Да бидам искрен кај машките зборот "те сакам" често има и друго значење... Јас како машко на сите девојки посебно младите (14-20) кои се или планираат да започнат врска, би им препорачал да не им веруват лесно на машките, нема машко што не сака "to get laid" во првите неколку месеци врски и дури некои одат и чекор понапред напињаат за секс уште во старт (мислат упорноста е решението) како запален бик на црвено. Но нели таков е трендот сега поготово тинејџериве машки после секс тоа го сваќаат како освоен трофеј и бројка...И другарите мора да знаат кој е "мачо-man" уз машки муабет "леле брат вчера ми даде..." мислам катастрофа... n/c P.S. Ако те сака вистински ќе те почека кога Ти ке бидеш подготвена.
Како се чувствувате, така правете. Никаде нема правило како една врска би успеала. Од каде сте сигурни дека не сте наишле на некој тврдоглав маж, па ете ако сте му трофеј, ќе ве влечка макар вие се одлучиле и после година дена ''да му дадете'', па отпосле пак ве остава. Некој ако ви наумил нешто, ништо и никој не го спречува. Јас знам неколку врски кои почнале со секс, завршиле со брак. Судејќи по коментариве на темава, на овие мажи можда им фали нешто, којзнае... Плус факт, не се залажувајте дека девојката ВАМ ви ДАВА. Има такви да, ама има и такви кои воопшто не се водени од таква мисла, а сепак не се курви!
Не за џабе се рекло, полесните паѓаат први. Има нешто во тоа. Не знам како девојка ќе бара љубов, почит од партнерот ако има секс на сам почеток од врската ?
Мене не ми е јасно како тоа девојките се лесни доколку имаат секс на некој од првите состаноци а мажите фраери. Нели е исто? Знам девојки што имале односи на втор-трет состанок и се почитувани а и такви што чекале месеци,години па понижувани и се однесуваат кон нив како да не вредат ништо. Фала Богу јас голем процент на мажи што ги знам не се фалат кој кога и која ја легнал. Женско попрво ке слушнам да се исповеда на другарка.
Тотално си во право за ова. Достате со глупостите лесна не лесна . Кој век сме ало, нека се сексаат луѓето нека не ве засега вас .
Едно не ми е јасно нели водењето љубов или сексот е обострана работа, што ако девојката го навела машкото да и даде на првиот состанок од каде демагогијата дека само ние машките сме фраери ако сме имале секс на првата средба. Мене не ми е логично ова како што кажаа некој погоре од феминките застарени мисли и плитки сваќања. Мислам дека се исексалае оти двајцата сакале а не кој кого да искористи ако она ужива или обратно каде е икористувањето кое никогаш не треба да се помисли како искористување. И мислам нема врска за успешна врска тоа даи ќе имате секс на првата средба или осле 5 години. се е до карактерите и меѓусебните сваќања.
Прво, има разлика од партнер до партнер, од ситуација до ситуација. Ако ја познавам личноста од претходно, во смисла не е женет, насилник, нема сериозна врска, не гледам зло во стапување во сексуален акт на почетокот на врската. Дали ќе трае или не, воопшто не зависи од тоа. Сексот е израз на чувства исто како и бакнувањето, допирите, секако практикувано на начин што обезбедува соодветна заштита од болести, бременост и тн. Лично, не сум за стапување во ваков чин со личност-потполн странец, токму заради не дај Боже насилна природа, можен брачен статус и слични нешта. Според тоа, тука правило нема, важно е субјективното чувство. Секако, помлада си, животот е пред тебе, не брзај, ама важно е ти како се чувствуваш, а не другарките што мислат, прават или не прават (тоа никој не го знае, освен самите тие). Ако те плаши можноста од напуштање, верувај немаш никаква гаранција за ништо во животот. Раговорот за сериозна врска ми е премногу апсурден и би ти рекла да не поклонуваш верба во тоа. Започнувате, одите, гледате дали се поврзувате или не, па според тоа ја развивате врската и односот, не можете да правите договор без претходно да се запознаете. ,,Лесна,, не е онаа која влегува во сексуален чин по своја волја или убедување и стои зад тоа.Таа, истата може имала сексуални партнери кои на прсти се бројат, ама таа ги одбрала и крај. Исто, така никој на ништо не може да те натера или услови. Значи. нема грев да сочекаш, ниту е срамно. Вашиот однос е само ваш и нема потреба да давате отчет кај трети лица.
Јас па дури знам за тип кој се влечкаше со цурава цела една година и на крај на врската имаа секс и тука беше крајот. Демек, само за тоа му била, да ја изгубел невиноста, замисли исто со невина. Да глумам и отепам година дена за тоа, па има еден куп кои порано би му ја исполниле желбата. Си изгубил и свое и нејзино време. Каква глупост. А што е најтрагично и двајцата имаа по 20 години. И не е само тој чин мерило за подобност за почит.
Што подолго време ме одбива, тоа повеќе ќе ја ценам, таа што ми значела сум ја чекал колку и да требало, а и во иднина така ќе биде .
