1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Секс за една ноќ

Дискусија во 'Секс' започната од Ani-Honey, 9 септември 2010.

?

Сте имале ли секс за една ноќ?

  1. Да

    371 глас(а)
    34,7%
  2. Не, но би имала

    287 глас(а)
    26,9%
  3. Не, никогаш нема да имам

    410 глас(а)
    38,4%
  1. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.412
    Пол:
    Женски
    За жените во ред, ама немој да ми кажете дека некој маж отишол на гинеколог (уролог) за да испита сперма. леукоцити во сперма, урина, а сите знаеме дека тие се најголемите распрскувачи на вагинални бактерии и инфекции.
    Кај нив не се манифестира тие се само носители и се лечат во случај кога кај жената ќе се открие па и двајцата партнери земаат терапија.
     
    На kolovoz и Emy867 им се допаѓа ова.
  2. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Ми ги извртевте постовите 100%. Очигледно на кој, како му одговара така си чита. Отидовте до таму дури и да се чудите како тоа некој официјализира една врска.

    Пак ќе повторам, бев многу јасна во постовите, кажав што мислам јас, на никој не наметнав мислење, а вие продолжете да се чудите. Поздрав, па се читаме во некоја друга тема.
     
  3. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.894
    Официјализирањето врска мене, еве на скоро 40 години, ми остана нејасно. Ниту со дечко до сега, ниту со сопругот, не сме направиле договор за "официјализирање" (освен оној во матично, ама тоа е друг муабет). Можеби бидејќи бевме возрасни кога започна врската, и не игравме игрици. Едноставно врската започнува (со бакнеж, секс, често излегување и било како), и нормално си тече и се засилува. Дали сме или не сме во врска се гледа на дело, не на зборови.
    А за испитувањето кај мажите, ахааа, баш се "редовни". Мм има направено и сида и хепатит тест, и спермокултура, ама дури откако ја почнавме постапката за инвитро, значи мнооогу покасно од првиот заштитен и незаштитен секс.
     
    На DzingrlakaDzikica, Captain-Omni и Daleron им се допаѓа ова.
  4. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Немам ништо против тие што имаат секс за една ноќ, јас ете сум немала храброст да го направам тоа.Сум имала повеќе прилики и никогаш не сум била пијана |( кога се случило тоа ама како @Daydream секогаш сум се правела фантазии дека типов е сериски убијца, первезен некој што ќе ме затвори во подрум:rofl:, вероватно последица од гледање превише криминал миндс итн и сум се откажувала од намерата да имам со типот секс за една ноќ иако имало привлечност и хемија.

    А со сопругот сум имала секс од втор пат кога се видовме, не мислев тогаш ни на сериски убијци ни на ништо, имало и сеуште има голема сексуална привлечност и ете не во брак кој не е очаен|( само зашто почнала врската со секс и не не можел било кој да ми ја потполни таа потреба како што пишува @Night Rider бидејќи измеѓу предходната врска и сопругот имаше период од 2,5 години каде никој не ми ги потполнуваше потребите.;)

    За прегледите пак тука кај мене е нормално ако сакаш секс без кондом да си покажеш пемпеле црно на бело дека си чист, нема ништо ни срамота ни деградирачки, срамота е на денешно време да се впуштат во незаштитени односи со некого верувајќи му дека е чист а после да си ја чукаш главата.:headbang:
    Со сопругот и двајцата работиме во болница и на секои 3 месеци не тестираат затоа што работиме со крв и крвни материи, кога се одлучивме дека не сакаме да користиме повеќе кондоми си ги почекавме резултатите од тестирањето, тој беше чист, јас чиста и си ги фрливме кондомите, чиста сметка, долга љубов.
     
    На Bojana.20, Hipica, kala21 и 8 други им се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.774
    Допаѓања:
    99.976
    Пол:
    Женски

    Не знам од каде донесе заклучок дека сексот за ЕДНА ноќ,трае 2 минути.
    И кој вели дека алкохолот мора да ни биде во крвта и и да биде оправдување за ова.
    За делењето совети ти си ја послушал секогаш мајка ти ,сестра ти?Мислиш дека утре тебе ќе те слушаат??
    Луѓе ова може да ви случи а може и никогаш да не ви се случи.И кога имаш секс за една ноќ нема да бараш пемпеле дека партнерот е здрав.
    Е другиот ден ќе си ја трескаш главата од ѕид или и после некоја година ќе се сеќаваш со насмевка.
    Значи се разбираме...
     
