Ја исчитав целава тема и еве едно искусто Моја поранешна пријателка од Кавадарци, симпатична , паметна, образувана. Работеше во Мин. за Трговија, па се префрли во Мин за Финансии и таму си фати еден шеф женет се разбира-демек љубов невидеа-мижи Асан да ти баам и напредуваше во работата. Во меѓувреме се прцаше со долгогодишниот дечко на најдобрата другарка која кога дозна перкина и со двајцата, а на крај се ожени со дечкото на мојата другарка ( кој и беше голема љубов) и ја сретнав пред 1 год си имаат дете и се срекни. NO COMENT
I jas ednas imav seks so kolega. Bese pred da se omazam, on imase dolga vrska, i jas dolga vrska. Ne pratija vo slovenija zaedno na seminar 19 dena. I neznam kako se sluci. Uste na rabota imase nekoja hemija megu nas, no od osmeh i dopiranje po raka ne idese podaleku. Tamu se setavme zaedno,a edna vecer vo hotelot se sluci, odnosno poise pati dodeka bevme tamu. I resivme koga ke se vratime da ostaneme samo kolegi bidejki i dvajcata imavme po 7-8 god. vrski. I taka toj si se ozeni so devojka mu, jas so MM. Posle stana golem direktor i samo na zdravo sme. Iskreno ne zalam za toa sto se sluci pred 10 god., bese malo osvezuvanje vo vrskata.
Важное пред се шо имаш у тоа тимбата како шо вика баба ми, а после нормално да си средена во границите на нормалното. Малку шминка, парфемче и најважно и најтешкиот дел, проблемите да си ги оставиш дома. А за легнување за да добиеш работа-какво деградирање. Од страна сум гледала и сум се гнасела. Ама за жал таквите успеваат. Најважно е кога одиш да спиеш да си со мирна глава за да имаш добар сон. Инаку совеста ќе си го стори своето. “блазе“ им на они што ја немаат
Ооо такви спонзоруши врие македонијава, за жал Никогаш такво нешто, се гнасам од самата помисла. Што ќе постигнам во животот ќе постигнам со работа, знаење и труд а не со легнување од кревет во кревет. Ама ете, има и такви што нејќат многу многу да се мачат туку си одат на сигурно
Лекушини !! И за мажи и за жени важи.Иако сум невработена, но во иднина ако би ме унапредиле сакам за тоа да сум се препотила.Буквално би вложивала огромен труд, па да бидам горда на таа позија, а не да ме јава и не да сум главна џверка на озборувања.Тоа ми е многу слично ко да спиеш за пари. Абе се во животот ке постигнам одејки по потешкиот пат па сам да си си горд а и блиските. !!!!!! И да додадам можеби е на висока позивија но на ниво под земјаааа.Па никогаш нема да паднам толку ниско !!!!!!!!!!!!
Еквивалент на проституција Ми се грози од таквите суштества ,би газеле и преку трупови само за функција и повисока плата! Со кој памет - немам поим ,знам само дека за ширење нозе памет не треба ,тоа ни е генетски предодредено ,само треба да се бира со кој ( а тој сигурно не би бил шефот ,освен ако претходно не сум се омажила за него од љубов!) . Тешко е да се опстане денес од дотичните самозвани моралисти ,најголеми домаќини / домаќинки ,а растур прават на работа. Не дал Бог ,ако некогаш западнам во таква ситуација ,поарно леб да немам да јадам отколку да се к**вам со шефот ! Ќе има некој кој ќе знае да го цени мојот труд , воедно и мене поради тоа што сум , а не поради тоа што ми дреме меѓу нозете!
А и сексот на работно место со шефот не значи дека ке ја унапреди,и да ја унапреди тоа ке биде за кратко додека не најде подобра фуфица,значи нема гаранција.
Одлична тема и голема неправда на денешницава кон секој морален човек. Ова е вика,кратко и јасно МОДЕРЕДЕН ТИП НА ПРОСТИТУЦИЈА.Оние жените што фино и јавно си застанале на улица и си го дале,покажале лицето и заработуваат продавајќи си го своето тело ги нарекуваат проститутки.А овие намирисаните,дотераните,фино спакуваните госпоѓици и госпоѓи кои за пет пари повеќе легнуваат со нивните претпоставени,во случајот ... со никакви страци,одвратни манијаци,нечии сопрузи како да ги наречеме.Долгогодишни девојки,новопечани сопруги,мајки тргнале кон ''успех во работата'' и подобра заработувачка напредуваат во својата професија.Голема и сурова реалност кај нас.Тоа уште од самиот разговор за работа,самото интервју се знае.Покрај образованието кое во голем број од нашиве фирми и компании е во втор план,во прв план оди секогаш изгледот на девојката.Протокол за однесување на работното место едно време имаше и се уште го има ама сега важен и преоден протокол како за вработување така и во самота работа е изгледот на девојката која ќе работи.Знаете сите како треба да изгледа и како изгледа таа после две три фини зборови од нејзиниот претпоставен.Толку многу морал има помеѓу нас .... да се чудиме да не можеме да се дочудиме.
