Ги прочитав сите коментари но не наидов на ситуација слична на мојата. Се породив природно пред скоро два месеци. Во текот на бременоста имав голема желба за секс како никогаш претходно. Мм не сакаше баш да имаме од замене непознати причини. Неколку пати буквално го молев и бев многу очајна. Сега по породувањето желбата за секс ми е чиста нула и среќна сум што е така, бидејќи не би сакала повторно да молам за секс. Мм и понатака не покажува било каква желба. Шиена сум доле и при мокрење осеќам како притисок. Какви се вашите искуства со тоа? Инаку за секс не ни сакам повеќе да го имам се додека не се одлучам за второ дете.
Желбата ќе ти се врати ич не се грижи, сеуште е рано, хормонален дисбаланс, траума од породувањето. И јас мислев дека никогаш нема да имам пак односи после првиот, после породувањето. Инаку за партнерот треба да се разговара отворено.
Не е ништо ново партнерот да одбива секс за време на бременоста. Не е прв...психолошка ментална блокада имаат некои. И јас бев шиена првиот пораѓај. Тогаш чекав отприлика 1.5 месец, прегледот на гинеколог да мине и да ми потврди дека е се ок па имавме односи. Немав притисок при мокрење или било какви болки/потешкотии.
Колку време после породувањето имавте секс? Чекавте да паднат конци/прекине крварењето или мора 6 недели?
Јас имав 3.5 месеци после породување. Мн голема рана имав - мн шиена и долг беше процесот на зараснување. Плус имав хемороиди, па и тие додека се средија. А и искрено немав некоја желба, а мм не притискаше - изгледа беше научен да "пости". Зависи до начинот на кој си се породила - ако си кмала лесен пораѓај без многу шиење и сл не мора ни да чекаш 40 дена. Најсигурбо тожи е сепак да идеш на лекар да те провери откако ќе ти заврши крварењето па после терај работа Бтв мислењево одамна било сигурно веќе биднала работата
Мајки се породив природно, пукнав до анусот е сега не знам кој степен се рачуна но кога ќе се видам на огледало гледам линија од крајчето до анусот права линија кај што зараснало шиена бев со конци што се распаѓаат сами, имавме секс на 26тиот ден, мажот навали и јас попуштив, иако сакав да чекам 3 месеци но бидна, болки при односот немав никакви но неможам да се опуштам се си мислам да не се отвори пак доле тоа шиеното затоа што се гледа линија кај што зараснало, некој вака рано да имал однос како мене со толку голем степен на пукната вагина да сподели искуство, и дали може да се отворам или да не се секирам.
Немој да се обидуваш повторно..Маж ти нека му мава чакија или пак ти прај го тоа место него...Не е крај на светот нека почека 2 месеци
Ха ха, да деф ќе си почекам се погледнав вчера во огледало нема некоја штета но сепак ќе си почекам до пролет да зацврсти доле.
Ех де, почекајте и до лето Се шалам, секако. Штом веќе сте имале и ништо не се случило, дури ни болка си немала, не гледам причина да одложуваш. Значи ткивото си зараснало и сѐ е во ред. Само полека, ништо брзо и на сила
Неможе да пукне штом првиот пат не пукнало. Башка, знаеш ли која ненормална болка би ја имала да не било сеуште зараснато? Јас еве во моментов имам исечен палец од невнимание, и сега ко саката ништо неможам да фатам и притиснам малку повеќе зашто едноставно боли. Опушти се, може следниот пат ќе ти биде убаво.
Дали е нормално да крвари долу после првиот сексуален однос? Јас имав прв пат односи два месеци откако се породив природно, но бев сечена и со 17 конци. Мислев ќе престане крварењето, но продолжува втор ден, не е силно, но не знам дали е нормално.
Не би требало да има крварење, освен ако не е дочистено од породувањето, за што веројатноста е мала. Можеби е менструација?
Ама нели додека дојам не треба да добијам? Бидејќи кога имавме однос имаше малку крв на презервативот и од тогаш почна крварењето. Прво помалку, а сега е повеќе како кога имам добиено. Денес е втор ден. Не знам дали некоја воопшто се соочила со вакво нешто.
Нема врска. И јас со првото доев, добив точно еден месец после породување. А доев до година и имав скоро редовен циклус. Различно е кај сите. Најарно да се провериш на гинеколог за секој случај, ама најверојатно имаш добиено.
Се јавивме на гинеколог и ми кажа дека е нормално, се работи за месечен циклус, доколку тече повеќе од 7 дена да одам на проверка. Денес веќе скоро воопшто немам, ми запира крварењето, значи се работело за циклус.
Леле колку се плашев ... Па одложував до 3.5 месеци од породувањето. Па не било страшно. Не болеше дури убаво беше . Ама последниот пат толку суво... Читав нормално било . Не претеруваме сега ,зошто од сувоста и него го боли сигурно.
Јас мислев дека затоа што сум царски рез породена исто ќе си биде се. Ама не беше. Докторката што ме прегледуваше ја прашав, рече не си отворена многу, два прста. После пораѓај ми рече ќе се среди мускулот сам, ее некои 10 прста се отвараат па пак се враќа. Имав односи некои 6-7 месеци после породувањето, па да ви кажам дури и потесно беше. Или сум го заборавила како беше, ама болеше исто како првиот пат. Не знам зошто, можеби многу кегелови вежби правев па затоа. Не беше страшна болка, опуштена бев, уживав, ама сепак болеше.