1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Секс пред брак

Дискусија во 'Секс' започната од Ana53, 3 ноември 2018.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Епа еве прашав, пак не одговараш.
    Дали сакаш да се мажиш затоа што е редно време за секс?
    Патем, за секс е темата, не знам по која основа си помислила дека може на друго да мислам.
    Ах да, и другото прашање: "Дали планираш цел живот да проверуваш дали те бара?"
     
    Последна измена: 4 ноември 2018
  2. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Како мислиш редно време за секс, јас веќе сум имала секс. И не ми е проблем да почекам сега бидејќи не го гледам веќе сексот како нешто без кое не можам, поточно не преовладува сексот во мојот љубовен живот. Што би се случило ако дечко ми или мажот ми во иднина замине во странство на работа, или сплет на други околности , некоја несреќа не дај Боже некоја повреда да остане инвалид. Никој не помислува на тоа нели? Епа јас помислувам.
     
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Ама дали тој помислува?
    Колку време апстинирате? Ако не ти смета прашањето де...
    И колку долго мислиш дека би издржала врската без секс, на пример?
    И не преовладува сексот во ничиј љубовен живот, не знам кој ве лаже дека сексот е двигател на сѐ.
    Еве, ако сме за странство, јас и дечко ми сме разделени, ама ниту еднаш не сум го проверила дали ме вара. Така да, пак не доаѓа недовербата од имање/немање на секс, од нешто друго иде.
     
    На LadyC и cavalli им се допаѓа ова.
  4. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Така е Д ангел конечно во нешто да се сложиме. Па не би откривала колку време, но не е малку. Поточно јас не верував во себе дека можам да апстинирам волку долго. Ова апстиненција не ми претставува измачување, бидејќи јас додека не бев на чисто со некои работи, се измачував. А сега нормално си тече животот немам некоја екстремна потреба која не можам да ја контролирам, бидејќи ако беше така да имам јака потреба сигурно нема да апстинирав. А секако дека некогаш сакам, и да можеби понекогаш сакам побрзо да стапиме во брак, но дефинитивно не е само поради сексот. Искрено сум зачудена од самата себе и од неговата реакција и прифаќање на сето ова, Мора да постои Бог таму некаде, а тоа верувале или не , го заклучувам и од оваа ситуација. Знам каква бев, а знам каква сум сега. Мислев дека односите меѓу мене и дечко ми ќе се расипат, дека ќе се разделиме, дека ќе има кавги и караници околу оваа работа. Но, не. Се е исто освен тоа што апстинираме од сексот. Чудни работи се дешаваат.
     
  5. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.979
    Пол:
    Женски
    Секс пред брак, секс во брак и секс после брак.
    Viva el sexo!
     
    На Stories, cavalli, Nigredo Odor и 4 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Извини вака... колку години имаш?
    ако не е тајна... се разбира...
     
    На worrieddd му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Баталете тоа религијата и е*ете се како да ви е последно. Било во брак, пред брак или вон брак.
    Фмп. :D
     
    На Amellie13, Stories, cavalli и 3 други им се допаѓа ова.
  8. S.deBea

    S.deBea Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2018
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Абре девојче Бог не бара ништо. Бог е чиста љубов а во војна и љубов нема правила. Љубовта не подразбира низа на правила и слепо покорување на нив.
    Но Библијата ја правеле во времиња кога морало да се воспостави ред меѓу народот и за да тој се поброен народ слуша морало да им се проповеда дека Бог бара.
    Ај не си ја мачи душичката и чини си како ти одговара а не како Бог барал или сакал.
    Ако апстинираш дека тебе и на дечко ти во одговара убаво, ако не слободно љубете си се, ваше си е.
     
    На dayla, Amellie13, Harper и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.088
    Допаѓања:
    155.564
    Фор гад сејк одете е*нете нешто.
    Е да направиме сублимат. Од вакви ствари се оди по туѓи куќи у брак за 1500. Од многу гунџање.
     
