1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Секс пред брак

Дискусија во 'Секс' започната од Ana53, 3 ноември 2018.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Така, во ред, секој со своето убедување. Ако мислиш дека таа опција е најдобра за тебе, така прави.

    А дечкото, како тој го прифати овој факт? Мислиш дека и тој е постојано во целибат или како функционира тој? Затоа што одлуката е твоја, а не негова.

    Јас искрено би била малку зачудена доколку дечко ми ми предложи наеднаш да немаме секс. Нели, сепак двајцата сте во таа врска - одлуката би требало да биде заедничка.
     
    На DAngel и Antolinaa им се допаѓа ова.
  2. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    По многу разговори прифати. Реков дека многу време требаше. Му реков ако мисли дека не може да издржи да прекинеме. Ми рече дека ме сака и дека може да издржи и без секс дека не е со мене само поради сексот. И многу нормално дека да бидеш со некој само поради секс кажува многу за човекот. Само секс е плитко размислување и побуда за било кого. И да сигурни сме и имаме доверба еден во друг. Ми има кажано, а и јас него дека ако сакаме врска со друг тогаш љубовта веќе не е присутна меѓу нас и подобро да се оставиме. Нема зошто да ме изневерува или јас него. Ако дојде до тоа ќе се разделиме. Планираме брак во блиска иднина и искрено едвај го чекам повторно тој момент кога знам дека тоа повеќе нема да биде грев гледано со духовни очи. Тешко е во овој современ свет сето тоа. Но, за нас излезе дека е изводливо. Не е тоа во наша сила. Како што реков духовноста е многу подлабока и во неа има сила и за неможни работи за човекот.
     
    На Rama, sonuvana и Doozy им се допаѓа ова.
  3. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.619
    Допаѓања:
    9.011
    Пол:
    Женски
    Да имаат корист зашто акцентот во предбрачниот секс с е темели на страста,физичкиот изглед а Бог за љубовта вистинска има друга претстава таа теба да е заснована на убави чувства,предаденост и акцентот се става на извршување должност кон некого а не каква корист ќе добиеме ако само земаме значи големата страст ,посакувањето само по себе не е љубов и двојките кои имаат предбрачен секс побрзо ќе се разделат отколку оние кои се воздржуваат од секс пред брак.Предбрачниот секс може да биде неубаво искуство ,од несакана бременост,можност за повеќе изневерување,значи личноста комплетно може да го изгуби моралот и да размислува само за ниски страсти а дури е кажано дека не треба да ставаме акцент на физичкиот изглед кога бираме партнер ,туку тој да биде добра личност и посветен на Бога.Предбрачното минато си има последици ,а невиноста,хименот кај жената не постои случајно Господ рекол ќе склучам сојуз со вас преку крвта така да двата партнери треба да бидат невини пред брак,чисти во божји очи.Иако јас се имав тргнато од таков живот,моето прво сексуално искуство беше лошо,зошто тогашниот дечко увиде дека не сум некоја убавица и стално се каравме се губеше страста и ред други работи стално се сомневаше дека го изневерувам на почетокот
     
  4. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.163
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Многу мушички ти ставил тој твој дечко... јас не зборувам за губење на морал, љубовта не е нешто што се планира па, сега вака кје правиме или така, таа едноставно се случува, која е целтта зависи од етапата на развој во која е една индивидуа. Човек може да сака посветеност и брак итн. и тн. меѓутоа да сака свесно но, не и потсвеста или пак едноставно гледа не бива таа врска да прерасне во брак и после доаѓаат тие моменти на повуци-потегли. Се се случува со причина, чудни се божјите патишта, дури по некое време човек може да увиди зошто и тн. Што се однесува до користа ... мајке ми, се ко да е сведено жената што може повеќе да се покори ... ако зборуваш за задоволство како интерес каде стои дека жената не е таа штоо не може да искористи сексуално од страст де. Според она што си го пишала ако жената сексуално општи со мажот само од обвска, каде е љубовта тогаш ??? (еве и мажи има на формуот нека ти кажат дали сакаат да бидат со жена што ќе биде со нив само од обврска од една страна и од друга дали би биле со некоја што само себе ќе се гледа и својот ќеф и колку време би издржале ...исто е било да е маж или жена) .Од тука, се наметнува она, жената е искористената странка ... тоа може само маж да те лаже, а Бог не. Можност за изневерувања ... оф, леле демек ако жената или мажот го чека брачниот момент после нема да вара ? Аха, сигурно ... се зависи од поединецот и од склоп на ситуации според мене.
     
