1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Секс пред брак

Дискусија во 'Секс' започната од Ana53, 3 ноември 2018.

  1. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.123
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    Интересни размислувања прочитав:
    1. Секс пред брак е грев. Може да имаш секс еднаш или два пати, да видиш дали му е доволно голем и дали го бива, и после како посветен верник, не си го валкаш телото до првата брачна ноќ. Значи секс пред брак е ОК ако е еднаш, тоа не се брои :D

    2. Жените што имале повеќе сексуални партнери се одвратни. Одвратни се, па не се, ама одвратни им се постапките, тие се инаку супер другарки, ама сепак се одвратни, а сепак си се дружиме со нив. Мислам тие се ОК, супер, ние не судиме, ама се одвратни и имаат одвратни постапки.... :drunk:

    3. Кои сме ние да судиме, ние сме либерални. Жена може да си има повеќе партнери, ама до кај 5.... 6 некако е многу, шо знам.... не не, мислам ние либерални сме, ама до кај бројот 5, после не сме!!! :rofl:

    4. Жените во Македонија НЕ СМЕАТ да имаат многу партнери оти ова е мало место. На пример да си во Њу Јорк, тогаш не е грешно, не те знаат луѓето, има многу популација, друго е. Во МКД е грев, оти ќе те видат луѓето, сепак не сме ни 2 милиони. Значи Њу Јорчанки се безгрешни, ама пример, Кумановчанки или Велешанки се грешни, оти се мали местата кај што живеат. :inlove: Гревот според градот се мери!

    5. Жените кои имаат секс не си го почитуваат телото. Јас може да јадам екстремно нездраво, да пијам по 5 литри кока кола дневно, да пушам по 3 кутии цигари, и телото мое да страда од запушени артерии, висок притисок, холестерол, 250 кг и слично... ама сепак да сум невина. Така моето тело ќе биде почитувано, здраво и среќно... затоа што чистотата и почитта на телото се мери по примени машки полови органи!!! :clap:

    6. И се разбира - невината жена - најредок бисер, најскапоцениот дар :cash::cash::cash:
     
    На Herrera, jEwElRy, tina-63 и 21 други им се допаѓа ова.
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.012
    Допаѓања:
    48.849
    Пол:
    Женски
    Бравос нè изруга сите во 6 точки :clap:
     
  3. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.388
    Допаѓања:
    59.814
    Пол:
    Женски
    И јас на времето се потпритресував за бројки, светости, бисери, чуда. После научив да уживам во секс. Сега ако ме праша некој ама ич не ми е гајле каков став има некој за невиноС, јас гледам мене да ми е убаво. Еднаш живеам, сигурно нема најубавите години да ги трошам на везење чеиз.

    Ако му смета на некој ич, ама ич тоа за општење не ме боли. Their loss :D
     
    На Harper, Annath, Rebecca_R и 3 други им се допаѓа ова.
  4. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.123
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    Никој не изругав, само кажав што прочитав. Ако звучи како за ругање, тука не сум јас виновна.

    Најсериозно само прераскажав тоа што прочитав.
     
    На Alisa22 и worrieddd им се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.044
    Допаѓања:
    225.250
    Пол:
    Женски
    Абе ако сакаш и чејз вези. .. твоја работа. ниКако не научивме да правиме што не исполнува а не што рекол некој.
     
    На Harper, Rebecca_R, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Minci13

    Minci13 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2018
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    2.324
    Пол:
    Женски
    1.Не ми се одвратни жените одвратно ми е менување на партнери значи таквиот начин на живот тоа отворено го кажувам и го почитуваат моето мислење само тука се палат сите по ред.(на некој може му е одвратно моето размислување )
    2.Напоменав почитување на телото на Тој начин со што си ја чуваш невиноста на друг сексот му е еликсир за убавина нели и така си го чува? Храната чистотата смешно е да се споменуваат дека се на прво место.
    3. Невиноста не одредува ништо во живот за некој е скапоцен дар за некој не е очигледно ти е смешно што сеуште постојат невини девојки мене смешни ми се други работи секој си има различна перцепција,и не мислам како 90 посто тука дека невиноста е срамна работа.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Ма ништо не е срамно, како.... се бориме за права - не за друго. Мене па ме нервират машки што секоја може да ги има. Само за секс и секој ден нова цуца живеат. :D Сакам невин маж :rofl::rofl::rofl:
     
    На Danyy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.268
    Допаѓања:
    9.089
    Пол:
    Женски
    Ne vi ja sfakjam poentata da morate da se dokazuvate koj e vo pravo, a koj ne. Site nie sme razlicni, so razlicni stavovi, razmisluvanja i gledishta, ako nekoj na seksot pred brak gleda kako grev ne znaci deka toa razmisluvanje e zastareno ili pogresno, isto i za tie shto sakaat da imaat seks pred brak i uzivaat vo nego e pravo na niven licen izbor, iako prvive vekje se vo faza na izumiranje slobodno mozam da kazam i izumren rod se vo potpolnost sepak ima iskluchoci.
    Eve na primer jas imam 22 god, a seuste sum nevina i ne mi e sram poradi toa, naprotiv gorda sum na samata sebe. Pricinata e poradi toa sto jas taka sakam ne e religiozna, ne sum so stav deka pred brak bi go nemala tuku samo sakam da go napravam toa so nekoj sto stvarno ke go sakam i ke mi znaci.
     
