. Тука мора да се спомене и евентуална врска која таква особа би ја остварила. Би било ужасно партнерот или партнерката да не е свесна дека саканата личност редовно имала пијан секс по вецеа, задни седишта, мотелчиња и слично. Затоа еден морал за по дома друг за надвор нели, а тоа не чини.
Приметив дека сите имаме различно сценарио во глава, околу сексов за една ноќ. Ете најт го замислувал пијан секс по вциња.мотели, коли.. Јас го замислувам, со неколку чашки (не пијан) кај некој од двајцата дома. Како возрасни луѓе, си се облекуваш, идеш во вц се средуваш и си одиш дома, како ништо да не било. Тоа е мојата замисла. Можеби и од таму произлегува различниот став. Никако не оправдувам ваков секс без кондом, па и не е вкусно да ги менуваш секој викенд, ама според мене, честото менување на сексуални партнери ми спаѓа во друга проблематика со проблеми од друго потекло.
За мене не мора алхохолот да е воопшто вклучен во игра или па да е помеѓу двајца целосни странци на кои тој им е неопходен за да се сврзат неколку реда муабет. Поранешни колеги од уни. од работа, од населба...со кои ви одел муабетот и сте имале коректен однос ве кани на кафе. Пријатна прошетка, милион теми на разговор бидејќи не сте се виделе икс месеци и опуштена атмосфера. На крај ве враќа дома, го каниш да се напие нешто и да му го покажеш станот. Повторно долг разговор...ти кажуваш дека си уморна, се те боли колку ти е стресна и напорна работата или факултетот, он џентелмен се нуди да те измасира и рачињата одат се подоле и подоле. И ти се присакува, а сигурно и он не останал имун. Да не објаснувам понатаму. И потоа не мора да имаш потреба да се вјубиш во него, да бидеш во врска или слично. Оф. топик. Некаде имам прочитано сида се фаќа баш од оној на кој си му верувал, бидејќи со сите останати си користел кондом.
Мене пак не ми е јасно. 1. Како се договарате дека сте во врска? Седнувате, викате, ај да одредиме датум на врска. На пример, 20 март. Е супер, до тогаш, ако сакаш да се залапаме и да имаме секс, достави докази од систематески прегледи и слично, па на тој ден ке се залапаме. Јас досега не сум склучила договор со никој. Се одело спонтано и договорите за склучување на врска сум ги немала. Затоа и не знам како одредувате датуми. Јас имам различен ден на состанок, на бакнеж, на секс, на кафе одење, на запознавање на родители... И не сме договориле ништо. 2. Ти рече дека ако има сомнително сексуално искуство, ќе го носиш на преглед. Веројатно ти треба да знаеш што значи термнот, оти е за твоја употреба. Затоа јас не можам да ти кажам што е. 3. Со оглед на тоа дека е ананимен форум и тука си помагаме, мислам дека не е тајна кои се прегледи ги има направено твојот сексуален партнер. Дали се штитиш од сите сексуално преносливи болести или од остатаните болести кои се пренесуваати со бакнување? Дали оние со кои се бакнуваш одат на преглед? Јас не викам дека сите ке ги носам на систематски, ама ако има некоја која сака да носи дечко на контролен здравствен преглед , кои се прегледи ти би препорачала да ги прави и како се одвиваше твојот разговор со - мораш да одиш на доктор пред лапање? Оти јас мислам дека не секој маж би сакал за едно лапање да чека на клиника да даде мокрача и крв. Еве имаме и мажи на форумов, па нека кажат дали би оделе на доктор? И колку жени досега ги однеле дечковците на доктор пред секс?
Какви небулози нема да прочита човек значи... Ќе носиме на преглед потенцијален иден партнер ако мислиме дека има сомнително сексуално минато... не можам да си поверувам на очите што читам! Па ако веќе мислам дека толку има СОМНИТЕЛНО секс. минато не морам ни да бидам со него де, не е ни прв ни последен. Јас ова би го одбрала, значи не би била со него и крај, а за да го влечам по клиники на испитувања, па што знам... срам ми е од самата помисла, а не па да му го предложам тоа на некого. Нити сакам да носам некој по лаборатории да мочка во пластично чашиче и да го боцкаат за крв, нити сакам тоа мене некој да ми го предложува и прави. Деградирачко ми е! Инаку, интересно ми е ова сфаќање - сомнително сексуално минато! Не помислувате дека ако не дај боже треба да закачиш некоја СПБ тоа може да ти се случи и само од еден сексуален партнер??? И ете на пример, некој дечко засвиѓува девојка за која што знае дека имала само еден маж во нејзиниот живот, не менувала партнери, цело време била посветена на студиите и на тој дечко, мирна е и сл., а девојчево има хепатит на пример... а нема СОМИНИТЕЛНО сексуално минато. Во ваков случај што?? Што ќе го наведе тој дечко да ја влечка девојката по испитувања?
Треба секој да биде свесен и совесен за своето здравје, не мене друг да ме влечка по клиники и испитувања. Ако ја сама не сум ги направила испитувањата, сигурно нема да чекам некој друг да ме однесе. Истото важи за двата пола. Ова се живи глупости, со носењево по клиники, дете да ми е, да го носам, а не возрасен маж.
Не знам што не е јасно во постот на @Cka Упорно се обидува да ви каже нешто и пак не ја разбирате. Ќе попростам со пример: Одиме со дечко 3 месеци ете ја знаеме и датата на започнување на врската. Пак есап. Решаваме на таа и таа дата да имаме оноси. Доаѓа датата завршува и таа работа. Нејсе покрај тоа што не знаеш дека дечкото има хепатит Ц оти и после лечењето вирусот останува во него, туку закачуваш трихомонас (онаа смрдливана инфекција). Па си викаш ту бре што не го однесов на лекар да се испита. Така да никогаш не знаеш што ќе закачиш и после секс за една ноќ и после „Званична врска“. Знам ќе речете па постојат кондоми! Да постојат, ама неретко му веруваш на тој лик што си во „званична врска“ , а на оној незваничниот не му веруваш.
Sekoj koj e seksualno aktiven,treba da bide dovolno svesen za da odi na redovni kontroli. Nema nisto nitu degradiracko,nitu sramno vo toa. Bas sprotivniot stav i ignorantnoto odnesuvanje kon sebe se za sramota. Se izvinuvam na latinicata.
^ Нема срамно и деградирачко сама да одам на испитувања ако чувствувам дека треба и сама да водам грижа за моето сексуално здравје, а не некој да ме носи зошто се сомневал во моето сексуално минато!