Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Секти

Дискусија во 'Религија' започната од Wild.Child, 7 март 2010.

  1. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    За опасноста од ПАГАНСКАТА МАГИСКА РЕЛИГИОЗНОСТ И ОБРЕДНОСТ

    Презвитер Ивица Тодоров

    Секој православен (правоверен/ ортодоксен) христиајнин – кој ја познава и живее својата вера – знае дека на Соборот во Лаодикеја, во 39 канон, е одлучено следното:

    Не им прилега на христијаните да празнуваат заедно со паганите (незнабошците), а и да го примаат од нив она што е безбожно“.

    Зошто на христијаните НЕ ИМ ПРИЛЕГА да празнуваат заедно со паганите, односно, не им прилега да ја признаваат и прифаќаат ПАГАНСКАТА ДУХОВНОСТ, РЕЛИГИОЗНОСТ и ОБРЕДНОСТ?

    Одговорот е мошне едноставен – ЗАТОА ШТО паганската/ незнабожечка религиозност, духовност, обредност својот корен/ зачеток го имаат од инспирацијата/ вдахновеноста/ потикот од отпаднатите ангелски сили/ демони. Тие, опседнувајќи го умот на многу преставници на човештвото во минатото, кај сите народи започнале да формираат религиозност сосем СПРОТИВНА на Бога. Овој вид на религиозност е препознатлив со:

    1.користење на ИДОЛОПОКЛОНСТВО (преставување на разни измислени божества во најразлични форми),

    2. обреди кои се поврзани со магиски вештини – кои всушност овозможуваат контакт со нечистите духовни сили,

    3. блудни оргијастички екстатички состојби – кои се користат за истите цели како горенаведеното,

    4. формирање на окултни вештини – спиритизам, продор во „повисоки“ астрални свери, астрологија, насочување на „енергија“ врз други и влијаење врз нивната психофизичка состојба. Овие нешта денес се многу познати под ЊУ ЕЈЏ движење и духовност. Овде спаѓа и практикувањето на таканаречената – космичка енергија,

    5. во попримитивна форма истиве нешта се практикуваат и кај разните бајачи, гатачи, јасновидци.

    Сите, кои на било кој начин СТАПУВААТ ВО КОНТАКТ СО ОВОЈ ТИП НА РЕЛИГИОЗНОСТ, се отвараат за делувањето на нечистите сили врз нивниот ум, душа, чувства, воља, живот. За кратко време започнуваат да се осведочуваат за нечие тајно/ невидливо присуство околу себе или во просторот на живеење. Започнуваат да слушаат „гласови“ во својот ментален простор. Започнуваат да сонуваат соништа со „светци“ кои ги мачат и ги потикнуваат да бидат јасновидци, бајачи, гатачи, да градат некакви „цркви“ – кои за кратко време стануваат бајачници и извор на паганска религиозност ( иаку често маскирани со христијанска православна форма и симболика).

    Откако – преку стравот и заканите од страна на нечистите сили, а и заради личната гордоста, примитивност и простотијата – некој ќе се „навлече“ со овој тип на религиозност – животот му се претвара во кошмар, но и животот на неговите ближни, исто така!

    Затоа – на ХРИСТИЈАНИТЕ, на учениците Христови – и од Бога и од Црквата Божја им се заповеда, советува, порачува – ДА БЕГААТ ПОДАЛЕКУ ОД ГОРЕОПИШАНИТЕ, но и да ги разобличуваат со сведоштво против нив, а и да ги советуваат неупатените, слабоверните и слабоумните од оваа ДУШЕУБИСТВЕНА ОПАСНОСТ!



    Ставот на Светото Писмо и каноните на Црквата во однос на паганската религиозност, обредност и суеверие

    ” Кога ќе влезеш во земјата, која Господ, твојот Бог ти ја дава, да не свикнеш да правиш гнасотии, какви што вршеа тие народи; да не се најде пред тебе човек што го тера синот свој или ќерката своја преку оган, заради очистување, или да претскажува, да гата, или како магесник да биде, чародеец, ни гледач на утробата, ниту пак како што се гледа по знаци, ни таков што повикува мртви; зашто, секој, што го прави тоа е гнасен пред Господа, и токму поради тие гнасотии, твојот Бог ги изгонува од пред тебе. Биди непорочен пред Господа, твојот Бог.” (5. Мојсеева. 18, 9-13)

    ” Ако, пак, Јас истерувам бесови со Духот Божји, тоа значи дека дошло Царството Божјо до вас. ” (Матеј. 12, 28)

    ” А мнозина од оние, кои правеа магија, собирајќи ги книгите свои, ги гореа пред сите.” (Дела. 19,19)„14 Не впрегнувајте се заедно со безверниците; зашто какво заедништво постои меѓу правдата и беззаконието? Што заедничко има меѓу светлината и темнината?