  6. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Џабе е да се објаснуваме, едноставно ако некој не осетил таква сексуална привлечност со некој со кого официјално не е во врска, не може тука да кажува што и како е. И апсолутно се сложувам со мислењево погоре, кој спомнува алкохол? Еве јас имам во глава еден тип, во моментов да е тука би му направила се што не сонувал дека ќе му се деси, а пијам чај. И не е некој непознат, ама не е ни некој кој би сакала да ми биде дечко.
    Второ што сакам да споменам е дека веќе кога се работи за повозрасни луѓе како може да се официјализира врска ако немало секс? Не сфаќам. На овие години нити сакам, а и би ми било чудно некој од другиот пол да сака 3 месеци да се влечеме на кафиња и да се љубиме на клупи, да прославиме 3 месеци врска па да имаме секс... И ако е сексот лош што правиме? Пу, пу не важи? Ама битно бевме во врска кога се ебевме... Дај ве молам.
    Темава не треба да ја полнат луѓе што се во долги врски од 16-17 години со прв сексуален партнер и планираат тој цел живот да им остане. И да Daydream на тебе мислам, едноставно без навреда ама не си компетентна да коментираш затоа што немаш на која основа.
     
    На Hipica, ForeverYoung, Taccka и 5 други им се допаѓа ова.
  7. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    @bittersweet ех сега лакше се дише:whew: Ја па ко из пушке на мужево- Опа дечко, стави тоа гумчето ако не книжето вади хахаха пребледе кутар тој одма за легитимација се фати со него е стално хаххаах Па како деца еден ден треба да раѓам, дали твои ил не неважно ама да си сме начисто. И оттогаш сме си на најчисто. Од пусти страв од мене, не ме мислете баба рога, и крвна слика нова, проверка на црево , џигер, бели дробови ма све по списку и на крај толку слатко се изнасмеавме ама бар полесно се дише кога знаеш на што си.
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    Требаше јас на стоматолог да го однесам, да знаев дека толку пари ќе даваме за заби да поправа ќе се подразмислев дали ќе го земам :doh:
    Не ми е јасно ова со прегледиве, болест можеш да фатиш еден ден откако си дал на партнерот доказ дека си чист ко суза, па како оди тоа, пред секој секс преглед?
     
    На imelda, bubac, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Strumfeta17

    Strumfeta17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2013
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    132
    Секс за една ноќ не, но ако се 2 ноќи во прашање тоа може (се шалам). Велат сексот па и францускиот бакнеж, е интимен чин, па како можете да споделувате интимност со некој кој не ви е ништо буквално странец?
    Знаете ли колку е по интересна онаа игра додека стигне ден по ден, до нај интересното, до допирот?
    Па тој прв допир, сета таа игра таа возбуда која се повеќе во тебе расте, а не како кучињата натрти се нека ти се качи и завршена работа. Јас мислам дека ниту една девојка која држи до себе нема да дозволи ниту да ја допре типот брвиот пат па и првите недели. Сексот не е нешто без кое неможе да се издржи, воопшто не оправдувам такви работи. Последиците за една девојка можат да бидат далекусежни од една таква не промислена работа. Како би го погледнале утредента тој човек во очи кога и сами знаете што тој ќе мисли за вас?
     
    На deskarada, Samer и Marley им се допаѓа ова.
  10. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.130
    Пол:
    Машки
    ^ Така е,.. браво и јас исто би им кажал... поготово ако се две... :)
    и што е ова со темава исфорсирана ко кампања владина...
    секс за една ноќ,.. па големо чудо ја било ја небило...
    абе дајте малку сенс да не искочи ја у царица ја у магарица...
    оно ко воли нек икзволи али волку аналитика стварно непотребно... :|
     
  11. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Внимавајте, конзервативци демнат по темите на форумот. :lol:
    Ако се водевме по конзервативни сфаќања сите ние во светот, сега ќе шетавте со шамии на глава и фустани во кои не ви се гледаат зглобовите на нозете, а секс ќе имавте строго на осет, без гледање и допирање. И во шумички од влакна. :tmi:
    И тоа не е премногу далеку како реалност, само две-три генерации од вашите претци ве делат од ова.

