Кога почнав да се гледам со него не знаев дека е женет бре луѓе!!! По извесно време тој ми кажа а јас се зачудив! Му реков дека не е убаво ова што го правиме заради тоа што има жена. Него не му претставувало проблем..не сум јас крива. Да знаев уште на почетокот сигурно немаше да дозволам ништо да се случи.
ама сега знаеш, немој да мислиш дека зборуваме против тебе, туку ти укажуваме на грешката, замисли си ти да си во брак и да дознаеш дека некоја девојка е со твојот маж... стави се малце на нејзино место, размисли... не е тој за тебе, тој може да ти зборува што му душа сака, ама повеќе од јасно е дека сака само секс... јас и во претходниот пост ти реков дека ако не си била ти, ќе била некоја друга сигурно, ама размисли зошто да бидеш баш ти...
Ти 20тина години,тоj зрел и искусен со 30тина години...и ти си сега Alice in wonderland...глеj да не се зацапаш...тоj нема да jа остави жена му...таквите се ретки!
Знам дека грешам во право сте. Само зошто некој толку би ризикувал кога може секс да си има со жена му кога ќе посака. Многу се грижи за се во врска со мене и нон стоп ми се јавува пред спиење..од дома...значи најдува начин...презафатен е има многу обврски а секогаш најдува време за мене. Изгледа него не му е грижа дали ќе го сетат од дома. Јас лично не сакам да му правам проблеми, тоа му го кажав кога ми кажа дека е оженет но тој мисли дека нема никогаш да се разбери ова. Глупаво се чувствувам заради тоа, но сепак ми е убаво со него.
Исто како да ја слушам мојата другарка. Разликата е што типот не беше женет туку во долга врска, па најверојатно ја најде неа и ја користеше за секс, и додека јас и останатите и велевме да не оди предалеку а таа во облаци дека ја сака, исто како ти си наоѓаше оправдувања пред себеси и пред нас, дека многу се грижи за неа, да ја сакал девојка му немало да и врти на неа, немало да се гледа со неа сигурно поубаво му било со неа а не со девојка му. Дури си правеше план дека ќе раскине со неа па таа ќе му биде идната девојка. И погоди што? Другарка ми се затреска во него, што самата сакаше да се вмеша да се дознае за нив,да биде со него почна да го замара да му изјавува љубов, а типот се откажа од неа, ја нарекуваше психопат и си беше со девојката која преходно ја изневери со другарка ми (а и со којзнае колку други) Ваков маж не е маж. Подобро сам нека си иде со која стигне неголи да повредува нечии чувства. И да, никој не е безгрешен, но за момент ставете се на местото на таа жена која склучила брак а можеби и оформила семејство и одеднаш се вмешува друга особа и го уништува сетоа тоа. Колку што сте вие виновни толку е виновен и тој идиот од маж. Но да нема девојки кои би се впуштале во афери со женетите мажи не би имало и со кого да изневеруваат. Ова го нарекувам слабост, и хранење на егото, од машката страна да си докаже себеси дека сеуште е посакуван иако е во брак, а женската страна да докаже дека е подобра од некоја друга и може да и го преземе сопругот / дечкото иако само времено. И да успеете во намерата утре вие ќе бидете на нејзиното место а друга ќе ве замени. И да не се разбере никогаш нема да имаш грижа на совеста ако продолжиш и каква иднина ќе гледаш во тоа освен да служиш за секс? Волкото крзното го менува ама карактерот не. Памет во глава. Позз
Па може жена му го знае дека е швалерџија па си го трпи,а овој со се е*ава со секакви женски по кафани.А женска еве пример се остави со жена му и те земе тебе ти ке бидеш на нејзиното место,ке седиш дома,(ала богу ако се земете ке имате и дете па ке си имаш обврски,куќа,ручек итн.) а тој пак ке иде по кафани по свирки и ке се забавља со девојчиња и женски,убаво ке ти биде ???? Зашто ако и го направил тоа на жена му,ке ти го направи и тебе 100 % И уште нешто,си го прашала дали си прва со која ја изневерувал жена му?
^ И да го прашала сигурно ќе и' каже "да" и ќе и' смисли добро филувана приказна, обично таквите се добро спремни за "да се фати рипката на јадицата".
Unknowngirl, речи му да се разведе ако те сака и не може без тебе па да не мора по телефон,него во живо да ти кажува секоја вечер. Има да се изнаслушаш изговори зошто не може тоа да го направи. Се надевам тоа ќе те разубеди. И уште нешто не ти е гнас да спиеш со него ,а он дома да спие со жена му? Тоа ти е ко сите тројца да сте во кревет.
Еден искрен совет јас еднаш се смував со вакво животно како тебе незаејки дека е женет и ред др среќа немаше ниш повеке утредента ко помина за рака со жена му прашав еден др кој се овие и тој ми вика во странство се ама веќе 2 год се во брак сеуште немаат деца...ако веруваш дома ко си дојдов се изнаплакав се сметав за најголема ороспија за нешто најгрдо што постои на светов се затворив дома и почна да ме мава психа дека јас сум најголемата ороспија во градот бракот е нешто свето барем за мене како сум можела.Инаку стасав и до лекарска помош бидјки се срамев од таа раб се совземав после 6 месеци си фатиф дечко сега имам фамилија али сеуште се гадам ко се сетам на таа случка,а типот ко ми се јави да се видеме го изругав и го направив од магаре подолу.Бегај подалеко да не задлибаш ко мене.позз
Желбата на многумина мажи и жени(млади и стари, девојки и дечки) не е само „секс кога ќе посакаш„ туку и: „секс со кого ќе посакаш„!!! Зошто некој кој има слаткарница, од време навреме би јадел милка чоколадо, кога постојано има еклери??? Многу просто: затоа што се добива разноликост. Вкусен е еклерот, но вкусна е и милката, или пак едноставно здодеано му е од тулумби и еклери тн. Можеби сака нешто по тазе (т.е. помладо)... Може да има најразлични причини за тоа. Не е тоа само по себе лошо, туку лоша е неискреноста во сето тоа и лошо е она што може да произлезе од сето тоа (на пр. болка, тага, фрустрации, депресии, агресии...) Порано или подоцна можно е дека ќе се дознае, дали си размислувала: а што ќе биде тогаш? како тогаш ќе се чувствуваш? дали си подготвена доколку утре целосно ти сврти грб бидејќи во еден момент заклучи дека сепак побитна му е сопругата?
Да се разведе?? Тоа нема шанси да се деси,знам еден пример тој одеше со секакви девочиња и дури и поворзасни жени, жена му го фаќаше и знаеше се, па не се оставија еве сега чекаат второ дете. Затоа поарно и нека е му спомнува такво нешто нека не се бламира и понижува.
Јас знам дека тој абер нема да се разведе и да живее фер живот со една,туку само така кога ќе му спомне она ќе види дека и продава приказни дека ја сака и му фали и се тоа.
ти си веќе заљубена, па наоѓаш причини поради кои сметаш дека тој тебе те сака и сака да е со тебе... ете тебе те нашол за жртва, како што рекоа веќе некои феминки, да го прашаш да се разведе, нема шанси, тој си ја сака жена му, но ете можеби му станало досадно, и ајде да пробаме друго нешто, или пак жена му бремена или со мало бебече и ајде одиме во швалерај треба да му раскинеш, не ти треба таков, имајќи времето да си го трошиш забавувајќи се со другарки, шмекајќи други ( слободни ) машки, па одејќи со нив, ти го трошиш залудно и живееш во филм дека тој е твојата среќа, многу се ретки таквите случаеви кога женет човек, ќе го напушти партнерот заради некој/а... размисли со ладна глава, а не со заљубената глава... и запомни секогаш другите гледат околку тебе, тоа што ти НЕ можеш да го видиш
Ти иако не сакаш девојче,веќе правеш проблеми. Инаку тој,тој и тој е само во приказнава.Каде си ти? Не би сакала да бидеш со некој со кој во јавност ќе се држеш за рака? Или некој кој,на крајот од денот кога ќе ја спушти главата на перницата мисле само на тебе?
Да не звучам егрдо и знам дека тоа што го читаш нема да ти се допадне...АМА,сексот со жена му не му е толку возбудлив,и ти да му беше жена,сега со друга ке беше во кревет. Сакаш секс со него,ок твоjа работа,но мислам дека ти полека се влjубуваш и бараш некоj што ке ти потврди дека ...да и тоj те сака. Немоj тоа да си го правиш на себе си,тебе ке ти отидат годините,а тоj пак ке се врати на жена му.
Болдираниот дел што го цитирав:знаеш дека грешиш,значи и покрај чувствата си свесна,нема да те осудувам само совет сакам да ти дадам,а тоа еразмислуваш разумно и знаеш дека тој не те сака,така? Kако се грижи за тебе?Tака што кукавички ти звони касно во ноќта?Aх бре девојче,најмал проблем е да се јави на неколку минутки и секако тој ти врти филмови за да му ја продолжиш играта,кога веќе си се нафатила на сето тоа.Друго,за твое добро,другпат прашувај дечко дали е зафатен,може има девојка,сопруга...Aко за тебе ова со типот е љубов,твој избор,ама и сама потенцираш тој мисли дека никогаш нема да се открие за вас,во превод сака да си му само љубовница.Aма,машките кои изневеруваат ,поготово тие кои изневеруваат во брак,тоа чекаат ,да си најдат жртви и оправданија секогаш имаат и пред љубовницата ,и пред сопругата.Tаков маж кукавица во случајот никого не почитува
Знам дека не смее да биде љубов...но преубаво ми е во негово друштво, и неможам да се откажам од него...веќе долго време се гледаме...скоро 6 месеци. Сепак не сакам да има проблеми...и многу сум претпазлива кога одам таму...дали некој ме гледа и сл. Тој пред сите се осудува на свирки да ми се смешка и да ми пее некои песни...и тоа во присуство на жена му...незнам ни што мисли ни што чувствува ама тоа е..