    15 Какво согласие може да има меѓу Христос и Велијар? Или, што има заедничко меѓу верник и безверник?

    16 Каква спогодба има храмот Божји со идолите? Вие сте храм на живиот Бог, како што рекол Бог: „Ќе се вселам во нив и ќе одам меѓу нив; ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ.”

    17 „Затоа излезете од нивната средина и одделете се!” Вели Господ, и „Не допирајте се до нечисто, и Јас ќе ве примам!

    18 И Јас ќе ви бидам Татко, а вие ќе Ми бидете синови и ќерки”, вели Господ Седржителот. (2. Коринтјаните, 6, 14 – 18)



    Шести Вселенски собор, канон 61

    Оние кои се обраќаат кон такви што прават магија, или кон таканаречените стоначалници, за од нив да дознаат нешто што сакаат да им се открие, или да им се исполни некаква желба, по силата на претходните за нив заповеди од отците, истите нека подлежат на правилото кое за нив определува шестгодишно покајание.



    Помесен собор во Анкир, канон 24

    Оние кои употребуваат магиска вештина и одржуваат разни пагански (назнабожечки) обичаи или водат некои од таквите во нивните домови да им гатаат или да им очистуваат магија, нека потпаднат под правилото за петогодишна епитимија во востановените пет степени: три години да клечат и две години да се молат без да се причестуваат со светите тајни.



    Од правилата на Св. Василиј Велики, канон 83

    Тие кои се занимаваат со магесништво и ги следат паганските обичаи, или во своите домови носат некои за да им вршат чародејства и разни очистувања, нека потпаднат под правилото за шестгодишно покајание: една година да плачат, една да слушаат ( да учествуваат само на првиот дел на Литургијата), три години да клечат и една година да стојат со верните, и само на овој начин нека бидат примени назад во Црквата.



    Како да се заштитиме од суеверието?

    Најдобрата заштита од суеверието или празноверието е својата вера да ја исполниме со потполна љубовна доверба кон нашиот Отец Небесен преку Неговиот Единороден Син и нашиот Господ , Спасител и Учител Исус Христос во Светиот Дух и во Светата Црква. А тоа значи дека е потребно целиот наш светоглед и вредносен систем да го втемелиме на Божјата вистина, откриена и запишана во светите книги на Стариот и Новиот завет и засведочена од безбројите праведници и светители, како од старозаветниот, така и од новозаветниот период. Само така најсуштински ќе ја доживееме радоста на нашето духовно ослободување и ќе го разбереме советот на нашиот Господ Исус Христос кој е запишан во евангелието според Јован:

    “Ако вие останете при Моето слово, навистина ќе бидете Мои ученици, и ќе ја познаете вистината и вистината ќе ве ослободи. ” (Јован.8, 31-32)
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Генерално она што Page го напиша во првиот дел за спиритизмот, окултизмот, разниет њу ејџ техники и сл. се согласувам дека можат да бидат опасни и за душата и за човекот. Но тоа предупредување доаѓа од црквата, а црквата е преполна токму со такви работи. Мене ме изненадува како многумина верници, а особено студенти по теологија тоа не го забележуваат?! Во црквата врие од оклутни ритуали кои треба да дадат некакви магични резултати - секако во Божјо име, како што го прават тоа и повеќето бајачи.
    Модерните окултисти денес се повикуваат на древни египетски или мајански или незнам какви знаења, црквата се повикува на старите црковни отци, канони од вселенските собори, Библија и сл. Бајачите веруваат дека со мавтање на одредени предмети ќе се привикаат натприродни сили кои ќе донесат мекаков резултат. Свештенството за време на литургијата или мисата(зависно дали се работи за православна или католичка црква) исто така мавта со разни предмети: кандила, посветени лепчиња и вино кои магично се претвораат во крв, се користи специфична облека, положба, слики и тн. Што е во крајна линија разликата?
    Исус и апостолите ништо од тоа не користеле и не правеле. Тие се собирале во едноставни простории или на отворено се молеле и вршеле несебична служба на љубов кон ближните.

