1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Секс со муслиман

Дискусија во 'Канта' започната од Piinky, 27 јули 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. madmasel

    madmasel Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    17
    Dајдреам искрено како сакас свакај знаес не ме занима ..))) горда сум и многу сум им благодарна на моите родители сто ме васпитаа европски така да јас со овој менталитет сто повекето зенски едно 90% имаат и од една и друга страна погресни сваканја мене бас ми е зал...али тоа е......мое е да има сто повеке лјубов друзби и другарство без разлика на вера и националност посо гледам не иде на арно вака....

    п.с. се извинувам сто вака писував одозгора поентата е сто никогас немам писувано мак на пс па се надевам нема да ми замерувате ) имај те си убав ден и сакај те се ...
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Јас познавам семејство во кое со генерации мажите муслимани земаат наши жени.
    Ама мажите ги воспитале да бидат вистински мажи и да ги ценат жените кои ги избрале. За менување вера не станало ни збор, а за гардероба помодерни се од мене.

    Сите тие страшни работи кои може да ги доживее некој покрај муслиман, може да ги доживее и покрај христијанин, ако не е воспитан да сака, да почитува и да заштитува.
     
    На Limpan, Dgirlll и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  3. madmasel

    madmasel Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    17
    Tацно многу тацно ова го каза али не е веке таа атмосфера во која јас растев и ти се надевам дека си од 80 генерации тие беа денови полнии со лјубов разбиранја друзенје убави времинја али ова време сега сто го зивеам и гледам не ме радуваа воопсто али ете сепак европа многу ме смени и многу сум срекна ....а религија ....сум многу религиозна си ја поцитувам мојата вера и + други вери поцитувам и не треба тоа да биде одраз на некоја врска како сто каза ти Tессие )
     
    На Dgirlll и tessie им се допаѓа ова.
  4. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Kако бе нема врска религијата,ајде сега сите да бидеме муслимани,башка детето како ке го крстис Mуртезан или Mарјан,ај не ширите негативна енергија.

    не сакам да бидам европоски човек.
    ни јас повеќе не би коментирал зашто е многу осетлива тема,ама пак ни јас несакам некој да ми наметнува дека е ако од друга вера нема врска тоа битно е љубовта итн,тука не се сложувам.
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    А зошто името да биде христијанско или муслиманско воопшто? Зошто воопшто да му се наметнува на дете кое се`уште ништо не разбира? Во вакви случаи вообичаено даваат неутрални имиња (пример Денис, Сара) и потоа кога ќе пораснат сами си одлучуваат што ќе бидат за што родителите не ни мора да знаат.

    Религија е дел од нечија интима, исповедите зошто се тајни? Тоа е лична работа во која никој не смее да се меша. Тој кој те сака, ќе те сака таков каков што си. Зошто да не се слават двојно повеќе празници во една куќа? Зошто и едниот и другиот да не бидат прифатени? И во голем број од случаите и се прифатени. А оној кој наметнува детето да се вика Муртезан, а не Марјан и обратно, не ја ни сака жената која е покрај него, туку ја гледа како одреден вид трофеј/достигнување демек „еееј, зедов христијанка/муслиманка“. А таквите типови кои се фалат „легнав христијанка/муслиманка“ или за било кој аспект од нивниот интимен живот, не се привлечни ни за оние девојки кои делат иста вера со нив.
     
    На Dgirlll и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  6. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Ај вака сега.
    Значи јас лично никогаш во животот не сум била, а и не би била со муслиман. Зборам за врска, за дечко, за брак итн. Тоа го разјаснивме.

    Второ, секој муслиман го прифаќам за пријател освен овие нашиве муслимани овде, знаете за кого зборам. Кој како сака нека ме сфати и нека ме мисли и дека живеам пред 200 години, јас така размислувам и тоа така ќе си остане. Заради тоа што неможам јас некого да гушнам како пријател, а да знам дека пред 10 години неговиот татко ја запалил мојата црква или нечија куќа. Не е работата дека мене религијата ми смета јас со тоа немам никаков проблем. Ете во средно најдобриот другар ми беше турчин. Седевме во иста клупа. Предобра личност. Сме разговарале и со него на оваа тема, можев слободно се да си кажам. Ме поддржувал целосно. И јасни му биле многу работи.

    Можам и јас сега тука да се правам дека сум европски воспитана или незнам ти како ама душата од внатре не ми ги сака. Џабе е се останато. Ете толку од мене. Не коментирам повеќе.
     
    На BlackMarket и vitomir им се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Јас донекаде сум благодарна што не ми се случило да имам врска со муслиман тука или да се вљубам во него. Затоа што јас не сум човек кој знае да поттисне љубов. Затоа и се борев за сопствениот брак.

    А зошто донекаде сум благодарна? Затоа што гледам и жал ми паѓа за тоа како се плукани и оцрнувани некои девојчиња затоа што имале врска со муслиман. А од друга страна гледам тешки к***ештии како се супер прифатени, мажите им се тресат и сите ги почитуваат. Епа не е фер. И не е убаво размислување. И е размислување со кое мажите сами си ги бркаат фините девојчиња од нив и после нормално најчесто мислат дека сите жени се курви.

    Daydream, знам за кои мислиш, но јас не сакам врз основа на една лесно потпаллива багра да судам за цела националност. Се` е тоа и политички изрежирано ако ме прашуваш мене. Меѓу нашине зар нема такви? Што те колнат и те тепаат затоа што не си од одредена партија. А таквите лесно потпалливи групи на луѓе се најекспонирани затоа што нивното однесување најмногу им одговара на некои други.

    Зборувам затоа што сум доживеала и лошо и добро и од едните и од другите. А за конфликти воени не сакам да навлегувам, во такви услови сите луѓе престануваат за момент да бидат луѓе. Прочитајте малку за окупаторите од соседните земји што им правеле на Македонците. Не се само нашите Албанци и Османлиите ...
     
    На Dgirlll и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  8. madmasel

    madmasel Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    17
    Aјдеее од секс на политика и бла бла ставри ....легенди сте нема сто ...)))))
     
  9. BlackMarket

    BlackMarket Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    266
    Темава ми е многу апсурдна, секс со муслиман? Ако веќе си во врска со таков, што отвараш тема за дали да спиеш со него? :^)
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.