Jas ne mislam deka Hristijanstvoto e sekta, bidejki ne si prinuden na toa da moras. Izleguvanjeto od t.n sekti, e potesko. Imase slucuvanja vo mojot grad kade se slucija 2 zrtvi poradi taa, dodeka Hristijanstvoto ne bara takov ''kurban'' (zrtvi) , sektata e eden vid , mesto kade najcesto se sobiraat tazni luge , koi mislat deka toa ke im pridonese nekoj vid na pogolema sreka ili ispolnetost. Veruvanjeto deka posle svoeto ubistvo, se odi na podobro mesto-- vo sektata e umobolnost , barem spored mene. [mod-kirilica:rnci7c43][/mod-kirilica:rnci7c43]
Христијанството, впрочем како и сите други религии(хиндуизам, будизам, ислам и тн.) е широк поим со многу простор за различно интерпретирање. Изворно, Исус и апостолите никого не принудувале некој да присуствува на нивните собири. Но кај дел од црквите (на пр. католичка и православна) тоа не е баш така. Новороднечето се носи во црква, таму се прави магијски ритуал тнр. крштевање, после кое и службено се заверува со документ дека бебето, кое никој не го ни прашало дали сака или не сака, нити било што му се објаснило(а и да му објасниле, што би можело кутрото да разбере на таа возраст), станува член на една група верници и подлежи на правилата на црковната институција која детето со тек на време соодветно ќе го индоктринира за подоцна по можност како возрасен може да го употребува за своите цели. Во некои западни земји тоа е особено изразено, а те крстат во католичка црква, уште при првата легална заработка ти се пресметува и тнр. црковен данок. Тоа што кај нас сеуште не е толку изразено не е поради тоа што црквата е многу либерална, туку поради тоа што имавме неколку децении власт со комунистичка идеологија која строго ја одвојуваше црквата од државата. Ова се тие урбани легенди кои ги спомнав во некој од претходните постови. Не ви е малце чудно дека вакви прикаски траат веќе неколку децении, значи на секои неколку месеци слушаме или читаме низ интернет или весници за вакви настани во земјата, а никој ништо не превзема околу тоа?! Пазете: ги фатија највештите криминалци, крадци, воени злосторници кои вешто се криеа, разни затајувачи на данок, измамници и тн. а овие самоубиствениве „секти„ никако да се откријат сите детали и да ги стопираат.
Црковна литература, енциклопедии, речници, документарци, прошетка низ верските заедници во Р.М. и други земји, саем на НВО и верските заедници, роднини, пријатели и тн. и секако размисла и со своја глава - конечно Господ и природата ни дале разум.
Сите енциклопедии, речници, црковната литература или било каква литература која има допирна точка со религија.И никаде не е спомнато дека крштевањето е магиски ритуал, а темата за ритуали е обемна.
Реков освен тврдењето на самата црква! Тоа ти е како да прашаш грчки политичар „со кои аргументи го негира македонскиот јазик и македонското малцинство во Егејскиот дел, а тој да ти одговори „па сите (наши) историчари, археолози, етнолози тврдат така„. Ако провериш во речник ќе видиш дека секта има и во политика и во книжевност и во религија, и во прв ред има значење на правец или следба. Зборот следба како превод на секта е употребен и во книгата „Веронаука„ од Диме Кочовски протојереј во МПЦ, секако во контекст како православаната црква е во право, другиве во „криво„ и тн. Така стои и во Латинско-македонскиот речник од професорот по класична филологија Д-р. Валериј Софрониевски (изд.Bigoss) и во редица други. Зборот „секта„ да се преведе со отцепување е едноставно научно неиздржано.