    Во врска со вториот дел, советите од св. Василиј, колку преобратени магови и пагани успеале да ги спроведат тие прописи за едногодишно плачење, повеќегодишно клечење и тн.? Такви прописи наоѓаме исто и во паганските религии.

    Тоа е она што го кажав на претходните страници, црквата честопати кога ги напаѓа другите верски заедници и религиозни групи која таа погрдно ги нарекува со зборот секти, всушност ги напаѓа затоа што се препознава себе си во нив. Исус опоменал по смисла: „Зошто го гледате трнот во окото на братот свој, а не ја забележувате гредата во своето око?!„. Тие на црквата се еден вид огледало во која таа битребало да се погледне и да се поттикне на преобраќање од следење на магијски ритуали кон следење на Христос Божјикој ни ги донесе заповедите на спасението изложени меѓу другото во Исусовата проповед на Гората.
     
  3. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Да ја погледнеме од друга страна работата.
    Зарем Господ со текот на времето на самите апостоли не можел да им даде упатство како да се служи?!
    Тоа ти е исто како и во Стариот завет.
    Да не цитирам, зашто е многу обемно, но нели Господ заповеда преку Мојсеј и му кажа дека, таков и таков треба да биде ковчегот, дека треба да изгледа така и така, од кој материјал да се прави, во која положба треба да бидат херувимите... или како треба да изгледа скинијата, нејзината висина, ширина...
    Тоа е потполно исто и во овој случај. Зашто со самото доаѓање на Господ Исус Христос на земјата, завршува Стариот даден завет на Господ и започнува Новиот. Па, така и Господ преку своите апостоли, преку своите светии полека им давал упатства како да му се служи сега, во Новиот завет.
    Пример тука е завшувањето на принесувањето на крвни жртви, зашто Господ Исус Христос е последната крвна жртва која се принесе за нас...

    Господ кога дојде на земјата Тој само сакаше да им докаже на сите дека е тој долгоочекуваниот Месија. Но, Него никој не го разбра, посебно од избраниот негов народ, Израилот. Господ Исус Христос одеше во синагогите, проповедаше, правеше чудеса... се со цел да го познаат. Но, Тој, ако земел кадилница или ако кадел со темјан, Него никој не би го познал дека тој е Месијата. Сите многу нормално ќе разбереле дека се работи за нешто погрешно.
    Додека да, Тој се молел на отворено, се собирал со другите луѓе, но што правиме со Тајната вечера?!
    Што е таа?
    Дали се исполнува денес?
    Како, кога?


    Овде е наведено, најважното. Покајанието.
    Пак ќе напоменам, св. Василиј сам тоа не го кажал, туку тоа е по Божја промисла. Господ му го најавил тоа, но не тој.
    „ Бидејќи не сте вие што ќе говорите, а Духот на вашиот Отец ќе говори во вас.’’ Матеј 10:20

    „Ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам црквата Своја и вратите на пеколот нема да ја надвладеат. ’’ Матеј 16:18

    „ Кој не е со Мене против Мене е; и кој не собира со Мене, тој растура. ’’ Матеј 12:30

    :) :) :)
     
    На Page му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Тоа што го кажа нема врска со секта.Ритуалите отсекогаш биле поврзани со религијата.Денес и сектите имаат ритуали кои се погрешни, а се негативни и прават човекот да биде деструктивен, додека црквата не го учи на лошо човекот.Тоа е разликата меѓу црквата и сектите.Второ, дури и кога Исус бил со апостолите, тоа што на последната вечера го направил, а е потопување на лебот во виното, е нешто што ден денес црквата го прави во својата традиција, секако со симболичен начин.Како трето, што веројатно се знае, дека и самиот Исус ја има спомнато црквата како место во кое ќе се продолжи неговото учење, а секако и воопшто меѓу луѓето.Што значи некои работи што ги прави црквата како традиција, не се туку така направени или со некаква си наводна спиритуалност.Иако спиритизмот е нешто што го има секоја религиска институција.
     