    Но, благодарение на сексуалната револуција и прогресивните младите умови без срам во некои „неморални“ земји како Холандија, Франција и слични :smoke: гнасни земји, сега ние, тука, во оваа наша некогаш голема Македонија имаме можност да тераме мода, да облакаме сукњици во комбинација со потпетици од петнаеска и да се гледаме во огледало со воздишка од тоа колку сме згодни, секси и посакувани. Заедно со тоа, имаме можност и да го практикуваме благодетот наречен „секс пред брак“ и не мораме да покажуваме чаршави после прва брачна ноќ.

    @Strumfeta17 - она што не го разбираш, не значи дека не е исправно или не постои. Сексот доаѓа во стотици и илјадници форми и доживувања и секој човек различно го перцепира и самиот чин и партнерот со кој го прави тоа. Гоооолем број мажи сакаат секс за една вечер и не се срамат да го кажат тоа, исто како што исто толкав број на девојки сакаат секс за една вечер, ама заради конзервативните ставови кои владеат како мнозинство во нашата земја, срам им е да признаат.

    Ако мислиш дека не сум во право, само дознај колку девојки имале летна авантура со странец додека биле на летен одмор. Ако немале, тогаш не успеале да најдат нешто доволно добро, ама 9 од 10 девојки имаат фантазија за секс со привлечен атлетски граден Шпанец кој зборува со заводлив акцент и ги части сангрија на некој шанк среде зафрлена плажа на друг континент.

    @Night Rider со Dr.Strangelove на чај да одите, ептен сте си погодени со муабетот, ама никако на пиво, може да ве натера на блуд. :makeup:
    Сериозно, сексот во веце јас ќе ти кажам што кажува за „особата“... кажува дека таа личност е слободна да прави апсолутно што сака со своето тело и ум. Воедно кажува дека е храбра, сигурна во себе и не се плаши од предизвици. Секс во WC е, мислам, не збориме за глобалното затоплување или војната во Сирија, Боже...
     
    На imelda, Hipica, Taccka и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Дали воопшто читате или само одговарате од прва, нагонски?
    Не донесов никаков заклучок, само реплицирав на тврдење дека понекогаш жените ги задоволувал и двеминутен секс во некое ќоше или така нешто.

    Без алкохол нема секс за една ноќ со непозната особа, тоа е тоа.

    Да одам со филмски (измислен) лик од филм на Кјубрик на пиво? Што нема да прочита човек.:D

    Ако немале авантура со атлетски граден Шпанец може да значи и дека самите тие никогаш не би привлекле некој таков бидејќи се грди, просечни, дебели и слично. При што остануваат само фантазиите, нели.:)

    Напротив, според мене сексот во веце значи дека се има ниска самодоверба и сексуален афинитет на глушец или жаба, мислам што треба да се каже за некоја која клекнува некому од прво гледање. Или обратно, исто важи и за машките во секој случај, не смее за мажите да важи еден а за жените друг морал, тоа е глупаво.
    Но како што многупати напоменав на темата тоа е сосема субјективен став кој не е никаков научен факт, нормално дека секој може да прави што сака со своето тело.
    Мене вецето ми асоцира на место за празнење на меур или црева, никако на место за секс па уште со непозната пијана особа - но секој со своето.
    Сосема е неудобно за секс како прво а како второ е место каде се празнеле стотици луѓе, сосема доволна причина да го убие либидото во моментот :D

    Не треба да одите во екстреми госпоѓице, не значи дека не треба да се има секс пред брак или да се робува на идиотски традиции како тоа со чаршафот.

    Не би рекол дека сум конзервативен само што не би се нарекол ниту либерален, барем не во денешна смисла на зборот. Добро е што сексуалните табуа и стеги од минатото се надминуваат но се оди во друга крајност каде што имаме претставување на пијан секс со непознато лице во веце како нешто ``ослободително`` или ``напредно``.
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.774
    Допаѓања:
    99.976
    Пол:
    Женски
    Па и јас реплицирам.Не знам од каде ти извлече заклучок нагонски ,од прва?!
     
