Безвезе ова еј! Што има врска дали една недела еден месец или цела година не му дадеш? Ако заслужувам ќе ме почитува ако не и на глава да застанам нема. Секој со свое мислење и свој став. Кај мене беше секс-врска и наскоро брак. И топ ми е ај да ми е прв ајде де ама вака.. ќе си ја мачев душата само
Ах бе луѓе поинаку се чувствуваат овие работи на 16, или 18, поинаку на 25 или на 30+. Ако сте веќе созреани, ја познавате личноста, ве привлекува, знаете што правите, со кого сте, зошто математики, пресметк, калкулации, не ми е јасно. Срамота е навистина секој од над 20 и кусур да дроби кога ја легнал, или таа да им се правда на другачките зошто го сторила тоа по три недели, а не по шест месеци. Ако е некој толкав дебил да раскажува нека му стои. Не е срамно да се има однос во врска-НОРМАЛНО Е.Тоа е составен дел, не се дискутира. Знам девојки кои се лишуваа добри години од тоа, станаа жени, а негуваа исти размислувања како на 28 години. Рано е три месеци, ќе имал секс,ќе ја откачел, како ќе издржела...Како да гледам латино серија а не реален живот. Може мажќе ти станеи ќе се разведете и што??? Писмена гаранција ли им требало? На крај им минуваше времето во незадоолство, распаднати врски, попусто правени проценки, убави години во предрасуди. Треба да се биде спремен, треба да се познава пртнерот, но него ќе го запознавате додека сте заедно. Спремноста е различна за различен партнер и секако зависи од вашата возраст и зрелост, но тоа само вие си го проценувате.Никој не смее да ве тера, сили, присилува, но и никој трет да ве одвраќа заради банална причина од типот што ќе кажат другите.
Почеток на врска е релативен поим, за некој почеток може да биде и неколку месеци, а за некој првите две недели. Јас со партнерот ќе бидам интимна тогаш кога ќе се почувствувам подготвена, а тоа може да биде по месец, два или не знам колку. Јас можам година дена да немам секс со дечко ми, па тој пак да не ме почитува и на секој чекор да ме омаловажува. А можам да имам и односи после две недели, па да имаме хармонична врска исполнета со почит и разбирање. И тука не ми е никаков фактор комшиката што ќе ми каже дали е правилно или не јас да имам односи со мојот дечко. Исто како што мене не ми е гајле што се случува во нејзината спална. А и интересно ми е размислувањето на одредени машки, јас неа ќе и барам после толку и толку време, за да видам дали ќе ми даде, ако ми даде значи лесна е/курва е, ако не ми даде супер, поштена е, а нема врска што ни се сака и на двајцата и тоа ќе биде едно заедничко уживање, ама ќе го одолговлекуваме зошто така девојката ми ја покажува својата чесност.
Jas kazav deka seks na "pocetok" na vrka ne opravduvam ni za maz ni za zena, ne gi generalizirav zenite. Toj sto sfatil, sfatil, na toj sto mu brci muvata na kapata neka se seksa i si crnci ako saka i neka go zanemari mojot komentar.
Мене најсмешни ми се овие што мислат дека ако не му дадат одма ќе ја почитува. Машкото ако те почитува ќе те почитува без разлика дали имал секс веднаш или после неколку месеци. Најмногу на тоа со почитта се залажуваат тие што се невини. Демек не му даваат една година, а после една година кога ќе имаат дечкото се менува и си го покажува вистинското лице и му раскинува. Тоа не е почит. Никогаш не ја почитувал девојката, а нема ни да ја почитува. За оваа тема со незрели машки и женски не може да се дискутира. Жените сакаат повеќе да имаат секс. Мислам дека и помалите девојки до кај 20 се повеќе загрижени за тоа дали ќе бидат почитувани или не. Како што според вас машкото може да искористи жена, може и жената маж. Исто да има со него и после да се прави како да не го познава. Како што прочитав и други мислења, не е убаво да се мешате во други врски. Кој кога сака нека си има односи, најнормална работа е тоа и не знам зошто толку се драматизира. Има и парови што веднаш имале па стапиле по неколку години во брак. Се е тоа до зрелоста и зрелото размислување, не може со секој на оваа тема пак ќе речам.