Кога реков еницклопедии, речници или било каква литература, не мислев само на црквата не зборам напразно
Сектите од типот на јеховисти, саботјани, протестанти се гранки на христијанството што значи дека и тие веруваат во Господ, но немаат икони, не палат свеќи и некои други работи што ги правиме ние, но тоа не значи дека веруваат во ѓаволот или дека некого го прават да се самоубие или не знам што. Ги осудувате затоа што веруваат на поинаков начин од вашиот, затоа што се различни од вас мислите дека се лоши, ПА И ВИЕ СТЕ РАЗЛИЧНИ ЗА НИВ и тоа не им дава право да мислат дека вие сте лоши. Мислам дека : ГОСПОД Е ЕДЕН САМО ПОСТОЈАТ РАЗЛИЧНИ НАЧИНИ НА ВЕРУВАЊЕ.
se slozuvam so predhodniot post Bog e eden ,religii ima mnogu kako i mnogu nacini na veruvanje no site ne ucat na smirenie,pocit,ljubov i razbiranje
Најмногу ги има во Гевгелија, Богданци..Даваа и на вести. Веќе 3 деца(од исти клас од Богданци) се бесат по ред и тоа еден ќе се обеси и по точно 100 дена друг и се така и од коа дадоа на вести се нема десено нешто такво има скоро една година поминато. А колку приказни имам слушано за секти и веќе се плашам. Имам слушнато и за една секта во Србија ли кај беше не ми текнува црна ружа. Ако знае некој нешто нека пише баш ме интересира.
Никогаш нема да дозволам да западнам во секта имавме другар кој наседна животот му се уништи не беше прифатен од дома од народот животот му беше пекол,а мојте комшии се кажуваа дека се од секта ширеле љубов верувале не јаделе и што ти ја знам,а всушност тоа им беше покритие на крајот се откажаа.Инаку со должна почит секој има право да верува во што сака
Значи не му го уништила животот божемната „секта„ туку тие од дома и народот не прифаќајќи го таков каков што е. Тоа е болеста низ многу балкански општества - ако е некоја личност поразлична, веднаш се отфрла. Сите да го почитуваа она што го кажа ти на крајот: веројатно животот и не ќе му беше таков пекол.
Како може тие од дома да му го уништат животот, како може сектата да има добри намери? Сектите немаат добри намери.Зарем тоа што ги тераат нивните припадници на лоши работи, како пример самоубиства е нешто добро? Тоа не е болест низ балканските општества, само правилно размислување, а различност секој прифаќа, помалце или повеќе.Стварно не ми е јасно како може сектата да има добри намери.
Crna ruža je sekta stara oko 30 godina. Nastala je izvorno u Americi od Luciferove crkve. Kad se ta Luciferova crkva proširila na Hrvatsku, ovdašnja podružnica se odvojila od svoje matice i počela rad po svome. Tako su u zadnjih 3 godina poznata samoubojstva i ubojstva koja su obavljali Crne ruže. Do dana danas nitko nije saznao tko ih vodi, tko je ta osoba. Smatra se da je neka utjecajna ili bogata osoba. Zovu se crna ruža jer poznati po tome što bi svako toliko nekom svome članu poslali crnu ružu što bi značilo da si mora oduzeti život. Ako si ga ne oduzme oduzmu ga drugi. U biti ja nisam nigdje pročitao niti čuo o njima koliko sam od jedne osobe na Cresu. Svi njihovi preustroji, njihovi obredi, nazivi svećenstva sve zna a cijela država nezna. Kako je to moguće osim ako nema netko veze s njima. Obredi su se nekada i te kako obavljali, nisam baš dobar više s njima pa neznam šta se sada dešava. Ali obavljali se su iza vrtića ili škole, na nekim mjestima u šumici ili po zimi u nećijem stanu. Na obrede bi nosili te knjihe koje nam nisu ili nikad pokazali što piše u njima ali su iz njih vadili obrede, molitve i ostalo. E da nemam razloga nikoga zezat ili razbit tu sektu iznutra. Nisam njihov