  5. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Јас никогаш не сум припаѓала ниту сум помислила на секта секогаш сум велела дека секој човек има право како и во што сака да верува.Имавме наш пријател несакајки влезе во секта не прифатен од дома навредуван понижуван и така натаму се испоразболе,но верен и остана на сектата во која се вклучи и не му пречеше што цела плата ја даваше и ја дава таму Пред некое време запознав фамилија која на секој збор го употребуваше господовото име и кажуваше колку се тие безгрешни и и.т.н.,арно ама тие биле гадови се служат со бедни лаги.Не останав рамнодушна на глупостите што ги велеа и на крај им реков
    Што имате против христијанството?Вие сте поголеми верници бидејќи ви текнало да си земете гитара да си пеете и да раскажувате за господ?Одете во црква застанете пред икона запалете свеќа можеби тогаш ќе видете каде се наоѓате?Ја прашав жената ако сте толку чисти во душата зошто тогаш се служите со сплетки и замислете таа зема да збори тадури да колне,и се изнасмеав во лице и и реков засрамисе
    Всушност и тој збор е преголем и претежок за нив не можат да го разберат се распрашав што луѓе се и мислам дека навистина си го погодиле местото таму припагаат
     
  6. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    Самиот Господ ú рече на Самарјанката:

    „Но доаѓа час – и веќе е тука – кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Отецот во дух и вистина, зашто Отецот сака такви поклоници. Бог е Дух, и оние кои Му се поклонуваат, треба да Му се поклонуваат во дух и вистина” (Јн. 4:23-24). Значи, сето наше служење за свој извор мора да ја има волјата на Светиот Дух и да биде во потполност согласно на Вистината, т.е. точно да ја изложува
    Православната вера.

    Заеднички карактеристики и учења на сектите

    Свештеник Бранислав Перановиќ

    Сите секти доаѓаат да ја „поправат лошата состојба во Црквата“, да го „реформираат“ нејзиното учење и организација, бидејќи Црквата наводно, „со текот на времето го напуштила вистинското учење и духот на Евангелието“. Сите секти наводно ги „подготвуваат“ луѓето за скорото доаѓање на Исус Христос и Неговото илјадагодишно царство на земјата. Секоја секта за себе тврди дека таа единствено е вистинската и спасоносна, а сите други дека се лажни. Наводно секоја ја „вдахнува Светиот Дух“, а ја „основал“ Господ Исус Христос преку своите пратеници. Секоја проповеда слобода, особено од „поповите“. Сите следбеници се еднакви, нема посебна црковна власт, но треба да им се потчинуваат на водачите на сектите, кои можат дури и да исклучуваат поедини членови и групи, што често доведува до разединување на старите и појава на нови секти. Освен ова сектите:

    1. Го негираат Светото Предание и самоволно го толкуваат Светото Писмо;

    2. Светата Причест ја сфаќаат како нешто символично, а не како Телото и Крвта на Исус Христос;

    3. Немаат посебно, туку општо свештенство;

    4. Ги отфрлаат иконите и Чесниот Крст, православните ги сметаат за идолопоклоници;

    5. Забрануваат молитвено почитување на Пресвета Богородица и светителите итн. Дури се потсмеваат и хулат на нив.
     
  7. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Се убаво што си учат и толкуваат но како може да се служат со лаги превари изневери тадури се прашувам
    во што веруваат мислам дека се прекриваат бидејќи неможе и несмее да се служат со бедни работи,а демек биле нововерци можеби има некој кој станал нововерец поради пијанчењето на домашниот,или како што беше случајот со...да не набројувам се нервирам ..хаос може не се сите исти ама овие се изроди а јас пак тадури велев немојте да ги делите луѓето кој во што сака нека си верува,а тие ......
    Им Ја заборавив тоа црквата како им се вика а пази тадури тие се на челно место срамота се прашувам Што луѓе се?Душата со што им е исполнета? Љубов-тешко
     
  8. iva85

    iva85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    27
    Секта до сега што ја имам чуено е Црна-Ружа..Бреј,болна работа. :worried: :x
    Баш зборев со братучед ми на оваа тема,и ми кажа дека некои деки млади навечер си се шетале негде низ маало,и ги виделе тие од црна секта,држеле некои хартии,и овие дечкиве нормално си отишле избегале..И утрото коа поминувале од таму,виделе црна мачка заклана со ножот на неа,и листовите покрај неа запалени..леле ,морници ме полазија :worried:
    Значи стварно болна работа е тоа,ќе те сретнат на улица ќе ти перат мозок за да се самоубиеш. :x
     
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Кој одредува дали некој ритуал е погрешен или не? Црквата нели... ;)
    Kои се тие „секти„ и кои се тие погрешни ритуали? Може да наведеш конкретен пример?

