Eве да речеме сега излегуваш од врска... долга врска во која си имала секс секс и секс и не најдеш некој салам за да започнеш сериозно, ама може и не ти е до сериозно! и што тоа треба да значи? Aјде ќе трпиме ние додека дечко да фатиме, па после никако од одма на дечково немој ќе не збори колку брзо сме му дале, ајде ќе се чекаме 5-6 месеца, ама може и тоа е малце голема работа ако имаш секс за 1 вечер бе! Kако да не изкористена боже господе, искористена си само кога на сила некој ќе те има, е тогаш си искористена, а не сама кога ќе си ги симнеш гаќите! прво на +20, како можеш ти да започнеш врска со некој, ако не знаеш каков е во кревет, Спојлер колкав му е алатот ,дали ќе те задоволи??? или ајде ради реда ќе започнеме врска, ќе одиме 8 месеци, после ќе му дадам, и..... на крај гледаш дека е никаков во кревет,или гледа само тој да си доживее оргазам, а тебе ко те ј*бе, ама ти си се затрескала бре,љубовта работи, не му раскинуваш, си планираш иднина само со него и со никој друг! Спојлер многу глупи женски има, без навреда
Со извинение, ама какво искористување, какве п**ке материне??? Сексот е подеднакво задоволство и за едната и за другата страна (да не спомнувам машко, женско, да не дискриминирам ). Во сексот помеѓу машко и женско, може и да се каже дека женското се претпоставува дека повеќе ужива. Јас му се смеев на еден бивши кога ме убедуваше да се сексаме и ми викаше - на кого му е поубаво, на прстот или на увото? Нормално, мислев дека само се труди да ме убеди, додека подоцна не се уверив во спротивното. Машкото ке се изнамачи да се докаже, а женското бре мука нема. Кај нас е проблемот што се правиме ептен мили, драги, фини и не сакаме да си ја признаеме сексуалноста. Е ке си ја признаеме на 50 години, кога ке личиме на дрво со годови, колку години - толку бранови по телото. Е баш тогаш ке сакаме ние да кажеме дека ни треба и фали секс, а никој не ке сака да не погледне... дури и оддалеку ке бидеме фатална глетка. И нема искористување, зашто двете страни уживаат. Инаку, кликнав на анкетава Не, ама би имала. Чисто информативно да си знаете. Секс без обврска. Не те прави к**ва ништо што довело до твое задоволство.
Немам ништо против, особено кога немаш дечко подолго време, а нормално имаш потреба, ама сепак сме во таква средина кога ако ништо друго мораш да пазиш со кого, зашто може на секаков да налеташ.Колку и да ми е гајле, нема да ми е пријатно утредента со прст да ме покажува и да ме збори наоколу, па уште ако е некој гад и да измислува и што уште не. Значи, би прифатила со некој што го знам колку толку и е салам, а ако е некој што име не му знам, само во странство А ако се покаже ко добар, не мора да е за една ноќ, може и репризи
Си биле две рози од кои едната богато го ширела својот прекрасен мирис, а другата пак не. Покрај нив секој ден минувал еден човек, кој ја мирисал онаа која ширела мирис. Полека доаѓало времето на овенување на розите и човекот и се обратил на другата роза- „Давала - не давала, сепак ќе овенеш „. Така да, секоја слободно нека си избере од примерот на која роза и се восхитува повеќе, .
Една од моите фантазии. Немаш дечко, суша фатила ко у Сахара, пајажини, штурци свират...седиш на шанк, гледаш некој згоден младич што по некоја случајност ти прави водопад во меѓуножјето. Наеднаш се отвара сноп светлина од Горе, ангели пејат, Алелуја. И таква шанса да не искористам? Партал правење во кревет, не се замараш, отворено му кажуваш што сакаш да ти прави, и како да го прави тоа. Кулминација, се средуваш и џомка да те нема. Досега сум немала, ама ако се појави некој мажјак што може да ме привлече и не хемија, атоми да експлодираат кога сме еден до друг, не би се двоумела. Зорт за спорт бе.
Се сетив на една мисла од една книга значи не станува збор за цитат во буквална смисла, туку обработка по сеќавање мејд бај ми „Не сакам целосно да му се посветам на еден човек, само затоа што сум му дала 15-тина минути„ Фер инаф констатација, дончу тинк соу, ?!
