Не сум за секс за една ноќ, па поготово уште ако е со некој без везе тогаш што си го запознала или многу малку го знаеш тогаш па ич, едноставно не може да ме привлече некој од онака од прва, тешко, а и едноставно таква сум hard to get тоа е не гледам никаков адреналин тука, се е прелесно некако и предозволено, плус денес тоа е толку пракса кај многу девојки што не гледам ни нешто забрането тука како што велат некои едноставно ми изгледа досадно да дадеш веднаш на некој што не го ни познаваш и што најверојатно ни карактерно не е твој тип затоа NO THANKS
Многу некако ми се чини дека влијаат американскиве филмчиња на целокупниот наш менталитет. Теоријата дека ако сега не правам глупости ќе немам кога да ги правам е толку излишна и лошо сфатена. Прави тоа што сакаш да, ама сепак малце уклучи го и мозочето, еден е животот ок ама тоа не значи дека треба буквално се да се направи. За се и секогаш треба да се има некои граници. Секс за една ноќ додека си во врска, или пак со некој тотално непознат за мене се баш онака смешни и патетични работи. Ако си слободен прави што сакаш твое си е, а вака не ти држи газето да раскинеш, а сакаш и со други. Мислам стварно самите се правиме подоле од гомна. Што е битно дали се 20 или 45 години, почит е нешто што се учи додека си најмлад, а во една врска тоа е основно. Ако го нема не го ни нарекувајте тоа врска. Човек може да се изживее и на други начини не секогаш многу секс со различни партнери е начинот. Со некој целосно непознат стварно не би можела да се замислам, барем да знам нешто за него, не мора цела биографија фала богу ама најосновните работи. Лично јас мислам дека би имала секс за една ноќ единствено ако подолго време не сум во врска, а имам потреба од секс. Во други случаеви не.
Имав средба пред некоја вечер со дечкото и уште првиот пат кога се видовме имавме секс. не знам како се деси но ми рече дека треба да се покажиш прво за да дали да те побарам повторно и дека не бил некој сељак да ме остави на цедило и дека ова може да биде нешто повеке. и вечерва исто имавме секс и све онака ... и мене ми останува да чекам ... не знам што да правам како да му дадам до знаење дека вака не бива и дека се чуствувам малце глупаво. Ве молам мислење... позз
Како прво од ова шо го кажвиш мене ми личит тешко сејљачиште ...алооо требит да се покажам,за ти да ме бараш пак..малу морген дечко..искрено мислам дека си напраила грешка во врска со ова..не си требала да му дајш откако ти го рекол ова...јас да бев одма клоците..и да го сакав пак клоците ке му ги удрев од прв пат да ми барат хмм ..па ај тој нека се покажит ако не е сејљак да чекат година дена да не му дам..па да го видам дали ке му се чекат ..а да и разговарај со него најдобро е Поздрав и све најдобро
Мислим коментар на место / Ретко кога коментирам нешто ама ова ...неможев да се изначудам на изјавиве ЈАС НИКОГАШ НЕ БИ СЕКС ЗА ЕДНА НОЌ..абе ајјјјј...глумење лудило/и покрај тоа што е форум и никој никого не познава нали...ако веќе тоа им е ограничување во искреноста/.. Не верувам дека ниедна од форумџикиве кои дале таков "искрен" одговор на темава не просањала барем еднаш во животот/а сум уверена дека дури и повеќе од еднаш е во прашање /токму за еден добар секс со непознат ..некаде..некогаш..Само колку имале можност или народски речено м...тоа истото да го реализираат ..е тоа е веќе сосема нешто друго... На крајот на краиштата ви ар ол онли хјуманс или што би рекол другар ми В.Ален "You know, some men are heterosexual and some men are bisexual and some men don't think about sex at all, you know... they become lawyers" Прашањето дали ке биде една или повеќе НОЌИ зависи од вас самите драги мои феминџики..дон`т ју тинк соу?
Аууу да сум имала и многу ми беше убаво, на одмор со еден Данец. Одамна беше тоа ама се сеќавам на секој момент што го поминавме заедно
Од некои морални начела кога си сингл немам ништо против, со згодна женска ќе биде ќеиф и уште едно задоволство повеќе во животот ама со искуство на неколку пукнати кондома си ставив стоп за такви активности зашто ми се претвара задоволството во руски рулет а тоа никогаш не ми била омилена игра . Со женска што ја знам подолго време дека е здрава, нема проблем и за една и за повеќе ноќи .
WTF? Ти рекол зависи како ќе се покажеш? Девојко се работи за тешко сељачиште со извинење! Откачи се од него додека е време, многу лошо постапуваш. Во твојов случај не се работи за секс за една ноќ туку ти се гледа дека очекуваш повеќе, а штом почнало така тешко за повеќе.... мислам типот е no comment Како се осмелил да ти рече така...
се согласувам потполно, не дека можеби јас му личам почудна на феминкиве ... али ств не ми е јасно па кое ...wtf
theothertwo - како што има одговор: Да, би имала (имав) секс за една ноќ, во реалниот живот постои и одговор: Не, не би имала секс за една ноќ! Значи Земјава крепит секакви луѓе, па ти колку сакаш гледај го тоа глумење лудило или ограничување на искреноста. Јас за мене си кажувам дека сум против и не би имала со здрав ум (си имам принципи - шо имат лошо во то?), а другите ако сакате и на сред пазар имајте секс.
