1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Секс пред брак

Дискусија во 'Секс' започната од Ana53, 3 ноември 2018.

  1. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Драга woried.
    Прочитај си ги постовите низ темава уназад, стави прст на глава и запрашај се дали ти имаш право мене да ми збориш за здрав разум и реалност, оти додирна точка немаш со двете.
    Поздрав.
     
    На candy.cane, Bender Rodriguez, crimson и 4 други им се допаѓа ова.
  2. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Не знам.
     
  3. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.163
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Kje se ravedes i kje begas kolku te drzat nozete ili kje sedis vo toj brak I dvajca nesrekjni na svetov, big deal a?
     
    На David.wp17 и John Snow им се допаѓа ова.
  4. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Жал ми е што не знаеш за друго.Јас сум била на местото каде што си и ти и сите кои само размислуваат за уживање и сум правела многу работи и не постоеше грев за мене. Ако не знаеш за закон нема да знаеш ни за грешна постапка(грев). Реалноста денес и реалноста порано немаат допирна точка. Се што било нормално порано денес не е нормално. Секој си одлучува сам за својот живот.

    Доверба немам никаква во човек поради многу разочарувања, тој со години се мачеше за да почнам да му верувам. И многу пати сум го проверувала, многу пати сум имала мисла ќе ме остави ако немаме односи(бар денес не е тешко да најдеш девојка за секс), многу пати сме разговарале за тоа, сум му кажала ако не можеш да издржиш кажи ми ќе смислиме нешто можеби ќе се предомислам, многу пати сум била во искушение да продолжам со сексот со него. Но, тој самиот ми има кажано тоа што си го рекла држи се до тоа, јас те почитувам. Имав и пред него дечко со кој имав односи не ми е прв. И во старт кога почнавме со односи јас бев иницијатор не тој. Не е лесно никако, тешко е. Јас тотално се променив, не сум повеќе истата. Долго време сме заедно, ако не се сакавме нема да бевме заедно волку долго. Само со секс не се задржува човек, а јас тоа го мислев во почетокот. Затоа избрзував со секс. И убедена сум дека многу девојки кои се во подолги врски т.е и на почетокот ако се за сериозна врска мислат дека може да се задржи човек со секс, но сексот во одржувањето на една врска е како што реков шлаг на торта, не е прва и основна работа. Постојат многу други начини.
     
    Последна измена од модератор: 5 ноември 2018
    На ane.bella, Feminka22 и hermosa им се допаѓа ова.
  5. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.619
    Допаѓања:
    9.011
    Пол:
    Женски
    никој никому не е должник,туку така пишува дека е важно за да не повредиме некого да мислиме само на себеси туку да даваме да во смисла не на секс, взаемно давање и еден висок облик на љубов да се случи,хармонија вистинска грижа еден на друг а не на самиот секс таа е поентата
     
    На worrieddd му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Harper

    Harper Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2018
    Пораки:
    643
    Допаѓања:
    7.572
    Пол:
    Женски
    Прави си ти што сакаш, се додека не се осмелиш да кажеш дека сите ние што имаме секс пред брак го правиме тоа само поради уживање.
    За една здрава врска, потребен е и добар секс. Водењето љубов е една "гранка" на љубовта која во никој случај не е погрешна кога ја правиш со човекот што го сакаш, пред или по брак. А бог е нели на страната на љубовта.
    Ти мене не можеш да ме убедиш дека ти немаш никакви од тие "гнасните" фантазии со твојот сакан, плус знаејќи дека претходно веќе сте имале секс.
    Не си крати од себе си поради погрешни перцепции. Цело е кога има се. А тој лист хартија дека си во брак, нема да ти смени ништо. Тоа е само озаконување на љубовта.
     
    На Lolo5, cavalli, candy.cane и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Навистина жално што мораш да го проверуваш дали има секс. Ама ме буни едно нешто, ако врската се гради на доверба и љубов, зошто имаш потреба да го проверуваш? Те јаде црвот дека сексот како едно врвно задоволство може да му го помати умот (или ѓаволот тука ке замеша прсти?) и да те изневери?
     
    На candy.cane, Annath, crimson и 8 други им се допаѓа ова.
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    @worrieddd како проверуваш дали имал секс?
    Навистина еве ме интерсира.

