Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Секти

Дискусија во 'Религија' започната од Wild.Child, 7 март 2010.

  1. zizela111

    zizela111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    68

    а ти да беше толку паметна колку што глумиш и се трескаш од земја дека си ќе знаеше дека христијани пред Исус не постоеле. Тоа биле ЕВРЕИ, тие верувале во 1 бог Јахве. Исус самиот бил Евреин. Тој бил синот божји, син на богот на евреите Јахве. После смрта на Исус се јавува христијанството како посебна вера. Неа ја пропагирале и ширеле светите апостоли.

    Затоа Ајша те молам, кога не си доволно информирана, не прави вакви испади. Ќути си поубаво. :!:
     
    На Angel06, lore**dana, bubu1 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    Dokazi be od bibliski citat deka vo biblijata pisuva deka isus e bog, dokazi ali ne od ovaa verzija od po starata verzija,ako gi nemas tie citati kazi ke ti gi citiram jas,da ti dokazam zasto go pravite covekot,bog koga ne e bog,dokazi deka isus rekol ja sum bozji sin? dokazi deka isus rekol,ja sum bog, jas sum roden kako bog,dokazi go toa ako imas dokazi,ama steta nemas.
     
  3. zizela111

    zizela111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    68
    ти девојче проблеми самата со себе си имаш или што ти е? јас никаде не наведов дека Исус е бог. Ако повторно прочиташ , а те молам направи го тоа, и тоа убаво направи го, ќе видиш дека никаде не реков дека Христос е бог.

    А знаеш што им правеле за времето на крстоносните војни на тие таквите како тебе што се преобразувале во ислам?

    Chop the head off.
     
    На lore**dana му/ѝ се допаѓа ова.
  4. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    скоро сите коментари и се овде во оваа тема,нормално секој има право да коментира каде сака...ама некако ова ми е морничаво.Како да дошла овде да сменува мислења .
     
    На zizela111 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. zizela111

    zizela111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    68

    леле жено се слушаш ли ти самата што збориш? ајде те молам наведи каде кажав јас дека Исус е бог, те молам ископирај ми го тој дел.

    Причина 1 зашто муслиманите победиле - Климата, арапскиот народ со векови и векови живее во таква клима. Европејците кои дошле да ја бранат светата земја претежно биле од Англија Франција и Германија. Знаеш каква клима владее таму? 15 степени пониска него таа во светата земја.

    Причина 2 зашто муслиманите победиле - Патот. Секој крстоносец кој сакал да се бори морал да помине месеци пат за да стигне до таму.

    Причина 3 зашто муслиманите победиле - Надбројноста. Пример во третата крстоносна војна 200.000 муслимани (под водство на Саладин) против можеби 2-3 пати помалата војска на христијаните во 1 битка.

    Муслуманите никогаш не успеале да го освојат Ерусалим и покрај огромната надбројност и долгата опсада. Христијаните сами го предале за да не биде масакрирано целокупното население на градот.

    Христијаните морале да патуваат за да дојдат до светата земја, арапите веќе биле таму со векови како што напоменав и многу подобро го познавале тамошниот терен, изворите на вода и храна.

    Христијаните претежно ги губеле битките заради луѓето како Рејнолд оф Шатилон. Тие биле алчни за злато и слава и ништо друго не ги интересирало. Би ја убиле и сопствената мајка за пари.

    Девојко, те молам престани да збориш глупости. Се гледа дека не си доволно информирана само сакаш да се направиш паметна бранејќи ја својата религија.
     
    На lore**dana и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  6. priti

    priti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    83
    Темава е за секти, не за Исус. Јас знам дека секти постојат и кај муслиманите (пр.вахабистите) само што исламот и исламската верска заедница нив не ги признава, како што христијанската црква не ги признава сектите кај некои кои се декларираат како христијани но изведуваат поинакво учење од официјалното христијанско учење. Како и да е, единствено што мразам и за кое немам никаква толеранција се оние сатанистички секти. Па тоа во Америка какви случаи се откриваат секој ден :x , да киднапираш луѓе, да изведуваш ритуали врз нив, да јадеш човечко месо :puke: и други перверзии и гнасотии што ги прават, па стварно треба да си ретардиран за она. :fubar: Барем нека се убиваат и жртвуваат меѓу себе а не други, или нека си ги подзачестат тие самоубиствата, Господе прости ми, ама барем така ќе се исчистат од лицето на земјата :worried:
     
  7. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Аиша ќерко христијанко, муслиманко, обајсни ми ја твојата мисија во светов па и на форумов.. што професија имаш просветител?
     