  5. S.deBea

    S.deBea Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2018
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Што прави Библијата врз психата на млади и кревки девојки и како успешно манипулира со нив.
    Тадаааам прочитајте од погоре наведеното и илустрираното со видеа.
    Сум имала секс пред брак и со претходните дечковци и со маж ми кога ми беше само дечко.
    Со првиот откако имав секс баш заради овие манипулативни мозочно-перачки црковни доктрини давав премногу шанси дека нели со првиот треба да завршиме во брак.
    Сега сум си смешна самата на себе си, а очињата ми се отворија кога тој почна да ми ѕвиска шамарчиња. Инаку знаеше дека еден ден ќе ме ожени и дека имам вакви заостанати и закоравени мисли наметнати од тамо си некои.
    Ама се изигра дечкото.
    Почнав интензивно да се едуцирам. Одев во библиотека, читав изданија кои третираат вакви теми. Налетав и на феминистките од модерната доба. Тој примети се менувам и му светна и него наскоро ќе го сменам па почна почесто да ме навредува дека сум курва и да ми ѕвиска жамарчиња само затоа што истапив и се борав за своите женски права, за рамноправност во потребите.
    Не се каам за ништо.
    Се беше и се уште е лекција за мене.
    Не жалам за ниеден предбрачен секс, тие искуства ми ги отвориле очите и ме направиле да бидам таа која сум.
    Сексот не е орудие на ѓаволот со кое тој не искушува и не прави валкани во очите на Бога, црковните догми го прават тоа валкање на душата.
    Сексот е уживање, препуштање на трансцедентните текови да не водат кој пробал знае:l:
     
    Последна измена: 4 ноември 2018
    На FallenAngell, Lolo5, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Бракот е и треба да преставува само законска регулатива на заедницата меѓу двајца, само обичен потпис со помош на кој ќе делат имот, ќе имаат старателство на деца и слични прави работи. Иако преставува еден нов почеток, истиот не треба да го менува значењето на зборовите љубов, секс и невиност, односно да се мисли демек срамота е оред брак да имаш односи, а после брак не. И ова не зборам од религиски аспект. Некои луѓе мислат дека треба да имаш односи само со тој со кој ќе се мажиш, зошто никој не би те зел "скината", без притоа да мешаат библија.
    Имањето секс е исто и во брак и пред него. Ако некој ве искористил пред брак, истото можел да го направи и во брак. До личноста е, не до тој сингл потпис

    Има луѓе, и овде членки на форумот кои имаат среќни врски, со години се во стабилна врска со партнерите, имаат заштитени односи и планираат заедничка иднина.
    Моментално и јас сум во двегодишна врска а меѓу нас двајца има и љубов и страст која сe' уште ја надоградуваме.
    А има и луѓе во брак кои се искористувани од страна на партнерот, имаше и членка која кажа дека е мажена и дека сопругот ја силувал.
    А токму тој химен е основа на сите омаловажувања кон жената и во никој случај величењето не хименот не е нешто добро.
    Сега кажи ми, ама без да мешаш религија - дали зависи од фактот дали се во брак или не, или до личноста е?
     
    На Lolo5, Annath, WildMk и 10 други им се допаѓа ова.
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Према кого ти како жена имаш должност ? Према мажот ти ? Што му должиш нему ?
     
    На Lolo5, Annath, WildMk и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.163
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Или што и должи тој на неа па, мора да се "жртвува" ... искривоколчени работи, кој ќе искривоколчи ако не човек за да ги сврти работите како што му одговара ... ако ја читаш молитвата што се кажува за време на венчавањето врска нема со ова што се пишува.
    До некаде и да разбереш во ова лудо време без вредности, само се одбрале погрешни начини да се намали секс без обврски, авантури, неверстав и тн.
     
  9. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Не е сексот како чин, но неконтролираната желба за истиот е, како и гнасни фантазии во врска со сексот... и многу други работи се орудие на ѓаволот.
    Можеме само да се залажуваме за да си негуваме некои гревови.
     
