^^ едноставно не ми е нешто природно. и се воодушевувам на женската убавина апсолутно, и попрво би се свртела на улица по некоја добра цура него дечко, ама сепак во сексуална смисла не ме привлекува воопшто. и не е ради предрасуди, бидејќи тешко некој да знае јас што правам меѓу 4-ри ѕида. а поголема глупост од тоа дека сме сите природно родени бисексуалци немам прочитано.
Не ми се свиѓаш kasha, бидејки не те познавам, а и да ми се свиѓаш не би се осмелила да ти кажам, бидејки сум многу срамежлива и ми треба многу време додека се опуштам пред некоја особа.
Јас НИКОГАШ! Но кога станува збор за други,немам ништо против.Никого не осудувам кој како се чувствува,така нека прави. Не ги осудувам луѓето кои се определиле на таков начин на живот,од проста причина што никој не може да оди против чувствата.
Напиша дека ти никогаш не би пробала но за другите немаш ништо против.А дали ќе имаш против ако брат ти или сестра ти имаат вакви претензии и сакаат да пробат ваков живот?
Мона Лиза, што си се запнала толку на оваа тема? Си го кажа веќе мислењето и сите јасно те разбравме, немора секој што ќе пише дека сака секс со женско или дека оправдува да го напаѓаш. И ти како и сите луѓе кога се чувствуваш гладна - јадеш, кога си жедна - пиеш, кога сакаш некој или нешто ќе се потрудиш да го имаш, така и другите сакаат да си ги задоволат своите чувства и потреби какви и да се.
Секс со Женско- е**ти сексот, што ќе ти пикне бе женско? Сукалката од баба и? Не фала, ич не ми прави филм
Драга моја Мона-Лиза еве јас ке ти одговорам, ако дојде братми и каже дека му годи љубов со друг маж, што мислиш и да бидам против дека ке сменам нешто? Јас мислам не тој и понатаму ке го прави она што мисли дека треба да го прави. И воопшто немам проблем дури да биде пасив т.е тој што го прима, што има лошо во тоа зарем ние женските, што го примаме цел живот во сите можни дупки сме помалку вредни? И само уште ова бидејки многу рекоа дека би пробале но никоја не рече дека исклучиво би била само со женско, што мислите дали ако еднаш пробаш можеш да останеш на тоа еднаш иако искуството било незаборавно?
Овојпат сум и јас ЗА! Со големо З! Милсам дури и на истополна врска, и убедена сум (од лично искуство) дека таквите врски се емотивно 80% посилни одколку машко-женските... Бар за мене, така функционирало. Штознам можеби сум била цел живот латентна геј особа, но НЕ... ете се враќам години наназад се ми било на база на експериментирање, а љубов сум чувствувала единствено кон машко... Се додека за првпат вистински не се заљубив во...женско. Сеуште не сака да ме пушти (чувството). Осудувани од околината (ДА) Сеуште неможам гласно да се изјаснам дека сум би/геј, ватевер. Сеуште дома лажам дека сум во врска со најдобриот другар, а таа ми е најдобра другарка. AWKWARD! АЈ НОУ!
МонаЛиза имаш некој проблем што ме цитираш? Ова е форум и секој има право да си го искаже своето мислење.Убава работа сите ако имаме исти мислења и ставови.Ако почнат така сите да се цитираат еден со друг кога нема да им се допадне некое мислење (како ти што правиш) на што ќе личи ова? Суштината на постоењето се наоѓа во разноликоста. И дај ти се молам лечи комплекси на некое друго место и не се замарај што ќе ми речел брат ми или сестра ми.
Потполно те разбирам и подржувам, и продолжи понатаму така храбро без оглед што ке зборува околинатаи за да пишеш овде треба голема храброст, а се надевам еден ден ке застанеш исправена и горда пред сите и ке кажеш да јас сум вљубена, во жена и горда сум на тоа.
Јас не се заебавам туку само одговорив и поставив прашање на неколку теми, и мислам дека е доста од мене на оваа тема можеби повторно ке се навратам некој друг ден.
A дали знаеш дека токму Фројд го смета клиторалниот оргазам кај жената за незрел, детинест и својствен за пубертетот и тврди дека понатаму не ни треба да го применува затоа што вистински оргазам жената може да достигне единствено преку стимулација на Г-точката (нешто што жена не може да и го направи на друга жена секако освен ако не си пикаат четки и сукалки една на друга, ама колку е тоа пријатно ). Кога веќе сте го спомнале Фројд и теории за бисексуалност.
Убаво ти текна ова за Фројд околу клиторалниот оргазам го имам ова прочитано. Фројд е контраверзен- тоа е факт. И напишав уште еднаш на темава зашто нешто заборавив во претходниот пост, а претходно бев извадена од контекст со нешто што го напиша Злата. Значи, јас не го потценувам Фројд во целост, јасно ми е дека Фројд многу направил за психоаналитиката, ги поставил темелите и т. н., јас потценувам одредени негови теории кои ни науката не ги има прифатено. Тоа дека секој еден е роден бисексуалец, е глупост и с*ање и си стојам на тоа дека Фројд бил крајно и нестабилен кога ја изнел таа теорија која патем самиот си ја побил кога го кажал тоа за клиторалниот оргазам кај жените (освен ако не мислел строго на мажите кога зборувал за бисексуалноста ). Јас сум сигурна и знам дека е глупост, мене никогаш не ме привлекла особа од сопствениот пол, така и најголем дел од луѓето никогаш не се почуствувале привлечени од сопствениот пол. Тоа е доказ за невалидноста на теоријава. Ако некој сака да биде бисексуалец, негова работа, само нека не ги набедува и другите дека се природно такви со небулозни теории затоа што не се, кратко и јасно- непобитен факт.
Епа секој човек е роден бисексуалец, арно кажал Фројд. Подоцна ќе одлучи дали ќе биде хетеро или хомо или пак ќе си остане би. Не сфаќајте се толку буквално.
А како тоа мене никогаш не ме привлекувале жени? И како тоа никогаш не сум размислувала дали сакам да бидам хетеро или хомо туку едноставно сум почнала да се загледувам по мажи, а самата помисла да бидам со жена ми е одвратна? Тоа дека секој е би е... Фројдова небулоза. Не постојат никакви научни докази кои ќе ја поткрепат таа теорија така да, за мене е неприфатлива теорија... Одредени луѓе се хомо или би, повеќето се хетеро (според мене од раѓање)
Антила значи секој човек е роден како бисексалец! Тоа е факт што никој не може да го негира. Пошо има многу бисексуалци и хомосексуалци! Е подоцна човек одбира што ќе биде - хомо или хетеро. Обично повеќето се пронаоѓаат во пубертетот, некои уште од мали знаат, а некои многу подоцна.Ти си одбрала да бидеш хетеро, а јас да бидам хомосексуалец(пример кажувам само ) Значи на почетокот се развива како потенцијал и се остава можност човекот да избира. На кој средина му влијае, на кој му е нешто до генот не знам...Доказ за тоа се хомосексуалците и бисексуалците!