Значи за да отпочне едно масовно движење најпрво мора од некаде да има зачеток како што кажа Гордана. Вообичаено истото почнува со 10-20 луѓе максимум без разлика на веродостојноста околу целата приказна за христијанство како религија. Самите тие 10-20 луѓе кои во понатамошното движење ќе пропагираат за религијата на почетокот претставувале едно здружение, т.е. секта. Многу логична и јасна работа!
Една постара госпоѓа сведок за случувањата во сектата. http://www.youtube.com/watch?v=tMKXdW5A ... grec_index Меѓудругото кај нас во Македонија не е многу застапена Црна Ружа за среќа. Со исклучок на Велес нажалост Таму секоја година секојднево се зголемува процентот на самоубиства на малолетници. Братучедка ми е сведок (која живее таму). Тврди дека навечер за задушница по гробовите страшно многу ги има. Можеби околу 10-15 души.... Таа дури 3 пати ги има видено со долги црни коси, со црни незапалени свеќи во раката како кружат меѓу запуштените гробови, но вели дека од околните луѓе никогаш и никој досега не им се доближил. Луѓето најверојатно се плашат и се тргаат настрана од вакви работи наместо да се спротистават... Чудно е како луѓето толку не веруваат во религијата (исус) и не ги изведуваат обредите за здравје туку на ѓаволот. Многу подраго ќе ми биде некој да е зачленет во некоја побожна секта, бар знам дека го учат на нешто хумано и добро (иако нестварно), отколку да знам дека му се пере мозокот во некој подрум или гроб. Исто така незнам дали некој се загрижува но после информациите низ кои прочачкав на интернет навистина е фрапантен процентот на млади луѓе зачленети по овие сатанистички секти. Бројот станува загрижувачки низ Европа меѓутоа никој ништо не презема за да на некој начин ги ,,исчисти'' И не донесе закон со кој ќе се регулираат овие непотребни здруженија, но зошто. Одговор?!
Христијанството никогаш не било секта без разлика на бројката на следбениците затоа што не е битна бројката туку дали се работи за вистина или невистина т.е. лага. Секта за мене е невистина, лага, погрешно учење за нештата, погрешно верување а овде нема такво нешто се работи за вистината над секоја вистина се воплотува самиот Бог за спасението на човештвото, доаѓа долгоочекуваниот Месија кои е пророкуван од старозаветните пророци и сето тоа се исполнило..Иако е наречена секта од оние кои не поверувале дека Месијата е долгоочекуваниот Месија христијанството никогаш неможе да се нарече секта т.е лага т.е невистина затоа што се работи за ВИСТИНА... Позз...Се надевам се разбравме..
Никогаш неможеме ние да утврдиме што точно претставува вистинска или ,,изобличена'' слика, односно што претставува вистина или не бидејки немаме релевантни докази. За зачетокот на христијанството како што напоменав претходно, постојат не една туку илјада приказни, меѓутоа немора да значи дека ниту една од тие илјада е вистинита... Па дури и онака како што објаснуваш да се случило сигурно сите веднаш не поверувале и се противеле на сето тоа, па пак одредена група на луѓе морале да наметнат сфаќања на останатите преку проповеди. П.С. Имаме само минато, куп нелогични сфаќања за кои од ден на ден стануваат се појасни
Зборам општо, конкретно за темава Секти, треба да се знае дека ниедна секта, никогаш нема да се декларира себе си како секта, без разлика за што станува збор, а се знае што е секта, нешто што се отцепило од црквата.Затоа и не би требало да се очекува од нив самите да признаат, ова мислам дека се знае, но сепак да кажам тоа е и всушност една мала разлика, ама сепак голема.
Ах изгледа сте релативно помлади. Пред некои 15 години Црна Ружа го имаше својот цут во Македонија. Ако некој од вас има над 25 и живее во Карпош(Скопје) може ова да го потврди. Јас кога живеев во Карпош, знам дека моите ми забрануваа да зборувам со такви и такви, демек ги лажеле помалите и полабилните, и доказ беше тоа што бар еднаш во месецот имаше по некој кој се џиткаше од плавите кули во Карпош 1 и 2. На паркингот на Машински, Елетро се собираа си правеа некои нивни ајде да ги наречам обреди итн итн. Знам дека беше страв и трепет низ Скопјево. Ама наеднаш некако стивна целата работа и сеуште незнам што и како се случи. Дали полицијата пола од нив ги приведе или ги заплашија, ама фала богу што и да направиле раат бевме.
