Секс на почетокот на врската

Дискусија во 'Секс' започната од lollipop1, 7 август 2013.

  1. lollipop1

    lollipop1 Активен член

    Се зачлени на:
    7 август 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Морам да ве замолам за помош, ми треба совет..Имам 17ипол години и се гледав со едно дете од почетокот на летото.Минатата недела ми спомна дека сака озбилна врска со мене и нормално дека прифатив бидејки сакав да пробам со него, ммммммногу и цело време му велев дека не сакам така да се гледам само со него, оти тоа ми е најглупо нешто иии или озбилна врска или ништо едноставно..Ама има еден проблем, дечкото е поголем од мене 3 години и сексот му е нормална работа, сите негови другари си имаат женски и се сексуално активни и тој сака и ние двајца да пробаме, не ме притиска, вели дека ке почека кога ке сум спремна, ама мене ми е чудно сеуште ми е многу рано, и незнам КОГА Е ИДЕАЛНОТО ВРЕМЕ, ве моламммм помогнете ми
     
  2. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.317
    Допаѓања:
    8.380
    Девојче ние не можеме да кажеме кога е идеалното време за тоа(не можеме да знаеме).
    Ти си таа што треба да го почувствува тоа.
    А ако тој не те притиска,не се заморувај со тоа..Кога ќе бидеш подготвена,сама ќе знаеш :D
    Спонтани се тие работи..
     
    На lollipop1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lollipop1

    lollipop1 Активен член

    Се зачлени на:
    7 август 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    јас знам дека он сака и зависи од мене ама... незнам, јас имам другарки што одат по 1 година па сеуште се немале ии чудно ми е шо он ми зборува за секс уште првата недела....ама изгледа јас сум грешка:) јас се осекам спремна, самоо сакам да помине некое време да видам какви му се намерите
     
  4. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.317
    Допаѓања:
    8.380
    Во тој случај дај си го тоа време на себе,доколку ти е потребно!
    И да зависи од тебе,и ти ќе ја донесеш таа одлика.И не мора да ги правеш работите кои другите ги прават.Ако неговите другари/другарки се интимни,не мора до дифолт да значи дека мора и ти да бидеш.
    А тоа што зборува уште првата недела за секс..ако му дадеш не мора да значи дека си лесна,и ако одете подолго тоа не ја покажува сериозноста на врската.Значи временскиот показател не е мерило за секс,се е до блискоста,психичка и физичка спремност и едноставно-ти тоа да го сакаш.
    Еве ќе ти напоменам за мојата најдобра другарка,има врска од цели 5 години,и уште нбе е интимна,од причина што не се чувствува спремна.
     
  5. ecapereca

    ecapereca Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    472
    Малку ме заинтересира муабетов :^) Како тоа 5 годишна врска без секс, незнам каква е таа врска, нешто тука не ми штима, ама искрено, некој некого овде по малку го мотка, или дечкото другарка ти (да не си тера работа на страна), или другарка ти тебе што ти го кажува тоа. Незнам... да не грешам душа, ама некако не ми е верно ова :?:
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.317
    Допаѓања:
    8.380

    според мене -идеална врска,без неверство и мн љубов!И момчето е невино исто така...не знам според некои каква е таа врска,според мене не мора се да се сведува на секс.И има правило дека после 5год мора да имале секс?Или после 1 год? :D
     
  7. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.052
    Допаѓања:
    1.353
    Ај и јас да се умешам. :)
    Нема правило,нормално.
    Кој кога сака,тогаш ќе има секс.
    Но 5 години е навистина релативно долго време.Не им работат хормоните?Никогаш не пробале? :^)
    Сексот е дел од секоја врска и треба да биде.Тоа повеќе ги зближува парнерите.Чуството кога ќе му се предадеш на тој што го сакаш е незаменливо.
    И јас не бев спремна,па мојов ме чекаше цела година и више за да му "дадам". :$
    Али тоа си е нивно,они си знаат. :)
     
    На SoN4oGlEtKa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    674
    Допаѓања:
    854
    Ај и ја да се вмешам во муабетов. :lol:

    Гледам дека често се повторува реченицата : не сум спремна; нека се случи кога ке си спремна....ама добив впечаток дека НЕ сите исто ја доживуваме оваа изјава која сите сме ја употребиле.