Искрено според мене за тие што не се невини што побрзо имаат секс толку подобро. Не мора да значи дека уште на првиот состанок мора одма да легнат ама сепак не ти требаат месеци и години за да сфатиш дали некој сексуално те привлекува или не. Колку и да сакаш некоја личност ако сексот не ви е добар тогаш доаѓа до онаа ситуација ГО /ЈА САКАМ И ЌЕ НАПРАВАМ КОМПРОМИС и што? Ќе правиме работи што не ни се допаѓаат зошто другиот така сака. Вака на време ќе видиш дали ви се совпаѓаат желбите и ако не бегаш на време додека сеуште не си се затрескал/а и нема повредени емоции зошто сепак сексот како секс е пред се потреба. Не сакам да навредам никого ама според мене кога зборуваме за самопочит тука спаѓа и почитта кон нашето тело. Ако ти сакаш да имаш секс и заради самопочит му вршиш притисок на телото и не му го пружиш тоа задоволство дали навистина го почитуваш? И овие што одат со години, а немаат секс и прават партнерот да се чувствува како да не ве заслужува за вие да си го задржите статусот на чесна, поштена, достоинствена... нема врска тоа. Сексот нас не не определува како личност туку ние самите. Сакам да кажам дека ако чувствувате потреба за секс и имате можност за да си го приуштите тоа која е поентата да се лишите од тоа задоволство кога знаете дека ќе ви биде убаво. Ако веќе имате причина навистина да не го правите тоа...на пр. притисок кога не сте спремни или не чувствувате сексуална привлечност е тоа е веќе друга работа.
Јас мислев темава е за нешто слично во врска со последниот пост на @Mrs.Styels кога они тука пак за давање и земање. Се согласувам со неа, многу е лошо ако не сте компактабилни, главоболки понатаму. Воглавно гледано, секој секс на почетокот не е најсјаен, па вака сакаш, така сакаш, ај стани, ај седни, ај легни, па те фаќа смеа... Дајте за тоа да дискутираме, како тоа да се надмине и слично. Ама изгледа многу од тука не стигнале до тој феномен да едноставно не си одговараш со некого... или па ептен од прва им се погодило. Или па во темница не се гледа многу-многу што и како, битно је да уџе, није битно како. п.с. Тооооо Саше, баш те мислев кај си.
Што си ја трошите младоста бе на вакви прашања? Оди читнете нешто, развијте се интелектуално, не после да мислите дека Вулва е вид салата или сестра-вулкан на Везув, и дека од газ се останува трудна. Ако сакаш биди девица до 25, ако сакаш со 25 души исплескај се дотогаш, па што? Некој со полиграф или чеснометар ќе ми кажува мене со кого и колку да легнам за да останам фина во нивни очи. Наместо да се фокусирате кој е ѓубре на карактер, вие се фокусирате на бројки и калкулации кога требало да се легне со некого. После не чинел сексот, неискуството го правело своето, па втор пубертет мавање. Нема врска што е личноста кретен спрема вас, битно честа ѝ е сочувана. Чест, еј. Дури се пазите од несакани зарази и бремености, правете што сакате и со кого сакате. Само не повредувајте некого. Тоа не чини, а не ако сте сингл или ви пропаднале неколку врски, па животот мора да оди понатака и сексот е неизоставен дел од него. Од ова што читам и гледам, сфаќам дека е сосема нормално да се упикуваат и улижуваат до степен да растурат врска или брак. Невино ќе си се подразголуваме, ќе се „кискаме“ и ќе даваме скриени знаци ко кинески куртизани... тоа е океј и е морално оти против чувствата не се можело, ама пази, против нагоните во сопствена врска мора да се може оти тука сепак станува збор за нашата чест! Самтинг самтинг клада... самтинг 16ти век... р.ѕ. Што е финтава со „Ако ме сака, ќе чека“? Не ви е малце изживување? Јас па ако го сакам, ќе сакам целосно да му се предадам, а тој ако сака да ме запознае подлабоко (хаха, подлабоко) и увиди дека сум му компатибилна на секое поле, ќе ме почитува, па дали легнала на почеток или чекала до брак, сеедно. Едит: Ставајте им ја на ѕид песнава кога ќе ви раскинат. Да знае народ дека се нечесни!
