1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Секс со женско: да или не?

Дискусија во 'Секс' започната од malecka15, 29 ноември 2009.

?

Би имале ли секс со жена?

  1. Да, би сакала да пробам

    1.029 глас(а)
    44,5%
  2. Не, никако

    1.053 глас(а)
    45,5%
  3. Веќе сум имала

    230 глас(а)
    9,9%
  1. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Седмица немој да се расправаш и навредуваш. Македонија пати од вакви како тебе братче со вакви сфаќања незнам до каде ќе одиме ама најверојатно во пропаст. Секој си има право да си го живее животот како што сака. Јас не ја осудувам ниту нејзе ниту некој друг и толку. Престанете со тие заостанати сфаќања во другите држави и брак на жена со жена е нормален си посвојуваат детенце и толку. До каде со овие размислувања? Затоа и државата ни е таква каква што е. А кој ја прави државата? Ние луѓето. Додека ние не се смениме и не престанеме да размислуваме толку .. да некажам како и само да осудуваме никогаш нема да се промени ова што е. И тоа што било во минатото било и поминало погледни зад себе немаш направено грешка? Глава сечам дека имаш, никој не е безгрешен. Таа живее во сегашноста и треба да размислува за иднината не се минатото. И реално гледано секој го за нешто покажуваат со прст. Од мравка се прави слон. Ти ако го имаш исшетано 40% од светот јас сум манекенка тогаш. Извини ама со твоите размислувања ми личиш на личност која не гледа подалеку од носот и мисли дека само тој е во право. Е форумот не е за тоа, ако не ти се допаѓа тоа што таа била со женско не коментирај и онака не си прашан за мислење а ти не си никој и ништо за да ја осудуваш неа. Тука сме да размениме мислење или искуство а не е работата јас сум во право ти не си и да се инаетиме и караме. И болест да е и што и да е тоа е нејзина работа. И повеќе не дискутирам оти не ме интересира за туѓи животи. Јас не ја осудувам и толку. Дали е правилно тоа или не искрено незнам ама јас не би била во таква врска, но никогаш незнаеш што ќе ти донесе утре.
     
    На martina98, fairy90, zan4etooooo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Sedmica

    Sedmica Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    149
    јас го кажувам моето мислење,а правото на говор никој неможе да ми го забрани,јас кажав дека според мене тоа што она го поминала не е нормално,и никогаш во животот не би направил такво нешто,мојте сваќања се нормални и стабилни,објасни се на што личи да идат женско со женско?па нема да ме убедиш дека е нормално па што сака нека биде,господ создал маж и жена и крај.а за твоја информација да баш 40% од светот го имам прошетано,и не ме интересира ти што мислиш за мене кај јас гледам,мн убаво знам јас кај гледам,сум направил грешки ама не такви фатални што целиот живот ке носат тежина.а може и си манекенка хахаха,јас не викам дека само јас сум во право,јас кажувам како треба да функционирам еден свет,маж и жена све е кажано.нема потреба да бидам јас прашан,ова е форум и можам каде сакам да си коментирам.јас го кажав моето мислење за нејзината врска со ист пол,и на тоа ке стојам секогаш дека не е нормално,јас и се извинив културно без да свати навреда,тоа е реалноста.
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  3. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дека секој има право на свое мислење ама истото тоа мислење на треба да биде навредливо. Ти пред се го осдувваш нејзиното минато и немаш право на тоа. Таа не живее во минатото, живее во сегашноста. Имала таква врска, ја прекинала се омажила и крај на приказната јас не гледам проблем. До кога бре луѓе ќе судиме секому по минатото, до кога? И ти викаш си го прошетал 40% од светот епа само да те прашам во светот сите вака ли се однесуваат осудуваат, навредуваат каде ќе стигнат и судат по минатото? Ако не си знаел има земји каде што е нормално вакво нешто. Реално да погледнеме секоја девојка и секој човек зад себе во животот има направено некоја грешка. Ако вака осудуваме сите сме за осудување. Ако жената што ќе ја земеш ти е невина незначи дека нема направено некоја друга грешка, не е се во невиноста. И однесувањето ти е многу незнам каков збор да изнајдам. Не те навредувам далеко било ама мислењата ти се заостанати ти кажувам отворено. И не гледам воопшто проблем од нејзината врска со женско а ти правиш проблем од тоа. И не планирам повеќе да ти објаснувам ништо а уште помалку да се карам. Секој има право на говор ама не и да суди овде по анонимни форуми. И со 5 жени да била во врска ти не си никој за да кажуваш дека ја покажувале со прст и дека мажот и требал да се срами од неа, тоа не е твоја работа. На крај краишта ако ти се допаѓа темата искоментирај нешто саалм што би рекла баба ми, ако не ти се допаѓа нема потреба ни да коментираш. Мене тие теми што не ми се допаѓаат јас воопшто и не коментирам таму а уште помалку да судам некому. И не си ти никој за да кажуваш што е нормално а што не. Нормално е тоа да му судиш на некој што не го знаеш? Ете и тоа не е нормално па ти го правиш.
     