    Знаеш ја што би те советувала пошто имаш 17 а јас оддамна имав 17 :) Не брзај. Муабетите сите негови другари се сексуално активни па сака и он или сите твои другарки веке се активни па ајде и ти , не ги регистрирај воопшто. Запознај го дечкото. Види дали ке ти се допадне кога е нервозен, среќен, пијан, во друштво, на само...остави времето да те убеди дека покрај него ке си сигурна, дека нема сексот да ви ја одржува врската... Неколку месеци се малку време за да го знаеш тоа.
    Кога ке почувствуваш дека дечкото те ПОЧИТУВА како личност, тогаш си спремна. Дечко кој те почитува нема да те уценува, нема да навалува, нема одма да се пофали на цело школо дека телегнал.

    Генерално, знај дека никогаш нема да ти биде криво што не си ''му дала '' порано ...а напротив, може да ти биде криво што си му дала толку рано ;) Се надевам ме сфати што сакам да ти кажам :)
     
  9. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.334
    Допаѓања:
    15.490
    Јас у глобала имам еден став за овие прашања, штом прашуваш на форум или било каде кога ТЕБЕ ти е идеално време, ондак не си спремна се уште, тоа е факт..

    Во врска со тие неинтимните од 5 години стаж ин рилејшншип, имам и јас такви деви Марии околу мене, нели никој не смее да ги чепка, а уствари се најголеми лажови и цел свет, само толку имам да кажам...Отруени сме од стереотипот за сексови и слични работи, у случајов, односи во врска - па ало, кај го има тоа, ни на западу...
     
    На Whitecloud95 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Whitecloud95

    Whitecloud95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    Според мене тоа е релативна работа, а тоа дека 5 год. или више без секс не е за верување. Два месеци или шест, ај да речам ама 5 год. не ми се верува. Кој лаже у овој случај не знам ама сигурно некој се праве нешто шо очигледно не е.
     
  11. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.850
    Пол:
    Женски
    Немојте така со предрасуди .. Вам ако не ви е верно , тоа си е ваше :)
    За мене е нормално ако се тинејџери , па деца се , тогаш љубовта е детска и платонска и тие тн љубави не мораат да водат кон секс .
    Јас во средно имав 3 годишна "врска "( од денешна перспектива не можам ни да речам дека беше љубов :drunk: ) во која никогаш не дојде до секс , едноставно не ми беше до секс , сакав да си уживам во безгрижноста на школските денови . Не созреваат и не мислат сите исто .

    Ако зборуваме за возрасни луѓе со над 20 години , тогаш искрено не ми е јасно .
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  12. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.334
    Допаѓања:
    15.490
    Мими, па не се работи баш за тинејџерски период, нормално не би реагирала ниту јас така ако се работи за дечишта од 18 па надоле години, него тука се инволвирани лица со завршени 20 и кусур години, што упорно трубат и трујат постојано наоколу, и тоа агресорски, како сето тоа е погрешно и ред други ствари.

    Би разбрала доколку се можда асексуални, не ги возбудува спротивен пол, или евентуално нешто не им е у реду у врската, ама они самите си се презентираат како совршени, најсовршени на цел свет, и нешто не штима у приказниве, нели..
     
    На tessie и mimiiiii им се допаѓа ова.
  13. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    1.950
    Допаѓања:
    30.059
    Пол:
    Женски
    ...^ А со оглед на тоа дека новите напредни генерации почнуваат со интимни односи од 8мо одделение , дури и за "дечишта" испод 18 години не би ми било верно да се долго во врска а да не прават ништо.

    Доволен пример ми е внук ми и неговото друштво што уште од 2ра година средно идат кај девојките дома и преспиваат кај нив,или обратно сеедно.Кој е сам тој чека гости.
    Во тие години кога хормоните работат 200 на саат тешко дека тој спие со девојката у ист кревет и не ја чачка,тешко.