Jas nikogas ne bi lignala so nekoj na pocetok na vrska........ i da, prosta sum, ziveam vo 15 ti vek i osuduvam seks tolku brzo! Rabotata ne e samo zadovolstvo, treba malku samopocit! Jas i maskive ne gi sfakjam, kako moze da imaat seks so osoba sto ne ja poznavaat, odnosno ja poznavaat izvesen period, kucinja li se? Nekogas odlozuvanjeto na poveke pali nego predvreme da mu/i serviras se na posluzavnik! Tie sto go napravile toa verovatno ziveat vo 21 vi vek, a ostanatite kako mene verovatno sme zalutale........
Sekako deka ne, kazav za onie koi iniciraat seks vednas stom ke zapocnat vrska so osoba koja ne ja poznavaat, odnosno relativno ja poznavaat......
Значи отсекогаш имало многу генерализирање на оваа тема и толку плитко размислување.. па посебно и кога ке слушнам девојки како осудуваат други девојки кои се впуштиле порано во сексуални односи од нивните очекувања. И после мажите вака, мажите онака. Па од главата си патите, крај краева не се криви мажите што не добивате доволно почит кога ке се одлучите на некакво според вас "дискутабилно" однесување во било кој правец.. што верувајте ако сега немате желба или не сте се нашле во некоја таква ситуација ке дојде момент кога ке се најдете во таква ситуација и ке посакате нешто што се коси со вашите ограничени размислувања па после немој да ви биде криво кога од маж ке слушнете курва е. Па дури и да е поради еден кикс што се случил кога ве понеле емоции, хормони наречете го како сакате. Луѓе сме. Дали знаете зошто мажите излегуваат фраери кога менуваат партнерки кога и колку му одговара , а вие кога ке го направите тоа одма ви се лепи етикета? Затоа што самите вие си ја лепите. Кога сте слушнале еден маж за друг да брчи со завист за сексуалниот живот кој го води другиов? Да, убаво прочитавте, завист. Затоа што друга причина не гледам зошто некоја девојка би коментирала сексуален живот на некоја трета. Што те засега тебе некоја колку сменала? Нормално се додека тие што ги менува се слободни и не се меша некаде каде што не и е место. Тогаш да, прифаќам осуда, и е за осуда. Проблемот е што жениве меѓусебно се јадат во обид да се докажат која повеќе вреди и тоа е најчесто пред очите на посилниот род. Прекинете со оцрнување на други жени во обид да си ја докажите сопствената вредност. Со туркање на една долу па дури и вербално, не постигнувате ништо.. напротив патетично изгледа сето тоа.. па посебно ако е кажано пред машка публика. Верувајте, делувате љубоморно. Љубоморно затоа што сте немале храброст да го следите она што го сакате во моментот поради тој страв што ви е всаден длабоко во душичката. Еј жени! Ценете се повеќе и не се туркајте една со друга долу, нека не ни пукаат сеир маживе. Поддржувајте се меѓусебно и не си лепете етикета на вредност според бројот на партнери и фактот колку рано сте се впуштиле во односи со некој со кој стварно сте имале желба.
Толку млади луѓе а толку примитивни мислења. Запрепастена сум. До кога ли ќе се дискутира за фамозното "таа ми даде"?
На времето пред 15 години на МТВ1 имаше Супер Бинго со Игор Џамбазов, и често викаше "Ајде Натали дај му на човекот!" Веројатно од таму е....
Мислам дека треба да се бројат состаноците. 37-ми е идеален за секс. Уште по ценето ќе биде ако динамиката на состанување е еднаш месечно
Па..вака.. На почеток на врската.. Колку општо звучи.. За некого почеток е првата недела, за некого првиот месец, за некого...не знам, подолго Сето тоа си е индивидуално.. Со некого ќе почувствуваш дека сакаш да бидеш поинтимна после 2 недели, со некого ни после 2 месеци.. Се додека се чувствуваш убаво, се додека сакаш да преминеш на тој чекор - не е прерано.
На ваκви теми сеκогаш сите машκи сте исти гледате да не исκоρитите па јас со сила те теρав да знаат сите женсκи во иднина малκу да си подρазмислат пρед да имаат κеκс симнување звезди и дρн дρн јаρиња неκа не ве ставаат во филм κао дојде пρинцот на бел κоњ тρеба сами да си оцените и ρазмислите убаво дали на пρв ден или понатаκа а може и ниκогаш со неκоја личност κе имате κеκс а машκи бет муабети неκа не ве повρедуваат аκо не му дадела одма била вистинсκата за него абρе плитκи мозоци му"дадела,,чоече а што аκо имаш κеκс од пρв состаноκ таа што е споρед κоњи неиживеани κ...а е бρат а ти што си гојдо едно имаш дома сестρа бρатучедκа утρе може неκој κаκо ти што виκаш κ....а да ја напρави κаκо ти што ги пρавиш аκо имаш κеκс на пρв состаноκ оваκвите заслужуваат добаρ κотеκ од нечив бρат или татκо убаво κρшење за тој тежоκ збоρ зато пазете се од κопита ај убоо да спијате лаκу ноч се изнеρвиρав