@IvanovaAnce, дома ја млатат, таа бегството од реалноста го бара во вниманието и „љубовта“ која ја добива од педофил. Од школото реално ништо не можат да направат освен да ги информираат родителите, кои и самите се насилници и психопатски случаи. Нашите социјални служби се смешка. Вие другарките можете да зборите и да ја убедувате дека греши и дека тој не е за неа но биди свесна дека сите приказни немаат среќен крај.
Таа пред некој ден кажа дека едвај чека да наполни 18 години и ќе живеела со него???КАКВА ЛОГИКА Е ОВА?
Очигледно, за неа (според неа!) подобро е да живее со него отколку со родителите кои ја претепуваат. За жал, можам да разберам зошто така размислува
А што па тебе толку ти е гајле за друг? Си се обидела да ѝ ги отвориш очите, си ја советувала да го остави, таа не те послушала. Да сум на твое место би се тргнала од неа па после таа нека си ја треска главата од ѕид.
Не,родителите се најнормални луѓе ,бидејќи ниту еден родител не сака дете кое му е здраво и психички нормално да спие со 37 старец... Страшно,но реално.
Во Америка ова е екстра регулирано. Се знае legal age of consent е 18 години. Имал секс со согласност или не со малолетничка одговараш пред законот. Само во една држава ми се чини границата беше 16 години. Треба ваков закон кај нас. Што поголема разлика во години, поголема казна. Пошто не е исто 20 годишник со некоја на 16 години и 35 годишник со некоја 17 години што има.
Така е во право си.. Но Македонија нема никаков систем за такво нешто. Уште сакаат и педофилите да ги помилуваат!Срам да им е!!!
Iskreno ako ti e najdobra drugarka treba da ja sednes i da ja osvestis...da i zalepis shamar pa makar i vo bukvalna smisla da i kazes deka zivotot ne vredi da si go upropastuva za nekoj starec i deka nisto ne trae vecno koga togas ke rascisti so nego...i se sto ke ostane posle toa ke bide samo edna devojka koja nema da moze da vodi normalen zivot i koja ke ja znaat kako sponzorusha a ke treba da se pomiri so faktot deka nema da moze da si fati decko i deka nasekade ke ja sledat pogledi polni so osuda omraza....(ne bi sakala takvo nesto da i se sluci) no takov e nasiot mentalitet ozboruvanje nasekade povekje gledaat za drugite namesto za sebe gledaat dali nekoja se kacila vo kola ili si otisla doma so bus ako zaprimetuvas i celiov muabet e osnova na toa na ozboruvanje...ozboruvanje koe stignalo do usite i na profesorite i celo uciliste i ja znae sitacijata.....zalosno iskreno neznam kako se spravuva taa so celava situaci vo koja se trubi za toa deka e vo vrska so postar covek...sega i da raskine so nego site ke ja znaat kako devojkata koja bila vo vrska so postar covek...i mozebi i razmislila za toa i si vika i vaka i taka ke me znaat kako takva bar ke si teram kejf i nema da si odam doma so bus ili peski ke se razvozuvam so kola i nema da go cepkam dzeparlakot ke imam se (od materijalna strana)a za vozvrat na toa ke treba da go dadam teloto za nekoj da si gi zauzda i smiri strastite... sepak ova e moe mislenje i razmisluvanje mozebi gresam ne velam ne ...slobodno popravete me
Не @IvanovaAnce, родителите се многу далеку од најнормални луѓе зошто Во нормална држава девојчето ќе им беше одземено, тие ќе одеа во затвор и никој немаше да им го правда однесувањето. А малата очигледно не е баш психички здрава кога оди со педофил ама јбг, нема ништо што добар ќотек нема да го реши *сарказам*
Искрено, од мое искуство ниту ова не делува. Јас другарката ја донесов дома да разговара со мајка ми. И ништо. Таа само се одалечи од мене и толку.
Исто и јас и моите останати другарки сме ја советуваме со цел да ја освестиме,но таа ништо.Иначе,девојчето сите другарки ги изгуби нормално никој не сака да се дружи со другарка која им врска со стар човек кој може татко да и биде.
Темава е заебана од повеќе аспекти пошто 35 годишен маж и 17 години девојка не чини заради малолетноста на девојката, ама на пр. 20 годишна девојки ако иде со 40 или 50 годишен маж е во ред затоа што девојката е полнолетна, а од 17 до 20 има само 3 години разлика. И ајде кое од овие 2 е поморално, кое полегално? Сепак си треба некој закон што ќе ги штити малолетните лица посебно на возраст 14-18 години пошто хормоните им се каша попара и некој може да ги искористи сексуално за финансиска надокнада и да им продава брда и долини за подобра иднина. За воља на вистината, и родителска должност е да си ги пазат децата во тие опасни години. А што се тиче секса, над 18+ секој би требало да знае што прави, па ако сакаат со повозрасни нека тераат. Се' додека си во рамките на легалата, не е битно дали тоа што го правиш е морално или не, во таков свет живееме. Оттука 55 годишен тип со 25 годишна девојка е неморално, ама е сосема легално. Врти како сакаш, заебано е.
Јас би се дружела. И не би броела колку пари имат дома.Него повеќе би обрнала внимание на тоа модро око.
Уште полошо тогаш, ако тоа се случувало додека имала 14 тоа е педофилија според закон и подведување на малолетно лице. И тоа како можеле да интервенираат земачите на плата, да пријават, да направат притисок, нешто по медиуми ваму таму...но тоа како што кажав не е во доменот на нивниот морален кодекс (ако воопшто го имаат). Дно.
Се појави со пост како сакаш да ја спречиш другарка ти да направи нешто погрешно: после кажа дека таа веќе има секс за пари (проституирање) и на крај почна да зборуваш за педофилија (дискутабилно, со оглед на нејзината возраст, тенка е линијата). Малку како досадно да ти е, нели? Такво однесување кај дете е сериозен пропуст во воспитувањето и родителите се виновни. Така што, не, не се најнормални луѓе. Ако сметаш дека претепување е нешто најнормално, треба да работиш на сопствената перцепција.
Moralen kodeks nemaat nastavnicite? Ne, tuku profesijata e tolku omalovazena I site od strana od babi do roditelite znaat povekje, I intergritetot e mn mn srusen na nastavnikot. I taa e majka pred se, nieden nastavnik ne bi storm nemo da ne zastiti dete. Isklucoci se mn mn retki.
Просто прашање: а кој е legal age of consent во Република Македонија? Каква можна педофилија?! Девојката (според напишаното) имала 15 години, не 5.
@IvanovaAnce, а постои стварно тој човек, го видел некој? Да не ви прави филмови малата демек “ме шета, ме части“ за вие да и љубоморите?