за една ноќ сум немала ама за 3 да. и пак сметам дека се став во истиот кош како за една ноќ само што ете приликата била таква да го искористиш моментот додека морално сте заедно некаде, и не гледав во што е лошто , секс си е секс потреба и мислам дека нема поубаво од тоа да имас добар заштитен секс без никакви обврски тука онака убаво да си се излесниш (извинете на изразот) и да немораш да се замараш што бил кај бил ова она. едноставно ако физичката привлечност е голема зошто да не .
Meне ми се има ова случено . Не чуствувам ни трошка каење за тоа што се случи , напротив , си се смешкам кога ми текнува на овие моменти и со задоволство сакам да се навраќам на нив . Кога ја имаше таа привлечност меѓу нас ни јас ни тој не бевме во врска па да имаше изневерување. Истата вечер уште 4 другарки кои беа со мене го направија истото и за ова незнае никој друг освен ние 5 . Јас искрено немам пречка да му кажам на некој близок но мислам дека ќе наидам на осудување. Па ајде разбудете се 21ви век сме , не е ова времето од баба ми , иако се соменвам дека таа не правела вакви работи во некосените треви И јас како и некои форумџики немам разменето број со машково ниту пак правиме муабет на фејзбук . Само име му знам , ако беше тоа Ништо не е пограшно ако тоа те прави среќен и задоволен
Можеби не во една нок но во три месеци по една нок да. На убавото дружење преку ден и на сето она што го видов ,доживеав,прошетав со него нокта следуваше и тоа.Завраши се беше кратко,убаво и без последици.Живееме во различни држави и немаме никаков котакт.
Познавајќи се самата себе, мојот карактер и јас како личност никогаш не би го направила тоа. Каков сака нека биде дечкото, колку сака нека ме привлекува-НИКОГАШ. Немам никакви стереотипи, ниту пак живеам во некое патријалхално семејство, туку едноставно знам што личи да правиш а што не личи. И да, вие цело време пишуват дека женските не смеат да го прават тоа зш ќе бидат осудувани, епа јас мислам дека и многу машки има што се плашат и дека многу се ретки тие што легнуваат со девојка за една вечер.
^ Колку што има машки што го прават, толку има и женски.... Едни без други не можат!! И не се ретки!!! Сакаат и прават тоа што сакаат. И никој нема право да каже дали личи или не.
Кога го пишав тоа дека знам што личи да правиш а што не го мислев лично за мене не можам да зборувам јас засите вас, зш моѓа за мене тоа што личи за вас не личи и така. Јас си кажав лично мое мислење, не осудив никого секој си го живее животот како што мисли дека ќе сака и дека ќе ми биде убаво. Си кажав за самата себе дека јас никогаш нема да направам такво нешто-тоа е мојот став. А за тоа дали се ретки или не, го кажав бидејќи имам мн братучеди кои се постари од мене и онака кога сме излегувале заедно, сум приметувала дека не излегуваат со таа цел, саква да кажам дека тие кои излегуваат со таква цел од дома се мн. ретки.
Тогаш зошто вие пишувате дали личи или не личи ако никој нема право. Зашто кога се обидов да реплицирам на темава беше полна со навреди од типот на тоа дека девојките кои не ја сакаат оваа работа се затуцани и дека ни вашите мајки не се како нив. И ретки сте!!! Кога толку имате потреба од извичници. Затуцани?! Не е тоа затуцаност. Барем кај мене не се работи за традиции. Едноставно немам потреба од врска за една ноќ затоа што се чувствувам потполно задоволнa и посакуванa и вака. Веќе реков ко воли нек изволи ја не би. Ако толку сте задоволни со она што сте избрале да го правите, нема потреба од толкава нетолеранција од ваша страна. Јас вака се чувствувам самата поценето, а и чувствувам дека повеќе ме ценат, гордоста вака ми е на ниво и тоа е тоа. Вие што сакате правете, гестапо не ве брка
Па нигде не реков дека мораат сите да имаат секс за една ноќ... Јас само се побунив дека имаше коментари од типот дека девојките што имаат секс за една се осудувани поради тоа и именувани со несоодветни имиња... И да, според мене таквото мислење за девојките што имаат секс за една ноќ е заостанато! Не реков дека не личи, не реков ни дека личи. Едноставно секој си прави како што нему му одговара. Не знам што толку се запна. Не сакаш - немој. Сакаш - никој не ти брани. Нема потреба ни едните ни другите да бидат осудувани од околината!
Јас не запнав вие се запнавте, ене резултатите се поинакви а оставените коментари поинакви. Па кој се запнал, сега? И не мора да навредувате дека е смешно и затуцано како што реков ако сте задоволни од она што го правите и ако немате никакви трауми од тоа што ми е мило. Кој што сака нека прави. А заостанатоста е релативна работа. Заостанатост е и да правиш нешто само затоа што е моментално во мода.
Друг беше муабетот на темава, ама ај... ќе пробам да ти појаснам... Не се збореше дали си имала или не секс за една ноќ, туку како е тоа прифатено кај нас... Зашто да се осуди некое девојче само затоа што имала секс за една вечер, не размениле ни имиња, ни бројчиња и веќе нема да се видат? Толку ли повредило тоа некого, за одма да земе да се критикува? Никој не треба да е засегнат по тоа прашање. Јас не сакав никој да се најде навреден од тоа што реков дека некои мислења за мене се заостанати. Не ни кажав дека е во мода. Тоа одамна го имало, го има и ќе го има, само треба малце без предрасуди и стереотипи да ги гледаме работите... Како што реков, а морам да повторам,многу Балкан има во темава!!!