    Ете православната и католичката црква на пр. велат за Јеховините сведоци дека се секта, истото го велат за адвентистите(познати и под името Саботјани) но ако појдеш кај нив ќе видиш дека тие дури не ни имаат ритуали. Тие на своите собири пејат побожни песни и држат побожни говори, евентуално читаат од Библијата и отприлика толку!
    За жал историјата на православната црква кажува нешто сосема друго. Кој учествуваше во одземање на имотот од луѓето правејќи ги преку тоа зависни и сиромашни? Кој бараше на Богомилите да им се сечат јазиците? Кој ги палеше богомислките села низ Македонија? Кој ги поттикнуваше балканските војни? Да не посегнувам по посвежи примери. Во тој поглед ништо не се подобри ниту католичката ниту протестантската црква.
    Но црквата не вели дека тоа е симболично, таа тврди дека тоа навистина се претвора во телото и крвта христова и дека земањето од истото имало поволни последици за душата. Да го правеа тоа луѓе од некоја друга вера истите ќе ги наречеа канибали.
    Исус зборувал за заедница на верници кои се трудат да живеат според неговото едноставно но генијално учење. Никаде експлицитно не рекол (дури ни во тнр. Библија) дека тоа е православната, католичката или протестантската или некоја друга црква кои пак Исусовото учење драстично го имаат деформирано низ вселенските собири кои се одржувале векови после Исус од Назарет.
    Можеби тие луѓе се такви, незнам не ги познавам, но зарем нема православни, католици, протестанти, муслимани, атеисти и тн. кои исто така некоректно се однесуваат?! Вака како што го кажуваш испаѓа дека тие се служат со бедни работи затоа што се од поинаква вера. Демек да беа православни или атеисти сигурно не ќе беа такви. Една работа е како некој се декларира, друга е дали живее според тоа во кое што верува.

    Еве овие биле православни монаси, но однесувањето им е крајно нехристијанско. Според Библијата (која тие ја сметаат за божји збор) Исус велел „Љубете се меѓу себе како што јас ве љубев вас, и според тоа секој ќе препознае дека сте мои ученици.„ , чии ученици испаѓа дека се според настанот:

    http://www.youtube.com/watch?v=XSIqaUNCxJw

    Но тоа не значи дека дословно сите православни верници се такви во однесувањето. Слично на тоа, ако во некои луѓе се следбеници на некоја друга вера и се однесуваат некоректно не значи секогаш дека поради нивната вероисповед се такви.
     
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Црквата си има свои гледишта, кои нормално дека ќе укажува на нив, бидејки сметала дека е во право, но човекот, односно останатите се тие кои треба да проценат дали тоа што таа го говори е правилно или не, врз основа на својата вера, своето верување.Црквата никого не тера на сила, зборам за денес кога има човекот право на избор, не зборам за минатото кога таа била доминантна како владеачка сила во одредено место.Не дека минатото не треба да се меша, ама минатото е мртво се додека истото не биде оживеано преку некакво сегашно повторно оживување на некој настан и слично.
    Второ, во темава е доста јасно и укажано на тоа кои и какви се тие секти.
    Трето, црквата никогаш не тврдела дека навистина се претвара во тело и крв, тој обичај, бидејки многу логично е и дека не ни може да се претвори виното во крв, а и да тврдела, веројатно е дека било начин само како да ги поттикне луѓето да ја зацврстат својата вера во Бог.
    Четврто, црквата тоа што го правела во минатото било само нејзин метод како да го зачува верувањето на луѓето во Бог и нивното упатување кон неуништување.И да бил погрешен, бил обид за причината која ја кажав претходно.
     
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Се согласувам, многу добро кажано!
    Точно дека денес влијанието на црквата е во значително помало во однос на минатото, но таа и понатака се обидува да се наметне и пресмета со религиозната „конкуренција„ (која таа ги нарекува секти и култови) но со поинакви методи.
    Од што да го зачува? Во минатото (минатите векови) никој не се обидувал луѓето да ги претвори во атеисти. Низ вековите Бог праќал разни весници на светлината за да ги доближи луѓето до Него и на Земјата настане едно поправедно и мирољубиво општество - онака како што христијаните молат во молитвата „Оче наш„: „Твоето царство да дојде, твојата волја да се врши...„ но црквата таквите искрени верници (на пр. Богомилите низ Балканот, катарите во Франција, Џордано Бруно и Савонарола во Италија и тн.) ги прогласувала за вештерки и еретици, ги протерувала па дури и ги погубувала во соработка со световните власти. Што зачувала црквата на тој начин? Злото.
    Значи сепак правела зло. Денес им префрла на тнр. секти дека прават зло и дека ги учеле луѓето на заблуди. Можеби... но таа е и денес во истата каша. Одејќи по твојата логика ние можеме да ги оправдаме сите некогашни и денешни злосторници доколку тврделе дека тоа го прават поради повисоки идеали. :(
     