    На lore**dana, WildCherry, Srekicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    100.519
    Пол:
    Женски
    Со должна почит ,ама не верувам дека си била христијанка,толкав отров од тебе излегува...
    И зошто се обидуваш да не убедиш,дали се сомневаш во сопствениот избор,па очекуваш некој да те тапка по рамото и да те убеди самата тебе дека си во право,прости ама не те разбирам...очигледно не си ја прочитала библијата и не си ја сватила,само си протрчала низ неа...ако и тоа си го направила..
    Отидов Off ама не можев да издржам!!!!!!!

    Секти секако дека постојат,постојат луѓе кои си бараат жртви,ги привлекуваат со лажни проповеди и ред други работи.Не ги оправдувам па колку и да сум демократски расположена,особено ако со нивното постоење се посега по нечиј живот.
     
    На Angel06 и WildCherry им се допаѓа ова.
  9. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    Бегајте од новостите во делата на верата и благочестието и пазете се од лажни пророци, кои идат во овчи кожи, а однатре се волци сурови – гледате ја лагата во привлечните зборови на ласкателите, кои сакаат да ве заведат под маската на добронамерност. Ги имам во предвид сите неправомислени и неправодвижечки не поради немоќ, туку од упорност и со желба да привлечат и другите на своја страна. За сектите – Св. Теофан Затворник
    ..............................
    Слабоста ги тера луѓето да се предадат на вакви искушенија... Скопјево ни е преполно со Секти и секташи и така наречени месии и мастери... ужас!!!! Се прават пари ... се перат човечки мозоци од незнаење... се мешаат различни начини на функционирање од гледање преку аури, отварање на чакри, проповедање на нови начини на молење со "тако звани" мастери, лечење кое никогаш ама баш никогаш не излегува на добро. И ....Кога се допира дното што се случува??? Човекот пак се враќа на ИСКОНСКОТО ако успее да се врати...Боже чувај... Третирање преку некаква си чудотрворна молитва на далечина на луѓе кои немаат поима дека некој им го прави тоа ... Зошто ???? Зошто во заблуда се дека помагаат а не се свесни кое ЗЛО го нанесуваат ...
     
  10. Okean

    Okean Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Прочитајте на GOOGLE за МАНДИЛИОН и ќе ви стане јасно зашто зашто се веруваме и се молиме на икони!
    Иначе јеховините сведоци се секта,од каде со факти произлегле убиства,и луѓе кои што морале да избегаат во странство и да си го сменат идентитето за да останат живи итн.итн.итн.

    Јеховините сведоци пази не се тепаат ,не пцујат,не мислат лошо,не се караат,не водат инает,се нарекуваат ХРИСТИЈАНИ,а нас светски луѓе,но тие особини ги истакнуваат пред луѓе кои што ги гледатт ретко,а пред луѓе кои што им се секојдневни не можат да ги скријат ГРЕШНИТЕ МАНИРИ затоа што и самите сме грешници,не може поинаку,секое новородено бебе е грешно со самиот плач ,доколку не би плачел тоа не би било грешно,има исфрустирани луѓе,слаби по карактер,луѓе кои што сакаат полесно да заработат и кога ќе се свестат веќе каде се ќе им биде касно имам многу да пишувам ,ама немам време.И нема што да се плашите од нив и тие се од крв и месо и Вие и ВИЕ ИМАТЕ ГРБ! ИТН ИТН ИТН
     
  11. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО ГАЛАТЈАНИТЕ

    6 Се чудам дека така брзо се одвраќате од Оној Кој ве повика преку Христовата благодат, и преминувате кон друго евангелие,
    7 кое не е друго, само има некои кои ве збунуваат и сакаат да го изопачат Христовото Евангелие.
    8 Но ако дури и ние или ангел од небото ви проповеда друго евангелие, спротивно од она што ви го проповедавме, нека биде проклет!
    9 Како што рековме порано и сега пак велам: ако некој ви проповеда евангелие, покрај она што го примивте, нека биде проклет!
    10 Дали сега јас барам наклонетост од луѓето или од Бог? Или, пак, настојувам да им угодам на луѓето? Ако уште би им угодувал на луѓето, немаше да бидам Христов слуга.
    .......................