član nego sam bio jako dobar s njima i dopustili su mi neke stvari. Svako tolko puste nekoga da uđe kod njih i da se na takav način umješa bez da bude njihov član. No, situacija u našim krajevima je sljedeća: Sredinom 80-tih Crna Ruža proširila se u Hrvatskoj i uključila veći broj mladih; dio tih mladih napredovao je u učenju u tim sektama, dok je drugi dio iskorišten kao "žrtve" za napredovanje onih drugih. Određen broj samoubojstava mladih pripisan je organizaciji zvanoj "Crna ruža", no to je bio samo vrh ledenog brijega – to su bili mladi ljudi namijenjeni tome da budu žrtvovani. Kad je ta priča izašla u medije i kad se digla masovna panika, vinovnici i glavni krivci povukli su se u ilegalu, promijenili imena i prezimena i nastavili djelovati inkognito. Broj mladih koji se ubio pod njihovim utjecajem nikad nije pouzdano utvrđen, iako se smatra da je riječ o nekoliko desetina, a nije utvrđen ni broj mladih koje su svojim manipulacijama uspjeli strpati u umobolnice. U pseudohrišćanskim sektama nasilje se najčešće ispoljava kao rezultat potrage, ucene, pretnje i psihičkog terora prema odbeglim članovima sekte i članova njihovih porodica. Nije to samo borba za člana sekte nego i sprečavanje da istina o dotičnoj sekti prodre u javnost kao svojevrsna antireklama; Zabeleženi su i teški slučajevi krivičnih dela, doduše ne tako česti, sledbenika pseudohrišćanskih sekti: ubistva, razbojništva, teške telesne povrede i mnoga druga. Kažu, sekta Crna ruža idealni je počinilac ovog zločina nad maloljetnim gimnazijalcima. Masovna ubistva ili samoubistva koja su devedesetih potresala svet, donela su za sobom TV serijale o fenomenu sekti, senzacionalističke naslove u novinama i otišla u zaborav. Kao što je ono u Teksasu (1993) kada je svoj život okončalo 88 članova sekte U duhu zanrovskih romana opasna je sekta imenovana kao "Crna ruza" koja okuplja ljude najmracnijih sklonosti i sluzeci svog gospodara, necastivog, provode najopskurnije rituale. U "cudnoj" kuci na kraju grada, govorile su glasine, skupljaju se u grupama po dvadesetak ljudi, izgovaraju nerazumljive rijeci, priredjuju najrazlicitije rituale i organizuju seksulane orgije. Kao primjer, koji je najvise uznemirio ovdasnju javnost, navedena je retualna kolektivna obljuba nad jednom sesnaesetgodisnjom devojcicom, pa je religiozno zvezdena nesretnica poslije morala na lijecenje. Cinjenica da u nijednoj klinici nije hospitaliziran takav bolesnik umjesto da razuvjeri javnost, samo je pojacala uznemirenost. Pored svega, "satanisti" su svom djavoljem gospodaru prinosili zrtve i, naravno, pri tome su pili zrtvinu krv. UZbudjenje je dostiglo klimaks kad je javnost obavijestena kako ce na najveci pravoslavni praznik Vaskrs, necastivom biti zrtvovano jedno cetvorogodisnje dijete. Prema iskazima narocitih poznavalaca "vjerskih" prilika u Makedoniji, gostivarska "Crna ruza" - koja je, uzgred, uclanjivanje u svoje redove naplacivala po 400 maraka, nije jedina ovdasnja satanisticka celija. Slicne su se "orgije" ranije priredjivale i u Skopju i Bitolu. Tragicno samoubistvo jedne mlade Skopljanke od prije nekoliko godina, navodno, prouzrokovano je ucescem u satanistickim seansama. додека прочитав еден мал дел од ова, како и од минатите постови, морници почнаа да ме лазат-најчудно ми беше убиство на еден од твоите најблиски во семејството , а имав шанса често да гледам луге како доагаат во една ко црква беше Јеховини сведоци(дури пред некое време ме начекаа жени и пробаа да ме убедат да станам дел од нив) ама не им успеа.
