1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Секс со женско: да или не?

Дискусија во 'Секс' започната од malecka15, 29 ноември 2009.

?

Би имале ли секс со жена?

  1. Да, би сакала да пробам

    1.029 глас(а)
    44,5%
  2. Не, никако

    1.053 глас(а)
    45,5%
  3. Веќе сум имала

    230 глас(а)
    9,9%
  1. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Магнолија, морам да те негирам.

    Секој фетус на почетокот е женски.Затоа мажите имаат на пример, брадавици, млечни жлезди (кои не функционираат).
    Шест до осум недели од зачнувањето, машкиот фетус добива голема доза машки хормони кога се формираат тестисите, а потоа уште една доза кога женскиот мозок се трансформира во машки.Ако машкиот фетус од некоја причина не добие доволна доза машки хормони може да се роди бебе чиј мозок ќе биде повеќе женски отколку машки и ќе биде хомосексуалец или ќе се роди бебе со потполно женски мозок, а машки гениталии-трансексуалец.

    Не постојат цврсти докази дека од воспитувањето зависи дали детето ќе стане хомосексуалец
    Хомосексуалноста доаѓа со раѓањето.

    Ова го преведов од книга, го читав одамна и оттогаш комплетно е сменето мое мислење за нив.
    Кога една професорка во средно ни велеше дека природата си поиграла со нив, не сфаќав, ама сега да.
     
    На oktavija му/ѝ се допаѓа ова.
  2. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    А јас пак се држам до тоа дека генетски е предодредено дали некој ќе биде хетеро или хомо.
    Медицината тврди дека хомосексуалноста се должи на недостаток на одреден хормон а вишок на друг.
    Како што реков, не се мешам во сексуална определба, ама пак се противам на тоа дека секој е роден бисексуалец, нема никакви цврсти докази кои би ме увериле во спротивното. И се држам кон тврдењата на медицината и генетиката, поголема логика наоѓам таму.
    edit Сега гледам дека FEMINA90 го постирала истото погоре, ете, за тоа зборам.
     
    На oktavija му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.649
    Епа Фемина90 ај тогаш пробај да ги дефинираш бисексуалците. Не го негирам примерот за машките хормони иако тоа за млечните жлезди кај мажите ми е смешно и воопшто не ми е верно :D
    Постојат мажи и жени со океј хормони и пак се бисексуалци. Луѓе бре, тие одбрале така не знам веќе како да објаснам, да нацртам, да обојам...
    Уште со самото раѓање, уште при самото зачнување пред индивидуата се отвараат многу можности дали тоа или тоа или пак и двете тоа :D
    Тоа е исто како да се каже: секој човек е роден или крадец или не е роден за да биде крадец!
    Пошо нема измеѓу!
    Е овде е примерот со би.
     
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Не знам зашто тие смешно за жлездите, не само што имаат млечни жлезди, туку и пролактин и окситоцин.

    Верувам дека и кај бисексуалците улога играат хормоните.
     
  5. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    2.425
    Пол:
    Машки
    Јас мислам дека е сепак нешто вродено,дали е нешто во врска со гени дали со чуда не знам.
    Но знам дека работава дефинитивно не е работа на избор,као некој од утре ќе донесе одлука да
    биде геј.Не може едноставно.Мене ме привлекуваат само девојки,а не машки и точка.
    Тоа е нешто вродено.Истото важи и за девојките по мене,иако не сум баш сигурен за девојките. :D

    Инаку Фројд е п.дер,јас сум му лут.Се растури од пишување,а не успеа да даде одговор на
    прашањето што сакаат жените.Сега ние се мачиме. :D
     
  6. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Е ако де ако жена не те мачи кој друг :D , ептен монотон ќе ни беше животот да знаевме што сакаат, вака стално мора да ни работи мозок, нема опуштање :D.
     
    На MarchelineAmaru и HardSex им се допаѓа ова.
  7. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    2.425
    Пол:
    Машки
    Јас не се ни трудам да дознаам што сакаат веќе.Битно е јас знам што сакам.
    Кога функционирам на таа бранова должина,се е како подмачкано. :D

    Во многу ретки случаеви, кога и најумерен интерес ќе се пројави кај мене за тоа прашање,
    запаѓам у тешки срања,и започнува процесот на мачење. :D
     
    На MarchelineAmaru и XMaN им се допаѓа ова.
  8. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.400
    Допаѓања:
    91.282
    Пол:
    Женски
    штом има толку девојки што им е убаво да имаат секс со девојка сигурно има убавина во тоа нешто. Но, јас не сум за тоа. Не би можела. Не дека не се воодушевувам на женската убавина, но не ме привлекуваат. Си сакам момак до мене, снажен, па да ме зграби :wasntme: а не жена бре! Па тоа гарант би било нешто нежно и лигаво.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  9. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Добро кажано, сите повремено запаѓаме во таа замка :D.
     
