1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Секс за работно место или унапредување

Дискусија во 'На работното место' започната од rossonerka, 13 октомври 2010.

  1. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Факт е дека имало и има луѓе кои се под одреден протекторат од претпоставените дали поради сексуални услуги/семејно-партиски и др.слични меѓузависности.
    На моето работно место е баш актуелен ваков случај љубовницата на претпоставениот (тука вработена ) ја крои цела „политика„ и го пика баш секаде носот. Ја ставав на игнор максимално,ама сега па тој прави некои потези за неа да и‘ се дава побитна улога-да се известува за нешта за кои појма нема и ја постави како еден вид втор човек после него :@ .Да има квалитети-молим.Ама...Па и цела армија си собира на приврзаници околу неа,јас сум во опозиција со нив.Ама успешно ги нервирам,иако пробуваат тие да се тие што ќе шират нервози и нетрпеливост кај нивни неистомисленици.Не е сеедно,никој не е имун на ваква нерамноправна полозба на работното место,ама се случува.Војната е во тек,ама во најголемиот број битки однесов победа,само не е најздраво да си во ваква работна средина.
     
  2. missperfect

    missperfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    60
    Дефинитивно погрешен чекор во комуникација е една жена да ја сфатат во сексуален контекст на нејзиното работно место или за работно место. Знам примери, токму по нашите министерства каде убава жена добива работно решение за само 6 месеци работа,додека други работат со години и немаат решение.Не сакам ни да помислам дека таа легнала со директорот иако директорот и бил колега од факултет (директорот има 32 години).Но ете,таа си работи по струката и зема убава плата,секогаш е дотерана и нафризирана и најголема животна преокупација и е каде да се излезе,во кое кафанче.
    Дефинитивно не сум за ваков животен потег.Како прво,тоа е силување на сопствената личност и недостиг на самодоверба.Тие жени ја изгубиле надежта и вербата дека вредат нешто и затоа се понижуваат.Најстрашното од се е што се големи домаќинки пред своите мажи и затоа главна тема на муабет е како тие по дома чистат,како 2 часа ги триела плочките по дома,цел ден пеглала...
    Е тоа е перење мозок.Не им завидувам што работат и напредуваат,бидејќи сигурна сум дека е тоа лажно.Кога мајка ми беше помлада ми кажуваше секогаш: Ќерко,од мажените жени не можам да си фатам слободен човек.
     
    На Ole.grbeva му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Colors

    Colors Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    7
    По одвратно нешто од тоа да се ренташ себе си за повисоко или нека е и најдоброто работно место ЗДРАВЈЕ, по понижувачко нешто не знам. Има девојки што ни срам ни перде си практикуваат секс =во замена за не знам каков престиж, ама до кога ????? До кога ќе се рентабилни, до 35 или 45 год. ова е џунгла, доаѓаат помлади, поубави, а после каде???

    Главата горе нема продавање за што сака нека е 8)
     
  4. DivineChaos

    DivineChaos Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    60
    Колку само лажете сушите :!:
     
    На zara и ametist им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    А во однос на што лажеме, сушиме? Мене вака твојов сувопарен коментар ми изгледа како да си ја имаш мувата на капата :)
     
  6. DivineChaos

    DivineChaos Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    60
    Од она што го прочитав 90 проценти беше морализирање а останатото беше фалење во ракавица како они се јаки . Кога имаш морализирање голема е веројатноста дека дел од нив лажат. Не може сите да осудувааат дека не би го направиле тоа или го одбиле шефот, а пак тие жени постојат и тоа нивниот број се зголемува. :geek:

    sorry, I am too fat and ugly for that
     
    На awl и eleni23 им се допаѓа ова.
  7. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Кој нема памет у глава - има вакуум у уста. Па нека сиса. Мене Господ паметна ме дал, па на таа карта играм во животот. Не ми треба подобро работно место и оштетена душа.

    Во секој случај, посфатливо ми е ова, отколку да се земе со богато чиче и да паразитира до крај на живот. Вака барем се труди да подработи.
     
