јас за повозрасен мислам на тоа да е 15 плус од мене и од секоја девојка , на пример јас имам 28 години и никогаш не би била со некој што е 15 плус од мене ...е сега за некоја 35 годишна женска не се мисли дека 40 годишен е повозрасен ..бар така јас мислам
А па тука се испопалија некои мислат дека ќе го соблечат Енрике Иглесиас или Бекам или не знам кој. Јас не познавам некој 40+ кој изгледа добро. Повеќето се запуштени.
Прво, тоа што ти не познаваш, не значи дека нема. Второ, не е се' во изгледот. Ако ми е само до изглед, ќе си купам од оние роботите и него ќе го ропам.
Да ти кажам, фалеше низ ваквите теми. Не реков дека нема, скраја да е. Познавам само двајца што стварно имаат тело и се држат.
До изглед не ти е, до романтични чувства не ти е, мажите ги нарекуваш вибратори, робот не сакаш... Е до шо ти е тебе? До цитирање. Повеќето под 30 се исто така запуштени.
Знам.. пошто ретки сме ние.. ваквите Него... не знам што е муабетов што само двајца имале 'стварно тело'? Другиве немааат тело ли? Не знам точно да го дефинирам, ама кога ќе го видам, го препознавам
И тие што се во брак се запуштени. Не водат грижа за себе како тоа изгледаат. Мислат си ја завршиле работата и толку.
Се согласувам потполно со тебе. Ни во мрак,ни во брак,абе ке ја средувам јас ако треба,само запуштена да не е
..се гледа дека уште ништо немате искусено во животот... колку год имате бе дечки?22-25 најмногу типувам кога ке ви лупнат на врата непроспиени ноќи,болни деца,жена која се породувала 36 часа,парични проблеми,и куп други нешта што се случуваат во еден брак тогаш да дојдете да напишете дека 24 часа сакате налицкана жена
Плус 8-10 на годините што ги кажа. Нема да дозволам како маж,жената да нема време за средување. Нема да скитам по кафани,кафиња,него чувам деца и давам време на жената да се одмара и има време за све. Ако се сака се може све Сум искусил многу повеќе од што мислиш верувај
ќе дозволиш ако мораш да работиш и по 16 часа на ден едноставно нормално е човек некогаш и да не биде совршен не е нормално да очекуваш од партнерот да е увек тип топ оти ТИ тоа го сакаш може нејзе и одговара денес да преседи у широка стара маица без шминка и коса во реп ти си со плочки на стомак?
Далеку од тоа дека мораш да работиш 16 часа,ако се има убава работа и заработувачка доволни се 10 часа макс.Ако имаат двацјата плата од по 200 евра,нормално дека ке работат по две работи. Совршенство не постои да не се лажеме. Јас сакам жената да ми е средена,зборам издепилирана,убаво намирисна,шминка немора да има секој ден нормално,затоа што знаеме колку штети таа шминка секој ден ако се нанесува. Нека седи дома по што сака,но надвор секако дека ке ми е средена од глава до пети. И секако дека ке пази на тежината,ок е да има вишок 5-7 кила,но не и 20 кила. Не сум со плочки,но работам на тоа да изгледам ок.
Децава ќе ги прескокнам зошто не се гледам како родител, ама и еден ден тоа да се случи не е причина јас или таа да се запоставува(ме) во изглед. Колку е болно едно дете? Максимум три-четири дена, па ајде и една недела нека е. Децата не треба да се изговор во животот за било што.
Ти стока на пазар да не претставуваш? И пред да збориш за одржување на тежина, пазење на исхрана и слично, те молам избриши ги сликите од брза храна што секој ден ги ставаш во темата „Поинаков фемина инстаграм“.