Незнам што да ти кажам,штом си го сакаш и ти е убаво да се гледате тајно,ваша одлука.Tреба за се да има двајца ,така?Aко ти е доказ за љубов смешкање и пеење песни пред жена му,тогаш прости ми таква кукавичка ,,љубов,, не е љубов. Aко незнаеш што мисли и чувствува прашај го ,едноставно е.A не ли те гризе совеста дека одиш со оженет човек,викаш не сакаш да правиш проблем а што си со него тоа не е проблем? Oк ,те посоветував најдобронамерно,понатака ти си знаеш ,поздрав
Ти благодарам за советот..јас имав напишано погоре дека кога почнав да се гледам со него незнаев дека е оженет..тој беше тој што прв ме побара...мислам дека тој е повеќе крив за оваа ситуација (не дека и јас не сум од кога разбрав), ако го знаев тоа од почеток сигурно немаше да почнам ништо со него. Но ете сега па неможам да не го видам. И секако дека ме гризе совеста..ајде си викам дека што поскоро ќе се среди оваа раб.
Хермоса зашто нејзе да ја гризе совеста ако тој не се грижи за неговото семејство, зошто секогаш се употребува зборот те користи за секс, зарем таа несака секс со него, зарем тој ја присилува на секс па ја користи, има жени што незнаат да си ги задржат мажите и не им даваат доволно внимание дома па кога ке најдат друга одма знаат само да навредат некого, веке ништо не е грев ако некого тоа го прави срекен, секако дека е поубаво да си имаш некој кој ке биде само твој и нема да го делиш со ниедна, но кога веке ке дојде и до вакво нешто тогаш узивај додека можеш
Што ја убаво посоветува...Секоја чест .Кој систем на вредности почнал да владее во последно време просто се чудам.
Eптен излишни оправдувања наведе ако овој не се осеќа среќен во брак,постои развод,вајда слушнал што е тоа,кога веќе знае за швалерај,да не се лажеме.A со оние квази муабети дека внимание не добивал од жена му,смешно е ете и да е така па кога!!! Kога дома не се прибира,а и кога бил дома на тел висел,мажиште бе ,да не треба жена му по дома акробации да му прави ,па да го занимава ,него ќе најдат лејки и ќе ги мотаат ја сакал многу швалерката хе хе.
Гледаш дека колку и да ја разубедуваш таа кажува дека неможе без него, секако дека постои развод тоа е и најдоброто решение кога веке неоди во бракот, и секој да си тргне на своја страна, но за да бракот не функционира како што треба треба да се и дваајцата криви, не реков дека ја сака многу швалерката, но сигурно не ја почитува жената што дома му чува деца, му готви и ред други работи јас си дадов само мое мислење може и погрешно бев сватена, само реков зашто секогаш знаете да навредите некого, од каде знаете во каква состојба е тој брак, зашто изневерува и сл.Несакав со ова да кажам дека ги одобрувам неверствата во бракот, секако ако не му чини бракот нека се разведе и нека биде со нејзе, а да не се лажеме секој почна да вара, за жал такво време дојде, само што некој си мижат и им е поубаво да си ги затвараат очите и да си кутат. Модератор: Не испраќајте две мислења едно по друго, користете го копчето редактирај за дополнување на постот.
Kако зошто да ја гризе совеста ?Mалку е тоа што продолжила да си оди со него и покрај тоа што дознала дека е оженет човек ?Немам намера да оправдувам или осудувам некој,само сакав да и дадам најдобронамерен совет,оти таа игра не е воопшто наивна,таа не е ни свесна дека тој не ја сака,дека е само за секс со неа,и сама рече не знаела што тој мисли и чувствува.Пак ќе кажам,не е целта да се навредиме или осудиме,напротив за нејзино добро го кажувам ова. Нема никакво оправдание за неверство,а најчесто кукавиците изневеруваат оти незнаат да се носат со одговорностите во бракот.
Таа самата кажа дека не знаела кога се запознале дека била тој во брак, затоа реков зошто нејзе да ја гризе совеста, кога тој е тој што ја направил грешката, разбудил чуства во нејзе и сега таа додека се освести што се случува нормално е да и биде тешко и веднаш да одлучи дали ке ја прекине таа врска, во таа смисла реков уживај додека можеш, на крај само таа и неговата сопруга ке бидат повредени, а тој ке продолжи да го прави истото со некоја друга, затоа реков =, девојката побарала совет а овдека само знаат да ја навредат и понижат, а никој не се става на нејзино место и не е во нејзината душа.