Зборувам за сегашнава ситуација. Ги нема. Знам дека имало некое двежење меѓутоа сега не е толку зачестено, а фала богу никој не ни зборува за тоа, незнам зошто.. Освен тоа ми имаат кажувано за некој човек кој се фрлил од крстот на Водно сега скоро како од мајка роден со куферите долу пред крстот... И се зборуваше дека и тој бил во секта зачленет.
За Валерин... Напишавте дека имаме само минато и куп нелогични свакања кои од ден на ден стануваат се појасни...Јас би рекла да не барате логичност затоа што Бог е над човеката логика, е над природното, над времето и просторот, над секое поимање а според тоа и нелогичен за нас затоа што е Бог. Бог е трансцедентен во однос на светот...Ако бараме логичност ке наидеме на безбожниство, ако бараме докази ке станеме неверници... Верата се нарекува вера - затоа што бара да се верува во зборот и тоа без да се види, без да се докажува во спротивно нема потреба од вера и верата не би била вера т.е не би постоела...Позз..
Откако го изгледав видеово се присетив на еден настан од мојов живот. Покрај другите сум го занемарила, но сега ја разбирам вистинската содржина. Пред многу години уште додека учев, не знам од каде, но се сеќавам дека пронајдов едно писмо помеѓу книгите. Во него пишуваше да пристапување кон сектава, црна ружа, па имаше и некое задолжение доколку сум согласна истото да го препишам и раздадам на уште неколку другари, ки. Но, убаво се сеќавам дека тоа не личеше на обична хартија и обичен ракопис и плус имаше и некој печат. Тогаш помислив дека е некоја шала на моја сметка, па си го искинав и право во оган. Спојлер Сега се разбирам. Додека учев бев доста повлечена, тивка, а пред се и одлична во успех. Да не биде за фалба, но бев прва по успех во генерација. Присуствував на натпревари и секогаш си идев со 1, 2 или 3 освоено место. Разбирам зошто кај мене стигнало тоа нешто.
Значи никогаш не би станала член на некоја секта...поради оваа секта црна ружа еден мој другар си го одзеде животот со тоа што се најде на бесилка..помина повеќе од една година од неговата смрт и уште не можам да го преболам бидејќи бевме многу блиски :'(
Црна Ружа ги зема само паметните деца со надпросечна интелегенција, со цел да му служат верно на Луцифер и подобро да го научат материјалот од нивните т.н. молитви и ритуали кои ги изведуваат. И најчесто нив не ги жртвуваат туку напротив, им го предаваат целокупниот материјал за да продолжат да ги учат новите генерации на она што тие им го оставиле
го слават Бога и се темелат на Библијата. Значи не ми е јасно како може да верувате и да имате такво мислење дека се темелат врз Библијата и го слават Јехова на друг начин ?! Како прво, Јехова во Библијата не учи на најдобрите работи - да ги сакаме и почитуваме своите, да не крадиме, пред се да не УБИВАМЕ. А доколку некој сака да стане член на некоја секта, услов е да убие некој што најмногу го сака или некој член од семејството. Па дајте луѓе и после тие го слават ЈЕХОВА ?! ЈЕХОВА САКА ДА МУ ДАВААТ ЖРТВИ ?! ЈЕХОВА САКА ДА УБИВААТ НЕКОИ НЕВИНИ ЛУЃЕ ?! Сите тие мислења се испрани и болни мозоци. И точно е дека не баш сите секти убиваат, но повеќето се такви.. Читнете некоја страна од Библијата (јас ја имам цела прочитано) па ќе видете дека Господ - Јехова не учи само на добри работи.. таман работа да сака да убиваме луѓе за негова слава )
Се изнасмеав. Како Јеховини сведоци сме го зеле името од библијата,ве молам прочитајте во исаја 43-10 и 11 стих,се надевам дека повекето од вас како христијани ја имате и се дрзите за она што го пишува,и не ви служи само како амајлија.Одиме од кука до кука затоа што имаме налог од Бог и го следиме примерот на Исус Христус и неговите апостоли од 1век н.е.Повторно прочитајте за налогот во библијата 28-19 и 20 стих одете и казувајте за бог правете ученици од сите народи бидејки живееме исто како во деновите на Ное -препуштени на секојдневието не обрнувајки внимание на пораката за Бог.според матеј 24-37-44.Не сме секта која убива туку сме христијани кои го ценат животот како дар од Јехова и живееме во склад со она што го кажува библијата. Не пушиме,пиеме,крадеме,лаземе,блудствуваме,дрогираме,не го подржуваме абортусот бидејки се работи за живот, а Јехова го смета за убиство абортусот.НИКОГАШ не ги подржуваме војните како што имаат обичај другите.Исус јасно кажал по љубовта ке ги познаете моите ученици а не по убивањето.СЕКта е се она што е надвор од библијата.Поздрав драги мои и храбро без страв и беспотребна паника која се должи само на недоволна информираност.И да додадам само уште ова се сетив, некој спомна колкава е бројката на христијанството во светот наводно по тоа се познавала правата религија.Но библијата кажува нешто друго-според матеј 7-14 и 1коринт.1-27.