    На MaggieTatum, fairy90, zan4etooooo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. AziskaStrslenka

    AziskaStrslenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    3.509
    Пол:
    Женски
    Шта ти БИ? :D Можда не ги сака БИмилк,што ти е? :D :lol:
    Се шалам.
    Јас не би имала,само бидејќи едноставно ете,не се палам на девојки.
     
    На Youknow и luci22 им се допаѓа ова.
  5. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.501
    Пол:
    Женски
    Веројатно се мувала со онаа милана млекарка шо е на опаковката на БИмилк, затоа вика сум се мувала али не сум БИ :D
     
    На AziskaStrslenka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. smurfettee

    smurfettee Активен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2014
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Не,а и несакам. Кога имам секс со машко,се знае и чивства и нежност и се. Вака некако не интересно делува.. Што би правела со девојка?!
     
    На Youknow му/ѝ се допаѓа ова.
  7. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Порано не можев да помислам на такво нешто , али почнав да се дружам со геј момци и кога ги гледам нив , помислувам дека можеби стварно постои личност на светов што може да сака некој искрено. Немам пробано со женско , не знам дали можам али ваљда ради мојава околина имам желба некогаш. И многу ми е жал што порано ги осудував ЛГБТ , секој си има право на свој живот :)
     
    На GreenEyedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.412
    Пол:
    Женски
    И јас сум БИ-милк...........
    Искрено не се сеќавам, станувам сенилна. :fubar:
     
    На skinnylove и luci22 им се допаѓа ова.
  9. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    Јас сум маж исто и не можам да ги разберам тие мажи што се плашат дека некој ќе ги покаже со прст. Секој си има некоја судбина предодредено, секој поминал различен пат од тој што ние сме го минале. Според мене, вистинскиот маж треба да е сигурен во себе. Како може да го поколеба тоа што девојка му имала врска со друга девојка за да ја земе за жена? Еве, да речеме, се запознале дечково и девојкава, има некоја хемија, поминува некое време. Се запознаваат, си значат нешто еден на друг. По некое време почнуваат да се отвараат, за минатото нивно. Тој дознава за нејзината врска со девојка. И? Чао пријатно? Не, не иде тоа така. Прашање е, ти значи ли нешто девојката со која си или не? Не викам дека преку се треба да се помине, но не јадела живи луѓе!

    Седмица, извини, но колку да се знае дека не сме сите мажи исти.
     
    На MaggieTatum, E.Longoria, fairy90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. E.Longoria

    E.Longoria Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Thank God for that Doubleg! :)
     
  11. Cucci19

    Cucci19 Нов член

    Се зачлени на:
    7 септември 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    4
    Не сум пробала, а не ни сакам.
    Но, сепак немам ништо против тоа. :)
     
    На Twinkles и chicaboom3 им се допаѓа ова.
  12. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.891
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Фери 90 е вака баш ме заинтригира твојот случај. :D Шала настрана и јас да сум маж не би земал жена што била 6 години со друга жена, односно не би се омажила со маж кој претходно имал врска со лице од ист пол. Ама не поради тоа што ќе ме покажуваат со прст, ами поради тоа што цел живот ќе се прашувам дали сум доволна оти реално полот не можам да го сменам(те можам ама не би сакала :D ), мислам дека секогаш ќе ме мачи тоа дали другарот е само другар и дали јас комплетно го исполнувам. А 6 годишна врска не ми асоцира на младост лудост или експериментирање туку веќе на цврста сексуална ориентација. Ќе се чуствувам дека не се работи за искрена љубов туку само средство за да се вклопи во општеството или несвесно да се принудува да биде ист како другите преку мене.

    Исклучоци секогаш има, да не се навредиш си кажувам мислење.
     
  13. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Мене ме чуди само една работа, доколку за некоја особа не се знае дека е лезбејка или би, таа е супер другарка, добра сосетка, и одеднаш кога ќе почне да се шушка бидејки кај нас ништо не останува тајна, почнуваат со дрва и камења, по таа особа иако таа особа нималку не се променила.
    Она што посебно ми е чудно што некои девојки кои се тотално неинформирани, престануваат да се дружат со својата другарка затоа што таа била лезбејка или би.
    Па штоако е? Сигурно нема да ве силува, па и вашиот другар сака девојки па не бегате од него. Нели е малку нелогички и покажува како вашиот ум може непотребно да ви создаде непотребни фобии.
    Јас сум би, и порано се имам изјаснето но тоа незначи дека им се пуштам на сите другарки или дека недај боже ги силувам.
    Затоа дружете се со некого или почитувајте го по тоа каква личност е а не со кого сексуално општи и кому се моли.
     