  10. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
    Што корист има ѓаволот од мојата фантазија, рецимо да имам секс во воз, и тоа постарите модели ?
     
    На Lolo5, kalinaka, candy.cane и 16 други им се допаѓа ова.
  11. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Веруваш ти дека постои ѓавол?
     
  12. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Нормално дека не. Еве ти веруваш.
    Според тебе кажи ми што корист има он во мојот случај ? :D
     
    На S.deBea, Doozy, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.217
    Допаѓања:
    162.737
    Пол:
    Женски
    Неќиме да му исполниме неговите фантазии, хехе.
     
    На S.deBea, Bender Rodriguez, Doozy и 5 други им се допаѓа ова.
  14. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Дали ако си во брак неконтролираната желба за секс и "гнасните" фантазии се сметаат за орудие на ѓаволот?
     
    На S.deBea, Annath, WildMk и 9 други им се допаѓа ова.
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Секс пред брак-обавезно.
    Мора да се знае со кого ќе делиш постела:)
     
    На FallenAngell, Lolo5, kravce и 10 други им се допаѓа ова.
  16. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Ако не веруваш во Бог , му одговараш на ѓаволот. Нема ѓаволот да се замара со тебе, нема зошто да те искушува, нема во што да те разубедува, нема зошто да се мачи околу тебе... Бидејќи ти го правиш веќе сето тоа. Размислуваш како што размислува тој и него тоа му одговара, ама ти не си за тоа ни свесна. Но, сигурно ги искушува оние кои сакаат да бидат чисти во очите на Бога. Како што кажав можеме само да се залажуваме дека не постои ѓавол, и дека не постои Бог кој сигурно може да ги промени животите на луѓето кон подобро.
     
  17. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Сакав да те прашам исто што и Анабела погоре. Дали ако сум во брак имам право да фантазирам за секс во воз, пошто тоа ќе биде служење на госпоТ?:D
     
    На DAngel и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  18. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.388
    Допаѓања:
    59.814
    Пол:
    Женски
    @hermosa Леле бе девојче, кој ти ја наполни главата со вакви работи?

    Нема правила во животот. Некогаш совршено им е на некои, па ќе се случи нешто и ќе се разделат. Некои ќе бидат заедно 10 години, ќе почнат проблеми во животот, ќе испадне дека не можат да се носат со нив па се разделуваат. Бракови ради неверства, изгубена љубов, сиромаштија пукаат како меури од сапуница. Тој химен кој топку се величи не е ништо повеќе од еволуитивна мембрана која служи за раздвојување на системот за уринирање и системот за репродукција кај женските деца. Кај веќе оформен човек нема никаква функција, исто како слепото црево. Не е поставен од никого, туку е продукт на ембрионален раст на бебето.

    Тој бивши што си го имала те уназадил со муабетите, мораш да го игнорираш и пребродиш. Те гледам ниска самодоверба имаш, не си била атрактивна. За секое тенџерче има капаче, нит јас не се сметам себеси за нешто ептен атрактивна па сум си наоѓала сродни на мене. Ајде главата горе, што си се затворила толку. Еден живот имаш, а после него никој не знае како затоа што никој не се вратил. Уживај во истиот, затоа што нема реприза.

    @worrieddd јас и ти не се согласуваме добро на форумов, ама ова што ќе ти го кажам е кажано без грам лоша мисла и со најдобра намера. Тоа што ти си одлучила така е твое право, твој избор. Убаво провери дали и тој го почитува тоа. Ова ти го зборувам пошто сум го јадела стапот неколку пати, убаво е да имаш доверба во луѓе, ама убаво е и да си бидеш сигурен. Не сакам да ти ставам црв во глава, ама јас да сум на твое место ќе си проверам дали тој целибат е обостран.

    Секое добро и на двете. Јас се одјавувам.
     
    На black-angel, Lolo5, S.deBea и 12 други им се допаѓа ова.
  19. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Оди прочитај за тоа што е фантазија и одговори ми дали истата има врска со реалноста и здравиот разум?
     
  20. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.139
    Пол:
    Машки
    Океј еве секс пред брак јок.Се зимате и испаѓа дека мажот има чудни фетиши у кревет,сака golden shower и такви ствари. Што праиме у тој случај?
     
    На kim.k, Annath, ivi1987 и 5 други им се допаѓа ова.