    На mssuniquee, Outlook, worrieddd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Minci13

    Minci13 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2018
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    2.324
    Пол:
    Женски
    Конечно некој што знае да разбере и да изнесе свој став.Апсолутно си во право!
    :)
     
    На Outlook и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  10. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    koeljo-67-860x620-730x480.jpg

    :D
     
    На Gosh, Harper, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    После да не се жалиш дека си стара мома.
    Мислиш некој без чеиз ќе те земе?
     
    На Gosh, Harper, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  12. antonelala

    antonelala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    4.682
    дечки искрена ќе сум, скоро ниедно мислење не прочитав, ама имам огромна желба да го споделам видеово со вас
     
  13. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.388
    Допаѓања:
    59.814
    Пол:
    Женски
    Прочитај ми ги мислењата претходно, јас бев таа што реков дека иако не можам да сфатам како се одлучуваат на таков чекор, одлуката си е само нивна и дека ако така сакаат, така нека си живеат. Исто мислиме, прочепкај напред низ темата и ќе видиш.

    Кај без чеиз, туку и ваква гласна, opinionated, што ич не го личи женско... Ништо, баба Ката за некоја година викајте ме на феминава :D
     
    На Rebecca_R му/ѝ се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Јас ќе те земам ако не се најде маШ за тебе...
     
    На Rebecca_R, lovestoneddd и KateKane им се допаѓа ова.
  15. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.044
    Допаѓања:
    225.250
    Пол:
    Женски
    Ама И јас велам исто мислиме
    .очигледно лошо се изразувам.
     
    На Rebecca_R, lovestoneddd и KateKane им се допаѓа ова.
  16. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.388
    Допаѓања:
    59.814
    Пол:
    Женски
    Deal. Ката и Анѓа vs fyromce ќе сме. I'm in :D
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    'Горда сум што сум немала ни еден сексуален партнер' е исто глупо, како да кажеш 'Горда сум што сум имала 100 партнери'.
    За што да си горда? Дел од човековата природа е, не е некое достигнување.

    Никогаш не сум размислувала за тоа дали е 'правилно' или 'погрешно' да имаш секс со некој, или не.. од аспект на социјално/морално/религиозно 'правило'.
    Ми се е*а, се е*ам. Не е кузнај шо. Секс е.

    И кажувам, и прашувам за бројот на партнери. Не се срамам од своето минато, ниту се чувствувам навредена (лично јас). Ама знам дека е дискриминирачки да 'оценуваш' личност, по бројот на сексуални партнери и/или по сексуални преференции. Се додека е помеѓу двајца возрасни и е свесно и консензуално, натаму, не ме интересира.

    Толку немате со што да си 'дадете' или 'земете' вредност, па си ја мерите со секс?
    Одете таму учете нешто и фалете се дека сте научиле, а не дали сте се е*але или не.

    Глупости е муабетов.
     
    На Belgin1, Alisa22, worrieddd и 3 други им се допаѓа ова.
  18. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    6.457
    @worrieddd Немој да ме сфатиш погрешно, не те напаѓам нит пробувам да те предомислам, само сакам да те прашам нешто зошто навистина ме интересира. Кажа дека интимни допири со дечко ти не доаѓаат во предвид, зошто тоа веднаш би довело до нешто повеќе, но до каде е границата? Француски бакнеж? Бакнеж по врат? Искрено, јас и тоа да го направам, во 90% од случаевите, ако сме на место кај што може секако, многу лесно може да доведе до секс.

    Онака, чисто ме интересира, зошто јас таков однос ќе го сметам чисто за другарски. Добро, бакнеж во уста е повеќе од другар - ама сепак. Јас порано имав најдобар другар, и по цели денови дремевме кај него дома, по кафиња идевме, го гушкав, го бацував во образ цело време, што се вика во ист кревет сме спиеле.. и не знам да имам дечко, па уште и со кој претходно сме имале односи и наеднаш прекинеме, не би знаела како ќе се осетам. А да сме немале односи и година дена да го праиме ова што го правев со другаров, па ако ми е за другар на крај краева, пак ќе почнам поарно со овој стариов да се дружам. :D

    Врската не за џабе се разликува од другарството со тој сексуален елемент. Да, најпрво сакам дечко ми да ми биде другар, поддршка, рамо за плачење, некој што секогаш ќе ме засмејува.. ама како круна на се тоа, сакам да направи да горам и цела да треперам.. и да го изедам цел на крајот од вечерта. :D

    Нема да навлегувам подлабоко, секој со своите избори, ете мене ми одговара нешто, на некој нешто друго и тоа е..
     
    На tina-63, Harper, Mishela и 2 други им се допаѓа ова.
  19. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    @blueeparadise само ќе ти кажам дека врската ми е и повеќе од одлична. Не мислам дека правиме грешка, а не мисли ни тој пошто сме разговарале и сме се договориле. Само мислам дека ви е веќе јасно дека не мислам дека е сексот погрешен, туку мислам дека го практикував во погрешно време и не сакав да продолжам да го практикувам во погрешно време туку во брак, бидејќи сега мислам дека бракот е вистинско време за водење љубов. Ми се смени умот. Ама сите останати практикувајте си го тогаш кога мислите дека е вистинско време. Се надевам дека нема да згрешите тие кои планирате наскоро да имате секс со партнерот(верувам дека ве има и такви), се надевам и дека е тој вистинската личност која нема да ве изневери. Јас за среќа имам таква личност покрај себе. :)
     
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Само што не му веруваш и мораш да го проверуваш :D
     
    На Rebecca_R му/ѝ се допаѓа ова.