Здраво на сите, Веќе подолго време го следам форумов,па конечно се решив да прашам за мислење. Долго време ме привлекува сексуално еден колега од работа,незнам како да постапам? Дали сте имале слично искуство или како би постапиле вие во ваква ситуација?
Сексуална врска со колега? да или не Gorde87, Не се препорачуваат такви ризици на работа. Ако не успеете заедно како ќе се гледате потоа и како ќе соработувате. Твоја е одлуката што ќе направиш, мој совет ти е да не впушташ во таа врска затоа што може да бидеш повредена и да посакаш да не си вработена па да сакаш ново работно место и тоа ќе ти го искомплицира животот.
Бидејќи не сум била во таква ситуација и досега не сум сакала да имам ништо со колега, сепак ако се појави некоја привлечност или хемија меѓу нас ( од двете страни значи ) зошто да не.
Зависи... Ако врската личи на нешто а не е само строго сексуална зошто да не.Ако сте доволно свесни да знаете до каде смеете да одите. Но... Ако еден ден заврши онака како што не сакаш,како ќе работиш и ќе го гледаш... Плус ,ако има некој лев карактер може да те смета за своина,да те уценува,да зборува пред другите за тебе,да нафилува и нешто што не било...Човек се изобличува ако нешто не му е по кеф па може и да настрадаш... Јас сепак би ти рекла не...
Ова со лебот нели се однесува за секс со газдата како би ти зависело работното место ако имаш секс со колега? освен ако не дозволува такви врски политиката на фирмата
И те како се однесува, барем од моја гледна точка. Не сакам платата да ми виси на конец и директно да зависи од расположението на газдата. А искрено, не сакам ни да се бламирам доколку некој колега реши да изјавува љубов, да ме освојува или да се фали. Просто е - секс на работно место е премногу комплицирана работа со премногу ризици.
@Rebecca_R темата гласи секс со колега, значи ниту со газда, ниту на работно место е потенцирано. Зашто би зависела платата доколку некоја би имала односи со колега, има многу примери каде што се родиле љубови на работни места меѓу колегите. Тоа со фалење е одраз на карактер, може и со пријател да имаш односи и истиот да се фали пред друштво. Така да на оваа тема, никогаш не вели никогаш
Мислам дека темава е за оној секс ради авантура без никакви емоции. Може и газадата да е колега, ама океј, ајде да кажеме дека сексот е со колега од кого не ти зависи работното место. Зошто? Нема доволно машки на светот па мора баш колега? Деконцентрација, шушкање во колективот, икс-непријатни ситуации. На крајот на краиштата не би сакала работата и љубовта да ми се споени во едно. Јас на оваа тема одговорно тврдам - никогаш.
не е толку страшна темата па да се прави драма, далеку посрамни и пострашни работи постојат, па и да би била со некој од друга вера сигурно би ми рекле: кај го најде од толку машки??? Иако тоа е сосема друга тема, така да кај што ќе се појави енергија, емоција, разумот не преовладува ниту се прават калкулации.
Епа сеа ако се привлекуваме еден со друг ќе дое до секс кад тад ама ако: не сум мажена, не е женет, немам партнер никаков, нема ни он партнерка. Во друг случај нека е привлечен колку сака. Не можеш со секој што ти е привлечен секс да имаш.
Бевме колеги 3 години од кои 2 бевме во врска.Работата си ја вршевме одговорно не ни пречеше тоа што сме во врска.На работа се знае работа ,а надвор од неа сето останатоВрската по три години ја завршивме со брак и сеуште сме во брак
Е да, и мене ме привлекува колега, НО си траам. Нит сакам некој ден да тргне на лошо па да се гледаме на страна да не е тоа што е сега зафрканции и слично. А и работата не сакам да ја загубам. така да тоа че ми бидне само неостварена желба.
Со колега незнам, ама со претпоставен во никој случај не би требало да си фаќаш работа затоа што кога ќе посакаш да ставиш крај тогаш ќе се соочиш со уцени кои тотално ќе ти го уништат живото. Инаку се согласувам со оние кои рекоа дека не можеш да бираш во кого ќе се заљубиш но можеш да бираш со кого ќе легнеш. Да се заљубиш е едно а да одлучиш со некого да легнеш нешто сосема друго.
Па ако не престане колегата така секси да си ги завртува ракавите од кошулата секогаш кога вози не одговарам за последиците