Јас мислам дека тоа е ирелевантно, не се прави за време на мензис. А дали ке имаш секс предходно мислам дека нема врска
Мислам дека за да биде веродостоен резултатот треба барем 24 саати да сте немале сексуални односи, исто многу е битно да не се миете пред самиот тест со некои агресивни купки, гелови и сапуни, само со благо средство и тоа не длабоко, туку само површински. Никако со јак млаз вода да се испирате длабоко. Така имам прочитано. Најсигурно е да си се консултирате со гинеколог
најдобро е 2 до 3 дена да се биде чист да се нема односи мислам.и нормално пред тестот без никаков гел помада слично нешто доле.како што е напишано погоре
Јас најискрено-прв пат слушам дека постои некакво ограничување. Имам правено ПАП тест, а минатата вечер имав секс, бидејќи навистина нема слушнато нешто вакво Ч(
Па и јас исто. Јас отидов на гинеколог поради инфекција и тогаш ми направија и пап. А не ме праша ни дали сум имала секс, ништо. Дали тоа може да има некакво влијание на резултатите?
Па и јас сега се замислив за тоа...Мислам дека не би требало да има, бидејќи ако е така, навистина, како што и ти напомена, би не прашале пред тестот нешто...
Ja napraviv pap test pred nekoj den, go prasav ginekologot ima li vrska , mi rece preporaclivo e barem eden den da nemas, da ne se mies so kupki i jak mlaz voda za da moze da zeme poubav briz
Да и јас бев на гинеколог и ми направи пап тест но не ме праса ништо во врска со тоа дали сум имала сексуални односи А девојки да ве прашам што се всушност открива со тој тест и за што служи?
ПАП тестот открива промени на клетките од грлото на матката. Тоа превенира појава на рак на матка. Со пап тестот се откриваат рани промени доколку ги има (според некои статистики кај 10-15 % од жените има), и во зависност од степенот на тие промени - може да биде лесен, среден и тежок, се третира, се лекува и на тој начин се спречува создавање на рак. Најчеста причина за позитивен пап тест, односно за промени во клетките е присуството на ХПВ вирусот, а тоа понатаму си бара дополнително третирање, најмногу во однос на јакнеење на имунитетот на жената, бидејќи за вирус не постои лекарство конкретно, туку се поттикнува имунолошкиот систем да го победи. Сега се зазборев овде малку повеќе и може оф-топик, но мислев дека те интересираше Има доста по интернетов, побарај на гугл, ќе ти излезат еден куп информации...
Кога треба да се направи тестот? Најдобро е Папаниколау тестот да се направи во втората половина на менструалниот циклус, или во периодот од 14 дена по добивање на менструација, па се до пред почетокот на следната менструација. Потребно е пациентката да се воздржи од сексуален однос во периодот од 24 часа пред земање на тестот и да не користи никакви вагинални средства. Ова мислам дека е така бидејќи грлото на матката во текот на овулацијата и потоа, до следниот циклус, е спуштена пониско долу, а веднаш по циклусот е погоре Претпоставувам дека е затоа.
Малку застарена е темава ама јас да си прашам нешто..Одам на гинеколог само заради рутински проверки, 2 пап теста имам до сега правено и немало никакви проблеми, наоди нормални. Јас од страв стално можда и си умислувам дека имам некоја инфекција, бактерија, вирус и сакам се убаво да се испита, ама не сум баш многу искусна и упатена колку што гледам. Ме интересира ако може тие што имаат повеќе искуство со гинеколошкиве прегледи, дали освен присуство на хпв - цин1,2,3 со пап тест се испитува и присуство на сите други бактерии и вируси што може да се пренесат? Или за тоа се прават посебни тестови?
Со ПАП-тестот може да се утврди и можно присуство на бактерии и вагинални инфекции, заради кои понатаму се упатува на дополнителни испитувања.
Има бактерии што се испитауваат само со микробиолошки брис, јас имав исто 2 ПАП теста направено, а кога направив сега микробиологија открив дека имам уреаплазма. Исто ако недај боже станува збор за кламидија, не се открива на ПАП.
Читам некои велат прават и пап тест и микробиолошки испитувања одеднаш, а ако претходно преку пап може да се утврди присуство на секакви инфекции зошто да се прават и двете без потребно..(освен ако не е заради сигурност). Мене гинекологот никогаш не ми препорачал да правам други испитувања освен пап, па ми падна чудно, а бидејќи немам искуство што се може да се направи не сакам безпотребно да го распрашувам. Edit: Значи сепак не се гледа се преку пап. Ќе си побарам и микробиолошки нареден пат кога ќе одам.
Наодот од ПАП-тестот од цитолошка лабораторија, да го земеш пред себе и ке видиш што се опфаќа. Тука постои описна дијагноза и за инфекции (кандида пример), за што понатаму се прават микробиолошки испитувања.
Бидејќи наодите не покажаа никакви инфекции, јас не ги имам, туку гинекологот ме извести телефонски дека нема ништо и да не се секирам. Затоа појма немам што се точно опфаќа папот ама зошто си имам некоја мака сега, ќе барам и микробиолошки тестови. Ептен страв ме фаќа од болести, посебно овие сексуално пренослививе се гњаваторски.
Прв пат слушам дека не треба да се има одреден период односи пред тестот... јас кога го правев не се сеќавам дали предходниот ден сум имала или пред колку време воопшто