1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Секс за работно место или унапредување

Дискусија во 'На работното место' започната од rossonerka, 13 октомври 2010.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Сигурно знаеме некој ваков пример и се насмевнуваме на темава...
    Многу често девојките паѓаат на јаки бизнисмени и за да добијат некое работно место или пак вработена за унапредување "легнува" со шефот!
    Што би рекле за ова? Простоилук? Курвање? Паметни потези за големи достигнувања?
    Оправдувате или неоправдувате?
    Паметните жени би ги искритикувале овие девојки, а истите тие можеби цел живот вредно ќе работат и ќе бидат во второстепена позиција, баш поради овие љубовници на шефовите.
    Иако има и обратна ситуација, шефот секогаш може да најде друга подобра девојка за секс и за ново работно место, ама истата таа штом еднаш легнала со шеф, ќе легне шеф и на друга фирма и ќе си има успешна кариера.

    За мене.... ова е едно од најниските можни падови една жена што може да си ги дозволи. Секс со шеф за позиција? Одвратно и ниско!
     
    На kravce, heart.stealer, srcekrsacka и 3 други им се допаѓа ова.
  2. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    :lol: јас добив унапредување , ама не легнав со газдата, он лошо ме процени и се избрза, па бидејки цела фирма знаеше дека ми се пушта , немаше смисла да ме врати на старо место. Едноставно сега само службено комуницираме, а јас се ценам до небо, ми успеа да бидам тоа што сум и така да ме почитуваат :geek:
     
    На Traveler91, Lepotajce, MarchelineAmaru и 4 други им се допаѓа ова.
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    јас не би можела да легнам со газдата за да ме унапредат,но оние жени што и така и така легнуваат со било кој и на кои не им се важни муабетите,па зашто да не легнат,ќе имаат ќар,уште и ако им е згоден газдата,ќе го спојат убавото со корисното :lol: :D
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    не се случува тоа само со жените :lol:
    јас ќе ви кажам пример-дечко ми работи во приватна фирма,позната,каде директор е жена,немажена.вработен спиел со неа (кој има жена и две дечиња) и покасно го унапредува во шеф :| од фирмата тоа сите го знаат ,секогаш биле заедно,после промоции,состаноци и слично заедно си оделе,во канцеларија се заклучувале и ред други ситуации.тој е многу убав висок згоден,а таа е ружна дебела и плус постара од него,епа видете сега :lol: не само жените, дефинитивно и мажите се борат за повисока функција и работно место :lol:
     
    На srcekrsacka и mila-vanila им се допаѓа ова.
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Без разлика дали се работи за маж жена... едноставно - тешко нив. За жалење ми се, греови. Да морам да спијам со шефот за да влезам на работа? :o Господе, зошто ли ни даде мозок, гледаш дека некои и без него се снаоѓаат. :x
     
    На Lepotajce, srcekrsacka, MarchelineAmaru и 2 други им се допаѓа ова.
  6. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    5.421
    Никогаш не би, тоа ми е рамно на проституција, за сексуални услуги добиваш работно место, а и тоа е под знак прашање утре ќе легне со некоја друга па таа ке ти го земе местото, па ке одиш потоа да бараш друг шеф. Така се влегува во тој круг, а потоа ти останува резимето, па ретко кој би те сфатил сериозно.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  7. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    За секоја одлука во животот треба прво добро да се израчуна што ќе добиеме и што ќе изгубиме. И да сме свесни дека ќе треба со тоа да живееме до крај. Па ако и покрај се некоја проба- и честитам на храброста.

    Некои се трудат со способност да се искачат погоре, други немајќи способност користат тоа што имаат!

    Фер инаф!
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Секогаш викам, курвите завршуваат најубаво, во најубава фамилија, со најубав маж,пари, работа, со деца.........просто да се замислиш!
    Никогаш не сум помислила да спијам со шеф за да ме унапредат, тоа е за мене ниско, неморално.....но од друга страна пак имам некоја завист кон таквите што успеваат на таков начин.....
    Тоа ти е ем ризик, ем шизик.......ама за мене, тоа е тешко да го проголтам!
     