    На MarchelineAmaru и HardSex им се допаѓа ова.
  10. MiaBeMia

    MiaBeMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    35
    Не си баш за се грешка изгледа, баш ме изненади дека одамна си прочитала вакви податоци. Имаше на national geographic channel многу добра научна емисија во која е прикажано кои се причините поради кои некои луѓе се раѓаат како хомосексуалци, тие се раѓаат така а не избираат да бидат тоа што се, имаше многу интересно и точно прикажано според истражувања како се случува тоа. Прво морам да ти кажам дека кога се ствара фетусот не е женско, бидејќи ако е оплодена јајце клетката од икс сперматозоид секако ќе биде машко, а ако е од ипсилон ќе биде женско.
    Полот на фетусот ако е машко прво се создаваат тестиси и тие тестиси произведуваат тестостерон кој се качува во мозокот на фетусот и ако мозокот добие нормална количина на тестостерон (доволна) ќе се роди хетеросексуалец, но возможно е, и тоа не ретко да се случи да не добие доволна количина или воопшто да не дојде тестостерон во мозокот, со што автоматски се раѓа хомосексуалец, или ако воопшто не дојде асексуалец. Првото истражување што беше прикажано како пример беа двајца машки близнаци од кои едниот е хетеросексуалец а другиот е хомосексуалец. Е сега, им ја истражувале ДНК-та и како што и се очекува им е потполно иста, потоа гените, и тие потполно исти ... што значи дека со 100% сигурност не е генетски и не е болест или што и да било друго. Туку едноставно количината на тестостерон во мозокот на фетусот е пресудна за неговата сексуалност.
    Интересно е тоа што научниците тврдат дека природно жените не е возможно да бидат хомосексуалци, дека тоа е веќе прашање од областа на психологијата. Еден наш доктор пред едно 5-6 години на телевизија го гледав и тврдеше, како и научнициве, дека не е возможно жена природно да биде родена како хомосексуалец.
     
    На mademoiselle84 и oktavija им се допаѓа ова.
  11. parrot

    parrot Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    499
    Аууу божичко, што се напнавте толку кој што рекол :^) ?! Ко в очи да ви брцнале. Незнам Фројд, незнам така пиши таму, вака слушнав ваму, онака рекоа онаму!
    Па имаш тука варијации на тема како биле Адам и Ева, а не Ева и Ева, па грев, па болест па фетуси па хормони. |(
    И Фројд да чита овде дискусии ќе се збрка сиромав.
    Ја направивте темава од едноставна дали би имале секс со женско до толкување на корени на хомосексуалноста :fubar: !
    На крај краева кого уопште занима што рекол некој старец пред век и пол или што рекол некој вчера на discovery? Ако некој нешто сака да направи ќе го направи без разлика кој што мислел или измислил пред 100 год.

    Гледам луѓево пред да убијат некого погледнуваат у библија шо пишува, дали смеат. |(

    Што се однесува до темава се имам изјаснето, али морав да се вклучам во дискусијава очи ми ископа.

    Ајт позз!
     
    На mackica-1, mademoiselle84 и marshmallow им се допаѓа ова.
  12. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    Баш сега интересна дискусија се разви. Во секој случај подобро е вака со аргументи, отколку "јас да, би пробала, јас не гадно ми е".
    И тоа кај бисексуалците е нарушен баланс на хормони.
    Се согласувам дека не секој е бисексуалец, поточно реткокој е хомо или бисексуалец. Точно, како што беше напишано погоре, природата се поиграла со нив. Ама за оние што само тераат мода или така само сакаат да привлекуваат внимание немам коментар :x :x :x . Тоа дека жените не можеле да бидат хомосексуалци природно и дека со тоа веќе психологијата треба да се занимава исто така имам слушнато. Верувам дека е природа во прашање, само не ми е јасно зошто кај животните нема вакви појави :?:
     
  13. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.649
    Точно дека природата си го прави своето.
    Ама ајде ако според Фројд секој се раѓа хомосексуалец, да се буниме дека не е така. Тој напоменал дека секој се раѓа како бисексуалец, значи од тој човек постои можност да испадне хомосексуалец.
    Стварно не знам веќе како да објаснам...
     
