Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Секти

Дискусија во 'Религија' започната од Wild.Child, 7 март 2010.

  1. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.870
    Допаѓања:
    4.586
    Пол:
    Машки
    Жигот на ѕверот

    Секоја заедница која не е во единство со Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква е секта и ништо друго. Секој кој не го признава Христа за Бог и Човек е слуга на Сатаната. Телематата е некоја си кркамба од еден куп демонски религии и да таа е претеча на религијата на Антихристот. И тој нечестивиот во последните времиња ќе го проповеда истото ова што и вие го проповедате. БУчкуруш од религии соединети во една антицрква, кои му се клањаат на својот господар Антихристот и неговиот шеф Луцифер.
    Една од техниките со кои паднатите ангели ги ловат душите е тврдењето дека демоните и гревот не постојат. Но и тоа како постојат. Грев е секое отстапување од патот Христов, патот кој води кон Царството Небеско, а демони се оние суштества кои му помагаат на човекот да скршни од правиот пат.
    Бог е љубов! (ама чиста и совршена).
    ПС: Одамна Ве читам, не гиржете се.
     
    На Witchman, Ella.313, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.870
    Допаѓања:
    4.586
    Пол:
    Машки
    Жигот на ѕверот

    Значи да нема забуни, во кампот за одвикнување од дрогата се одеше со писмена изјава дека идниот штитеник прифаќа да биде тепан ако направи прекршок, односно ако по влегувањето пак се дрогира. И толку. Патем никој таму со сила не бил држен.
    Нејсе, протојерејот направил нешто и целиот себе си се вложил за да им помогне на своите браќа кои паднале во замките на Сатаната. Многумина успеал и со овој метод да излекува. А, што Вие господо габриелисти правите за вашите(и наши) браќа наркомани?
    Нејсе, Православието не може да биде секта од проста причина што тоа е Црква, со комплетно апостолско преемство и континуитет од Христа, преку апостолите, епископите, па се до ден денешен, но и до Второто славно Христово пришествие. Единствено што знаеме дека ќе остани до крајот на веков е Црквата Христова (т.е. Црквата Православна). А вие несреќни браќа и сестри, кои Бога со една опрелестена г-ѓа го заменивте и вашата организација ќе траат некое време, но подоцна ќе исчезнете како што исченале сите секти и јереси од почетокот на светот и векот.
    Штета што нема емисија и за вас. Можеби некогаш ќе заслужите и такво нешто.
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Жигот на ѕверот

    Во христијанството лагата и клеветата се сметаат за грев, но очигледно дека тебе тоа не ти пречи за да продолжиш со ширење на лаги.
    О.Т.О не е сатанистичка организација, тоа може многу лесно да се провери, како на официјалниот линк на македонски, така и преку многу други линкови, посредни и непосредни извори.
    Но кога сме веќе кај измами, подобро да се занимавате со тој проблем во вашите сопствени редови, наместо да берете гајле и да ширите предрасуди за другите.
    Дали не е измама на пример да се проповеда христијанското учење и за тоа да се наплаќа и да се користи официјален ценовник, кога во библијата се вели следново:

    Матеј 10:8
    Исцелувајте ги болните, воскреснувајте ги мртвите, очистете ги лепрозните, изгонувајте демони; бесплатно добивте, бесплатно давајте.

    Матеј 19:24
    И пак ви велам: „Полесно и е на камилата да помине низ иглени уши, отколку на богатиот да влезе во Божјото Царство.

    Се прашувам како се вклопува мерцедесот на господин, господин Стефан од "скромни" 100 000 евра со овие цитати од евангелијата.....? Или тарифите за венчавки, погреби, кршевки.....лицитирањето позлатени лопати, трговијата со хотели и што уште не?!

    Затоа нареден пат кога ќе предупредуваш некого за измама погледај во својот сопствен двор и види си го лицемерието кое пуштило корени таму!

    Прави што ти е Волја и тоа нека биде целиот закон!
    Љубовта е закон, љубов под Волја!
     