    На MarchelineAmaru, eleni23, unlucky и 2 други им се допаѓа ова.
  9. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Еј да во право си !!! Ми текна на некои типки од мојот град, "девојки" на кои не се знае колку им влегле (пардон на изразот),а си се вдомија, си имаат деца, на убави работни места се или пак зедоа грешници кои се полни со пари а се без мозок...

    Абе таквите си имаат искуство многу во животот и знаат како да си се наместат... :swear:
     
    На annnni му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Да бидам искрена, мене тие што спијат со шефот за добивање работно место или унапредување ми се на исто ниво со гзолижачите, подлизурковци и таков вид на лигуши потрчковци.
    "Да шефе. Повелете шефе, се' што треба за вас. Ќе останам и 3 саати после работно време. Ќе раширам и нозе и ќе ви го забришам газот после голема нужда".

    |(
    За жал ги има во огромен број.
    Ако не спијат со шефот, ќе му лижат гз, ќе ти кинат нерви, важно они се најдобри, најпамети, највредни, мува не ги лази, ти убиј се од работа, се додека не покажеш деколте и насмевка како на забар, ништо од радник на месецот. Нема да те биде.
     
    На ku4ence, Traveler91, srcekrsacka и 12 други им се допаѓа ова.
  11. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Друштво, не им се нервирајте бре, па сепак тие ДАЛЕ многу повеќе од нас :lol: :lol: :lol: . Редно е и да добијат нешто. Ко немаме срце за тоа кој ни е крив!

    Има некој што ќе ве цени повеќе, па макар покасно. Нивната слава е кратка, лесно потоа пропаѓаат!
    Главата горе, друштво, што е наше ќе си дојде!
     
    На ku4ence, Lepotajce, srcekrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.789
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    За мене ова е проституција. Си го продаваат телото нели, исто му доаѓа. Абе може ќе добие унапредување, ама ќе дојде некоја помлада, поубава,по... И ете ти толку е.
    Јас не ги осудувам тие што се осудиле на ваков потег. Напротив, ги жалам.
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Се дистанцирам од такви особи кои го газат сопственото јас па и спијат со шефот за поголеми материјални благодети. Имам сретнато еден куп не само девојки туку и машки, јазикот им смрди веќе од толку г’зови што излижале. Едноставно не ме интересираат, ниту пак им завидувам. Нек си тераат ако им одговара.
    Можеби немам мерцедес, немам Луј Вуитон ташни за секоја прилика, ниту пак куќа со базен како нив...ама не значи дека еден ден нема да ги имам, ако сакам нели и ако се потрудам повеќе! Ама имам бел образ и пу пу пристоен живот благодарение на литри пот кои за среќа не сум ги испотила ширејќи ги ноџињата на некојси менаџер, и тоа ми е побитно. Нозе ќе ширам на некој друг поарно па и со задоволство :)
     
    На MarchelineAmaru и missperfect им се допаѓа ова.
  14. mila-vanila

    mila-vanila Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    9
    Сите мислења ви ги прочитав и не можам да се воздржам да не прокоментирам и јас :lol: Посебно ми се допадна мислењето на Скарлет88 :up: Да се легне со шеф за унапредување или повисока плата е рамно на проституција,не гледам разлика. Целта ми е да ви раскажам една вистинита случка, на која бев јас сведок и веднаш ќе ми ја сфатите поентата:
    На мој најдобар другар од детството, татко му има огромна компанија негова со преку 80 вработени(лично негова). Пред 4 години се бараше девојка за преведувач по германски да биде во компанијата. Дознав по некое време дека примиле 28 годишна девојка со квалитеттно познавање на гер.јазик, а другар ми ми кажа дека и многу убава била и претставителна. И така се подзаборави тоа некое време....... И, кога по година и нешто, дознавам од другар ми шокантна информација-НЕГОВИТЕ СЕ РАЗВЕЛЕ, судски, све по сите марифети како треба за еден развод. :devil: Потоа шпанска серија- со дотичната преведувачка по германски татко му, склучува брак, се селат во нов стан, она забременува, му раѓа дете... :x Другар ми падна во тешка депресија, се лекуваше по психијатри, одеше по цркви,по манастири, а неговиот татко уживаше со млада преведувачка и ја шеташе по Монте Карло и каде уште не... И да резимирам- она 28 години, а он 59 години(низок, дебел, ќелав...) И не може никој да ми каже дека од љубов го зела. Другар ми кажува секој ден и носеле дома кетеринг јадења, пиела вода од 100 ден литар... Па и мајка и се вселила кај нив(и она да поужива малку :lol: ), брат и доаѓал секој ден, му давале пари да излегува по елитни места... А на другар ми, брат му е постар 2 години од дотичнава преведувачка.
    Значи ширењето нозе на шефот може и со ваков епилог да заврши!
    Од ова што го пишав сега- од крајност во крајност ќе отидам кога ќе кажам дека некаде можат да се трефнат- млад, згоден, неженет шеф и млада згодна немажена девојка, која работи кај него... Па и да се случи нешто повеќе од пријателство, оправдувам ако не е за лични интереси и сл. Значи само ако се работи за вистинска хемија, привлечност, па може и љубов.
     
