6 недели треба раната на матката да се затвори. Обично и толку се крвари. Пред да прекине крварењето подложна си многу на инфекции и затоа не се препорачуваат односи.
Девојки, јас имам едно интимно прашање. Прв секс после царски. Кога? Како? Дали боли многу? Што е поразлично од претходно? Јас во текот на бременоста само 3-4 пати сме имале односи, некако ми беше шубе. Сега еве скоро 2 ипол месеци се поминати од породување и мм ми почнува муабет за тоа ама мене некако ми е страв
3-4 пати во бременоста? Јас го "силував" мм секој ден,последен пат 2-3 дена пред породување. А и после царски бргу почнавме, не чекав искрено многу, дали две недели. Само користевме заштита, мене од инфекции ми е страв. Како преживувавте вие или сепак веројатно имаше нешто, барем орален секс?
За време на бременост немавме поради страв од инфекции, после и со стомакот некако незгодно ми беше. А сега па сум преморена со бебуш и не ни размислувам на тоа ама еве кога веќе мм спомна ме фати така некој страв како ќе биде, да не боли…
Знам како е со новороденче, посебно со новороденче кое спиеше само во раце. Не се форсирај, само полека и се ќе си дојде пак на свое. Уживањето треба да е и за двајцата секако, прво малку ќе е чудно. Секој сам најдобро си го знае телото, ќе почуствуваш сама кога ќе си спремна.
Погрешно сум пишала мислев после контролата од гинеколог која беше точно после 5 недели од породување. Тогаш имав и зелено светло и од гинеколог, а и се чувствував спремно. Пред тоа уште и крварев по малку и не ми беше ниту изводливо. Сепак индивидуално е кога некој ќе е спремен. Најмногу мразам притисоци, така да секој паметен маж знае дека не треба да се закача со жена во постпартум А, ако е добар може да си добие орален секс хаха
Еве преживеавме. Јас немав забрана за односи во бременост ама сепак хормоните се чудна работа и имаат влијание на либидото кај секој различно.
и кај мене така беше, и 6 месеци од пораѓај немав никаква желба, ко шо ми изгледа и со второво пак така ќе ми биде
Немав секс цела бременост, не сакав а и после ми беше забрането ради стање и со царски сум, си добив инфекција од болница. и после тоа третман па Преживеавме се живее и без тоа има побитни работи некогаш да се средат. Па и мислам дека разумен човек знае да си контролира чуства не сме животни ( за мажите зборам)
Женски нормално е да боли малку на почеток при секс? И како потесно е .После тоа све ок.. Втор пат и пак болеше малку.