    На MarchelineAmaru, unlucky и Li0ness им се допаѓа ова.
  8. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    е ова јас неможам да го замислам но верувајте некогаш толку многу ме фаќа нервоза што ми иде да си пукнам :D кога ке слушнам како некоја курва( извинете на зборот) си нашла убава работичка, добро платена, а јас со крстот на чело сеуште си седам дома и се нервирам зато шо немам работа ;(
    незнам како е во другите градови, но верувајте во помалите градчиња се така фунционира за жал :(
     
    На macence...k и mila85 им се допаѓа ова.
  9. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Последното работно место го загубив заради моја колешка-љубовница на директорот (таа мажена, тој женет). Причина-мала кавга околу работата. После тоа не сум и се допаѓала и...отказ...и се може! И сега мој став околу ова? Можам да ја нарекувам курва колку што сакам, да се надевам дека ќе падне и ќе се испокрши сета, да се надевам дека ќе најдам подобро работно место затоа што јас сум паметна, вредна и дека наредниот директор нема да има некоја фуфица до себе која ќе и смета начинот на кој ја гледам...но факт е дека таа сега ужива по хотели нашминкана и дотерана додека јас се пребројувам дали ќе ми стигнат пари до крај на месец....Сепак, таа има срце за тоа, јас не-и покрај се НЕ би легнала за работно место или унапредување
     
    На unlucky и Nine25 им се допаѓа ова.
  10. mila85

    mila85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    50
    Викаат некои - Ако не е секретарката во канцеларија, директорот нема ништо да пипне на работа

    Ех, па да се само една или две што преку к?? се вработиле, жално и реално, ама ги има многу повеќе. Јас само си викам, на пример, да е самохрана мајка со дете, а газдава слободен, па и требаат повеќе пари или постојано работно место, па се профукала ( можеби и ќе останат заедно, може не ) - тоа сфаќам, ама слободна цура да си се продава, да си ја дава пич....а на увоз-извоз, е тоа не го сфакам, иако ги има во голем број, па и не само за работни места, мислам дека има, сум слушала и за оценки на факултет, ќе се затвореле во кабинет и оп-троп, положила. Да и се свиѓа да ја сфатам или газдата или професорот, ама вака....и потоа маживе вака не гледале по улица, онаму зјапале, ова си допуштиле, она направиле, е па како нема да си допуштаат многу работи, они не размислуваат многу, ако биле со две-три такви во животот, они мислат дека сите се такви. Нив не ги кривам јас, ги кривам жениве, ако безкичмењакот не се контролира, тука сум јас да се исконтролирам, ако не му раширам нозе, он со сила ли ќе ми ги рашири!

    Јас не би направиле вакво нешто.....затоа и си седам тука и си коментирам , бидејќи сум невработена, а таму некаде некоја работи ли не работи, во секоја смисла на зборот ( со секоја чест на исклучоците).
     
  11. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    699
    Во мојот крај вришти од такви понуди и побарувачки :worried: .
    Казина,многу нови работни места и сега какво школо ти треба за во казино?
    Сите девојки шират само нозе за да бидат шефици,a газдиве и шефовите.. Нешколувани прости глумат VIP.
    Биди ми златна ти само ептен комуникативна,со исполирани заби и насмевка од 6ка до 6ка,тон пудра и кило маскара,хај хилс ,облечи тангице,заведи го шефот и си имаш обезбедно работа.Ова го прават и омажени зачувани "дами" што е најтрагично.
    Таа диплома денеска најмногу ти вреди,какво ти високо образование. ЗА ЖАЛ!
     
    На unlucky му/ѝ се допаѓа ова.
  12. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    79
    Жално е колку тие жени од типот ''Ферхунде'' успеваат во животот.. Збореле за нив дек се к*рви, спонзоруши?? ма нив мува не ги лази..

    Тоа да го правиш треба IQ да ти испод 50.. жени без мозок.. тие ај шо се обележани за цел живот.. туку ги обележуваат и нивните неродени деца што можеби утре ќе ги имаат.. мислам кој нормален родител би го оставил своето дете да се дружи со дете на таква прочуена личност?! :^)
     
  13. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Уште кога ќе го видиш огласот-барам млада и атрактивна,згодна и убава-за деловна секретарка :!: А никако културна девојка,со манири и образование |(
    Се знае значи за што се бара |( Која ќе се пријави и ќе ја земат-може ако се потруди да добие унапредување :lol:
     