Читајки ги внимателно постовиве помислив боже мили зарем на форумов има само поштен свет, се некои други тоа го прават не јас, па мешаме термини курви, проститутки итн но во суштина незначи дека тие жени, девојки..... го прават тоа со цела фирма па ги нарекувате курви, се согласувам дека тоа не е начин да се дојде до позиција во фирма јас сеуште верувам дека вреди да си чесна осоа и да постигнеш се со труд, и знаење а не преку кревет. Бидејки ако влезеш во тоа неможеш да излезеш ке мора нон стоп да си нечија играчка, но од друга страна гледаш дека поштено целиот живот ке го поминеш р'мбајки, и пак нема да постигнеш ништо. Јас мислам дека нетреба да ги осудуваме таквите особи бидејки секој, си го бира својот пат во животот, и нетреба по дифолт секоја колешка, комшика.... која ке добие некакво унапредување во животот веднаш да и лепиме етикета или да шириме гласини дека до таа позиција ошла преку кревет. А дека сум во право ке ви дадам еден пример од животот колку пати сме слушнале разни етикети за другарки кои биле згодни, и оние помалку згодните или да некажам ружните(не убавите) веднаш им лепат етиќета дека се тие курви, само заради тоа што се вртеле повеке машки околу нив а не околу овие вториве. Така да нетреба да осудуваме и да се занимаваме со тугите животи туку треба да го избереме сопствениот пат и гордо да чекориме по него.
Никако, никогаш не би го избрала овој начин за да напредувам во работата. Освен ако мојот партнер не е директор Секој за себе, со својата животна приказна, немам намера да осудувам, ниту пак да делам памет. Што се однесува до мене ова не е единствен начин да се напредува, да можеби е “полесен“ , но сепак има и други опции и можности
Зависи за која работна позиција. Мислам дека таму каде што се бара физичка убавина,курвите можат да поминат. Знам девојка работи по казина, кафани, какви уште не шупи. И ми кажува дека со 8000 , 9000 преживува во ск, плаќа кирија, сметки, се прехранува, се дотерува....нема шанси, којзнае што работи ..и од едно место ако ја избркаат одма се снаоѓа, значи има нешто, аматоа е за места каде мозок и онака не се бара. Јас каде што сум работела секс ниту се брало, ниту помагал за унапредување. Сега имам жена газда, ама си цени труд, лојалност, ништо друго.
Денеска на фб на слика на профил каде се вози во авион една девојка и пишала коментар “ па ти и во авион се возиш,кога спиеш со човек што може татко да ти биде“, лелел ама ја обрука, и оваа после коментарот го избришала и пишала дека секакви луѓе мирот и го нарушуваат
Ако маж ми е директорот, редовно ќе го поткупувам со секс Мала шала, не не би зибрала таков пат за унапредување. Бидејќи и да го направам тоа, ќе биде само моментално, а ќе го изгубам угледот и достоинството. Ете затоа, сега седам дома и учам, за дури и ако ова биде услов од другата страна, да имам доволно знаење позади мене и образование, да можам да си ја земам ташната и достоинствено заминам на некое друго место за работа.
Точно. За примерот што ви го даодв, таа си знае какви амки трга, штом спие со старци. И како може таак лесно да отиде во странство кога ни еден јазик не познава освен македонскиот. Ама тоа сепак кратко ќе таре. За некоја година кога ќе почнат брчките да и се појавуваат, да старее, нема ни за тоа да ја бива. Сите брзо контаат од што може да заработи кога кај платиле, кај неплатиле, кај сама дала отказ, а ваму средена, дотерана. Ја прашувам на фб “што работиш таму“ , ми вика “абе добро е овде“ , се прави удрена, не знае што да каже. Може игра на шипка во некој бар, ама тоа ли е за кажување. И викам “ејј абе ти германска снаа ќе бидеш“, ми вика “ееј од каде знаеш“, онака задоволна, абе не знам само претпоставувам , а претпоставките се точни. Не може со 9000 кои не ги зима редовно да живее во ск, да плаќа кирија,сметки, да се прехрани, да се дотера, да излегува...
абе луѓе па тоа е дарба......тој пто си може така (што ја има таа дарба) ќе си просперира и напредува......а ние овде ќе си кукаме и ќе се жалиме...... алал да им е на тие девојки/ жени си го средуваат животот.....а ние ќе си вложуваме во образование и едукација, а не можеме да најдеме работа колку вложените пари да си ги вратиме......... значи тоа е дарба...а нашава поштеност е хендикеп на денешно време......... сите такви (погоре споменати како курви и слично) си имаат убави работи, поубави бракови, поуспешни врски, бидејќи знаат како со мажите и овие празноглавци им јадат од рацете....... само што не е секој/секоја за такво напредување....„смотаните„ како нас ќе си седат и ке си кукаат......а и да се решиме на таков чекор не знаеме ни каде да рашириме нозе на крајот ќе бидеме ем еб**и ем со празни раце жално ,но вистинито
да, да, се си имаат... ама го делат со старчиња. А ти ако им се восхитуваш, преиспитај се што не е во ред со тебе. И ако се сметаш себеси за смотана, во ред, само не не генерализирај и нас. Во никој случај не се сметам за глупава или со некаков хендикеп само затоа што не се рендам со секакви. Со умствена дарба може да се стигне подалеку од што може некоја наивна секCретарка