1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Секс пред брак

Дискусија во 'Секс' започната од Ana53, 3 ноември 2018.

  1. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Подобар совет нема да добиеш @worrieddd .

    Оптеретување со тоа дали невина ке влезеш у брак, со тоа дали он те сака само поради сексот или ти пријател и поддршка во исто време, како и останатите религиозни убедувања кои знаат да бидат уште понелогични, пример - сексуални фантазии се дело на ѓаволот, класичен секс у мисионерска е соодветна опција ако сакаш да бидеш прифатен од горе итн...

    Сексот е задоволство, уживање и секогаш треба да го правиш онака како што се чувствуаш. Не дозволувај никој да ти каже или наметне дека сексот е нешто грешно. И да не заборавам да нагласам, не смееш ни да дозволиш да те убедат да правиш работи кои не сакаш да ги правиш, иако си во брак.

    Трета, исто така многу битна работа, недовербата и љубомората нема да ти донесат ништо добро. Проверувањето не е решение, јер едноставно не можеш да докажеш дали некој имал секс или не.

    Јас спијам мирно, а ти? Кога ке ти каже дека ке излезе на кафе со другар, му веруваш? Јас да, никад немам направено филм во глава дека оди на секс партија со друга.
     
    На crimson, Annath, ivi1987 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    И јас. Никогаш не сум правела драми од " ќе излезам со другар". Оди и тој на кафе одам и јас. Така е од почетокот на врската па и сега.
     
  3. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Добро не биди буквалиста, пример дадов.

    Еве општо прашање - кога има потреба да го провериш дали имал секс? И како проверуваш?
     
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Има една старинска проверка дали мажот имал секс:lol:
    Штом ќе се врати дома, веднаш леѓен вода земај :lol:
     
    На kravce и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  5. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Уште колку вакви теми ќе се отворат....на форумов слични имаме уште 3-4 сигурно и се те едно исто се вергла.
    Ако сакате да се е*ете, е*ете се освен на некој закоравен сељак на никој друг нема да му смета, ако не никој со сила не ве тера.
    Тоа што фрлате камења по тие што имаат секс пред брак е поголем грев од actually самиот секс пред брак (кој патем, ако сте го прекинале не ве прави почисти)
    Околу хименот, кожичка без ниедна функција освен што овозможува деградирање, патем и дискриминација на нашиот род, пошто како ќе провериш маж дали е "скинат" а да не ја спомнувам и болката што иде со него.
    Инаку мене ни првиот пат ни ден денес капка крв ми нема потечено, некои се "нечесни" од роџења изгледа што да праиш:devil::(
    Мој личен став е дека многу подобро општо на женскиот род би било да не дефлорираат после раѓање, а не да трпи после какви не ти навреди, омаловажувања, некаде и смртна казна (и тоа пази зашто некој рекол дека таа жена е нечесна|(а мажињава се светци) башка што се поштедуваш од таа болка и тормозење.
     
    На candy.cane, Annath, Tan4ence и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Ја никако не успевам да ја сфатам логиката зад ваквите размислувања.

    Ако сексот е нешто толку тривијално, небитно, споредно во една врска помеѓу двајца луѓе што дури не ни мора да биде искусено пред тие да се одлучат за брак и да го поминат целиот живот заедно, зошто тогаш се крева толку голема фама околу невиноста и се велича и става на морален пиедестал немањето односи пред брак?

    Ако сексот е само еден мал, безначаен аспект од љубовта меѓу двајца луѓе, тогаш зошто да го немате и да уживате, наместо да се лишувате од него пред брак? Ако е пак толку важен, суштествен и клучен за една врска, како можете да се одлучите за брак со некого без да знаете каков секс ќе имате?

    [​IMG]
     
    На x.Daisy.x, crimson, sparklie и 19 други им се допаѓа ова.
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Сексот е важна компонента во бракот.
    Јас сум ЗА да се консумира пред брак едноставно за да се осети дали партнерите се "компатибилни" на тоа поле.
    Не велам дека е клучен фактор за стапување во брак ама е составен дел од хармонијата во бракот.
    Не гледам причина зошто двајца млади би се воздржувале, освен ако се во прашање религиозни причини т.е. ако религијата налага така.
    Тоа е природен нагон.
     
    На cavalli, S.deBea, Antolinaa и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    48.800
    Пол:
    Женски
    Мене ми е сосем нормална работа ова.Гоолем дел од паровите пред да склучат брак имаат односи.Нормална работа е ништо страшно.
     
  9. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.969
    Допаѓања:
    54.903
    Пол:
    Женски
    Мене ме иритира тоа што во религијава сексот пред брак е прогласен за грев, а кога тоа е чин базиран на љубов и страст помеѓу двајца кои вистински се сакаат едноставно никому не штети, туку напротив, овозможува двајцата партнери да се остварат на едно повисоко ниво. Не велам дека сексот е клучен фактор за одржување на една врска/брак, туку е еден од најбитните. Љубовта никогаш не треба да е грев, преку никаква форма.