  12. simona-i

    simona-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    30
    Се ежам кога читам грозни работи кои произлегуваат во сектите. Прочитав дека во некоја секта црна ружа мислам дека се викаше ги терале да цицаат своја крв, да истетовираат на петата крст као демек да го газат кога ќе одат, па на крајот од нивните глупости морале да примаат некаква си дрога.. Пред неколку месеци мистерија во Битола беше самоубиството на младо дете средношколец и подоцна се зборуваше дека тоа било под влијание на некоја секта.. ужасно :worried:
     
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Значи, не реков дека црквата не ги погубувала, протерувала, прогласувала за еретици, богомилите, Џордано Бруно, Савонарола итн., сепак таа го правела тоа за кое таа сметала дека е надвор од рамките на христијанството, без разлика дали тоа денес изгледа правилно или не.А и впрочем зошто би ги сметала за правилни оние групи кои се сметале себе си за побожни, а според неа не биле? Како сега да речеме дека некој убиец не е убиец, а за него има докази дека е убиец.Зошто упорно би го тврделе токму спротивното од она правилното? Тогаш би се лажеле себе си, би правеле намерно и свесно зло, значи зборам и општо, не е само црквата таа која е одговорна за се, што е со останатиот дел од човештвото? Дали ден денес има некој со силна вера, за да не отиде во секта? Дали ден денес има некој кој на правилен начин го живее христијанството, не во буквална смисла, но колку толку е придржуван до него начинот на живот? Дали црквата е таа која го тера човекот наоколу да прави зло, да навредува, да уништува туѓи животи? А ако не е, тогаш зошто има луѓе кои одат несвесно натерани во секта? Поради што? Поради проблемите во животот? Животот е тежок, не е лесен, да би бил лесен, не би се мачеле, но тоа не е причина за човек да западне во неволја за да се придружи на секта.Се е до нас и се зависи од нас, нема ништо надвор од нас.Ако човекот има цврст карактер, ништо живо нема да го натера да направи нешто погрешно и несвесно, а што би значело правилен начин на живот.Кога реков го зачувала црквата човештвото од неуштување, пак не било до толку до каде што сега светов е отиден.Денес има луѓе кои веруваат, но има и кои не веруваат во Бог, а поради невербата денес на секаков начин се уништуваме, зарем малку е она што се случува во светов? А како резултат на невербата во нешто, тоа е она што се случува сега, човештвото себе си се уништува, мислејки дека е така правилно, а е всушност погрешно.И после зошто би се потпирале и верувале на разни пророштва од Нострадамус, баба Ванѓа итн.? Зарем тие пророштва ни требаат за да ни ги отворат очите? Зарем е потребно луѓето да одат во секти, кои како што е споменато погоре во постот, да се себе уништуваат? Зошто свесно правиме работи за кои знаеме дека се погрешни? Едноставен пример е навредата, за која знаеме дека може да ја изговориме и дека истата не е со добра намера и дека неможе да биде, ама поради лутина, бес пак ја изговараме со цел да уништиме некого, па макар духовно, а да не зборам тепање.Значи се зависи од нас.Реков, човекот е тој кој има право на избор, кој може да направи разлика дали сектата е нешто добро или лошо, врз основа на оние работи кои говорат за нив.Едноставно е, дури и премногу, само некако животов премногу го правиме сложен.
     
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Примерот не ти е најсоодветен со убиецот. Убиството може да се докаже, верата не може. Кој и кажал на црквата дека таа е во право а богомилите, Бруно и др. дека се кривоверни, еретици? Бог? Според црквата тоа не можел Бог да и го каже затоа што според нејзиното учење(и ден денес) Бог престанал да му се објавува на човештвото преку живи пророци. Богомилите и Савонарола пак велеле дека Бог им говорел и говори директно. Ние можеме во тоа да веруваме или не, но тоа не требало и не треба да биде причина за клевети и физички напади врз оние кои веруваат поинаку.
    И те како е одговорна, затоа што долго време, а делумно и денес токму таа го уживала угледот кај народите. Црквата била таа која се спојувала со државата и преку тоа значително го обележала животот во општеството и историските токови.
    Да, тоа е таа - како институција - само треба побудно и поаналитички да се набљудуваат работите за да се види што стои зад наводната христијанска маска. Не зборам за искрени поединечни црковни верници, туку за црквата како организација која тврди дека Христос ја оснивал а со Христовото учење одвај да има нешто заедничко. Земи ја за пример српската црква преку чие свештенство беше распламтена војната низ Хрватска и Босна, во план била на времето и Македонија. Прочитај или барем разгледај ја книгата од српскиот историчар Томаниќ „Српска црква у рату и ратови у њој„ која убаво ги документира тие работи. Исто ја препорачувам збирката есеи од Лав Николаевич Толстој „Не можам да молчам„ пишувана уште кон крајот на 19. век каде предупредува за опасностите за луѓето кои доаѓаат од црквата и нејзините спротивности со Христовото учење.

