Ти не ја разбираш поентата. Ако си имала среќа да не останеш болна за друг не е сигурно дека ќе остане здрав.
Беше реторичко прашање на кое не верувам дека еден одговор воопшто беше очекуван. И јас не прочитав дали алхохол, кондом или нешто слично беше спомнато за некакви поенти да бидат донесени.
не бев пијана. и џабе дебатираш твое е тоа право да немаш секс за една нок.секој ке си праи како што му одговара а ти овде на форумов можеш до утре да осудуваш и кажуваш дали е правилно дали не е правилно
Епа Јавачу, да не сакаш да го натерам момакот од моето „искуство“ да се зачлени на форумов и да ти потврди? Двајцата сме државјани на Република Македонија, патем, не слетавме од Сатурн и немав повеќекратен оргазам во вселенски брод. Ако зборуваш за себе дека ти треба алкохол за таква работа, тоа е друго. Тоа е веќе споделување „лично искуство“ кое држи повеќе вода од твоево празно гатање овде. Ако сакаш, патем, ќе ти ги позајмам „Сексот и градот“, сите сезони ги имам. По мислењава ни на Шарлот потомок не и‘ си, ама па ни нашиве мислења тука не не‘ прават сите Саманти. Само ова имаш да го искоментираш на мојот прост пример со касиерката. Ме потсетува кога му реплицираше на Капетанот за пиењето чај со Стрејнџлав. Еве да ти упростам, нека не биде касиерка, нека биде.... твоја најдобра другарка. Ќе ја отпишеш од живите ако има секс за една ноќ? Дефинирај ми ЕДНОСТАВНИ особи. ЕДНОСТАВНО наспроти КОМПЛИЦИРАНО? Што му фали на едноставното? И зошто некој не би бил среќен ако јаде Биг Мек? Јас сум пресреќна кога сред лето ќе најдам заборавена тегла ајвар. Зашто, да, јадењето ајвар сред лето ми буди мали убави чувства, а работите кои ми будат мали убави чувства не ги избегнувам ниту пак се преправам дека не постојат. Така е и со сексуалната желба. Ако во одредена ситуација со присуство на одредена личност ми се јави сексуална желба, ако имам услови да ја реализирам, имам заштита и не повредувам никого со моето дело, таа желба ќе си ја реализирам. Просекот на факултет нема да ми се намали, а статусот на најљубезна во маалото нема да го изгубам
АманТе со овие генерализации...де некоја под 30 шо се омажила се каела,а тие над среќни биле хах. Извини девојко од каде е оваа статистика,ТИ во сите спаѓаш или сите си ТИ? Божее што модерно време дошло,ако не се сексаш за една ноќ,заостаната си била,аууу страшно,што не ќе прочитам веќе!!Ама нели,твој живот,твоја дупка,па удри бригу на весеље,ти само продолжи така(твое право),ама не ги ставај сите во исти ќош,секој си знае за себе и си прави што сака со својот живот! Ете јас сум една од тие заостанатите,а ти си светица...и што сега??Бог да чува!!!
Или јас го бладам болдираното или некој измислува. Не ме интересира што правела бе, јасно ми е зошто така се изрази. Тоа го напишав за да се надоврзам дека тие работи треба кај лекар да се проверуваат и тоа не ви чини. Ајде чао.
Дури човек да се запраша дали исти текст читаме и дали воопшто вистинскиот текст го цитираш. И подначукани може да биде 1-2 чаши, а не дека се тетеравиш низ ходник и се истураш од повраќање.
хахаха прво нигде не кажав дека ако немаш секс за една нок дека си заостаната . не си додавај нешто што јас нигде го немам пишано не лечи фрустрации кај што не ти е место.сето она што ти го пиша јас ни од околу го немам кажано. и не реков дека ја се ебам со кој стигнам.ако моеш прочитај поубаво или сакаш да ти подобјаснам? реков не е во ред и сигурно нема таква што се ебе секоја вечер со различен по една нок .и да моја дупка и ке праам што сакам.сум имала секс за една вечер и воопшто не се срамам од тоа.баш ми е мило што не сум од една од тие како тебе свилените извиини
Ако мислиш за првата реченица,од друга тема е,ама ми лежеше да го кажам и тоа,па ми се пружи прилика и така се надоврзав со тоа што следува(за генерализациите де)
па има разлика девојко од пијана да незнаеш што правиш и од убава адмосфера кај што двајца седат со загушено светло убаво музиче и алхохол .малку хемија мегу спротивни пола и ете се десило.леле па и што ти се објаснувам бре какво сакаш имај мислење
Кај налетав на темава, вечерата ќе ми касни Сте се разбрале, во глобала, едни влечат натам едни навам, туку мене едно нешто ми влезе во очи. Таа тапијата, проверувањето на партнерот. Вистина издаваат такво нешто? Абе, уште да почнат како во месара печат да удараат таму доле
Имав еден другар што се има мувано со бисексуален црнец, ама не беше нешто особено импресиониран. А иначе за вашата тема, можете до утре да дебатирате, нема да дојдете до некоја поголема или објективна вистина. Факт е дека некој жени се раѓаат по-промискуитетни, а други помалку. Мене ми одговараат и двете типови зависи што сакам во моментот. Еволутивно, мислам дека би се кажало дека првиот тип на жени имаат пониска еволутивна вредност, со оглед на фактот дека жените имаат бесконечна достапност до секс = жени што имаат многу лесен секс = жени што го живеат лесниот живот = пониска вредност. Не се нервирајте, ве поштуем сите, Peace
Според теоријава, излегува дека највисоко во еволуцијата котираат оние кои немале никогаш секс. За жал, тие и нема да се размножуваат, дека препаметни, нели.