    Само се надевам дека некогаш во иднина ова застарено сфаќање ќе се искорени еднаш засекогаш заедно со други слични на него.
     
    На Tan4ence му/ѝ се допаѓа ова.
  10. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.774
    Допаѓања:
    99.976
    Пол:
    Женски
    Ќе бидам малку груба ,зашто претпоставувам дека @worrieddd не си доживеала оргазам со сите нишани.Мислам на љубов,чувство на припадност,сигурност...како ѓаволот ќе се вплетка во една таква мрежа од љубов?Нели тој е алергичен на љубов!
    И не очекувај дека ќе наидеш на многу тапшачи по грб,зашто форумов не е такво место.Тоа само ако имаш таков круг на пријатели.Ќе те тапшаат и ќе ти се диват.
    На нас другите ни останува само да стиснеме рамења и да те оставиме да си го живееш животот како што сакаш.Твој си е.
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    А тие што нема да го најдат " вистинскиот" за да стапат во брак треба невини да умрат или како иде работава?
     
    На black-angel, cavalli, candy.cane и 4 други им се допаѓа ова.
  12. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски

    Навистина, а што со нив??
    Добро прашање(y)
     
  13. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Не мора да проверувам бидејќи не се плашам веќе и немам потреба да проверувам било што, го познавам и повеќе од доволно.
    Не очекувам ништо јас од членовите на форумот, само си го кажувам моето искуство и промени кои се опфатени во оваа тематика. Знам и сама како живеат денеска и сите кои се околу мене , освен една другарка, имаат сексуални односи. Нивен избор. Тоа е веќе нормално, а тие кои немаат односи се малку чудни ако сме искрени. Ама сите тие многу често зборуваат за изневерување, не се задоволни, исплашени се итн. Има мал број на парови кои ги познавам, а да не се мачат понекогаш со вакви прашања. Секоја врска па и брак си има одредени периоди на криза кога на едниот од партнерите може се и сешто да му дојде во мисла без некоја одредена причина.
    Иначе за болдираното погоре - ѓаволот баш сака да ја уништи таа љубов и поради тоа денес постојат толку многу разводи. Не е сексот тој кој ја уништува љубовта, туку многу други работи.
    Ако го побараш ќе го најдеш. Не е сексот критериум за “вистинскиот“. Бар за мене не е.
     
  14. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Ќе идат у рај со останатите девици 8)
     
    На smooch му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    И повторно, еден тоар драма околу сексот.
    Како бе не се ипотресувате вака за јадење?
    Исто се нагон и двете работи....

    Не дозволувајте друг да ви толкува 'прирачници за живот'.
    Немојте... навистина...
     
  16. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Не ме сфати.
    Поентата ми беше што ако девојка е невина и не си најде некој што ќе одговара карактерно и сл, за да се реши да стапи во брак. Што тогаш? Дали таа треба да остане невина цел живот само поради фактот што нема некој компатибилен за да се омажи.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Па како поинаку?
    И не само тоа, туку да си стегни на чело 'Стара чупа' и нека ја пуштат да работи негде ко куќна помошничка.. О-пер...

    |(
     
  18. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Па нема да остане невина, ако сака да има секс ќе го има, ако не сака секс ќе си е невина. Не е комплицирано ништо. Тоа шо јас го зборам тоа си е мое размислување. И на личноста која нема да го пронајде “вистинскиот“ би и недостасувало љубов, а не секс. Сексот можеш да го имаш како кратко, а слатко задоволство и тој нема да те задоволи за долго. Но, љубовта е нешто друго.
     
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Ми се чини прашав еднаш и во друга тема ама не добив одговор.
    Кога зборите за немање секс во брак дали конкретно се мисли само на пенетрација или општо и на разголување и интимни допири дека не смее да има? А и ако е работата за хименот, па може некоја анален да има и пак да си рече дека е невина. Од каде до каде е љубов, а од каде е само страст без љубов?
     
    На Harper, Amellie13 и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Ама па љубов без секс... на ќоро..
    Шо знам.. Не би ризикувала да не знам каков е во кревет до брак.

    Некако го потценувате многу сексот... Не е само 'кратко задоволство'. Физичка потреба е.
    Што ако не сме погодени во кревет и цел живот после мора да го поминеш, со некој кој не може/не знае да те задоволи?
    И што ќе му биде објаснувањето ако го прашаш зошто не си задоволна?
    Ќе ти зашлака некоја, или ќе ти исцитира нешто од Библијата и ќе ти речи дека си 'ку*ва' и дека нема што да бараш 'земни задоволства'.
    Тој си е задоволен... тебе... кој те тркала...

    Нели сме сите луѓе?
     
    На TashSefton, S.deBea, thequeen95 и 3 други им се допаѓа ова.