    На Lepotajce и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  15. bonb

    bonb Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    5
    Интересна ми е многу темава.
    Еве ќе кажам нешто и за мене. На претходното работно место кога бев вработена таму бев само јас девојче. 3 колеги и јас и шефот во администрација. Со едниот колега добро поминував, но откако дојде еден нов, а татковците наши биле најдобри пријатели, нон стоп ми се пушташе ко демек несакајќи ќе ме допре. Не можев да облечам фустанче или сукња на работа, премногу се буљаше во мене прав манијак, а еден гаден, дебел нон стоп се потеше ко некоја си свиња, а човекот женет со две ќерки. Дечко ми дознал преку некој другар негов дека колегата -манијакот нон стоп зборувал за мене, слушал муабети као демек ме посакувал кога бил во кревет со жена си ме замислувам менееее -уууух страшно. Јас кога ги дознав овие работи се шекнав, страв ми беше да идам на работа и да останам сама со него. Дечко ми два пати сакаше да се степа со него, имав проблеми доста. Ме местеше да идам на службени патувања со шефот со него. Но веднаш побарав прераспределба на работното место и еве веќе 3 месеци сум распоредена во друга канцаларија, друг спрат, но многу подобро ми е тука, имам колешки, но мирна ми е главата, а и облекувам се што ќе посакам.
     
  16. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Интересна тема, која како појава е во подем и секој од нас сигурно дознал за некоја ваква ситуација. Не е лошо што девојките се газат себеси сакајки да го остварат својот сон, тие само буквално го сфатиле Макијавели дека "Целта ги оправдува средствата".
    Она што ме ужаснува се ниските морални чувства, индиректното ги демотивираат паметните луѓе кои сакаат да успеат на поштен начин. Таа се е*бела за позиција и утре ќе воспитува деца и ќе им даде прекрасен пример дека во животот не паѓа ништо од небо, туку понекогаш треба и ноџињата да се рашират.

    И утре јас ќе одам да барам работа и ќе имам исти квалификации ко некоја си г-ѓица или можеби и подобри но ќе седам дома зошто јаснезнам дека всушност тоа се бара за тоа работно место. Мене дома ме учеа да се почитувам себеси, дека за се во животот треба да се потрудиш, но никој никогаш не ми кажал и дека постои полесен и поедноставен начин.
    Ехх драга Македонијо не си ти крива што полека тонеш, криви се луѓето кои допринеле моралот во опшеството да опадне на вака ниско ниво. Со еден збор УЖАС !!!
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. beautiful87

