1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Секс пред брак

Дискусија во 'Секс' започната од Ana53, 3 ноември 2018.

  1. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    21 век и вие за што се замарате, небитно дали е од верски или морален аспект. (facepalm)
     
    На Herrera, Dadusicka, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  2. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Го знам јас тоа. Свештениците на католичката црква порано забраниле обичниот човек да ја чита Библијата, бидејќи сакале да им ги перат мозоците и народот да верува и прави се што тие ќе кажат иако немале некои работи врска со Христијанство. Библијата денес им е достапна на сите. Јас не препорачувам на никого да слуша попови и свештени лица, туку само доколку има нешто нејасно од Библијата да ги праша истите и да му се објасни. Фанатизмот не е добар, но црквата понекогаш го наметнува. Христос и Библијата доколку се задлабочиш во проучавање на истата никаде не наметнува нешто да се прави. Постојат луѓе кои грешеле и во Библијата но претпреле и последици, самите или некој околу нив, поради непромисленост и погрешен избор иако можеби биле и предупредени. Секој си има слободна воља (тоа го учи и Библијата) , а со тоа и право на избор, а не знам дали воопшто може да постои поголемо право од правото на избор, но со изборот доаѓа и одговорноста... Само што некои го злоупотребуваат тоа право (слободната воља) и прават погрешни избори и затоа постојат страдања на земјата. Тоа е мое мислење. Но , се ова воопшто нема врска со темата.
     
    На Herrera, hermosa и WildMk им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Само тој што апстинира, да не кажува на другите да апстинираат, и обратно.

    Религијата, сама по себе ја гледам како проблем, кој го спречува/успорува развојот на човештвото.. И така...
     
  4. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.731
    Допаѓања:
    14.342
    Пол:
    Женски
    Мене само нешто не ми е јасно... Ако страста е лоша работа и целта на религиозниот човек е да ги смири страстите во себе, тогаш дали по влегувањето во брак се има секс само за репродукција? Затоа што не можам да замислам каков е тој секс без страст, без да го посакуваш партнерот...
    Горе некој пиша- должност на жената е да го задоволи својот маж. Но, што да задоволи? Неговите страсти?! Нели страста е лоша? Или во брак е прифатлива?!
    Премногу контрадикторно за мене!
     
    На sparklie, Amellie13, Harper и 10 други им се допаѓа ова.
  5. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Не е лоша страста сама по себе, туку јас погоре кажав дека мислам дека во врските повеќе е застапена страста и себичните задоволства, отколку љубовта. Кога би земале однос љубов:страст, љубовта треба да преовладува, а не страста. Секој си знае за себе. И нема должност само едниот туку двајцата имаат должност да си ги задоволуваат потребите еден на друг.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.217
    Допаѓања:
    162.739
    Пол:
    Женски
    Секс пред брак за кој како сака.
    Никој мене лично не ме повредува дали има секс пред брак или не, исто како што јас не повредувам некој со мојот сексуален живот и очекувам на никој да не им е грижа шо прам јас зад затворени врати, како шо не ми е мене гајле шо прај некој зад затворени врати.

    Ако некој одлучи, од било какви причини, да апстинира од секс, не можи да ми е помалку гајле. Ако некој одлучи, од било какви причини, да има секс пред брак, не можи да ми е помалку гајле.

    Едино се иритантни ситуации каде особата прави нешто, ама партнерот не смее. Пример партнер кој имал сексуални односи во минатото, ама од новиот партнер бара да е невин. Ни ова не е ме засега лично и не можи да ми е помалку гајле, ама ептен очигледни се фрустрациите и реално се заробува партнерот во таа ситуација.

    Ако би имала партнер на кој му е важно присуството или отсуството на мојата невиност значи тој не гледа човек во мене, и ова е вистина само лично за мене, освен ако можи истото и да го понуди. Сепак, то не би била врска во која би се впуштила.
     