Сега за сега најверојатно не би имала секс за една вечер со непознат, па и со познат. Можеби кога ќе бидам постара и ќе немам партнер подолго време би имала. Не ги осудувам тие што имаат, секој си одговара за себе и за своите постапки.
За сите што искоментирале дека нема шанси да имаат секс за една ноќ, дека тоа е срам, дека после тоа ќе се почувствуваат искористени многу му се чудам. Искрено до сеа и јас не сум имала секс за една ноќ, но сум имала секс со дечко со кој не сум во врска но тоа траело подолго време( 2-3-4 месеци). А исто така знам дека кога и да е ќе го доживеам тоа чувство да легнам со некој што ни го знам ни го познавам и на крај да си кажеме Фала и чао супер си поминав. Со една другарка имаме еден израз кој често го користиме кога ќе видиме некој што онака ни се бендисува Ахх јас овај ќе го Е**М кога тогаш . Немојте да се држите до тоа дека ако си девојка секогаш ќе бидеш искористена или народски кажано изе**на. Кажете си секогаш "Не тој мене не ме Е*еше , јас него го е*ев".
Ооо боже, да добро само мажите е*ат жените се искористени, жените не се е*ат, така само си дремат и чекаат партнерот да сврши и да го задоволат Опрај се дечко додека ти е време Што ако имам секс за една ноќ со некој тип и после тоа несакам да го видам, а он мене да, кој е тука искористениот? И зашто мора да има искористени, сме биле заедно сме уживале, никој никого не присилува ниту искористува
Никад ... Не за друго,туку би се чувствувала искористено...Едноставно мојата гордост нема да ми го дозволи тоа...Не дека сум женско,туку дека толку брзо би дозволила да ме добие некој,а воедно и за толку кратко време...Искрено со самото тоа си докажувам на самата себе колку вредам...А плус тоа знам и дека мнозинството од девојки би го направиле тоа,па јас би си се гордеела шо сум редок примерок. До сега многу сум се разликувала од другите во позитивна смисла,ќе си продолжам и понатаму да се разликувам,особено за оваа работа
Не сум имала до сеа никаков сех ... али незнам ако би ми се пружило прилика каде шо не би можела да се воздрзам и одолеам ... ваљда би имала.. Не сум против таквите авантури.. ама не треба и со секого да имаш авантура.. пошо има премногу го*нојадци.. шо шират секакви информации и дезинформации на секаде.. + скраја да е болес некоја да не закачиш... затоа малце треба да се подразмисли пред да се напраи такво нешо ! (или одпосле одма да се иде на гинеколог )
Јас ова не би го направила, во моиве 30 години ниту сум посакала секс со непознат за една ноќ ниту ќе посакам, а и од она што го знам за други луѓе тие случаи завршуваат или многу лошо или многу глупаво како и да е не ме интересира ко воли нек изволи ја не би. Мене ни егото не ми дозволува да го направам ова.
Многу ми е смешно кога во 21 век, ќе прочитам дека сексот некои го гледаат како искористување, повредување на его, ниска ствар, без разлика дали е за една ноќ или за повеќе. Сексот си е обострано задоволство и двете страни имаат потполно право исто да го уживаат. Нема потреба зошто некој би бил искористен или не, освен во случај кога се работи за силување. Двете страни уживаат, никој никого не искористува. Никој неможе да ве искористи кога вие сте го дозволиле тоа. Во случаи кога ќе дојде некоја девојка и ќе рече - Ми беше прв, ме излажа ме искористи. По ѓаволите, не ја искористил, двајцата сакале и се случило тоа, тоа што едната страна дозволила да биде изманипулирана не менува апсолутно ништо. Се извинувам што отидов оф топик, но ете, се испровоцирав за истиот од некои мислења.
Тоа што тебе ти е смешно не мора да значи дека е навистина смешно. Мене пак смешен и чуден ми е сексот за една ноќ сам по себе и објаснувањето дека е 21 век на кое сите се вадат денеска па сега ајде навалете на кого било и правете што било. Но, тоа е животот не има различни кој со повеќе принципи, кој со помалку, кој без нив. A споменато беше и уживањето, епа не уживаат сите жени во секс за една ноќ, не им е на сите таа помисла предмет на фантазија и уживање
Се чудам што има многу размислувања од типот на размислувањата на мајка ми во темава.... А дури можда ни мајка ми ги нема веќе тие размислувања.... Имав секс за една ноќ и сеа скоро беше тоа... Не се чувствував искористена, чувствував адреналин наредни 2 дена... Го знаев типот речиси една недела, муабет многу немавме сврзано, се погоди да сме искочени на исто место и физичката привлечност си го направи своето... И да, наидов на осудување од страна на другарките, ама тоа е што е. Не се потресов и никогаш нема да се потресам. Мене ми беше убаво. Со типот се изе***ме ко со никој и беше искуство што никогаш нема да го заборавам. Со типот немаме ни број разменето. Не ни праиме муабет на социјалниве мрежи. Во тоа и ми е убавината. Не верувам дека нешто пак би се десило, а и да се деси нешто пак, тоа би уништило се`.... Ајде повелете, осудете ме! Разбирам да имаш сериозна врска и да не правиш глупости. Ама не сфаќам како можеш да осудиш девојче(само девојчињата се осудени за овој секс) ако сакала да ужива заедно со некој и сака да го направи тоа само еднаш? Не е за никого конкретно прашањево!!! И што ќе и кажеш? Курва е? Ороспија? Како што го гледате ова девојче кога викате дека не одобрувате секс за една ноќ? Или предмет на оговарање да се има? Многу Балкан има во темава, многу!!!