Јас нажалост го немам ова искуство. Еднаш ќе беше за малку, ама бев премногу пијана, па среќа се свестив, сепак не сакам да се чудам другиот ден што ме снашло. Ама зошто да не? Мене ниедна препрека не ми паѓа на памет. Ако е девојката слободна може што сака да си прави
Ма нема шо да мислиш...тоа е тоа...ако си сингле и си хард инаф... додуше кај нас таа појава е малку лошо прифатена, али побогу мора да се троши енергија, па ако не е тој секс шо да се прави ммм досадно, депресија, некреативност,.....скраја да е...лике за секс за една ноќ...ахаххахх
Теодора, не знам дали сум ти кажала, ама официјално - те сакам! За начинот на кој размислуваш, минимално Ме пресмеа жено! Зошто жената да не сака или пак да не смее да „искористи“ некој тип? Не смее затворено и стереотипно да се размислува по ова прашање ако веќе сака некоја да има one night stand. Голема работа. Се случува. Сингл си. Ти се сака, се гледаш со типот, настанува клик, хемија, привлечност, магнети фрчат на сите страни, имаш една до две партии јак секс и си одиш. Хормони задоволени - штиклирам. Чуство како да сум изгубена во вселената - штиклирам. Слатка болка - штиклирам. И толку. Никому ништо. Не мора да му трепкам со очињата после сексот - ааа ќе ме земеш за жена? А сакаш да се фатиме? Да бидеме дечко и девојка? А ќе ми се јавиш ли? Ја како да не. Демек сексот без подлабоки емотивни чуства е резервиран само за мажите. И не го сфаќам оној делот - ама ќе ме зборат сите дека сум ку*ва и се прашувам кој побогу ќе зборува?! Крај краева, ако сте биле тапа - нема да ве збори. Ако сте биле одлична, да ќе се пофали но не мора да се срамите и - уште поарно, си знаете дека сте добра во кревет и со дигната глава може да шетате или дури и можете комотно да наидете на НЕГО и неговото друштво - I'm the goddes of sex, yes I am and YOU (неговиот другар кој сигурно знае за тоа колку сте добра и му светат очињата) my darling won't have me, онаков монолог резервиран само за вашите глави А скриените катчиња, клупи, шуми, ѕидови на вашиот град знаат одлично да чуваат тајни
Биг џајант хед со порака до Женските створења...Лове ју ол...па то бе девојчици. Правилно согледување на стварите. За време на секс никој не е во подредена ситуација. Сексот е за двајца и секад таков и ќе останебиде. Нема губитници, и двајцата се победници.( ги победиле тоа хормоните ) Оне најт станд е права ствар. хахаха
Пирамидче, ме инспирира да напишам уште еден пост на темава кој заради зачувување на оригиналноста на личностите кои се Срби, ќе го пишувам со цитати на репликите на српски, се надевам нема да ми биде замерено, станува збор за вистински случај. Другарка од една Србинка која ја познавам имала секс за една ноќ со еден тип и овој бил тотален промашај во изведбата. Утредента се среќаваат во кафиќ тој во машко друштво, таа само рамнодушно го одминува. Тој „Што ме не поздрављаш?„ Таа „Како си ме синоч карао, тако те и поздрављам„ ( НИКАКО ).
Искрено зависи све од договорот предходно дали зи за за останување понатака или не.... Но, има моенти да кога чувствуаш несто, али во случај на не, мој совет ти е да е не се замарш. Ако ти било убаво таа вечер.... Следуваат многу побави од тоа кога знаеш што сакаш и со кого. Сепак вреди да се проба, никогаш не заеш на што ќе налеташ и каква ќе ти биде иднината. Без предрасуди остави го митатото зад себе, гледај во иднината од доброто има секогаш подобро Што се однесува за секс за една вечер исклучиво гледај да ја искористиш ситуацијата кога ти сакаш и кога ти е потребно, но не дозовлувај утрото да ти ја расипе забата од предходната вечер .... Подобро заборави и фурај понатака на поконкретни цлеи. Секогаш ќе се најде некој што те сака и го сакаш поздрав...
Јас сум немала и искрено не планирам да имам, меѓутоа немам ништо против оние кои имаат секс за една ноќ. Не осудувам, личен став и вкус. Мене ми е малку непријатно
за една ноќ не, за повеќе гледање без обврски ај да...ама ептен ако сум затрескана во типот а тој да неќе ништо сериозно, би се гледала така некое време додека да опипам дали има перспектива за нешто понатаму посериозно..и ако нема одма дигам раце..ми нема смисла такво гледање,а за една ноќ па ич
Женска те свакам бидејки имав слична ситуација ама кај нас е малку поразлично исти почеток имавме ама сега различно е што он сака и понатаму дасе гледаме и јас сакам ама несака да дојде во мој град само јас да одам а јас неможам иначе мој совет тие да го игнорираш некое време ке видиш он кете побара прв не гледај што мислат другите гледај тебе да тие убаво само напред
Па види вака најчесто секој кој пробува го испитува теренот, „ свака цаст на исклучоци“ ама во дупли наводници (знчи не е сосема позитивно), но сепак ако непробаш нема да знаеш и најчесто е тоа на подолг временски период. Незнам за кај другите ама кај мене никогаш не испанало за една вечер. Секогаш идело на повеќе.... Сепак многумина мислат лепо било док је трајало... На залост.... Но, нема да очајувам (бар јас) идам понатака како и да е ....
Не осудувам, јас лично никогаш не би имала секс за една ноќ ... Можеби заради тоа што така сум воспитана, и на таа тема гледам некако поинаку .
Досега не сум имала, но тоа не значи дека не би имала. Никогаш не вели никогаш. Јас на тоа гледам како на една авантура, може да ми биде убаво и да ми остане во добро сеќавање. Онака слободно, без обврски. Why not.