Де бре Само да прашам. Снема ли машки? Толку ли нема машки слободни, па одите со женети? Дај просветлете ме? Зошто бе девојче, што патем имаш САМО 21 година велиш дека не можеш да се откажеш од него? Велиш не сакаш да имаш проблеми? Епа жалам ама ти веќе имаш и самата не си свесна дека имаш и тоа каков проблем. Се криела, wow браво, многу си помагаш со тоа што се криеш, го решаваш проблемот, аплауз. Ти звони касно за добра ноќ, голема работа, што е толку тука филозофија, да рече на ЖЕНА му дека ќе оди до вц и за кратко да ти се јави да ти посака добра ноќ? Постар, искусен, знае дека со таа постапка ќе паднеш. Знае дека ако на свирка ти се смешка, ќе паднеш на тоа, знае дека ќе те има кога ќе посака. Па што му е тогаш тешко да те залаже со малку внимание, шмекерски погледи и некој си повик доцна во ноќта? Piece of cake! Факт, тој е несозреан и нема никаква почит, прво спрема него, после спрема таа што ја избрал за животна сопаничка, па на крај спрема тебе. Сигурна сум дека кога ќе најде некоја друга тие ваши повици навечер ќе се проретчат. Или можеби е способен дечко, па ве има неколку одеднаш? Велиш зошто тој би ризикувал да се гледа со тебе ,кога би можел со жена му да има секс кога ќе посака? Епа ова треба многу да ти кажува за него. Значи несозреан мачо мен, што мисли дека тоа во гаќите му е водечка сила, без почит, без совест. И тебе ти е убаво со него? Глупаво велиш се осеќаш, ама па од друга страна си пишала на почеток дека сексот ви е СУПЕР. Па и потенцирано со големи букви. А бе девојче, има толку слободни машки, со кои сексот би ти бил супер, кои би те почитувале, и кои би сакале ТИ да си на прво место, а не да ти дадат титула швалерка. Да, ти ја имаш титулата швалерка, честитам. Не е се’ во сексот, во животот има многу поважни работи! Се надевам дека ќе се освестиш, додека е време, и дека ќе сфатиш, дека ова се само изгубени шест месеци од твојот живот, и дека во најскоро време ќе ни се пофалиш дека си ја прекинала оваа глупост. Со среќа.
UnknownGirl, еве и јас ќе се зафатам за твојата приказна..актуелна си неколку страни уназад па успеав само за тоа да читам. Јас лично не те осудувам. Не би ни прокоментирала ништо се додека тебе овој постариов ти е само авантура но како што гледам,не си на чисто и се заљубуваш, па си земам за право да те посоветувам (не ради што е неморало, туку чисто ради тебе): Да се тргнеш од него бидеќи нема да ја имаш иднината што ја посакуваш. Остави си простор да почнеш да посакуваш друга иднина. - Не сакаш ли ти да заспиваш со него? -Нејќеш ли да го шеташ низ град без никаков страв и срам? -Нејќеш ли да му се јавуваш кога сакаш да му го чуеш гласот, наместо да внимаваш дали може да збори? -Нејќеш ли да престанеш да го замислуваш со жена му (и децата ако имаат)? Ова малку што тој ти го нуди, не треба да ти е доволно.
Taka eeeeee,go podrzuvam toa i mnogu sum protiv tie koj sto ne razmisluvaaat a sekogas na krajot izleguuvaaat zafrknati sigurno si ja saka zenata i mu e ubavo ako ne e taka nema da e so nea cisto avantura da mu stane pointeresen zivoto momentalno...ama za zal na denesno vreme gi ima mnogu
Super mi e sexot so maz mi koj e postar od mene 7god (pu pu da ne e za podrek )a licno za mene glupa mi e onaa fora deca a deca pravat msm ke me razberete sto sakam da kazam,sepak postar poiskusen.Ne sakam da me razberzte pogresno no zasto si fakate zeneti?Imam nekolku primeri slusnato deka ne zavrsuva kako sto devojkata saka,a i licno so komsija fativme muabet za svalerizaj i toj vika:nikoj maz ne si ja ostava zenata za druga,moze da se karaat i red dr reb no nikogas ne bi ja ostavil,mn se retki tie sto si rasturaat familija za dr.Znaci zenet mi go kaza ova pa razmislete malku,sepak vas zivot vasa rabota
за со повразен незнам..али за со повозраснА..може у секој моменат.. http://www.telegraf.rs/sex-i-ljubav/1730674-zasto-mladici-obozavaju-seks-sa-zrelim-zenama
Ah devojce devojce poslusaj gi sovetite od devojkava i begaj duri imas moznost zasto kolku i da se kries eden den ke ve fatat i duri togas ke napravis problemi i ke rasturis familija i uste nesto ke ti kazam stavi se na mestoto od zena mu i zamisli kako ti bi se osekala ili kako bi se osekala koga tatko ti bi ja izneveruval na majka ti so devojce koe ne znae nisto za zivotot i za problemite koi sto mozes da gi predizvikas razmisli ubavo i posle odluci sto sakas vo zivotot da bidis sakana i pocituvana ili sekogas pokazuvana so prst i sekogas na vtoro treto pa i posledno mesto zasto po se izgleda deka gospodinot si ja saka familijata bez razlika dali se zadovoluva ma kratko so naivno i mlado devojce kako tebe
A shto baraat mislenjata od poslednive dve strani vo ovaa tema? Si imate temi za brakovi, vrska so ozheneti i taka nataka kaj da davate soveti, daj ovde olabavete.
Пред година и 8 месеци ова се дешавало Девојката најверојатно е мажена, со 3 деца...последно активна била лани, така да џабе ја цитирате и и солите памет.
Мене во глобала многу ми се допаѓаат постари мажи кои што добро се држат и се средени! Го имам ова пишувано во темата Сакам да кажам. И неколку и ми се допаднале (најчесто професори), ама не сум сигурна дека некогаш би влегла во нешто повеќе со некој многу постар барем за сериозно... Но, никогаш не велам никогаш. Доколку ми се допаѓа некој навистина, а е слободен не би се ограничувала себеси само поради годините.
Боље старо да те учи, него младо да те мучи. Сакам постари мажи, од причина што се каде каде по искусни и знаат што е возможно во еден секс а што не. Додека помладите се влезени во некој порно филм и се замислуваат порно глумци.
Jas ne sum bila do sega so postar i nemozam da kazam deka e podobro,mozam da kazam deka decko mi,sega veke maz mi mi e vrsnik i ni e preubavo.Dokolku ima ljubov i strast ke bide ubavo A so postar imase edno mislenje ona 25 on 60 gadno.......