  14. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Затоа што постот кој ми го цитираше беше реплика на овој пост

    Значи јас само реплицирав на туѓо тврдење околу двеминутниот секс, дали сега разбираш?:)
     
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.774
    Допаѓања:
    99.976
    Пол:
    Женски
    Како не ,кристално ми разјасни.
     
  16. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Доктор Стренџлав е член на форумот и е шовинист. Затоа ти реков да одите на чај. :)

    Сега, објасни ми ти мене, како ти успева во два последователни пасуси да го направиш ова:
    Ако е сето тоа субјективен став, зошто ги осудуваш оние момци и девојки кои сакаат да ги пробијат ѕидовите од јавните тоалети по скопските дискотеки од хефтање. И ова можеш да го сфатиш и буквално и преносно. (highfive)
    Зошто твојот „ни конзервативен ни либерален ум“ не може да прифати дека сексот во јавно веце со некој кој не го познаваш и (условно) трае 2 минути не е добар, не возбудува и не задоволува?!?

    И уште ова, сексуалните табуа се надминуваат во денешно време, зашто некој пред 100 и кусур години отишол во крајност на некое друго место на планетата и поставил нова рамка. Во тоа време, да прошеташ со голи нозе по улица било ерес, ама, некои цури тоа го направиле, а некои како тебе, плукале по нив колку се неморални и викале дека треба да се врати времето во кое ги палеле вештерките на клада. Заради нив, ти сега можеш да имаш анален, орален, секс пред брак, hand job, titfuck, roleplay, dirty talk, да употребуваш камшици, да ѝ купиш на цурата дилдо за роденден, да ја гледаш како сквирта, да имаш секс во тројка иако не си royalty, да бидеш нејзин роб, да ти биде таа робинка во кревет, да ја врзеш за рамката од креветот, да ѝ свршуваш по цело тело и да ја мачкаш каде сакаш, да го правите тоа во јавно веце, во кола, пред кола, на хауба, на тераса итн итн...

    Ако се водевме по размислувањето дека нешто во сексот не е оправдано во која било форма, тогаш немаше никогаш женски полов орган да видиш во животот. И, строго мисионерски, нормално.

    Најбитната работа е што, како и самиот што напиша, ако двајца сакаат да направат нешто, тогаш тоа е исправно. Ако сексот за една вечер некој сака да го практикува, тогаш тоа е исправно. Ниту некој некому пречи, ниту повредува. Убав тип, секс, фала, пријатно. :emo:
     
    На Bozica1980 и lunicka им се допаѓа ова.
  17. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Еве еден поучен видео запис од старо време. Поучниот дел во врска со сексот за една ноќ или секс со промискуитетни особи почнува од 2:22.
    TLC - Waterfalls

    Внимавајте, бидејќи кај нас во Македонија статистички точно не се знае колку луѓе се ХИВ позитивни, изгледаат сосем нормално и не може да се утврди преку обична крва слика дали се носители на овој неизлечив вирус.
    Најчесто на луѓето им е страв да се проверат најмногу заради осуда од населението и околината.
    „Заклучно со денешниот ден, регистрирани се 223 случаи на ХИВ/СИДА. За седум полни месеци се регистрирани највисок број на ХИВ/СИДА во Македонија. Градот Скопје има 16 случаи на ХИВ и СИДА што изнесува 62 проценти од сите случаи регистрирани во 2014 година. Куманово има три случаи од кои два се ХИВ позитивни и еден болен, Свети Николе два, Тетово еден, Струмица еден, Кочани два и Штип еден, појасни Караџовски."

    Ова се статистички бројки, а реалната бројка му доаѓа пута 5.
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.937
    Пол:
    Женски
    Јас за ова не би се сложила. Бидејќи, од лично искуство, алкохолот не ми бил потребен за да уживам во секс за една ноќ. Барем јас не можам да уживам во сексот ако сум поднапиена или пијана, ми се спие тогаш и ништо не ми се прави. Така што, не ти држи вода.