Од секти ми се гади. Сум се информирала за сектите, верувам дека има онакви кои веруваат во Господ, но оние секти кои провоцираат самоубиства. Страшно. Имам случка, која лично мене ме засега. Кога имав некои 8-9 години почнаа да доаѓаат кај нас едни тројца. Двајца мажи и една жена. Постојано доаѓаа кога бев сама и ми даваа различни флаери и книгички. Премногу се исплашив и им кажав на мајка ми и татко ми. Следните неколку дена татко ми остана дома, и кога дојдоа пак татко ми паметно ги седна кај нас во двор да направат муабет и да види зошто доаѓаат да ме видат. После тоа не се вратија, татко ми убаво им кажал. НО! Неколку месеци потоа слушнав како зборуваа со мајка ми, им се заканил дека ќе повика полиција и дека ќе им ја збрише сектата од постоење, му велеле дека јас сум совршена за нивното - „здружение“. Дека гледале светлина во мене, и ќе ме одведеле на правиот пат. Затоа, сум преплашена од вакви, кристално јасно се сеќавам како ме гледаа кога им отварав врата и ми велеа дека сум прекрасно суштество. Во секта НИКОГАШ! Толку од мене, секој со различно мислење, не ме интересира, доволно е што сум почувствувала на своја кожа, вака малку.
се надевам нема да сум офф топик ама мислам дека оваа е соодветно место за мојот коментар... Спојлер оваа ми се случи пред некаде 2 и пол часа... Имав настап во Охрид, па потоа требаше да одам кај братучедими и така залетана, забрзана идам накај Варош. Кај црквата Св. Никла Болнички (знаете повеќето каде е, нели ?) се прекрстувам како секогаш кога ќе поминам пред црква и гледам пред мене едни тројца... и онака си одам и не им обраќам пажња а тие се пред мене и зборуваат нешто, по говорот беа Скопјани. И не го фатив цел муабет бидејќи не знаев ни самата кај ми е умот од толку што брзав но случајно го слушнав еден од нив каде што вика: ....За мене сатаните се христијани, а христијаните сатани. А јас беснам и само наеднаш дојдов пред нив и вика за мене: Ваа, сатанаа еве гледајте(и го кажа така гласно што ми стапна на нерв) и му се вртам (така се изразив како никогаш во живот но преку глава ми дојде)и му викам: Еј ти копиле што си ти? Сатана или христијанин? Што имаа во таа главата што ја носиш над раменици и можеш така да ги извреѓаш мене и мојата вера, бидејќи твоја не верувам дека. и он како маче прецвикано остана. А јас продолжив: бриши од пред мене бидејќи не знам ни јас самата што ќе ти се деси ако се најдеш до мене во следниве 2 мин, и уште едно јас не сум никоја за да судам но Господ е горе и гледа....Се надевам дека ќе гориш во пеколот! и заминав, бидејќи ако останев ќе почнев да се тепам. Можеби некој ќе ме осудат а некој поддржат, но јас не можев да дозволам како ме вреѓа мене и мојата вера...нее тоа НИКОГАШ !
Целосен мој респект за тоа како му си се обратила. Гледам дека знае да јаде го*на за христијаните.А кој всушност е тој да преговара за твојата вера?Кратко и јасно - никој и ништо. Браво