  10. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.720
    Допаѓања:
    172.707
    Пол:
    Женски
    Каква врска имате вие уствари?
    Се држите барем за раче? Се бакнувате? Ептен ме интересира... или делувате како некои деловни партнери...
    А дали е должност на секој маж да ја усреќи женате?

    И дали жената има уште некоја ваква банална должност... пази молим те ..должност.
    Должна сум си само самата на себе да се направам среќна. Немам должност кон никој друг.


    И дајте баталете тоа религиите. Тука сте во подфорум секс, не во религија. Така налагала, вака налагала...
    Баш не заболе нас како налага, ние животот си го гледаме...и не сме помалку верници од другите!
     
    На Amellie13, Antolinaa, LadyC и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Морам да се надоврзам на ова, затоа што е многу точно.

    Еден мит/приказна/религија/верување за нешто е најлесен начин за да се спои и контролира голема маса народ. Нема како инаку, премногу луѓе и премногу слободна волја би имало инаку.

    Замислете пред 500, 600, море и пред само 60-70 години на кое ниво била хигиената и сексуалната едукација. Ако не било ,,правилово", којзнае што ќе се случувало. (болести, куп вонбрачни деца, беда, глад затоа што нема како да се прехранат сите тие усти, итн. Работи кои не дека ги немало и онака, замислете што би било без црквата да го налага ова)

    Препорачувам да се прочита Сапиенс, убаво е објаснето се'. :)
     
    На Amellie13, Harper, Antolinaa и 8 други им се допаѓа ова.
  12. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Исто како што и ти си имала врска пред да имаш и секс. Не сум имала секс јас првиот ден ко ќе сум влегла у врска. Луѓе не знам што ви е чудно стварно т.е искрено и мене ми беше чудно претходно. Тоа е луѓето понекогаш се менуваат. Не трубиме ние сега :еејјј немаме секс, а и ко почнавме со односи не трубевме : ееј имаме секс.... мислам кој нормален би го правел тоа. Јас си кажувам мое искуство тука анонимно е. Секој што си прави за себе си прави не за друг.
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.400
    Допаѓања:
    200.922
    Пол:
    Женски
    Почитувам сечиј избор, секој има право да реши дали ќе има секс пред брак или не. Ама одлуките да не се донесени брзоплето или поради погрешни причини.
    Лично јас не би стапила во брак додека не го пробам тој што сум го одбрала. Оти и сексот е делче од целината, нема да го биде бракот ако не сме компатибилни.
     
    На Amellie13, Antolinaa, LadyC и 9 други им се допаѓа ова.
  14. S.deBea

    S.deBea Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2018
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Мене се ова ми е јасно. Потполно ми е јасно зошто е направена Библијата. Има и корисни совети и мудрости во неа, но проблемот е што има и многу догми кои можеби во тие времиња кога е пишувана морале слепо да се следат и луѓето да се покоруваат на тие правила дека нели Бог така барал.
    Ама во денешниве времиња кога со интернетов се ни е на дланка да не успееш да разграничиш корисно од мит навистина е поразително.
    Но и овој хаос кој го наметна бомбардирањево со информации од секаде создава несигурност кај народот глобално и оп одлична клима да се разработи машинеријата на религиите и да си нападнат и освојат нови поданици меѓу народот кои им носи на верските лица многу моќ и привилегии и нормално возење во џип наместо во кочии или пешки8)
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.986
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Порано мислев дека најмногу секс имаат оние кои се во брак. Сега гледам дека само тие немаат секс. И во дилема сум: зборувате за секс пред брак од верски аспект или мислење од морални потреби?
     
    На Mr. Right, Danyy, Nalutena1 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. cavalli

    cavalli Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2016
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.616
    Пол:
    Женски
    Секако дека ќе имам секс пред брак и имам веќе.
    Сакам да знам со кого ќе легнам кога ќе сум во брак.
    Сексот не е само задоволство на мажи. Двострано задоволство е. Никогаш не сум го гледала од верски аспект.
    Сигурно нема да бидам на сила со оној кој ми е прв, затоа што ми е прв и после кога ќе стапат во брак со оној 'вистинскиот' отвараат понатаму. Познавам многу такви девојки/жени. Животот е еден, живеј го како ти одговара на душата. Мислам, 21век сме, 99% не се оптеретуваат со тоа дали првиот ќе им е вистинскиот.
    @worrieddd мислам дека треба да погледнеш малку пошироко како оди светот/младите. Сепак мое мислење.
     
