Не преставувам една нормална жена. А јас што јадам,тоа тебе ама ич да не ти е гајле,јас јадам тоа што ја сакам,и изгледам како што сака мојата девојка. А бришење ке кажуваш на друг.
А што има лошо ако еден маж (или жена, сеедно) си каже што сака? Немате вие некоја замисла за партнер, посебно сексуален. Сакање на нешто е едно а реалноста и што не чека е друго, никој не може точно да предвиди како би реагирале во една ситуација, но може да си каже секој некоја почетна замисла. Не е ново сексуалниот живот па и бракови да се расклатиле поради прекумерна тежина на едниот партнер. Дали ќе негираме и дали ни се допаѓа кога некој ќе признае е едно а дека во реалноста е голема пречка за многу е друго. Јас не сум почуствувала сексуална привлечност кон некој со многу кг. плус. Доколку брачниот партнер накачи од мрза и јадење нездрава храна секако ќе се потрудам да смениме режим на исхрана и заеднички да имаме физичка активност. При здравствен проблем би понудила безрезервна поддршка.
Виновни им се и сопругите зашто дозволуваат. Можеби си мислат дека ако ги здебелат со вкусна храна, нема никоја да им ги земе Јас сакам вити мажи, исклучиво такви ме интересираат. Тие обично изгледаат и помладо од годините (во контекст на темава).
џои ова за тебе не важи , ти си тип топ средена и одлична фигура , треба само рецептот за добар изглед да го кажеш овде и да нема запуштени женски и тогаш стварно бројките ке бидат само бројка
Секој нека си одбере каков што сака, ама ова испадна скроз друга тема од сексуални префенции. Веќе станува збор за нереални очекувања. Тоа дека некој се развел оти едниот партнер се здебелил, е рамно на детска глупост. Според мене. Кога си заедно со ист човек, 20-30-50 години, се' може да се случи и секако ќе го видиш партнерот: и болен, и нечешлан, и ненамирисан, и некапен, и ненашминкан, и неиздепилиран, и со подочњаци до колена, и бушав, и со засмрден здив, и како повраќа, и како има пролив па трцнал в гаќи прв млаз ... А да не правиме муабет за стареење.. сите ќе остариме. Јас немам проблем со дебела-слаба, цел живот сум дебела, ама да очекува некој дека 24/7, 365 дена во годината, 50 години узастопно, ќе бидам скоцкана како за на коктел забава, мало морген.
Што е нереалното во одржувањето на просечна тежина со некое плус кило на вагата? Стварно не си слушнала за незадоволство од страна на едниот брачен партнер кога другиот има качено многу кг? Јас да. И слушнато а и прочитано низ форумов. Не зборувам за после 30,40, 50 год. Брак, туку без нулата на крај. Сексуалната привлечност е важна работа во една врска и неискреноста доведува до фрустрации од различен тип и до несреќен брак. На сите не, на на некои им пречи и подобро да го споделат тоа со партнерот, на соодветен начин секако, и заеднички со меѓусебна мотивација и поддршка да се надмине проблемот. Знам што се носи заедничкиот живот и проширувањето на семејството. Добро е кога сите се свесни за истото и со заеднички сили се надминуваат состојбите кои ги спомена.
Не ми е чудно да му смета на едниот партнер, но поради тоа да се разведат, не сум чула. Исто како да се разведиш од некого, затоа што се парализирал (не дај Боже), па не можел да прави егзибиции како пред тоа. Состојбите кои ги споменав, се случуваат. Не е нешто што треба 'да се надмине'. Сигурно не се буди никој од спиење, среден како за на бал.
Дали се развеле не знам. Знам дека едниот го земал истото како изговор за авантури или одбегнување на домот и обврските во домот(што е далеку од правилно или дека поддржувам) или дека едноставно била постојана причина за караници и напетост. Состојбите како бременост, период на постпораѓај, непроспани ноќи поради грчеви на дете, стомачен вирус... се минливи. Кога таткото на тие деца, односно сопругот, рамноправно учествува во обврските(како што @ЕденЧлен изрази подготвеност, нема да шетаат небањати со денови. Инаку не верувам дека некој очекува партнерот од спиење да станува со мејк ап/фризура/целосен стајлинг... или пак за време на грип или стомачен вирус да шета на штикла низ куќа. Да не се оди во крајност, мислам дека он не го мислеше истото. Повеќе беше во смисол дома да е туширана, измиено лице и чешлана, а за надвор он ќе чува деца додека се спреми и дотера. @ЕденЧлен може сам да се дообјасни доколку погрешно го разбрав. Мене ова ми е сосема нормално, и ние функционираме така. Првен деца се спремаат, па он ги пази додека јас се спремам.