    Незнам зошто толку голема преокупираност како за пред брак.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Реков дека таквите фантазии не се во ред според мене. Нема тие ништо да допринесат во една врска. Сексот го доживувам како уживање. Ако си ги прочитала моите мислења во темата тоа Бог дека е на страната на љубовта ми беше секогаш најјак изговор за да си практикувам секс пред брак. Ама тоа се промени бидејќи погрешно сум си ги сфаќала работите. Јас така одлучив. Не сум тука на никого да му кажувам што да прави. Туку го споделувам моето искуство. Не знам што е погрешно во тоа. Можеби постојат и девојки како мене кои сакаат, а се плашат од ваквиот чекор да се воздржат до брак. Јас не гледам ништо погрешно во воздржувањето од секс пред брак, како што не гледав претходно и во сексот пред брак. Но, се променив. И таа промена не дојде баш лесно и преку ноќ.

    Да така мислев. А понекогаш се запрашував и кога имавме односи. Некој нека ми каже дека не се запрашува дали можеби партнерот го изневерува иако имаат секс. Тоа е поради мојата разнишана доверба во луѓето. И тоа е мој проблем од порано.
     
    Последна измена од модератор: 5 ноември 2018
    На Harper му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.088
    Допаѓања:
    155.564
    Вашите погрешни избори немаат врска со религија.
    Ама нели, секогаш е тешко да се преземе одговорност. Преџи бриго другоме.
    Помалку драма, повеќе љубов.
    Нели бог е љубов, а вие имате лош вкус за мажи.
    Дец ол.
    ;)
     
    На cavalli, Annath, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.969
    Допаѓања:
    54.905
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува какви мислења постојат сеуште во 21ви век. Како бе тоа Бог сакал да сме само со една личност до крајот на животот? Ами еве ако таа личност почне да биде насилна во бракот треба да останиме и да ја трпиме само затоа што Господ рекол од крај до крај со еден да сме? Еве мене ми се погоди со првиот со кој сум сега да сакам да сум засекогаш, ама тоа не значи дека ако тој стане насилен (што шансата за личност како него е 0.00000000001% ама ајде) треба да го трпам? Уствари чекај и јас сум грешна имаме секс а не сме во брак.
    Ако Бог стварно ве сака ќе сака да сте среќни со некој што навистина ве сака и го сакате без разлика дали ви е прв или 10ти, инаку не бил толку семоќен колку што се мисли. :) Агностик сум, бев верник ама поради вакви работи не сум повеќе.

    И од каде тоа сексот пред брак е само заради страсти? Да, има луѓе што се гледаат само заради секс, но овде се зборува за вистински врски. Сексот со оној кој го сакаш и те како е базиран на љубов, без разлика дали во врска или во брак.

    Уживајте во животот додека можете, бидејќи само еден е. И вие што сте се разочарале од љубовта не грижете се, ќе најдете некој што ве сака најискрено, и Бог би требало да е среќен ако сте среќни. :l:

    Се извинувам ако навредив некого со нешто во постов, ама почувствував потреба да се искажам. И за крај, секој нека си прави што сака се додека не повредува некој друг или себеси, само немојте да им ги наметнувате вашите ставови на луѓе кои не мислат така. :l:
     
    Последна измена: 4 ноември 2018
    На cavalli, Tinna.xD, S.deBea и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.877
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    А зошто сексот се гледа на нешто каде "работи" само страста?
    Ако само толку површно гледате на сексот, тогаш тоа си е ваш проблем и не мора да значи дека кај сите е така.
    Некои на пример, уклучуваат и емоција во тој однос, а емоциите, чувствата (во кои патем спаѓаат и љубовта и споделувањето блискост), се далеку од животински нагон да се задоволи потребата за секс.

    Зошто постојано се повикувате на тоа, не ми е јасно. И никогаш нема да ми биде, не барам објаснување зашто во принцип не се ни согласувам со тие сфаќања каде сè е црно или бело и нема друга опција.
     
    На Lolo5, sparklie, S.deBea и 13 други им се допаѓа ова.
  13. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Не си одлучила ти ништо, други одлучиле за тебе.
    Тие кои ти го имаат исперено мозокот и ти се поиграле со психата толку умешно, да те имаат осакатено.
    Страшно, не знам друго што да кажам..
     
    На S.deBea, Annath, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Сега ми е малку појасно.