    Тоа не е резултат на тоа туку резултат на вековната дејност на институционалните цркви кои наместо да го учат народот на вистински христијански живот кој се одразува во братство, праведност и еднаквост го плашела народот со пеколни маки доколку не и се покорува на нејзината иделогија но и на световната власт преку која народот го држела неук и во сиромаштија.Кога ќе се појавеле вистинските божји пратеници, како на пр. Богомилите на балканот кои проповедале христијанска љубов, мир меѓу народите и еднаквост(вклучувајќи и рамноправност меѓу мажот и жената уште во 10-11 век!), црквата ги прогласувала за еретици(или она што денес „модерно„ се вика секта) и барала од световните власти да ги протерува и убива! Црквата и ден денес за тие злодела се нема покаено и извинето, напротив, сеуште ги клевети како еретици по разните теолошки учебници. Тоа однесување на црквата ниту од денешна ниту од тогашно време не може да се оправда - е тука можеш да кажеш, убиец си е убиец.
    Па можеби не баш на Нострадамус и бабата - јас лично имам скепса конкретно кон тие имиња, но во сите времиња Бог праќал пророци кои имале мисија да ги отворат очите на луѓето, духовно да ги разбудат за да благовремено се одбегне опасноста од духовно, воено, еколошко и тн. уништување а токму црквата била таа која тие божји гласноговорници и опоменувачи се обидувала да ги замолчи и претстави како нешто опасно и лажно(еретици, секти) и поради тоа светот денес за жал е таму каде што е.
     
  15. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Кај баба ми и дедо ми живее една жена припадничка на секта....Е сега до таа секташката живеат луѓе маж и жена од Германија кои што се добри пријатели на баба ми и дедо ми..И една вечер ни идат на гости ние јадевме сладолед цели преплашени луѓето..И дедо ми ги прашва шо се дешава и овеј мажот кажуваше дека кај неа се собрале полно жени и се затвориле внатре и почнале да вриштат..после тоа две по две излегувале голи надвор :worried: :x Кога го слушнав тоа срцето ми застана и знам таа вечер седеа кај баба ми и дедо ми до касно..А женава иначе стално доаѓа кај баба ми и дедо ми и се понаша најнормално.Ќе си купи јајца од фармата и си заминува..Јас честопати кога баба ми ќе ме испрати до продавница поминувам од нејзината куќа и слушам гласови вриштење и сл.Понекогаш страв ме фаќа...Еднаш дојде да купи јајца од кај баба ми и дедо ми и јас со сестра ми седевме надвор мене ме болеше нешто стомакот..И таа си иди си седнува и му вели на баба ми Славица,дај ми једно пиво да попијем..(заборавив да наведам дека женава е србинка)..И ок баба ми и стави да пие пиво и јас само ме стегна стомакот да ме боли уште поќе и реков Аман,Господе Боже нека ми помини овој стомаков неможам покее..кога го реков тоа во истиот момент ме погледна како да сакаше да ме убие,стана и додека одеше во меен се гледаше цело време и самата се чудам како можев тоа да го изустам :x :x ....Сакав да кажам што ми се случи на мене..А најчудно е што женава има многу кучки и мачки и ептен се грижи за нив.Со нив спие,ги носи секој ден на ветеринар,секој ден ги капи,им купува најскапи јадења и сл...Понекогаш од женава страв ме фаќа искрено да си кажам..Кога ќе ја видам само едно здраво и да ме нема,бегам со трчање :talk:
     
  16. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Значи знам мн случаи со тие Црна Ружа нз шо ме фака страв коа ке помислам на тоа..Ама нз како има толку прос народ да се самоубиват и мислат дека (татко ми ми кажуваше он имаше таков другар) ке имаат подобар живот и нз шо..Ама тоа со детето абе да ме отепаат нема да се самобијам..Нз шо и говорат.. аа некое дете си одело по улица и само некој од Црна Ружа му пријделе и му икале ако не се самоубие ке му убијат некој негов близок (една другарка од СК ми збореше)..Значи стварно неможам да верувам..Ке се заканувам на некој др зашо?? БОЖЕЕ ДО КОГА СО ОВИЕ ГЛУПОСТИ??