Не мислев конкретно на неговиот пост... убаво е да прочитаат мажи, посебно млади, кои мислат дека жените се будат нашминкани и со фризура де.. Има кај некои од младите такви очекувања
Такви скоцкани од глава до пети има само на Инста дечки.Дај не се преценувајте и не си фантазирајте дека жена ви нон стоп ќе е скоцкана.Кога ќе биде мајка па и ако дое на парфем-млекце ќе мириса и на повраќаници од бебето.Главата нема да знае од бебето кај и е.Ќе нема време да јаде ,а не нокти да лакира.А и ти @ЕденЧлен ќе мирисаш на повраќаници.А ако жена ти нема помош од баби е тогаш плус.Ние патилките мајки ти кажуваме. Знаеш колку жени изгледале секс бомби ама во текот на бременоста станале тродупли и не знам дали се вратиле пак на почетната килажа. Колку помали ви се критериумите за жена ви посреќен брак ќе имате.
Ај да не ве цитирам одредени членови зашто ме мрзи искрено,многу погрешно сте ме сватиле па да објаснам убаво. Значи вака девојка средена т.е жена,партнерка или секс партнер,мислам на средена во однос на (депилација,хигиена,испеглана облека,намирисана,нашминкана),никаде не реков 24 часа да има шминка,да мириса на 500 евра парфем и незнам си што филмови,значи не дечки.Реков ок е да има 5-7 кила вишок,но сепак нели треба да пази на килажа затоа што сите знаеме колку лесно се качува килажа,а тешко се симнува.Но да не бидам погрешно разбран јас не барам,ниту Бијонсе,ниту Шакира,ниту незнам си што,едноставно нормална девојка,која секако ке гледа да се храни поздраво,да одржува хигиена на високо ниво,да се грижи за самата себеси максимално. Кога сме кај бременоста на една жена,девојка,нормално е да качи килажа,но да не бидеме сеа од марс паднати,може таа килажа после породувањето да се среди,постојат еден тон препарати,и еден тон теретани,кеј и секакви чуда за слабеење,да не се лажеме секако дека све што се сака се може,само треба желба и мотивација добра. Јас кога еден ден ке станам родител,верувајте не го кажувам ова напамет,него го кажувам искрено и од срце и душа,максимално ке бидам посветен на моите деца,а жената колку што ке и треба време,да се средува и ужива во негата ке ги има од мене,затоа што е потребно да ужива во она што некогаш била,а не ајде има деца,маж и сеа ке се правиме 300 кила,запуштена не измиена,бањата со денови,и мрсна коса и незнам си што,не не и не.И со маж и деца треба да се негува телото и да се има граница на све. Мене ми е жал што многу имам читано на форумов,како мажите им скитале по,кафани,кафиња,пријатели,викенди,а жената дома затворена со дете,децата незнае главата кај и е,епа извинете ама така сте допуштиле така ке ви прават,железото се кова кога е жешко. Нема да мирисам на повраќаници постои вода,постојат препарати за туширање,така да не е ништо страшно.А баби имам уште една баба која ми е жива,и која има 77 години,фала Богу на девојками мајката е здрава жива,а исто и бабаи,но јас сум рекол моето дете никој друг ОСВЕН НИЕ РОДИТЕЛИТЕ НЕМА ДА НИ ГО ВОСПИТУВААТ. Мојте критериуми ги кажав,и на тие ке стојам до крајот на мојот живот,а верувајте имам таква до мене,само уште дете ни фали.
Само за ова имам забелешка. И на 'одржавани' жени, кои изгледаат како од писта да се симнале, може да им се случи да 'налепат' таков маж. Не е до 'одржувањето'... траст ми
Баш кога ќе станеш родител пиши ни те молам како ти оди со детето и жената нормално во соодветна тема мајчински муабети А за хигиена нема потреба во овој век да збориме тоа е редовна процедура.Не верувам дека породена жена или доилка не одржува хигиена Секако од хормоните повеќе мириса од вообичаено. За темата да пишам не сакам со повозрасен , со мм ми е супер 3+ сме.
Ова со деца и бременост го направивте ко Бог знае што е. Кажа и Дани, минлив период е. Јас не го сфатив @ЕденЧлен жената да треба да биде тип-топ средена 24 часа во денот со шминки, фризури и вештачки нокти. Да, телото на жената се менува после породување, ама се враќа (колку-толку) формата на телото како порано. Мене единствено што ми боде очи е што децата за сè ви се "криви" затоа што вие немате време и изгледате онака како што изгледате.
Ја претеравте со тоа дали жената треба да е секогаш тип топ. Јас мислам дена не треба а и не може да биде секогаш средена, треба да ја сакаме и почитуваме и кога е запуштена. Може да има милион оправдани причини за нејзината запуштеност.
Ќе видиш кога ќе имаш малецки, ама под услов ти да си со нив 24/7. Прво, не спијат со ред некои, друго, не смееш ни 5 секунди да ги оставиш сами, оти ќе зажалиш, трето, на 2 години ќерка ми со мене во вц идеше и на нога ми седеше дури вршев нужда... има и четврто, и петто и шесто итн итн.. ама нема да знаеш како е, додека не го поминеш... лично и персонално, не од рекла - казала... и од жена ти би било рекла - казала... не се важи.
Да се вратиме на темава. Јас под поимот секс со повозрасен подразбирам: некој/а да има по сопствена желба секс со некој/а и нивната разлика да е околу 10 годнини. Притоа помладиот партнер да е минимум над 21-22 години, пример 25=>35 или 32=>41 итн.