    @friendy, во право си. И тоа како си во право, треба многу да се внимава. Исто, не се знае статистички колку луѓе се носители на вирусите на хепатит Б и хепатит Ц. Па и оние што ги сметаме за потенцијални партнери може да бидат носители, а да не знаат и самите. Секој однос, дури и со постојан партнер е ризичен. Секој ден ќе се испитуваме да видиме да не сме закачиле нешто? Јас можеби и би требало, пошто мојата професија е ризична. Па сега мојот сопруг треба да се мисли секој ден што може да закачи од мене...

    HIV и слични болести не се закачуваат само преку секс (за една ноќ). И вака може (читај на линкот)

    http://www.telegraf.rs/vesti/130554...r-preneo-virus-hiv-na-22-000-pacijenata-video
     
  19. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    @Annath Да го знам и тоа, меѓутоа темата беше за секс за една ноќ. Нека знаат дека тој едноноќен секс или краткотрајно задоволство, може да ги чини долгорочна мака во животот. Не значи дека веднаш ќе се заразат, но нека се впуштаат во такви активности со мала резерва, зошто ризикот е помал кога изложеноста е помала за што и да станува збор.
    А за преносливите болести преку стоматолошки интервенции не ми спомнувај, многу одамна имам размислувано на оваа тема. Стерилизацијата на инструментите кај нашите стоматолози е на минимално ниво (со исклучок на некои верувам дека ги има).
    Последниот пат кога бев на заболекар, рачката на која се менуваат иглиците смрдеше на цигари (јас сум непушач) и осетив, ми се згади. Што останало за чистење од бактерии, вируси и останало без мирис и вкус. Незгодно ми беше да кажам, но знам дека долг период ќе треба да помине или ептен да имам некој проблем па да одам на заболекар. Но за тоа во некоја соодветна тема.
     
  20. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Не сум шовинист како прво, како второ не знам зошто би одел на чај со некој член од форумот.

    Сексуалните табуа најмногу паднале поради технолошкиот и медицинскиот прогрес а не заради тоа што ``некои цури тоа го направиле`` (многу смешен ти е овој пасус) :D.
    Откако контрацепцијата станала достапна за широките народни маси и доволно сигурна да спречи бременост - тогаш се појавила на сцена и т.н. ``сексуална револуција`` на западот.

    И во Римско време имало огрии, тројки и десетки и секакви сексуални перверзии, мислам дека дури имало и римски цар кој се облекувал како жена и барал мажи за секс по улици како лажна проститутка - тоа не е нешто ново и модерно.

    Причината за сексуален морал каков што постоел имале и своја сосема реална позадина, некоја ``цура која би го правела тоа`` пред 100 години немала опции како абортус, контрацепција или социјални служби за сираци. Ако останела бремена а надвор од брак - тешко неа. Што било донекаде и логично во тоа време. Затоа цурата малку потешко се решавала на секс пред брак. Но и онака рано стапувале во брак порано.

    Сите осудуваме и сите категоризираме, туку што ме прогласи за шовинист нели? :)Не е тоа проблем, сите носиме вредносни судови секој ден само што некои се залажуваат дека не се такви. Нема ништо страшно во тоа, некој смета дека лица кои ставаат пенис на пијано непознато лице во уста во веце се скромни во своите потреби и не би сакал да има ништо со такви, некој смета дека таквите се ослободени од предрасуди и слично. Јас не ги осудувам (дека се грешници или било што) туку ги категоризирам и носам вредносен суд, во склад со моите сосема субјективни сфаќања во однос на оваа тема :)
    Не за друго - објективен став е невозможен по ова прашање.

    Сето тоа во ред но никако не сфаќам зошто тоа би го правел со тотално непозната партнерка, зошто воопшто би се ангажирал?
    Што ми е гајле за сексуалните потреби и фетиши на сосема непозната особа, па уште да и приуштам нешто од тоа?


    Приказни за мали деца сега ќе си кажуваме?:) Не сум паднат од паралелна димензија и не ги сметам приказните за трезен секс за една ноќ за сериозни.

    П.С. Сигурно како напредни и слободни особи сте искрени со сопрузите околу сексуалното минато а веројатно и сопрузите со вас, мислам нели тоа не е нешто за срамота па сега ќе криете :D
     
    Последна измена: 14 ноември 2014