    Друга мака имаш ти, ама ја искажуваш преку тоа што ставаш моментален бан на сексот. Преиспитај се на кого и што се обидуваш да докажеш преку призмата на религијата. :)

    Те немам среќавано низ форумов, се немаме разминато, ама од срце се надевам дека и двајцата го почитувате тоа што ви е договорено, а не само едната страна.
     
    На worrieddd му/ѝ се допаѓа ова.
  15. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Никој ми го нема исперено мозокот, сама си го перам.

    Имам јас повеќе маки полека си ги решавам. И религија не се наметнува на никого. Сите сами си избираат. Нема што да докажувам јас.
     
    Последна измена од модератор: 5 ноември 2018
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Ама како тоа е поврзано со тоа што ти со сегашниот партнер немаш секс и нема да имаш секс пред брак? Ти имаш проблем со неверство, имаш проблем со тоа дали партнерот ке има секс со друга, и кога имате и кога немате секс. Бракот нема апсолутно никаква поврзаност со твоите траст ишјус.

    Јас не се запрашувам. Му верувам и воопшто не размислувам дали он има секс со друга. И да има, тоа го прави многу вешто, јер јас воопшто не се сомневам.
     
    На Annath, Someonespecial, Mishela и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Види, I'm cool with that, јас сум последна што ќе те осуди за нешто. Секој си бира начин како ќе се бори со сопствените демони но твојот начин мене ми е навистина невообичаен, особено што веќе си имала односи.

    На крај краева, ти си знаеш. Прави како што мислиш дека е најдобро за тебе, само пази да не си навлечеш нови демони. Ако ти се секса, оди сексај се. Сериозно. Не треба да живееш во страв и во грч.

    Мој најдобронамерен совет ти е да си ги држиш очите отворени и да не одиш во екстреми. Екстремизмот е многу лоша опција, во која било форма. :)

    Би била за нијанса порелигиозна ако црквата кај нас учи на добри дела (со пример и со дела, а не со џип од 25,000 евра) затоа што духовноста, без разлика на која религија припаѓаш е ултимативно тоа, да бидеш добар човек и да правиш добро. Се' друго е како да ти кажам.... беспотребно оптеретување.
     
    На crimson, sparklie, S.deBea и 13 други им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    Не се зaпрaшувaте, не сумљaте вo вaшите пaртнери, тoгaш тoa мoрa дa е oнaa прaвa љубoв зaснoвaнa нa дoвербa, меѓудругoтo. How nice... Сaмo тoa мoже дa знaчи и декa пaртнерoт дoбрo јa глуми улoгaтa нa пoсветен и верен пaртнер. Не еднaш виденo. Акo веќе бaрaте рaбoти кaј членкaтa зa дa дoкaжете декa не е тaкa oнa штo гo мисли, имa мнoгу рaбoти штo и вaшaтa вербa вo вaшaтa врскa мoже дa јa рaздрмaaт oд кoрен, aкo дoзвoлите туѓи мислењa дa влијaaт, секaкo.
    Oстaјте секoј пo свoјaтa зaмислa зa врскa и брaк дa се вoди. Не е ништo прoтив зaкoн, не е ништo зa oсудa, штo сметa?
     
  19. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Напишано ми е во минато време мислењето. Во него имам доверба сега. Не морате да пишувате дека ме јаде црв или не знам ти што. Не ме јаде веќе и му верувам него. Проблемите кои ги има човекот сам со себе понекогаш уништуваат и пријателства и врски и бракови и се по ред. Затоа прво треба човек сам себе да се преиспита и да си ги реши работите сам. Тоа што мене ме мачело и ме мачи едно по едно си ги решавам. Не може мене некој друг моите проблеми и маки да ми ги реши јас самата треба да си ги решам и да си расчистам.
     
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    @worrieddd јас да сум на твое место 3 пати би се запрашала дали ќе стапам во брак со некого кому не му верувам. Цел живот ќе проверуваш дали ти вара? Со него стапуваш во брак од љубов или затоа што е "редно време веќе"?

    @hermosa кој спрема кого извршува должност во сексуалниот чин?

    Немој за фантазии, ти се молам, оти ако некој ти рече дека целата религија ти е фантазија единствен аргумент против може да ти е само - чекај и ќе видиш.

    Ваљда ко онаа што наводно му го пушеше на дечко за да види дали има вкус на друга.

    Според нив излегува дека нема секс од љубов и пред брак нема љубов, а наводно од љубов се мажат. Ептен парадоксално.
     
    На cavalli, sparklie, Annath и 10 други им се допаѓа ова.