Партнерот на ворид прави нркаква жртва во секој случај. Не сака да ја загуби, па се откажува од физиолошка потреба. Не верувам дека се осеќа многу продуховено, ама неговата верзија на приказната не ја знаеме. Тие си знаат дали бенефитите вредат за жртвата.
Ама ти велиш дека пред брак сексот е без љубов, то ест му доаѓа некако дека можеш да сакаш некој, ама во истиот момент кога посакуваш да имаш нешто поинтимно со него, љубовта исчезнува. Ние само ти кажуваме дека можеш и некого да сакаш и да има страст меѓу вас и притоа да немате ставено никаков потпис. Или пак што имаше мислења дека сексот во врската ја разлабавува врската, има веројатност да се изневеруваат партнерите итн. Ако мене ми треба потпис за да му верувам или да го сакам повеќе, не ми треба ни таква врска воопшто. Баш напротив, таквите бракови се најлоши. Со потписот автоматски не се раѓаат страста или љубовта ако тоа го немало претходно
Можеби се наоѓаш само во некој си период од животот и врската осносно немаш желби за секс или потреби.. јас тоа го сваќам Секоја врска си има свои некои периоди било чудни било среќни било тажни Дечково мора да се сака и почитува стварно за да се согласи на ова На мене не ми е чудно јас би го сватила како период низ кој поминуваш Ете не сите сакаат секс секојдневно постојано и слично Уствари ги разбирам и луѓето што не сакаат секс. Епа не можеме сите исти да сме Ибаку сметам дека сексот е добар зачин за авантура, адреналин, среќа, расположение, исцелување, разбистрување и освежување Што знам Па на крај и цигарче ко си пафне човек ептен погодена работа Рехабилитација
Абе вие ништо не ме разбирате. А не ме разбирате оти се гледате преку призма на светот , а не духовно. Праите си што сакате.Ако мислите дека сум покусо од вас мене ич не ми е гајле. Каде јас кажав дека сум имала секс со дечко ми ама не сум го сакала?? Сексот е даден од Бога за во брак тоа го кажувам јас цело време. Што не е јасно тука? Вие кои не верувате и не мислите така вас ви е се исто шо се секирате. Јас сум си одлучила да живеам поразличен живот не само во врска со ова туку и со други работи. Променета сум и тоа е тоа. Не знам шо сте се закачиле толку. Не ве убедувам јас во ништо вас, а вие мене ме убедувате нон стоп дека си уживате и ви е убаво. Е добро де јасно ми е и мило ми е. И мене ми е убаво ама вас тоа не ви е јасно.
@worrieddd па така се поставуваш ти. Кога ти викаат дека имаме секс и плус сме заљубени викаш "не викам дека не е можно". Значи дека не негираш дека е можно ама не си го доживеала лично? Плус има едно прашање што секој пат кога го поставив избегна да го одговориш, очигледно не ти е во корист одговорот. Никој не ти вика да се фрлиш на секс сега, веднаш, ама не не подучувај како е правилно. Секој за себе.
Сум го доживеала. Само мислам дека во брак љубовта е поголема... никој не влегува во брак само поради добар секс и малку љубов. Тоа е мое мислење. Кое прашање не сум го одговорила? Јас не подучувам никого, а поготово не тебе која веќе имаш изграден став во врска со ова. Си кажувам мое искуство и мој став.
Епа како може да кажеш дека во брак љубовта е поголема ако никој не влегува во брак поради малку љубов? Значи дека љубовта била голема и пред бракот, па останала и подоцна. Љубовта нема магично да се зголеми по стапувањето во брак. Прашањето нема да го повторам пак затоа што го поставив веќе 3 пати. Очигледно е дека ви е пракса да одговарате само на прашања на кои ве научиле каков одговор треба да дадете
Ти го лакнав мислењето затоа што те разбирам. Едноставно сваќам дека не сите сме исти.. Дека не сите уживаме во исто Дека не сите имаме исти приоритети, желби, живот сегашност минато иднина.. Ете и слично да не набројувам. Ако си одлучила така и така си среќна во ред е. Секој за себе. Битно е да сме среќни колку што можеме повеќе
Ни бракот не е гаранција за љубов и добар секс, не менува ништо. А и тоа како има парови што стапуваат во брак само поради малку љубов, односно мислат дека се сакаат, ама на првиот поголем проблем пука тиквата. Да не правам муабет за оние кои стапиле во брак поради несакана бременост, оти не знаеле како да се заштитат соодветно. Во ред е тоа што си одлучила да апстинираш, ни прва ни последна, и искрено се надевам дека и твојот партнер го почитува тоа како твоја одлука. Реално, мажите малку поинаку размислуваат од жените, и ретко кој би се согласил на вакво нешто. Му симнувам капа. @huricane нели е малку лицемерно ова. Ти може да се плескаш со колку сакаш, а таа да биде невина? Само за да го задоволи твоето его? Лошо, навистина лошо, тоа покажува колку воопшто не ги цениш жените. Ти посакувам да ти се исполни желбата околу 40тата да сретнеш 25годишна девица која ќе сакаш да ја ожениш, ама да те откачи затоа што сака партнерот да биде невин. Па тогаш можеби ќе сфатиш колку твоите желби се нереални и шовинистички. За среќа, ретки се тие како тебе.
Мене и тоа неговото ми е лицемерно, ама исто толку лицемерно ми е кога женско кое по сопствено убедување и религиски причини одлучила да прекине со односи и те убедува дека тоа си е нејзин избор ама не се меша во твојот ја користи првата понудена можност да ја велича женската невиност.(а еве, пред само едно мислење не убедуваше дека почитува туѓи избори). Тоа ти доаѓа во стил "го почитувам вашиот избор ама гадни сте ми".
Не ми дава можност да го редактирам претходното мислење, ви се расипал форумот. @worrieddd озбилно ти е во ред такво шовенистичко мислење? Сфаќаш дека вака го навредуваш цел женски род и сите кои се одлучиле дека да влезат невини во брак не им е приоритет? Вака се почитува туѓо мислење?
Да поднесеме иницијатива до Светска здравствена организација сексот да се воведе ко лек чим има исцелителски моќи
Секс пред брак дефинитвно да. Кога почнав со тоа искуство за жал не беше по моја воља мислев дека ако сум имала веќе никој нема да ме сака таква. Па се чував и пазев. Па ми се створи потреба ама и страв. Сега се смеам со мажот колку сум била будала пола година не му дозволував секс за да ме ценел, во суштина мислам дека не сум му дозволувала за да го заинтригирам.. велам сега да ми се врати времето прва прилика јас ке те соблекував тебе наместо ти мене Во ова време сега мислам дека е сексот нај нормално нешто пред брак. Не разбирам во врска година две три , и после во брак може не му се дига пробај си за сигурно мислам битен е сексот во брак треба да може и знае да те задоволи а и ти да знаеш да возвратиш
Јас сум лицемерен затоа што ако најдам таква каква што барам и тоа невина, јас ќе и бидам верен до крајот на животот или лицемерни сте вие мажени жени и жени во врска а рекламирате неверства во брак, отворени врски, отворени бракови, one night stand, friends with benefits начин на живот што психички и физички може да ги разболи луѓето и растура семејства и вие мене ќе ме учите што е морал? лол.
Ти благодарам на желбите, имаш многу добра душа. Мој живот моја работа не се мешај. Тие како мене не се ретки само молчат.