  4. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.870
    Допаѓања:
    4.586
    Пол:
    Машки
    Жигот на ѕверот

    Цитатите од светото евангелие ти се извадени од контекст:
    Матеј 10, се однесува на апостолите и нивната мисија. Комплетниот цитат е следен:
    7 И одејќи, проповедајќи и кажувајќи дека се приближи царството небесно;
    8 болни лекувајте, лепрозни очистувајте, мртви вознесувајте, бесови изгонувајте! Бесплатно добивте, бесплатно давајте!
    9 Не носете во појасите ваши ни злато, ни сребро, ниту бакар,
    10 ни торба за пат, ни двојни алишта, ниту обувки, ниту стап; зашто работникот ја заслужува својата награда!

    Значи убаво си пишува дека работникот(во овој случај апостолот, а инаку епископот, презвитерот или ѓаконот како работници на нивата Господова, си ја заслужуваат својата награда).

    Комплетниот цитат од Матеј 19, оди вака:
    23 А Исус им рече на учениците Свои: “Вистина, ви велам, богат мачно ќе влезе во царството небесно;
    24 и уште ви велам: полесно и е на камилата да мине низ иглени уши, отколку на богатиот да влезе во царството Божјо.”
    25 Кога го чуја тоа учениците, многу се зачудија и рекоа: “Тогаш кој може да се спаси?”
    26 А Исус, кога погледна на нив, им рече: “За луѓето тоа не е можно, но за Бога се е можно.

    Ете видиш за Бога е можно и камила да помини низ иглени уши. (Иако иглени уши не се ши од игла, ами една Иерусалиумска порта, која била пониска и потесна од другите порти).

    Мерцедесот од дедо Стефана излезе дека му е поклон од некој бизнисмен. Патем за дедо Стефана не сакам многу да коментирам, бидејќи тој има власт како епископ, но тоа не значи дека е безгрешен. Важно е она што тој го проповеда да биде безгрешно. А тој како монах нема никаков имот во своја сопственост, туку управува со имотот на Црквата, е сега како управува за тоа ќе даде ответ на Страшниот Суд, пред Господ наш Иисус Христос, а не пред мене и пред слугите на Сатаната.
    Патем требите кои се наплаќаат не се воопшто високи. Ако некој има да плати 300-400 евра за музика, зошто да не може да дари и на Црквата некои си 100 евра. Тие што немаат, верувај ќе најдат во било кој град поп кој би ги венчал/крстил/погребал за бесплатно. Е сега повели и кажи по колку пари донирате вие секој месец за вашата организација?

    Дали вие сте сатанска организација или не сте, убаво си е опишано во гореспоменатата емисија. Ако некој му се клања и почитува други „богови“ (т.е. демони) освен Троединиот Бог, не може да биде ништо друго освен сатанист и слуга на паднатите ангели.

    Ете сами си признавате дека паднат ангел Аиваз, кој седел на левото рамо на Алистера, ви ја диктирал книгата на беззаконието. Свети пророк Мојсеј вистина ја прими книгата на законот, но откако ПОСТЕШЕ и се МОЛЕШЕ, а вашиот Алистер откако во Египет оргијал со Арапите.

    Истото што го праќаш во овие твои линкови беше раскажано и разобличено во емисиите на Православното радио Светигора.
     
    На Witchman, Mama25 и Serafima им се допаѓа ова.
  5. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Жигот на ѕверот

    Значи вистинскиот контекст е дека поповите се богови?! Нели си го болдирал делот што вели дека за луѓето тоа не е можно?! Поповите не се луѓе?! Што се правдаш за тоа како музика била 400 евра, а венчавка "некои и си 100"? Повеќе од јасно е дека твојата вера забранува наплаќање за тоа, зошто ги испревртел Исус тезгите кога влегол во храмот? Затоа што музиката била прескапа?
    Како може да е разобличено, кога тие знаат само тоа што им е дозволено да го знаат?
    Јас веќе објаснив дека во Телемата концепт за ѓавол и паднати ангели НЕПОСТОИ! Еве поопширно објаснување.
    Евреинот Исус сам се качи на крстот за да ја проговори вечната тајна затоа и татко му го напушти и умре сам на крстот.
    Зарем исус не викна Татко зошто ме напушти? Оти не направи како што треба со својата магика отпадна, стана Црн, како и денешните епископи и монаси кои живеат по пештери како животни.