    beautiful87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    116
    Никогаш не би си дозволила да паднам толку ниско да морам да ги раширам нозете за да добијам работно место. Како што кажаа и девојките погоре тоа е рамно на проституција.
    Да ви раскажам вистинска случка и до каде се е спремен да оди човек за пари. Во една позната голема фирма во Ск во кој газда е странец, газдава унапредува една девојка да му биде секретарка. Тој женет со деца, таа мажена. Типкава намерно останува бремена од него, овој затрескан во неа, мисли дека и она го сака, се разведува за да биде со секретарицата. Ама незнае дека таа бременоста ја испланирала заедно со маж и :x и дека ништо од тоа што му кажувала дека ќе бидат заедно не е вистина . Замислете до каде оди човековиот памет и колку треба да си се згазиш себе си за пари. Оваа го раѓа детето и не му дозволува на странецот да го види, а тој бидејќи не е државјанин наш нема никакви права тука. И сега го цеди секој месец, плус детево во наследство ќе добие дел од имотот од таткото. Типкава сеуште работи во фирмата сите знаат за ова, а нејзе мува не ја лази. Газдава си е во друга држава сега бидејќи и таму има фирма. А за мажот немам зборови :x да дозволиш женати да спие со друг само за месечно незнам колку пари, па тоа е :fubar: немам зборови. Ете да видите што се оди по нашава ни земјава, а сигурно има и пошокантни работи од ова.
     
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Навистина да имаш односи со некој за подобра позиција во работна фирма/компанија е еднакво на проституција и НИКОГАШ не би го направила тоа, па не знам што да се случи, премногу е ниско.

    Се сеќавам кога разговарав со еден г-дин за работно место кога ми кажа
    "ако ни фати око" демек на вработените за да ме вработи и тоа ми го кажа преку телефон,
    чудно како не ми рече :
    "прво да те пробамe", Бог да чува и да брани, а по гласот се познаваше дека е повозрасен човек, како не му беше срам.
     
  19. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Колку пати сум си го размислувала ова.....во најголемите разочарувања за работа искрено сама си викав ако треба и ке легнам само да се запослам,ама тоа во момент на нервоза,после ми поминуваше.Имам на повеке работни места работено се привремено по договори никаде не легнав ниту евра дадов ама затоа никде и стално вработување не добив.Секогаш добиваа други иако дошле после мене се зборуваше оваа толку евра дала,друга швалерка на директорот била,а јас само плакав и чистиот образ си го чував.
    Овде со молење и по оглас добив работно место хигиеничарка а со факултет не бирав приморана бев.Сега сум унапредена ама откако добро се разболев со мака,со качување скала по скала успеав- решението ми е уште со средна ,ајде задоволна сум.Јас сум вредната,услужливата,фината и што фајде што добив секојдневно се борам со финансиите,нервозите и стресовите,а тие им је гајле газат се и успеваат и е гајле што имала секс пак сите ја уважуваат па нели таа е пријателка-швалерка на директорот и сегде има предност.Искрено понекогаш им се восхитувам на овие девојки-жени што можат така работата да си ја изведат и олеснат без око да им трепне,а јас ке гребам со ноктите секојдневно и ке се мачам ама секој не е скроен и спремен за такво нешто.
    Девојки-жени ако си можете така само напред во такво време живееме газите живи лешеви. :hai:
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Многу ме вади од такт следново:
    Значи на работа сме, поголем дел од тимот млади, и сега нормално од 8-10 часа во денот, ќе се каже и некоја глупост, ќе падне и муабет за секс, смеење.
    И сега - ако ти си треснеш онака нешто сексуално, нормално без никаква намера, те меркаат , те зјапаат, готово, спремна е девојкава да се даде, |( значи колку си умислуваат и се занесуваат маживе, тоа е страшно, малограѓанштина и сељачизам на куб!
    Коса ми се иде да искубам.
    Тоа е сценариово ако си малку послободна и не им ќутиш на такви муабети.

    Од друга страна, ако им молчиш на секс муабетите, готово - оваа е утепана, поим нема, загорена е , не видела муж, не видела дечко, аааааа, и се сака, ќе се даде... |( |(

    Сите ние уствари одиме на работа, за да се дадеме некому и да имаме секс, зарем не сте го знаеле тоа?

    Страшно е до кој степен всушност мажите се утепани на работните места.
    И сексуално незадоволени и исфрустрирани од дома, па бараат нешто... каде?
    На работа.
    Оди убиј се.
     
    На MarchelineAmaru, eleni23, srcekrsacka и 2 други им се допаѓа ова.