Секс на почеток на врска? Ауууу Боже сачувај... Пу пу пу скраја да е... Еднаш тоа ми се деси, па се каев, па одев на хомеопластика, па тек после 7 месеци ПОВТОРНО имавме ЗА ПРВ ПАТ Зошто да имаме на почеток, кога може да се плеснеме после 7 месеци, нели? Ама раскинавме, па сега пак ќе одам да се зашијам и то... Луѓе кога ви се сака имајте... Каде ви се сака имајте... Колку ви се сака имајте, само не бидете смешни со вакви прашања.
Различни луге, различни генерации, различни мислења.... Само едно ке кажам... Сексуалниот нагон на мажите е над 15 до 40-50, потоа опага, а кај жените е обратно, над 15 е мал до кај 20 и нешто а потоа се повеке и повеке се зголемува за до кај 50 год да го стигни максимумот затоа ние со мажите недоволно се разбираме
http://kajgana.com/mazhite-odgovara...-na-zhenite-im-gi-unishtuva-shansite-za-vrska Многу добро кажано. Не треба никој да осудуваме ако имале секс после 3-4 состанок или после 8 месеци од врска. Све спонтано се случува и ако од внатре нешто ти вика дека е тој/таа тоа е веќе друго.
Ако има ај стани, ај седни, па те фати смеа, па тоа бил одличен прв секс мене ако ме прашаш... Прашањето ми е, зошто да се надмине? Моите први сексови редовно, ама редовно биле ко прв пат кога седнуваш да играш некоја од оние Кантер Страјк игри и не можеш да се снајдеш со копчињата за движење, па ти сакаш да идеш ликов лево, он наеднаш фрла граната. И не, нема преносно значење гранатата тука. Ја скроз би се сложил да бидат такви лево, десно, подај ми го пивото, „еј кај си имал белег“.
Ама Капетане, еднаш, двапати, трипати, ќе си играме кантер-брканица... па ова копче што прави, па она што прави, ај стави ја маската, извади ја, напред, назад, клекни, стани. По некое време веќе не е интересно да се „бркате“, сакаш да се пукаш и да се тепаш, без некој да фрла гранати на секој чекор. Every pun intended. А и не негирам, општо познат и прифатен факт на форумов е дека и јас сум од тие терсене и наопаку. Може и јас па многу очекувам. Ако поминало некое време (не знам, еве, месеци во прашање, не зборувам за првите неколку пати) и вие уште играте кантер, а работава очигледно не оди, еве не знам. Ако на почетокот на врската и во првите година-две-три не оди, кога ќе „прооди“?
Чекај, чекај, чекај... hoooooold on missy. Какви бре месеци? Какви ГОДИНИ? За све во животот треба да се даде втора шанса, ама 364 шанси мислам дека се и повеќе од доволни. Па и на Кантер после првиот неуспех сфаќам што е лево десно, а Кантер има далеку посложена конструкција и бара повеќе координација на лева со десна рака, синхронизација очи со раце, да слушаш грижливо што се случува... На крај краева, ако после 2-3 обида не бива, ѝ купувам тетрис и треба сама да си сфати.
Се имам искажано претходно.. за себе Ама денес влеговме во жестока дебата со една внука..малку помала од мене Па си преќутев иако ми бараше совет и мислење Не сакав да и дадам совет поради мојата слободоумност А реално..не знам колку време чекате пред секс со нов партнер? И после 2 месеци ми вика и е страв да легне со типот, иако чувствувала желба и потреба Да не ја откачел, а веќе сите ја знаат дека иде со него