    Еве неколку линкови на кои се побиени обвинувањата и лагите за Кроули: http://ac2012.com/2011/12/20/aleister-c ... hs-busted/ http://speechinthesilence.com/

    П.С. Наместо вака да се тегавиме и „навредуваме“ заради нашите различни животни философии и пракси, би требало да градиме единство и братство.
    Размисли за тоа дека секој е различен и потребен на Земјата.
    Немаме потреба ние да бидеме христијани, ниту пак вие телемити кај кои срцето и духот го избрале тоа...

    Љубовта е закон, Љубов под Волја!
     
  6. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.870
    Допаѓања:
    4.586
    Пол:
    Машки
    Жигот на ѕверот

    Значи навистина не разбираш, не сакаш да разбереш или твојот господар ти ги затворил очите за ова да не го разбереш? Значи неможно е за луѓето да протнат камила низ иглени уши, но за Бога тоа не е никаков проблем. Нашите храмови не се стоковни куќи, во времето на Христа Господа, храмот во Иерусалиум се претворал во стоковна куќа и поради тоа се разгневил Христос со гнев праведен.
    Нормално дека во Телемата нема да постојат ѓаволи и паднати ангели, па и ѓаволот не е будала да излези пред тебе и со сета своја грдосија да ти речи здраво јас сум паднат ангел. Не бре душко, тој ќе се претвори во светол ангел и така ќе те превари.
    Христос има две волји човечка и Божија, човечката волја е онаа која се плаши и повикува: „Елои, Елои ламах савахтани!“. Ако Бог Отецот Го оставеше и напуштеше Својот возљубен Син, тогаш тоа во Својата Премудрост ќе Го знаеше, па немаше неколку пати во Светото Евангелие Бог Отецот да посведочи: „Овој е Мојот возљубен Син, на кого е Мојата волја, Него послушајте Го!“, дури Христос немаше ни да воскресне!
    Христос не е чародеец, ами Богочовек Кој дојде да го спаси светот! Да сакаше да не оди на крстот ќе си повикаше легион светли ангели и ќе ги победеше сите римски легии (и еврејски фарисеи, садукеи и книжници). Монасите живеат по пештерите како би се одделиле од сѐ она што ги дели од Бога и да измолат од Него повторно сите да бидат едно. (И со самото тоа што Го нарекуваш Христос оставен и Црн, ти си антихрист и слуга на паднатите ангели.)
    Единство и братство јас ниту градам, ниту да даде Бог да градам со оние кои се сатанисти, пагани и богомрсци! Да не даде Бог со нив ни леб да јадам, па камо ли нешто друго повеќе.
     
    На Witchman и Mama25 им се допаѓа ова.
  7. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Жигот на ѕверот

    Не сум јас тој што не разбира, ниту тој што има господар туку ти. Ова што го кажа и што го болдирав е класично вадење на нештата од контекст. Цитатот многу јасно вели дека полесно камила ќе помине низ иглини уши отколку богат во царството небесно! Што значи, според христијанството, оние што се стремат кон материјални добра се на погрешен пат. Поповите и црквата итекако го прават тоа! Имаат тарифи, наплаќаат, возат луксузни возила, тргуваат со хотели....и што уште не! И ти знаејќи го ова, се трудиш да го оправдаш тоа, притоа обвинувајќи не нас за измами?! Има ли крај на вашето лицемерие?
    Вашите храмови итекако наликуваат на стоковни куќи. Јас лично имам купено два пентаграми на тезга во еден манастир, а тезги имаше колку сакаш. Тоа е секојдневие на секој верски празник пред повеќето манастири и цркви.
    Вашиот (христијански) концепт за бог е семоќно и сезнајно битие. Тоа значи дека со својата сезнајност знае, знаел и ќе ги знае сите можни исходи, а со својата семоќ можел, може и ќе може да ги смени истите! Што доведува до прашањето, што не носи до апсурдот за потребата да интервенира, поправа, суди и да наградува. Ако причина за сето зло е ѓаволот, тогаш зошто го создавал? Ако се што создал бог е во согласност со неговата волја, тогаш која е потребата од казни и награди?
    Ти како христијанин, треба да бидеш понизен и беден по дух! А не да шириш омраза кон религиите кои се различни од твојата! Тоа што се очекува од тебе е да го свртиш и другиот образ! А не да плукаш по образот на останатите! Што значи ако по делата треба да ве познаеме, познаваме нешто кое е труло и кое паднало на тестот на времето. Затоа сте "Црни Браќа", затоа што вас ве води страста за резултат, вашата Волја е загадена од целта - по секоја цена да го добиете ветениот рај!

    Љубовта е закон, љубов под Волја!
     
  8. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.870
    Допаѓања:
    4.586
    Пол:
    Машки
    Жигот на ѕверот

    И поповите и владиците и јас и ти и сите луѓе ќе застанеме на Страшниот Суд и Христос ќе ни суди. Кому за живот вечен во Царството Небеско, кому за вечна смрт во геенското езеро.
    За тарифите Христос кажува во Матеј 10,10, ама ти не ми кажа по колку му носите на вашите сектоначалници? Плаќате десеток?
    Човече, ти пентаграмите ги купи од црквата манастирска или од панаѓурот околу манастир? Попот не може да ги протерува луѓето кои продаваат надвор од дворот манастирски. Па дури и да се внатре зошто би ги протерал? Откако вие со масоните завладеавте со целиот свет го запустивте народот. Црквата не е ко вас иако сакате таква да ја прикажете, паим дозволува на сиромасите да питаат во нејзините дворови, па и да им дозволи да продаваат во дворовите не е некој грев. Ако е од љубов кон ближниот. Се знае кое е местото за молитва, тоа е храмот. А во храмот трговци нема.
    Нашиот Бог е семоќен, сезнаен и сељубовен. Тој од љубов кон нас ни дал слободна волја, која ќе може да ја искористиме и да одиме по Неговиот пат и патот на Црквата кој води кон Царството Небеско, или пак да го прекинеме тој пат и како вас да тргнеме по патот кој не разделува од Бога и нѐ води во погибелта. Бог не го создал злото, ами злото настанало од гордоста и желбата на Луцифер да биде ист или поголем од самиот Бог. Бог не нѐ казнува, ами сами се казнуваме. Зарем има поголема казна од тоа да се противиш на волјата на нашиот Творец и Отец? Нашиот Господар ги сотвори Небото и Земјата и сѐ видливо и невидливо, ама вашиот создаде само неслога и раздори и отстапништво од Бога.
    Ако мене ме навредуваш и ме понижуваш јас сум должен да ти го свртам и другиот образ, ама кога Го навредуваш мојот Спасител е тогаш ако не ти го возвратам ударот ќе бидам виновник и неблагодарник!
    Што е труло и што е паднато? Па Црквата ќе го добие Царството Небеско, нема сатанските организации! И сам Христос нѐ поучува, барајте го Царството Небеско и сѐ друго ќе ви се додаде.
     
    На Witchman и Mama25 им се допаѓа ова.
  9. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Жигот на ѕверот

    Апсурдно е креаторот да ја префрла вината на креацијата, посебно во ситуација кога креаторот се смета за семоќен и сезнаен. Замисли ти да купиш мобилен телефон кој не работи како што произведителот имал намера да работи. Ако ти одиш да се пожалиш дека производот (креацијата) не се однесува како што треба, дали ќе биде праведно производителот кривицата да ја префрли на производот, и да рече дека за тоа е виновен телефонот? Како ти ќе реагираш на тоа?
    Што се однесува до цитатот во евангелието на Матеј 10:10 - "ниту торба за пат, ни две облеки, ни обувки, ни стап, зашто работникот ја заслужува својата прехрана" Зарем тоа "заслужува", не се однесува на:
    8 Исцелувајте ги болните, воскреснувајте ги мртвите, очистете ги лепрозните, изгонувајте демони; бесплатно добивте, бесплатно давајте.

    Кој болен исцелиле поповите? Кој мртовец воскреснале?! Кој лепропзен излечиле и кој демон изгониле?! На кој начин заслужиле да имаат мерцедеси, хотели и слично?! Очигледно дека пораката е - ако некој ви даде милостина, сте заслужиле, ако не, важи - предходно кажаното - бесплатно добивте, бесплатно давајте! И навистина незнам каква поврзаност виде во ова со членарината во О.Т.О?! Таа не е никаква тајна, јавно е кажано колку изнесува: http://www.oto-mk.net/?p=39
    Просторот на кој беа поставени тезгите е во сопственост на манастирот и невозможно е да биде користен без негова дозвола! Тоа дека монасите или поповите неможеле да го спречат тоа, се прикаски за мали деца, на друг да ги кажуваш.
    Најлесно е за се да обвиниш некој друг нели? За се што нечини во светот се криви масоните и илуминатите, колку пригодно!
    Ако е семоќен и сезнаен, која е поентата да покажува гнев? Да казнува? Да наградува? Да суди? Сезнаен е! Семоќен е! Тие два епитети значат дека го знаел секој можен исход и имал моќ да го смени!
    Каква е таа слободна Волја ако е условена со вечни маки?! Зарем има поголема казна, да му служиш на стравот и да одбиеш да го согледаш ова?
    Немам друг избор освен да заклучам дека си непоправлив лицемер, штом и покрај безброј пати повтореното од моја страна, дека во Телемата непостои концепт за ѓавол, повторно вашето "плашило", наречено сатана, го претставуваш како дел од телемитската теологија.
    Поради тоа, дискусијата со тебе завршува овде. Немам против да дискутирам со разумни луѓе, но ти не си еден од нив.

    Љубовта е закон, љубов под Волја!
     
  10. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.870
    Допаѓања:
    4.586
    Пол:
    Машки
    Жигот на ѕверот

    Човече, ти не можеш да сфатиш дека Бог ни дал невидена слобода. Поради тоа Неговата љубов е совршена. Уште повеќе, ако Христос се раководеше по вашиот ум и начин на резонирање Тој ќе останеше овде на Земјата и ќе не` примораше сите нас да мораме да веруваме во Него. Но, не, Тој од голема љубов се вознесе за да бидат блажени тие што не Го виделе, а поверувале.
    Бог е љубов, но истовремено е и праведен. Тој исто како и секој родител ги кара Своите деца, но за нивно добро. Пазете, огнот вечен ќе го добијат сите оние кои не го љубат Бога и не го творат законот Негов, но што претставува тој оган вечни? Тоа е отсуство на Бога. Геенското езеро е ослободено од присуството на Бога. Ја гледаш љубовта Божија кон Своето создание? Тој не сака да го пороби, како што производителот сака да го пороби мобилниот телефон, ами му дава можност да работи како што сака. Е тоа е љубов, а не антиљубовта која вашата сатанска организација ја проповеда.
    Јас цело време пишувам за слободата, да можеш да одиш во рајот и слободата да одиш во геена. Наше е да одлучиме што ни е помило, заедницата со Бога или отсутноста на Бога.
    Да беше Бог толку гневлив како што сакаш да го прикажиш, одамна ќе ве снемаше од лицето на земјата, ќе ги вратеше во небитие и паднатите ангели, но видиш Тој поради Својата вјечна милост ни дарува бесмртност и на душите, но по општото Воскресение и на телата.

    За наплатата, да плаќавме парохијал само ние верниците, верувај Црквата повеќе пари ќе имаше.

    Блажени јесте јегда поносјат вам, и изженут, и рекут всјак зол глагол на ви лажушче мене ради.
    Блажени сте, кога ќе ве срамат и прогонат и кога ќе говорат против вас секакви лоши зборови лажно - заради Мене! (Матеј 5,11)

    Христос вистинскиот Бог наш, по молитвите на Пресвета Богородица на чесните сили бестелесни, архистратигот Михаил и светите ратници Димитрија и Георгија да ти подари сили да се покаеш, па и ти да напишеш една ваква исповед:
    http://www.pouke.org/news.php?cid=0&id=9153&do=view
     
    На Witchman, hermosa и Serafima им се допаѓа ова.
  11. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Жигот на ѕверот

    Почитуван falconseeker (прости што веднаш ќе преминам на ти, да не персирам),

    Ќе започнам само од еден цитат на вашата страна, што навистина мене ми донесе немир, но и одговор на едно твое барање.

    “Прави што ти е волја и тоа нека биде цел закон. -AL I.40
    “Ти немаш право освен да дејствуваш по својата волја. Прави го тоа и никој нема да ти каже не.” – AL I.42-43
    “Секој маж и секоја жена е ѕвезда.” -AL I.3

    1. Човекот има право да живее по својот сопствен закон-
    да живее на начин како му е по волја:
    да работи по својата волја;
    да се забавува по својата волја;
    да се одмара како му е волја;
    да умре кога и како му е волја.

    2.Човекот има право да јаде што му е волја;
    да пие што му е волја;
    да престојува каде му е волја;
    да се движи по површината на земјата по својата волја.