    На MarchelineAmaru, eleni23, mima83 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    ајде јас да ви го кажам моето искуство, од пред некој месец, бев на разговор за на рецепција во еден хотел , и се ок помина, ми рекоа ке почнам, да одам некој ден да ме научеле што треба да работам и слично, е сега си одам јас, нормално со ролка беше уште мн ладно :lol: а ко другите две таму што беа нормално беа во кошулчина, троа подзатеснете, стекнати во се (потоа се подраспрасав и научив дека биле к.... ;) а не униформа тоа им било униформа.и уште ми вели гадзарицата, и таа 50 годишна а облечена како 20 годиншна, треба да се облекуваш малку подобро, да ги привлечиш гостите кога ке влезат тука??????? сакав да ја прашам да не треба и некоја услуга плус да давамммм? :devil:
    и ништо се откажав од работичката, т.е ми рекоа ке ми се јават ама ништо и подобро, а мажето ме зафркава , ми вели не им одговараше за трета смена :D
    sorry ако сум офтопик ;)
     
  15. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Мене ова ми е најодвратно нешто што може да постои :puke: да си се продавам самата себе за што?за работно место НИКОГАШ.Најниско нешто што може една жена да го направи,никаква почит кон самата себе,никаква гордост ништо.Поарно да ме отпуштат од работа отколку нешто вакво да направам.
     
    На Divinebutterfly и Name им се допаѓа ова.
  16. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Има, има.
    Само што не се вика така баш. Не е секс за работно место, не е секс за унапредување, не е проституција, не е спонзорство, него... хм хм хм... речи го де... батали. На крај може ке ми текне соодветен израз.

    Работава е многу секојдневна, не е нешто тајно или екстремно ретко.
    Се знае, соблекуваш гаќи на 30-ти и на 1-ви влегуваш на работа.
    Дали да им се дивиш на ваквите, дали да ги пцуеш - не знам. Не ни дал дедо Боже на сите иста дарба.

    Некој ке се мачи, ке учи, ке се усовршува со книга :!: , а некој ке се усовршува во боречки вештини. |(
    Па да, и за тоа треба да те бива.

    И пак велам, не се ретки.
    Една што ја познавам, активно соблекуваше гаќи пред братот на работодавецот, ем пред да влезе, ем откако влезе извесен период, да не испадне дека само за да ја добие работата го барала. :wasntme:

    После неколку месеци, човекот си најде помлада љубена дама и ја вработи неа на местото од претходнава.
    Па, навали народе, дојди сега докажувај се кој е подобар во кревет. Или на маса.

    И мислам дека соодветниот наслов на темава и всушност на ваквите активности, треба да биде - Користољубие, Секс од.

    Немој сте кажале дека жените не знаеле да користат машко. :!: (ма да и за мажите важи ваков тип на искористување, ама многу поретко)

    Секс од користољубие. Да. Тоа е.
     
    На MarchelineAmaru и tinkerbelll им се допаѓа ова.
  17. ladymilion

    ladymilion Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    27
    Еве ке ви го раскажам моето искуство :)
    директорот кај шо требаше да работам ми се јавуба сабота навечер и вика СПРЕМИ СЕ ТЕ НОСАМ НА ВЕЧЕРА со едни пријатели
    ја нормално го откачив му кажав дека имам друг план
    и замислете ми вика ЕПА ОК И ЈАС КЕ РАЗМИСЛАМ ДАЛИ КЕ ЗАПОСЛАМ
    после кога виде дека не се замарам дека не ме интересира ми купил ПОДАРОК :rofl: демек да се извини
    јас сватив колку е саат и ме покани на вечера ама јас си ја викнав другарка ми и пред неа почнав да му зборам у стилот како не ти е срам бе татко може да ми бидеш поклони да ми купуваш срам те било
    и си отидовме :lol: направи една фаца се препоти свињата
    после следуваа пораки у стилот
    к.... ке ме бараш ти мене МАГИИ ке ти направам да се заљубиш у мене да ме бараш
    морав број да сменам пошто нон стоп добивав такви пораки :puke:
     
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    имаше еден оглас за деловна секретарка во фирма во кисела Вода-барам млада атрактивна девојка
    (немаше наведено какви квалификации) и гледам дека повеке деловни секретарки се сменија таму, за срека што мене не ме примија-за моја срека :$
     
  19. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.817
    Јас да кажам еден пример-познаник мој имаше фирма, во тоа време ОК му идеше и му викам да вработи една пријателка моја (му требало секретарка демек). А тој ме прашува каква е, што е и на крај-колку била слободна. Му викам „Слободно ќе те тресне ако се испозанесеш“ а тој ми вика „Тогаш, фала многу. Немам јас џабе кревет во канцеларија“ :puke:
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    браво за мислењето! потполно се согласувам!
     
    На happynessss му/ѝ се допаѓа ова.