    На ivi1987, Gosh, Amellie13 и 11 други им се допаѓа ова.
  7. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    5.517
    Пол:
    Машки
    Ова како Вива сокови а?
    Нема дупење - само шмукање :)
    Што би било хормоните ? Без оргазам доаѓа до експлозија, и после ментално нарушено здравје. Баљум бадум.
     
    На marchi-cool и belmoni им се допаѓа ова.
  8. belmoni

    belmoni Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2018
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Ако бев невина до 40 а не бев мажена. охоооо што ќе беше до тогаш. хахах
    Сега сите имаат секс пред брак и тоа е најнормално според мене.
     
    На marchi-cool, Feminka22, marlonbrando69 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    @referentka и јас имам слушнато за таква "проверка" :rofl:
    Абе еден пар кондури што една сезона ги носиш мора да ги пробаш пред да ги купиш, не па човек со кој ќе го поминеш животот. Сексот не е најбитен ама е дел од целина. И забавен е. И да не е со човек со кој сакаш да го поминеш животот, добар секс е добро за здравјето :)
     
    На WildMk, ivi1987, dayla и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.400
    Допаѓања:
    200.923
    Пол:
    Женски
    Да си ми жива и здрава.
    Да не ви ги пишувам благодетите од добар секс и оргазам врз целиот организам :D
     
    На WildMk, ivi1987, dayla и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    A што ќе се случи @worrieddd ако до партнерот откако стапите во брак испадне дека сте сексуално некомпатибилни?
     
  12. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Дентина нема да имам јас такво искуство нека пишат искуства тие шо влегле невини во брак дали си биле некомпатибилни. Си го кажував моето искуство и моментална ситуација.
    Патем во контекст со ова твоето: како можеш да знаеш кој ти е компатибилен кој не, ако знаеш само за еден и не знаеш за подбро или полошо?
     
  13. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    А како се поврзани невиноста со компатибилноста?
     
  14. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Како го сфаќаш мислењето на дентина? Јас така како што си напишав.
     
  15. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Се извинувам, јас од постовите сфатив дека си имала 1 сексуален партнер до сега, но не сегашниот дечко. А не дека веќе сте имале секс, па сте престанале.
    Дури и ако знаеш само за еден, сите се менуваме и растеме во искуство , она што некогаш ти било доволно, може во еден момент веќе да не ти е. И обратно, ако има промени. Сексуалноста минува низ фази. Убаво би било кај 2та партнера складно да се развива.
     
  16. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Јас го сфаќам така како што е поставено.

    Кажи ми, како е поврзана невиноста со компатибилноста? Или еве ке преформулирам, како можеш да знаеш дали со некого ке имаш добар секс освен ако не пробаш?

    Ти не си невина, значи веќе знаеш како изгледа сексот, како ке знаеш дали сегашниот парнер ке си одговарате ако не пробаш? Дали ке ти е океј да имаш лош секс цел живот?
     
    На theowndemon, lovestoneddd и joy1 им се допаѓа ова.
  17. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Добар ќе ми е сексот. Иако ми беше добар сексот со дечко ми(сегашниот) ризикував да го прекинам од принцип и многу сум среќна што тој тоа го почитува. Можеше слободно да ме остави после ова одлука. Но, љубовта која не врзува е посилна од сексот. Но, најверојатно вие не можете да го разберете тоа.
     
    На cresa-jagoda и WildMk им се допаѓа ова.
  18. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Чекај, значи вие сте имале секс, ама од некаков си принцип, ти си одлучила да го прекинеш и нему му е океј тоа?

    :drunk:
     
    На Doozy, ivi1987, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  19. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Чудно нели? Не ти се верува. Епа ете знај дека постои и такво чудо. :)
     
  20. Harper

    Harper Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2018
    Пораки:
    643
    Допаѓања:
    7.572
    Пол:
    Женски
    Се чува за брак :D.
     
    На ivi1987, theowndemon, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.