    На Scorpio991, IamSexyAndIKnowIt, Myst1e и 5 други им се допаѓа ова.
  14. fairy90

    fairy90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Не се навредувам,вака сега да објаснам мене женски не ме привлекуваат ме привлекувала само таа што бев со неа,иначе претходно си бев и сеуште сум по машки,значи не сум лезбејка ни би,да се разбереме.Ете тогаш така се роди некоја љубов тогаш и се влечевме толку време.Почна од кога бев 2 година средно,после тоа се беше навика. :)
     
    На bombona23 и mimiiiii им се допаѓа ова.
  15. AnaKlarc

    AnaKlarc Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Не но интересно ми се чини :D
     
    На Milenalena, Majakisss и Teen.girl-18teen им се допаѓа ова.
  16. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.412
    Пол:
    Женски
    Да се разбереме една работа. Секој од женски пол, сакале вие да признаете или не си има период на лезбос, во период на почеток на тинејџерство. Тогаш мислењата се поделени и бидејќи се дружиме повеќе со лица од женски пол нормално да се роди и симпатија.
    Е ајде сега да ве видам колку сте искрени. Сепак не верувам дека ќе признаете. Ја нападнавме сите Fairy иако не можам да ја разберам дека не е лезбос , а била толку години со лик од исти пол. Ама нејсе секој си знае.
     
    На Janina, Strumka22 и fairy90 им се допаѓа ова.
  17. bombona23

    bombona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2014
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    1.817
    Постојат луѓе кои не се свесни за својата ориентација, и некои кои знаат, а не сакаат да си признаат, бидејќи полесно им е да бидат "нормални" за средината. Хм... темата овде е секс со женско. Но која е разликата од секс со женско и секс со машко. Сексот е потреба, меѓусебна конекција и страст помеѓу две особи, што е битно од каков пол се тие особи. Мене ме привлекуваат романтично и сексуално и мажите и жените. Јас не гледам ништо лошо во тоа да имам секс со таа личност што ме привлекува.
    И мислам дека секој би можел да се заљуби во личност од ист пол да не е светот ваков конзервативен поголемиот дел. А вака како што е сега со етикетирање се помешуваат тие чувства на љубов со фобија, збунетост и омраза и нема слобода. :angel:
     
  18. Goticarka

    Goticarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    139
    Пол:
    Женски
    како љубипитна би сакала
     
    На Black arrow, GreenEyedGirl и Teen.girl-18teen им се допаѓа ова.
  19. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Браво госпого или госпогице Daleron потполно сте во право околу тоа што го кажавте сите ние имаме таква фаза во животот со тоа што некои се плашат себеси да си признаат а камоли јавно.
    Голем дел не пробале воопшто ниту ќе пробаат од пусти страв, па неретко ќе добијам прашање од особи кои секако немаат храброст ниту да ме погледнат во очи, како е со женко?
    И, во продолжение пред да го добијат одговорот следи оправдување, ма јас никогаш не сум ни помислила на такво нешто него чисто ме интересира.
    А, јас им вокам како да ви објаснам а да ме сватите и да ви го доловам тоа чувство, тоа ти е како на оние од Африка, да им објаснуваш како е ладно во Сибир, а никогаш не почувствувале студ, и обратно.
    Значи чувството е тотално спротивно и многу поинакво од она со маж.
    Затоа велам, имате право да не сакате вие да пробате, но немате право да ги дискриминирате лугето како да се сексуални манијаци. Лезбејките и бисексуалките се буквално исти како и жените кои се хетеросексуално ориентирани. Баталете ги оние застарени сваќања дека нетреба да се дружите со некој што има спротивна сексуална ориентација од вас, или дека нетреба да го вработите.... Тоа не се манијаци и не им пишува на чело, ниту па би легнале со било која. Тотално е безопасно да се дружите со лезбејки исто како со мажи. Може да се роди љуов но тоа не е ништо страшно, само колу пати ни се има случено другар да се заљуби во нас, и што? Ќе го одбиеш и готово.
    Жалосно е само што ги осудуваме лугето а за тоа немаме некоја посебна причина, туку честопати само затоа што некоја ни изгледа како лезбејка или педер, секако по некои застарени сваќања, кога девојки што се депилирале доле биле курви а мажи што средувале пазуви или гради биле педери.
    Еве јас сум со Бисексуална ориентација ако тоа нешто ви значи, иако мислам дека тој факт од порано ви беше познат, па се надевам дека сега нема да ме гледате поинаку од претходно и дека ќе смогнете храброст ако не сите БИ, и ЛЕЗБО ориентирани да признаете тука и да кажете да, јас сум БИ или ЛЕЗБО
    а, не срамежлио да кажете би пробала но од радозналост.
     
    На caroline.costa, Scorpio991 и Daleron им се допаѓа ова.
  20. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    Никогаш,никаде и за ништо на светот не би!!!
    Се знае Господ кој ги створил за секс! Никогаш не сум погледнала некое женско по улица,другарка,пријателка со тие очи,па ниту сум замислувала некогаш,или сонувала за таа варијанта!
    Не осудувам никого,имам женско чедо и јас,Боже сачувај,никогаш незнаеш што ќе биде утре,а не по неколку години,кога ќе пораснат!!!

    Затоа не дробете празни муабети,дека нема,не постои некоја што не помислила на тоа!!! :!: