Што мислите колку се застапени Сектите во МК ? Дали сте член на некоја секта и кое е вашето мислење за истите. Мислам дека за жал се доста застапени и имаат земено доста голем замав.На секта член не сум,но со сигурност никогаш нема ни да бидам бидејќи сметам дека никогаш во животот не би се спуштила на такво ниво да верувам во нивните парапсихолошки и спиритуални верувања.Знам дека многу добро се прикриваат и многу е тешко да се откријат. Кои се вашите размислувања?
Сектите се најлошата можна работа. Имам слушано премногу приказни за луѓе што биле зачленети во секта. Еве еден пример. На мајка ми пријателка имаше две ќерки. Едното девојче се фрлило од зградата кај што живееле на 21 март ми се чини ама не сум баш сигурна. По една година и другото девојче се фрлило на истата дата во истото време. На крај открија зашто всушност се случило тоа.
Уфффф,бррр,мене страв ме фаќа од такви психопатски групи.И јас како реинбоу имам пример,комшија на тетка ми,му се обеси детето на чингели за месо на 15 години.Ама од тогаш ни збор немаат за тоа кажано.Не ни спомнуваат!
Сектите се групи со различни сфакања за животот и религијата. Тие, според мене се болни умови кои сакаат со нешто да го привлечат вниманието или пак да го паднат авторитетот на црквата. Затоа придонесуваат жртви се убиваат, прават и уште не знам многу други, според мене глупи ритуали кои наведуваат дека животот после смртта е подобар а посебно ако сам си го одземиш, што е во спротивност од библијата и верата во Бог. Лично мое мислење како ги сваќам истите организации. А во Скопје ги има,Има Саботари,Јеховини сведоци и тоа една од овие е во Кисела вода (сведок сум на еднен немил настан кој го имам видено и несакам да го коментирам). Едно време многу ми беше страв.Исто ми имаат кажано мислам во Битола некое дете на моја возраст го нашле и го убедиле на еден начин во нивните верувања и детето се самоубило. Затоа сметам дека е добро да бидеме информирани сите за да недојде до истото.Едно време во Битола знам дека имало доста луѓе кои биле во Црна Ружа,една од попознатите секти (ако не и најпозната) на Балканот. Се собирале околу гробиштата еднаш годишно на ист ден и вртеле тужа и таму каде што ќе се свртела - тој требало да се самобубие или да убие некој од семејството.Исто и услов да са се влезе било да се убие тој што највеќе го сакаш :? Ова го имам слушано од луѓе немора да е точно,меѓутоа јас верувам. Страв ми е од самата помисла дека можат да постојат вакви болни луѓе... :?
auu ova e tema na koja se sirat muabeti od mnogu porano..jas imam primer,majka mi kaj sto rabotese vo ucilisteto direktorkata imase sin relativno mlad togas se samoubi..pocnaa posle da kruzat muabeti deka bil clen na sektata"Crna ruza"..ova ima pominato od togas edno dobri 20tina godini...znaci uste od koga postoela taa sekta..a za jehovistite sto imam slusano duri i na mene i moi drugarki imase zeni koi probuvaa da ne zalazat..ama so nas togas azganki ne mozese nikoj na kraj da izleze..losi raboti se ova..ama za zal ima labilni i naivni osobi koi podpagjaat mnogu lesno pod nivno vlijanie :?
Некој ако има различно мислење од твоето не значи дека е болен .И многу погрешно си разбрала за тие луѓе многу погрешно.Тие информации црквата намерно ги пласира велам намерно за да ги прикрие злоупотребите коишто самата ги прави.Значи не постојат секти тоа е чиста измислица на црквата.Постојат само луѓе коишто на друг начин ја третираат и сфаќаат религијата
FallenAngel напиша:Сектите се групи со различни сфакања за животот и религијата. Тие, според мене се болни умови кои сакаат со нешто да го привлечат вниманието или пак да го паднат авторитетот на црквата. Затоа придонесуваат жртви се убиваат, прават и уште не знам многу други, според мене глупи ритуали кои наведуваат дека животот после смртта е подобар а посебно ако сам си го одземиш, што е во спротивност од библијата и верата во Бог. Лично мое мислење како ги сваќам истите организации. А во Скопје ги има,Има Саботари,Јеховини сведоци и тоа една од овие е во Кисела вода (сведок сум на еднен немил настан кој го имам видено и несакам да го коментирам). Едно време многу ми беше страв.Исто ми имаат кажано мислам во Битола некое дете на моја возраст го нашле и го убедиле на еден начин во нивните верувања и детето се самоубило. Затоа сметам дека е добро да бидеме информирани сите за да недојде до истото.Едно време во Битола знам дека имало доста луѓе кои биле во Црна Ружа,една од попознатите секти (ако не и најпозната) на Балканот. Се собирале околу гробиштата еднаш годишно на ист ден и вртеле тужа и таму каде што ќе се свртела - тој требало да се самобубие или да убие некој од семејството.Исто и услов да са се влезе било да се убие тој што највеќе го сакаш :? Ова го имам слушано од луѓе немора да е точно,меѓутоа јас верувам. Страв ми е од самата помисла дека можат да постојат вакви болни луѓе....Sabotarite i Jehovinite svedoci se protenstantski crkvi tie veruvaat vo gospod nemaat ikoni ne palat sveki i seto toa ne gi pravi sekti .Sekti se organizacii kade sto se praktikuva temnata strana.Koga otvaras post treba da bides dobro informirana za temata sto ja postavuvas .
http://milevski.blog.mk/2009/10/07/isto ... i-i-sekti/ Што мислите за оваа страница? Јас сега ја најдов
ubavo kazano .inaku spored mene jehovini svedoci imaat najlogicni veruvanja i se dosta poznati po svojata cesnost.....no kako i da e vo sekoe zito ima i kakol
Потполно се согласувам со ова, од збор до збор..И само би додала, на едни наши пријатели, па нивни комшии-синот нивни вака на изглед најнормален дечко, студент, културен , фин...И приајтеливе наши ни кажаа дека се качил на Водно, на врв на крстот, ноќе во 00:00 , се соблекол гол како од мајка роден и се фрлил доле Неговите само кажале на сите, дека тоа го направил ради што паднал на некој испит(мижи Асан да ти бајам работава)...Јавна тајна е дека тој бил член на некоја секта СТРАШНО!!!
Порано знам доаѓаа на врата, нудеа некакви книги, скрипти, што ти знам, ама тоа беше многу одамна, сега немам видено некое такво „промовирање“. Сведок сум на една млада девојка кај мене во маало живееше, се самоуби со ловџиската пушка на татко и, па потоа се зборуваше дека била во сектата Црна Ружа.
Едно време во Битола знам дека имало доста луѓе кои биле во Црна Ружа,една од попознатите секти (ако не и најпозната) на Балканот. Се собирале околу гробиштата еднаш годишно на ист ден и вртеле тужа и таму каде што ќе се свртела - тој требало да се самоубие или да убие некој од семејството.Исто и услов да са се влезе било да се убие тој што највеќе го сакаш :? Ова го имам слушано од луѓе немора да е точно,меѓутоа јас верувам. Страв ми е од самата помисла дека можат да постојат вакви болни луѓе... :? Црна ружа не е тоа што беше ..дефинитивно ..нема жртвување на луѓе само на животни ,овци и кучиња , се собираат повремено на германските гробишта има ритуали со палење на листови хартија на кои е раскажан холокаустот , од животните знам дека се користи крзното и крвта, на гробот истураат восок од причини непознати .. а за тоа дека црната ружа веќе не е тоа што беше говори фактот што и веќе никој не се плаши од нив како што се плашеа порано , ако им сметаш или набљудуваш при ритуалите може да изедеш добар ќотек и да ги накодошиш на чичко полицаец и толку од циркузот сите по дома а дечките во црни одела во притвор , битолчани барем оние кои отишле на тоа место можат да потврдат дека има јасни знаци дека црната ружа ја има секогаш ја имало и ќе ја има ...навикнавме а и не се страшни дечките само се уфурани во некој филм ..[/quote]
Има многу секти тоа е точно, но не сите луге кои не се христијани или муслимани спагаат во секти. Има многу луге кои веруваат во други Богови или не палат свеки, не носат цвеке на гробишта ....., али не мора да значи дека се самоубиваат или нешто слично, за разлика од Црна Ружа кои дефинитивно беа болни умови и на незнам која дата по незнам каков избор бирале чобек го терале да се самоубие и другите му ја пиеле крвта....мислам...хорор филм . Јас на пример имам една другарка оди во една црква (христијанско-евангелска) и многу си е на место девојчето, се е исто во Исус веруваат,во Господ ,исти празници слават,само што не пали свеки и нема икони,и е многу далеку од секташ..
Пред не цел месец гелеав филм со секти .. После цела нок не можев да заспијам. Иначе, стварно треба нешто да ти биде пореметено во главата за да бидеш член на секти Не сум многу запознаена со сективе но знам дека некој челн од сектата треба да се самоубие или да уби некој од своето семјството .. или пак одбираат некој човек (значи не од сектата)и му го сечат месото и прават нешто со неговата крв ..
Грешите повеќето што поимот секта го поистоветувате со сатанска работа, групи кои наведуваат на убиства и самоубиства и кои прават само лоши работи... По дефиниција сектите се група на луѓе кои се отцепиле од некоја религија затоа што сметаат дека некои работи кои ги проповеда религијата не се точни. Еве ги споменувате Јеховините сведоци... тие своите учења ги темелат на основите на христијанството, само што не веруваат во Светото тројство, свештенството... а воедно не ги признаваат христијанските симболи и празниците бидејќи сметаат дека се пагански работи. Тие воопшто не учат на лоши работи, туку се многу поврзани за својата религија и се големи верници, а воедно и големи хуманитарци. Друга секта е Харе Кришна, која исто така е многу интересна за проучување. Нивната религија се заснова врз ведските книги кои потекнуваат од браманизмот и е создадена во Индија. Луѓето се големи верници, секој ден по 2-3 пати имаат групна медитација... сексот за нив е многу свет чин, имаат секс само кога треба да зачнат дете и тоа исклучиво со одобрение на старешината. За време на мензисот жената ја сметаат за не чиста и тогаш не и е дозволено да готви. Екстремни вегетаријанци се, не јадат месо, млеко, јајца, риба, па дури и печурки бидејќи растеле на гадни и гнили места. Најинтересно е нивното верување во реинкарнација, т.е. дека после смртта човекот се раѓа на друго место. За врв на реинкарнацијата сметаат кога човекот ќе се реинкарнира во крава, и ја сметаат за многу свето животно. Исто се големи хуманитарци, половина од нивните плати даваат на црквата за хуманитарни цели. Е сега знам дека повеќето секти имаат навистина не здрави размислувања и цели, ама не треба да збориме во глобала. Затоа подалеку од таквите, бидејќи на прв поглед знаат да бидат многу убедливи и елоквентни, со цел да привлечат нови членови. А кога еднаш ќе влезеш во тој зачаран круг назад нема. За такви ги сметам Кју Кукс Кланот, Црна ружа, безбројте секти кои се собираат за оргии...итн... Македонскиот писател Дитас имаше храброст да пишува за ваквите секти, па животот го заврши на мистериозен начин...
И уште нешто би додала што во скоро време го прочитав. Некоја секта на блискиот исток дала оглас за нови членови кои би биле обучувани да станат бомбаши самоубијци. За 3 дена се пријавиле 30.000 малолетни лица... Застрашувачки податок... Што ли се крие во мозоците на тие деца... кој гнев го носат во себе