    Точно !! Заборавив да кажам ама симона го напишала..
     
  17. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.870
    Допаѓања:
    4.586
    Пол:
    Машки
    Жигот на ѕверот

    „Интересни“ и бласфемични глупости за бројот 666, напишани од оние кои го примиле Жигот на Ѕверот но не на раката или на челото, ами уште пострашно - во своето срце.
    Мало појаснување, блогот Хептаграм XI , не е ништо друго туку блог на пагано-сатанска секта, чиј водач во еден период бил и самиот пророк на сатаната, слуга на паднатите ангели Алистер Кроули. Ги молам читателките и читателите на овој форум да се пазат од оваа обмана духовна.
     
    На Witchman и Mama25 им се допаѓа ова.
  18. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Жигот на ѕверот

    Предрасудата никогаш не е сојузник на вистината, а најголемата "обмана" е стравот да се погледне и запознае нешто кое важи за опасно и зло.
    Појаснувања може да дава оној што е упатен и запознаен со тематиката, за жал неможам да го кажам тоа за вас.
    Блогот Хептаграм XI не е никаква секта. Овој блог е информативно средство за Телемата и О.Т.О (Ордо Темпли Ориентис - Ред на Источниот Храм, или Ориентални Темплари).
    Бидејќи сајтов е пред се наменет за понежната половина, повелете линк од истиов овој "опасен" блог, насловен како "За жената, невиноста и новото време", повелете:
    http://heptagramxi.wordpress.com/2011/11/28/за-жената-невиноста-и-новото-време/
     
  19. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.870
    Допаѓања:
    4.586
    Пол:
    Машки
    Жигот на ѕверот

    Е што е Телемата ако не секта и тоа сатанистичка? Кој ја основал? Некој си гнасен пред лицето Божијо сатаниста и општач со паднатите духови Алистер Кроули!
    Го читам овој текстов за жената и се чудам, што и нудите на жената? Да биде курва! Христијанството ѝ нуди да биде мајка, а вие курва! Мајката е света и почитувана дури и од ангелскиот свет, ама курвата е пониска и од паднатите ангели. Очигледно е која ви е целта, да придобиете што повеќе жени во вашиот култ за да имате и повеќе учеснички во вашите бесрамни оргии. Па од вашите блудни дејанија да се роди и некое несреќно детенце кое би му го принеле како жртва на вашиот антибог паднатиот ангел Луцифер!
     
  20. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Жигот на ѕверот

    Очигледно дека се раководиш од стереотипи наместо да го провериш тоа по што плукаш. Христијанството учеше да ги сакате дури и непријателите нели? Јас во твојов пост гледам само омраза и тоа кон нешто кое очигледно не го познаваш. Но со ред:
    Прво. Телемата не е секта, таа е религиозно филозофска матрица, има на блогот објаснување и за неа. Секта според прифатените дефиниции е религиозна група која се одвоила од веќе постоечка поголема група. Што значи дека во таа дефиниција повеќе се вклопува христијанството отколку О.Т.О.
    Второ. О.Т.О не го основал Кроули, редот влече корени далеку пред Кроули и да слушне за него. Негов основач е Карл Келнер, Кроули подоцна станува негов водач.
    Трето. Телемата како филозофија и религија нема цел да направи никого тоа што не е. Целта на секој Телемит е да ја открие својата вистинска - чиста Волја која според Телемата е дел од Божјата и да се раководи според неа. Што значи, ако некој е гнасен, ќе си остане гнасен, ако некој е праведен таков и ќе остане, сите ќе бидат тоа што се, никој нема да биде воздигнат или понижен.(Liber Al vel Legis Поглавје II, 57).
    Четврто. Луцифер е христијански концепт за антибог или негов противник. Во телемата непостои концепт за ѓавол, пекол или гревови. Телемитската претстава е дека нема грев туку последица. Последицата од постапките на секој човек и секоја жена е еквивалент на наградата и казната во религиите како христијанството.
    Во светогледот кој е претставен од телемитски аспект, непостојат непотребни нешта. Телемата е филозофија која ги асимилира, наместо да ги кастрира дуалностите.

    П.С. Пред да постирате нареден пост во кој ќе го оцрните тоа што не го познавате, обидете се првин да го запознаете.
    Љубовта е законот, љубов под Волја!