    Секоја секта за себе тврди дека таа единствено е вистинската и спасоносна, а сите други дека се лажни. Наводно секоја ја „вдахнува Светиот Дух“, а ја „основал“ Господ Исус Христос преку своите пратеници. Секоја проповеда слобода. Сите следбеници се еднакви, нема посебна црковна власт, но треба да им се потчинуваат на водачите на сектите, кои можат дури и да исклучуваат поедини членови и групи, што често доведува до разединување на старите и појава на нови секти.....
    Мора многу да се внимава.
     
  12. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.213
    Допаѓања:
    4.252
    Самиот наслов на темата е погрешен или пак мислењата немаат врска со истата - измешани се баби и жаби на кило. :headbang:

    Не постојат секти во Македонија, ниту било каде на друго место низ светот. Но постојат над 20 верски заедници и религиозни групи: Македонска Православна Црква, ИВЗ - Исламска верска заедница, Евангелско-методистичка црква(покојниот престседател Трајковски беше следбеник на истата) Јеховини Сведоци, Адвентисти(во народот познати како Саботјани), Бектешиска заедница(познати во народот како Дервиши) Ваишнавска верска заедница (познати како Харе Кришна движење) и уште многу други кои како во секое нормално цивилизирано и демократско општество треба и ги уживаат своите слободи и права. Дејноста на истите е уредено со уставот и законот за верски заедници и религиозни групи, а надлежна е републичката комисија за односи со верските заедници во РМ.

    Секој човек има право да одбере дали ќе биде верник и ако е верник на која вера ќе и припаѓа и ќе и се посвети - без разлика таа вера од кога постои и дали има многу или малце посветеници-следбеници во земјата во која се практикува.
    Не ги бранам Јеховини сведоци, но зарем, такви луѓе какви што ги опишуваш нема во православието, католицизмот, протестантизмот, исламот, хиндуизмот и другите вери?

    Ако го прифатиме сепак терминот „секта„ тогаш треба да знаеме што значи самиот збор. Не, не значи одвоена група како што понекогаш низ понекој неквалитетен речник се дефинира. На македонски јазик за секта соодветствува зборот „следба„ бидејќи секта доаѓа од латинското sequi=следам некого или нешто, а не од secare=сечам, отцепувам. Значи кога некоја група луѓе ќе се соберат околу одредена политичка или религиозна идеја, станува збор за своевидна секта=следба. Тоа можат да бидат протестанти, православни, муслимани, членови на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, ЛДП и така натака. Се додека тие не ги кршат уставот и законите на државата и не ја загрозуваат безбедноста на другите кои не се истомисленици, тогаш нема никаков проблем дали е некој православен, муслиман, евреин, протестант, јеховин сведок, ваишнава(харе кришнаит) или било што друго.

    Но денес овој збор честопати се употребува во негативна конотација, обично за помала група луѓе со поинакви религиозни сфаќања или за нешто чудно, лошо, опасно а блага си врска всушност нема.

    Ако и понатака останеме со верувањето во урбаната легенда за тнр. „секти„ , тогаш ќе мораме да признаеме дека најголема и најопасна секта на балканот е православната црква, а во светот веројатно католичката црква.
    На што да се внимава? Па истото го велат и католичката и православната црква, додуша поинаку нашминкано - значи според таа логика испаѓа дека и тие се секти :lol:
     
    На lore**dana, Rock-a-Fella, senjorita.lombardi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Ај појасни го малку болдот, во кој смисол православната црква е најопасна? И како тебе лично еве да речеме те загрозува?

    Инаку зошто не си ги споменал Сатанистите од сите видови, Телемитите, припадниците на Вика ... вака некако дискриминаторски ми звучиш. Ама и своите не си ги споменал :( ...Изразов - урбана легенда во поглед на нешта стари со милениуми некако ти штрчи, исто како и она смајлито :lol: што не ми е аналогно за употреба од некој од твојот пол - машки, ама ти си знаеш во крајна сметка...
     
  14. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    1.Ако не си била крстена во црква, не си била христијанка.
    2.Пред раѓањето на Исус, христијанството не постоело! Следбениците на Исус почнале да го шират.