    Како и да е сексот е природна работа. Кој кога е спремен тогаш започнува со сексуални односи.Ако девојакта смета дека после недела дена е спремна на таков чекор ок,ако не е пак ок. Но за мене е многу нефер ако дечкото на почеток напиња само колку да ја легне и да ја шутне после тоа,како што впрочем често знаат да прават говедата. Од друга страна исто нефер ми е кога некоја преплашена и исфрустрирана девојка која е несигурна во својот партнер и врска се крие за тоа не му давам 1000 години ако ме сака ке чека. Тоа за мене е mind fucking. Посебен круг во пеколот за оние кои даваат г'з и го лапаат ко циган мрсул,ама пред сите други се невини ко Дева Марија.
     
    На crazylady, eloves, SimonaTino и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    320
    Нема формула со која може да израчунаш кога е идеално време да го имаш првиот сексуален однос, независно дали се работи за прв пат во животот или прв пат во нова врска. Треба ти едноставно да си спремна и сигурна. Според ова што го прочитав не ми се чини дека си подготвена, затоа ти советувам да почекаш уште малку.
     
  15. SoN4oGlEtKa

    SoN4oGlEtKa Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2013
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    8
    Samo edno kje ti kazham lolipop po4ekaj ushte malku vreme za podobro da go zapoznaesh a potoa koga ti kje bidesh spremna toga najprvin doznaj dali on navistina te saka ama ne samo na zborovi nego koga kje ti dokazhe deka te saka i koga ti kje bidesh uverena deka ne e nekoj razglasuvach pa ta kazhuva na site pa na tebe da ti bide sram na ulica koga kje isko4ish site da te ozboruvaat koga kje bidesh sigurna vo tie 2 raboti slobodno prepushti mu se nema da se kaesh pozz :DD
    [mod-kirilica:3w4js3rc][/mod-kirilica:3w4js3rc]
     
  16. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    2.417
    Пол:
    Женски
    Значи јас мислам дека треба секоја од нас да го следи внатрешниот биолошки часовник, што значи ако имаш потреба од секс направи го тоа, доколку не тогаш нема потреба воопшто да се мачиш да размислуваш за тоа. Јас сексот не би го поврзувала со тоа дали врската е озбилна или не или дали воопшто си во врска. За да имаш секс со некого нетреа да си во врска туку треба само да постои сексуална привлечност, додека врската е нешто друго тука пред се подразбирам да се биде поврза на поинаков начин а сексот може да го има а и не мора.
     
    На КикиМаус и cheetah.girl им се допаѓа ова.
  17. CrnceSK

    CrnceSK Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    57
    е да мислеа сите девојки како тебе :)
     
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.606
    Допаѓања:
    48.887
    Пол:
    Женски
    Денес повеќето врски одат по редослед секс - љубов - почит наместо обратно. :)
     
    На softy1, littleflower, girl-miri и 7 други им се допаѓа ова.
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    9.222
    Пол:
    Машки
    Има едно познато урбано правило: Мажите даваат љубов, за да добијат секс. Жените даваат секс, за да добијат љубов.

    Мнозинството жени не даваат секс на почеток на врската. Дури и да гледаат на сексот како на спортска активност, сепак не сакаат да испаднат толку лесни во очите на партнерот, па тој да си помисли дека оваа чим со мене вака, со којзнае колку легнала на прв дејт. Па затоа чекаат извесно време.
    Но ако видат дека го губат партнерот, дека тој губи интерес за неа затоа што таа не му „дава“ или пак ако видат дека тој се шушка со некоја друга, е тогаш за жал многу девојки паѓаат на оваа финта и одма шират нозе кај партнерот - небаре го решиле проблемот и тој од сега ќе биде вечно нејзин and live happily ever after.

    Едно големо НЕ. Не паѓајте на оваа финта. Ако навистина те сака, ќе почека. Ако му значиш, ќе чека. А ако не сака да чека, тогаш што побрзо си отиде, толку подобро за вас.
     
    На Lolo5, fighter, Sashko1992 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.777
    Пол:
    Машки
    Зашто подобро? Лошо да не им падне ако имаат секс?
     
    На Згодно Момче, Hristov и elimkd им се допаѓа ова.