  14. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Јас нема да се согласам со тоа дека се раѓаш како хомосексуалец или бисексуалец или др. Сепак мислам дека тоа доаѓа понатаму и се определуваш сексуално. Не мора сега да биде тоа медицински докажано туку не е логично. Сите се раѓаме еднакво како машко и женско!! Тоа е моето мислење и стварно мислам дека не треба тука да се дискутира тоа..
     
  15. MiaBeMia

    MiaBeMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    35
    Да и мене исто не ми е јасно зошто :?: а може би и има :) . Инаку ова што го пишав погоре не е мое мислење и ве молам не ме осудувајте. Точно е дека му избегавме малку на прашањето, еве јас се извинувам и ако сакате нема повеќе да дискутирам. А еве ви и одговор, кој што не беше наведен во анкетата, а тоа е: не сум помислила никогаш и не знам, до сега искрено не ме привлекла ни една девојка, љуботност е едно а посакување друго. Во едно сум сигурна маж си е маж бре, коа ќе ме грабне ... тоа е тоа :)
     
  16. MiaBeMia

    MiaBeMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    35
    хахахахаха ме изнасмеа ... работава ... Адам и Ева и точка ... не знам зошто да не и веруваш на науката кога знаеш дека не изложува неодржани факти. Ако ме прочита погоре ќе ти стане логично, ако на докторите и научниците им е логично а тебе не, значи ти си проучувала, значи дека си стручна, можеби, не знам, може си доктор, а ако е така се извинувам.

    Еве ти гледај па размисли http://youtu.be/saO_RFWWVVA
     
  17. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    243
    Па јас не би, незнам зашто. А имам една другарка мажена е има дете и си носи дома жени си има секс со нив маж и ништо не и брани :fubar: значи тоа неможам да го разберам ама ајде. Она вика дека неможе а да нема секс со жена тоа го смета како некоја секојдневна потреба неможе да се замисли без жена, има некое пореметување на хормони што ли знам ајде се ќе разбереш ама маж и дете има и сеуште се глупира.
     
  18. parrot

    parrot Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    499
    Кој бе нема кај животните? Дојди да ми го видиш кучето, жив педер! :D Озбилно!

    А што се однесува до тоа дека немало многу геј и би луѓе е тоа незнам баш. Се повеќе ги има, а не е дека ги немало, од кога постои човекот постои и таа појава, тука нема ништо спорно.
    А денес во се полибералниве општества некако се повеќе се оние кои се изјаснуваат како такви.
    Пред година дена мислам дека имаше една неофицијална статистика според која во Македонија има само 100.000 т.е. 5% од популацијата. Нешо као Македонија и Грција први на Балканот беа по тоа знам на вести нешто збореа.
    Бар во нешто сме рамо до рамо со нашиот јужен сосед :D :D
    Ма да сепак мислам мислам дека кај повеќето помодарство е во прашање. Ај што да правам денес, дај ќе се залапам со другарка ми и од денес до наредната недела сум лезбејка :?: Ма дај!
    А што се однесува до тоа од каде потекнува таа појава, мислам дека не потекнува, туку секој има право на избор, и не верувам дека е болест, пореметување бла бла.
    Никогаш во живот не сум погледнала женско, а секогаш сум била и мета на женски меѓу другото ( don`t ask |( ) но во ниту еден случај не ме заинтересирале. Но сепак, верувам во хемија помеѓу двајца, а не во тоа дека таа хемија мора да биде меѓу личности од спротивен пол.
     
    На nela.oh му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Тогаш и се согласувате со теоријата на Томас Хобс дека сите се раѓаат добри и лоши.. ова е човек на човека му е волк
    И тоа беше мое мислење.. никој не се спротистави на твоето па да се смееш!!

    Сакаш согласи се сакаш не-твоја работа!
     
  20. MiaBeMia

    MiaBeMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    35
    Тоа не е мое мислење, не се работи за уметничка слика па да дадам мислење дали е убава или не, и верувам на науката затоа што приложува факти.