    Информирај се па кажувај, а не вака, зборуваш без врска. ;)
     
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.213
    Допаѓања:
    4.252
    Читајте историја на православието, работите ќе станат појасни - да не зборам па за католицизмот. Она што поголемите верски заедници т.е. службени цркви (православна и католичка) како грев им го припишуваат на помалите верски заедници и религиозни групи нарекувајќи ги со зборот „секти„ всушност го прават и поттикнуваат тие самите. Тие им префрлаат на помалите верски заедници дека наводно ги лажеле и заведувале луѓето да прават грешни работи, а всушност токму црквата е таа што низ својата теологија и соработка со световните владари низ историјата но и денес ги воделе луѓето не само во духовна заблуда туку и ги поттикнувале на убиства и самоубиства, растурање на цели семејства, финансиско искористување, психоманипулации и тн. :!: Се извинувам, но тоа не се работи кои што ме загрозуваат мене, туку цели народи.

    Немам ништо против тебе и православните верници - има многу океј луѓе што се католици, православци, муслимани и други, секој има право на свое убедување. Но тоа што црковната организација односно институција го правела и го прави тоа нема врска со Исусовото учење и неговиот животен пример, туку сосема спротивно од тоа. Крајно е некоректно и спротивно на Исусовите проповеди, црквата да укажува на трнот во окото на другите а гредата од сопственото никако да ја извади - чест на поединечните исклучоци :|
    Прво наведов само неколку примери, листата би била предолга, ама во право си, има и такви, но незнам дали постојат официјално регистрирани во Република Македонија. Во САД знам дека постои Сатанистичка Црква основна од Антон ла Веј. Второ, не ги дискрминирам јас посетителите на форумов туку ти низ дел од твоите постирања како низ оваа така и низ другите теми - преиспитај се самата.
    Ајде ако сакаш сега ти појасни што сакаше да кажеш со ова милениумот?
    Ако е тоа така тогаш зошто воопшто го наведе тоа? Дизајнерот на човечињата не бев јас, ти текнува? ;) Освен тоа полот можеби е северен или јужен, без компас ништо не е сигурно 100% :D
     
    На lore**dana му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Кога црквата поттикнувала некого на убиства,самоубиства? Мислам дека црквата не поттикнувала такво нешто никогаш.А секоја секта, за себе никогаш нема да се декларира како секта и има поинакво учење или тврдење кое е сосем спротивно од тоа што го вели црквата.Црквата е единствена која на правилен начин го толкува христијанското учење.
     
  17. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    4.559
    Пол:
    Женски
    Крстоносните војни, инквизиција , невини луге страдале затоа што се наводно вештери/ки
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.213
    Допаѓања:
    4.252
    Цела тема може да се отвори за гревовите на православната црква. Да си спомнеме за средниот век на балканот - времето на богомилите, потоа балканските војни, светските војни, војната при распадот на СФР Југославија и тн.

    [​IMG]
    [​IMG]

    Па значи ако не се декларира како секта не е ни во ред така да се нарекуваат - белким знаат што се тие самите, а ако се сепак секти тогаш и црквата е секта. Да бидеме фер, нели...
    Но што има црквата да го толкува христијанското учење? И од каде таа информација дека е таа тоа го прави правилно? Кој пресудил дека токму тоа е правилно? Се симнала фигурата на Исус од крстот или искочил од иконата и кажал: „Оваа црква единствено правилно го толкува моето учење„. Не беше ли сепак црквата самат акоја излегувала и излегува со такво тврдење пред народот?! Јас лично верувам во можноста Исус Христовиот Дух денес лично нешто да изјави, но црквата е токму таа која смета дека Божјиот Дух од Јована во Библијата па навака повеќе не се објавува низ пророци.
     
    На lore**dana му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Значи, крстоностните војни, темпларите,инквизиција итн. сето тоа било поради верифицирање на автентичноста на религијата, истражување и докажување на истата.Прво поради спротивставени погледи на две различни страни, поради тоа и настанување на тие војни.Средниот век е време во кое црквата била и владетел, таа била која управувала со државата, па истата таа нејзина функција продолжува во 14/15/16/17 век, после тоа нејзината доминација не била толку голема.Реков дека сектата нема да се декларира себе си како секта, затоа што и самата знае што е секта.Поинаку го толкуваат христијанското учење, а тоа од каде знам дека црквата е таа која правилно го толкува христијанството е само мое мислење, а впрочем тоа и лесно може да се утврди.
     
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Oвие слики не ја прикажуваат црквата,а најмалку религијата ;) Tуку само попот... плус на сликиве им се дава благослов на војниците (на првата слика) што не гледам ништо чудно овде...

    A јас кога се молам, не му се молам на попот, туку на господ ;)
     
    На Ella.313, Page, Okean и 1 друга личност им се допаѓа ова.