Најпрво е потребно едуцирање за сите СПБ а потоа и за начинот на нивно добивање. Муабетите за сомнително минато, за раче носење по клиники, давање на иксти состанок (уствари не установивме од кој состанок веќе нема да фати сида оти за озбилно се). Вас стварно ве прашуваат кој ви е по ред? Вие ги демнете ли бившите негови по социјалните мрежи за да установите дали минатото негово е сомнително?
Не зборам за фригидните и тие без либидо. Тоа е друг проблем за друга тема! Глеј, глеј, колку и да сакаме ние да мислиме дека ќаруваме цура, на крајот на денот жените се тие што имаат моќ и бираат со кого ќе бидат, и колку пати ќе бидат. Жените ги чуваат портите до "вагините" хаххаха... аахаха. Awkward смеење ахаха Пр. прееска и се пуштав на бившата и она не ги отвори портите кон демонската дупка. Е сеа, како и сите други социјални животни, постои хиерархија, и колку и да се правдаме, сите не диктира биологијата во тоа какви луѓе ќе станеме. Биологијата вели дека она што е лесно достапно е невредно. Тоа што е ретко е вредно. Порано немало храна, и се ценело да е човек покрупен. Сега има калории во изобилие, и се цени тенка фигура. Тенка фигура значи дека имаш само контрола, дисциплина и доволно успех за да имаш слободно време за да посветиш на себе. Не си стаорец заглавен на работа на 3,500 калории на ден. За жена, лесно е да има повеќе партнери и лесен секс. Пробајте го експериментот некој ден у балет. Жена со многу лесен секс = бета жена За муж, лесен секс со многу партнери е mother fucking тешка работа. Прашај ме мене! Некад поминувам месеци сув и покрај моите бесконечно многу обиди да се дојде до жена повеќе Муж со многу лесен секс = алфа муж --------------------------- Играта аут
Вие што сте против сексот за една ноќ, не го сфаќајте толку страшно. Немате ни поим дека постојано се случува, и тоа го практикуваат луѓе кои ги знаете и познавате. Не се работи за секојдневен секс со непознат, се работи за задоволување на желби и потреби кога нема редовен секс. Логично е дека здрава возрасна личност има потреби. Ако не е во врска, или еве да речеме во брак, како да ги задоволи своите потреби? Не може да најде некој/а што му одговара за врска, па дали тоа значи дека треба сосема да ги запостави потребите и да ја потисне желбата? И после ќе има искомплексирани и исфрустрирани луѓе. Е па ќе има. Не е решение да гледаш порно филмови и да мастурбираш, а секако дека не е решение и секоја вечер да легнуваш со различна личност. Нема ништо лошо во one night sтand на двајца кои во некој момент се пронашле, ќе си ги задоволат потребите меѓусебно, а утрото си заминуваат секој по свој пат. Не значи дека тие луѓе нема да најдат некој со кој сакаат да го поминат животот, ама дали дотогаш треба да се стават на stand by? Излегуваме за да се забавуваме, да запознаваме луѓе. Ако притоа запознаеме некој со кого ни оди муабетот, има страст, хемија, сексуална привлечност, може да падне секс, зошто да не? Ќе нагласам, зборам за луѓе кои се самци, слободни, без обврски спрема друга личност. Тука не зборам за мажени, женети, верени, во слободни врски и што јас знам какви слични на нив. А што се однесува до криењето на сексуалното минато и ваквите авантури за една ноќ, тоа е најчесто поради конзервативноста на нашево општество. Тешко одат некои промени, особено тоа што на мажите им е дозволено повеќе, а жените автоматски се оцрнуваат ако се малку послободни. Како велат, „машката гордост е поголема од женското его“, и држи вода муабетот. Јас никогаш не сум го криела своето минато, од сопругот воопшто, и ќе признаам, тешко му беше да прифати некои работи, ама сфати дека не сум живеела во стаклено ѕвоно пред да го сретнам
Ме збунува само, зошто ако имаш one night stand, мора тоа да подразбира дека секој оди по својот пат после тоа? Пример, има некоја конвенција, дека жената не смее да ти се јави или пише некој ден после тоа, или ти нејзе? Логички ваљда секс за една вечер можа да се нарече нешто како експресно запознавање на двајца луѓе што доста многу си одговараат, а во тој случај зошто луѓе што имале разговор, хемија, сексуална привлечност, не би сакале пак да се видат? Тоа доста многу ме збунува, испаѓа воопшто не се свиѓале штом нејќат пак да се видат и секој оди по свој пат? А за сопругот тоа што му било тешко за твоето минато па после пост-акутно го прифатил, ваљда дека немал избор во друга жена.