Така што можеби биле дисфункционално семејство.(алкохол, сексуално малтретирање, коцкање, посериосни караници). Додуша rici.aaaaa не ни кажа како се викало таа наводна „секта„ со која типот или типката имале врска. Од каде знаете? Сте биле член на некоја? Такви верски групи низ втората половина на 20-иотдодуша имало но биле многу ретки(Храмот на народите во Гвајана; Аум Шинрикјо во Јапонија) но откако се испоубиле престанале и да постојат. Тоа што неупатените но и божемно „упатените„ теолози им го припишуваат на тнр. „секти„(дека тераат луѓе во самоубиство и сл.) - е всушност одраз, еден вид рефлексија во огледалото на она кое на овие простори е пропагирано од црковните и политички водачи, некогаш директно некогаш индиректно. Во Македонија уште комитите, припадниците на разни вмроа и тмроа се всушност тие кои пропагирале убиство и самоубиство во име на некакви повисоки идеали. Таквите денес се слават како херои низ учебниците и спомениците. Каков пример даваат тие на младината? Дали на здрав животен пат или пат кон самоуништување? Правиме муабет за разни урбани легенди, шарена ружа, миризлива ружа, но што правиме со тнр. спортски секти што им го перат мозокот на бројни млади и тоа со децении, правејќи некоја чуден синкретизам меѓу спортот, религијата, историјата и оружјето? http://www.youtube.com/watch?v=mCxA6RRbllc Не си запознаена со фактичката ситуација во регионот. Во Македонија кога група млади архитекти излегоа да протестираат против задушување на просторот преку градење црква на плоштад(значи не биле против изградба на црква некаде туку конкретно за локацијата) толпа хулигани божемни „православци„ нахушкана преку некои медиуми, тргна физички да се пресмета со студентите. Истовремено контрапротести одржувала една мала група мирољубиви искрени православни верници. Овие од хулиганиве ги нападнале и едните и другите! Првите затоа што нејќеле црква на плоштад а другите затоа што наводно ширеле грчка пропаганда: им се видело нешто на иконите и црковните знамиња некои грчки букви IC XC што како транспаренти ги држеле малава група верници, и поради тоа хулиганиве (од што толку си ја познавале верата) ги нападнале и контрапротестериве. Во Србија од 1990те до денес, за жал има веќе безброј случаеви на напад врз оние кои се со различно верско убедување. уште 1993 во Белград упаднаа хулигани во храмот на ваишнавската верска заедница(Харе Кришна движење) почнаа да кршат и да ги напаѓаат како следбениците така и гостите. Во Нови Сад 2008 год. нападнале двајца мормони откако тие не се изјасниле како православни или католици, во Сомбор 2007 на саботјаните им ја искршиле таблата на влезот од Адвентистичката црква и тн. и тн.слични случки имало низ Русија, Бугарија, Грција - зарем е сето тоа правилно размислување и прифаќање на различноста?
Не сум била никогаш член на секта.Незнам како може да не се знае дека сектите немаат добри намери, кога се актуелни, па макар и низ муабети.Така што, денес живееме во време кога се ни е на дофат на рака и нормално дека би било општопознато која е намерата на сектите.Е сега теолозите не им препишуваат на сектите дека терале тие на самоубиства, како што може тоа да се види и прочита преку мислењава дадени во темата итн.Тука муабетот не е за легенди.Како може да има спортски секти??? Мислам дека би требало да се прави разлика, во однос на знаењето на сектата.Не може да има спортски секти, политичките партии да бидат секти итн.Описот на сектите е премногу јасен и очигледен во темава, до толку што може да се разбере што е секта.
Не секоја секта ги тера нивните припадници на самоубиства, ондак логично би ги снемало таквите секти и припадниците на истите . Сепак постојат секти кај која цел им е на о др начин да бидат поблиску до Бога, си имаат нивни ритуали и слично. Али како шо и кажа ДА и те како постојат секти кои учат на убиства смаоубиства и давање жртви, како и на мн др по морничави ритуали. Али не и да с еправи генерализација дека баш секоја секта тоа го проповеда.
Кога реков така, дека немаат добри намери,мислев глобално, додека самоубиствата ги дадов само како пример, затоа и нагласив претходно, а секако дека постојат секти кои имаат други начини за да бидат поблиску до Бог, дека имаат поразлични толкувања од самата црква, затоа и таа истите ги нарекува секти.Говорам што мислам/знам во однос на темава, не користам никаква литература од црква итн, за да го користам тоа како мое мислење.Кажувам што ми текнува во моментот.