Не гледам зошто друг муабет темава се вика секс за една ноќ и подолу има анкета, зошто друг муабет? Ти не рече дека е во мода јас реков и тоа е само моето мислење. Мило ми е ако ти не си сакала никого да навредиш, но други изгледа сакаа и за жал после навредите влечат други навреди. Премногу Балкан во темава? Не јас мислам премногу американски филмови во темава. Зашто и во Америка не е се како на филм, таму може да се најдат далеку поконзервативни луѓе одошто ние тука можеме да замислиме. Да не плукаме по Балканот за се и сешто. И ако немаме трауми и лоши искуства не гледам причина за понатамошно убедување и наговарање.
Тој што ретко практикува секс за една ноќ, или му се случило еднаш во животот, никој ниту ќе го дознае, а и да го дознае нема да го осудува...Се осудуваат тие што тоа им е во пракса, во мали средини живееме и скоро се се знае, па call me oldfashioned, али и ја не оправдувам...ДА за повозрасна, слободна, емотивно стабилна и свесна девојка или жена која знае што прави и го прави тоа со усул...Но бидејќи и млади генерации читаат тука, не би сакала да се свати сексот за една ноќ како нешто најнормално, модерно и ин...
го оправдувам кога го практикуваат девојки кои се малку повозрасни и посозреани ,знаат што сакаат и можат лесно да ги контролираат своите чувства....да не се обврзуваат...и да не се залетуваат.... имале една ноќ со дечко кој ги возбудил уште на прв поглед...се запознаваат имаат секс и потоа секој по својот пат....зошто да не....
Секој има право да си направи што му душа сака, ако може да се носи со последиците. Ако е девојката зрела и умее да го разграничи сексот од емоциите, одлично за неа, се додека ова не стане стандард шема. Се случува истово многу често по оние долги врски, каде преболувањето и ставање точка по прашање љубов од повеќе години, а при тоа биле прилично повредени во таа врска... го направиле токму ова - секс со личност кон која не гаат никакви емоции, дури нити симпатии и која личност може да се искористи само и само за една намена и ништо повеќе. И со тоа, тие, до некаде расчистиле со тоа старото, бидејќи претходно можно е, да тој стариот дечко им бил единствениот до тогаш. Тоа нема да ги направи лесни, нити треба да се чувствуваат така, ако им помогне да си продолжат со животот. Но, ова може да го направи само некој кој ги разграничил сексот од емоциите. Остатокот, за кои сексот е тесно поврзан со емоции, чувства кон некого, а не чиста потреба грабнете се со некој и направете си го ќејфот, нормално е дека ваквото нешто ќе е несфатливо и нема да им чини. Ваквите, секогаш ќе се чувствуваат искористени и ефтино, дури и да пробаат да го направат едноставно нема да уживаат. За нив, сексот за една вечер нема да биде решение. Што не значи дека нештата нема да се сменат. Ама тоа не ги прави, старомодни цурици, преправантуси, конзервативни, а се работи за карактери. Мене ми се ок и двете групи. И јас сум од луѓето што не го сакаат сексот за една вечер. Не ми е сексот потреба, а поврзан ми е со милиони други работи.
Иако сеуште не сум имала односи .... сепак ќе си кажам мое мислење Сметам дека сексот за една вечер е да се направи мерак со некој . Или ако се прави постојано , тоа за мене е Лесна девојка . Јас не би го направила тоа за една вечер со тип што го знам или не . Едноставно сакам да се чувствувам сакано за време на чинот. И не само да се чувствувам , туку и да сум. Да го правам тоа со човекот кој го сакам. Ете така .
Или ако се прави постојано , тоа за мене е Лесна девојка-немој ти се молам и после им се лутиме на мажите кога не нарекуваат курви и лесни
Значи, баш вака како што кажала жапче.... Само ќе додадам, дека нема потреба од коментари од типот... „Леле јас тоа никогаш не би го направила, како си можела?“ или сл. Можела и готово! Се се ок вашите размислувања погоре и ве разбирам што сакате да кажете. Не реков конкретно дали треба или не треба да се има секс за една ноќ, нели кој како сака. Повеќе алудирав кон тоа дека никого не треба да го занима кој, што и како и зашто и кога и со кого, па зашто така, зашто онака, како можела, како не можела..и бла бла муабети.... Е тука го видов тоа Балканското. Како што една сакала, така друга не сакала... И нема повеќе дискусии
Па со оглед на тоа што овој чин не е којзнае колку страшен а најмалку болен , па зашто да не ? Иако не сум имала , ама искрено го оправдувам , ама АКО и САМО АКО е до секс без подоцнежно вдлабочување на чуства. И покрај менталитетот каков што ни е , искрено треба да се следат сопствените чуства, сепак и тоа е почитување на својата индивидуа. Ми треба милење од вас, што мислите на секс за една вечер со колега од факс/ работа ватевер... ?
Тоа е мое мислење срце За мене девојка со секоја вечер има односи со различни , за една ноќ , тоа е лесна девојка. И не си ти тука за да ми кажуваш како треба да размислувам . Ако мислиш дека тоа е ок тоа е само твоја работа . Тука сме за мислења да дадеме , не судиме.
Напнавте. Јас само ќе ви кажам никогаш не вели никогаш. Мене ми е страв од тоа да сум толку цврсто убедена дека никогаш не би направила нешто, може за ианет ќе ми се случи Не сум имала со тотален странец ни името да не му го знам ни бројот, незнам дали би имала, скептична сум кога се работи за некој што првпат го гледам и одма биднала работата. Монаси срце, прво имај секс, види како е па после биди убедена дека никогаш нешто не би направила, секс без чувства... ахх каква филозофија. Секс само од љубов, кој ти гарантира дека дечкото со кого што идеш долго време не е со тебе само затоа што си има редовен секс со тебе. Каде е тука љубовта и чувствата?