Ама па не се сите верници. Некои не се венчаваат во црква, доволно им е што се регистрирале во матично. Или не важи дека се венчани, ако немале црковна венчавка?
Значи повеќето што се венчале за време на СФРЈ според верата не се венчани, само живеат заедно. Интересно.
ДАнгел специјално за тебе повели. И уште еднаш - имам доверба во дечко ми. Не ме вара, ме сака и нека не ти е криво. Гледај си ја твојата врска и твојот живот.
Луѓе живејте си го животот како што сакате и правете како што сакате зашто ништо не се враќа а тоа дали другите го сметаат за прифатливо , недолично , срамотно и ред други глупости ич да не ви е гајле
Па секако била маргинализирана. Црквата немала големо влијание како денес. А моите не се венчани во црква.
Тоа можеби било индивидуален избор. Хаха какво влијание има црквата денеска? Инаку сите мои роднини (а верувај ги имам многу) се венчани во црква од 1950 па наваму. Така да имало индивидуални избори да не се венчаат во црква поради икс други причини.
Секако дека било индивидуален избор, ама тогаш попови и оџи не излегуваа по телевизии да проповедаат и да честитаат празници. Бабите мои редовно си одеа во црква, имаше по некој на литургија, ама не беше масовно. Иначе јас никој не познавам од 50тите наваму да бил венчан во црква. Барем никој од моето опкружување.
Не е мит друже,чиста вистина е.Провери факти колку парови у тоа време се венчавале во црква. Комунизам и црква не одат заедно ако не си знаел.
Убаво ти пиша @Annath во времето на СФРЈ црквата и верата беа маргинализирани и во главно не се пристапуваше кон црковен брак во толкава мера како и денес, особено пак лица во тие извршни комитети и да сакале во црква не било прикладно. А и денес познавам многу атеисти кои од атер за верник-сопружник или родители циркуз прават од верски брак, цели спектакли од секој црковен момент фотосесија. А во станство за брак се смета и долго живеење во заедница така да веќе ни ливчето хартија ништо не значи. Сексот е составен дел од животот на секој емоционално и полово зрел маж или жена и бракот не треба да е фактор според кој ќе се раководиме кога ќе започнеме да бидеме сексуално активни.
Можеби поради тоа што биле високо во партијата, обичните смртници сите биле венчани во цркви и ги чествувале сите празници имало и собири и ора и веселби за празници а сега се тоа помалку и помалку го има.
Се славеа на времето верски празници... барем во 80тите, кога бев дете. За Велигден беше сосема вообичаено да се полни црквите, исто како и денес. И се венчаваа и крштеваа, сите кои не беа високо во партијата, или комунисти 'во душа'.. Како прадедо ми (Егеец), Бог да го прости, кој на гробот има петокрака, а не крст. Иначе, темава е за секс пред брак.
Оваа тема мислам дека не треба да има ниту едно мислење пошо веке е проста и е срамота во 21 век да се зборува зошто пред брак имала што има грев тоа како во турските серии мајката ќерката ке ја убие бидејки се клецала а синот ибива, силува ама он сепак е син на мајка време е да ги сменат турските серии со нешто попаметмо. Заодтснат дечко и се лути на девојката зошто е скината и тоа за него е пораз, а не се срами што незнар кој е тој Никола Тесла или името дали му почнува до мала или голема буква.
Е стварно се воздржував, ама ете ќе искоментирам. Која верност до крајот на животот..? Ти верен ќе бидеш? Абе озбилно вака? Знаеш ти која болна психа треба да бидеш за да бараш невина, а ти да си се плескаш со некоја? И не, не го лупам ова онака од памет, туку оти стварно има вакви ко тебе. Ќе си најдеш невина и ќе ѝ збориш вака: "Абе злато јас се плеснав со онаа во кола одма од коа ти збореше со мене, ич немој да ме мислиш". Прво да си се погледнеш ти што си, па да си бараш слично на тебе.
Се додека вредноста на една жена се смета според тоа дали и било скинато кожичето или не пред брак, никогаш нема да мрдниме од ова закоравено патријархално општество. Дали некаде во библијата пишува за мажот дали треба да е "чист" пред брак или не важи за него, на повисоко ниво е од жената тука. Вчера прочитав пост во ждм на фејсбук како некоја муслиманка очајно бара некаде да се шие јер нема да ја сакаат таква "скината" пред брак, таа не вреди ништо во тој случај. Страшно и жално е ова што сеуште се случува во 21ви век. Колку ужасно е третирана жената од страна на религијата. Никогаш повеќе нема да бидам верник како некогаш.
Весела анатомија. Моралот на една жена (и маж) се наоѓа на овие две места. 1. 2. Искуство во врски да ми ти било важна работа. Некој на полесен, некој на потежок начин ќе научи.