    На diskreten32, Dadusicka, marchi-cool и 5 други им се допаѓа ова.
  17. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Бидејќи сум верник гледам многу работи И од верски аспект. Воопшто не мислам (сега) дека верата и духовноста го уназадува човекот во било кој неопходен дел од неговиот живот, туку дека е дел од животот и развојот на умот. Како што некои викаат за други работи, јас викам дека верата во Христа и животот по неговиот пример не штети никому туку можеби е и добро да си Христијанин во се што правиш. И сексот како чин е даден од Бога за спојување на телата на двајца кои се сакаат и секако дека е за задоволство и на мажот и на жената. Но, сите знаеме дека љубовта во врска е полесно да се раскине, а со тоа и сексот со личноста која "многу сме ја сакале и не' сакала." Идеалот го знаеме, за жал тој не постои во ниедно поле од животот, а во овој современ свет сексот е многупати само секс од страст(во врската) и погрешни желби и побуди од страна на една личност(мислам на силување,педофилија и сл.), а не водење љубов. Ако гледам само во светот ќе се изнагледам на нездрави размислувања и нездрави односи. Реалноста е таа ако сакаш да гледам пошироко.
     
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Нема ништо 'напредно' во религиите. Се косат со основни човекови права.
    Не знам каква врска имаат силувачи и педофили?
    Мислиш нив нешто ќе ги 'премисли'? Секаде има такви.
    Дури во ултра религиозните држави/заедници, уште повеќе ќе сретнеш силувања, затоа што (наводно) 'моќта е во мажот, а жената треба да се потчини на неговата воља'.
    Да не прваиме муабет за случаите со католичките свештеници и злоставувањето кое со години го имаат вршено, а црквата се обидуваше да сокрие.... и криеше, со децении.. сигурно и векови.
     
    На Harper, Tan4ence, smooch и 4 други им се допаѓа ова.
  19. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Не знам дали некогаш некој одобрил да се случуваат вакви нешта било по цркви или надвор од нив. А ти не мисли дека сите христијани кои се декларираат како такви дека се навистина Христијани. Јас не зборувам тука за кога некој ќе се фати за еден или два стиха во Библијата. Гледана во целост Библијата ако прифатиш да ти го менува умот - најнормално дека нема да правиш такви дела и да повредуваш други. Библијата е полна со примери како треба да се однесуваме и како не треба да се однесуваме. Не си сретнала човек изгледа кој е целосно посветен Христијанин па затоа кажуваш вакви заклучоци. Со кое основно човеково право се косат религиите кажи ми? Кое право го ускратуваат? И те молам немој да ми кажеш за жената. Јас не мислам дека жената е потчинета на мажот, во македонскиот јазик немаме збор соодветен на оргиналниот превод за таквите стихови.Сиромашен ни е речникот. Ако ми најдеш во Библијата пример каде што жената била малтретирана од мажот и поттчинета ќе се согласам со ова што го зборуваш.
     
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Не сум ја читала Библијата, ама сум слушала изјави од свештени лица.
    А дека ускратување права се религиите (црковните догми), пример е Шеријатот.
    Истото би се случило и во земја во која владее Библиско право.
    Куранот и Библијата се половина со ист текст. И двете го имаат Стариот завет.

    И не се 'некои што прочитале дел' има и супер религиозни кои се насилни и убијци и што не.
    Католичките свештеници кои се педофили, се свештени лица.. Попови се.

    Пребарај за убиства извршени од религиозни фанатици, ќе видиш.

    Религиозно учење не не' прави добри... Се учи морал од секаде.
     
    На Tan4ence, Someonespecial и lovestoneddd им се допаѓа ова.