    3. Човекот има право да мисли по своја волја;
    да зборува што му е волја;
    да пишува што му е волја;
    да црта, слика, резбари, гравира, кова, гради по своја волја;
    да се облекува како му е волја

    4.Човекот има право да љуби како сака –
    задоволете се во љубовта како сакате, кога и со кого ви е по волја. Al I.51

    5.Човекот има право да ги убие оние кои му ги ограничуваат овие права.

    “Робовите ќе служат” -AL I.58
    “Љубовта е закон, љубов под волја”. -AL I.57

    Значи, навистина мене сега воопшто не ми е јасно, какво единство би граделе. Какво братство....!
    Навистина, јас или било кој друг не можеме да ја забраниме волјата на тебе или некој друг, но мене само ме ужаснува фактот до каде може да отиде човечката волја.
    Да се навратиме на православието.
    Дали ти некаде си го сретнал тоа?
    Дали ние смееме да убиеме? Да ја одземеме душата на ближниот?
    Не!
    Тука е каменот каде се кршат копјата.
    Веднаш се прави паралела на вашата вистина и искреност.
    Дека вие во секој миг, можете да убиете, без грижа на совест.
    Ова мислам е кулминација и врв на се. Ова докажува се.

    Морам да поправам. Само да знаеш колку чуда се случуваат.
    Само да знаеш на колку сум била сведок дека постојат... Немаш поим.
    И да, навистина од отец кој живее во светот, кој има кола, кој има куќа, жена, деца...
    Кој со својата искрена молитва упатена кон Бог, излечи жена која лежеше неподвижна во постела, на која лекарите и рекоа дека нема живот и ја однесоа дома, очекувајќи го секој миг на смрт; кој отец (зборувам за друг), изгонува демони дури и од муслиманска вероисповед; кој отец навистина воскреснал мртовец...
    Само заклучокот е следен.
    Дека ние луѓето го бараме да го видеме она што ние го правиме. Да ја оправдаме нашата направена грешка и потоа да ја префрлиме вината на ближниот. Ако ние сме добродетелни ќе го бараме доброто во другите, но не е така, нажалост.

    Погрешно си разбрал. Ние не му служиме на стравот и не одбиваме да да ја согледаме вистината.
    Суштината на стравот Божји е љубовта.
    Љубовта која се плаши да го повреди љубениот.
    Љубовта која не го сака тоа и попрво би се жртвувала за него, отколку тој да пати.
    Тоа е исто како земната и природна љубов помеѓу таткото, мајката и детето.
    Како детето се плаши од родителот?! Кога тоа знае дека го сакаат и двајцата, а тоа сепак чувствува страв, почит, најмногу љубов кон своите родители и не прави лошо само за да не ги повреди.
    Па тогаш како може Бог да го повреди своето создание. Бог го сака и сака да се спаси секој. Затоа во еден миг од животот, макар и краток му одзема се што има, но сепак во него е само слободната волја и љубовта, која останува во него и која не може да се одземе. Тогаш се покажува човекот, колку го љуби Бог и навистина каква е неговата слободна волја. Зашто само на тој начин кога навистина човек останува сам со себе, тогаш ја сфаќа суштината на животот. Дека нешто недостига, дека недостига љубовта кон Бог.

    Што се однесува до вечните маки.
    Тука не е виновен Бог, туку ние. Ние сме тие кои сме одлучиле што сакаме во животот.
    Па се поставува прашањето:
    - Како да не сака Бог кога ние го убиваме нашиот ближен? Зарем не го заслужуваме тоа?
    Затоа и Бог не може да смени ништо, иако го знае тој исход. Зашто човекот има слободна волја, која му е дадена од Бог.
    Но овде постојат и многу други нешта кои допридонесуваат за разбирање, а некогаш и за конфузност на некои.
    Последица на гревот е смртта.

    И ова многу ме заинтересира.
    Би ти предложила нешто.
    Иако не веруваш, би те советувала да искусиш и сам да видиш, па да дикутираме. Зашто додека не видиш, не можеш да знаеш.
    Земи на себе строг пост, замини на некое мирно место (или не мора, дома, само никој да не те вознемирува) каде никој нема да те вознемирува и моли се. Значи, иако не веруваш (ова особено го потенцирам), сепак направи го тоа.
    Потоа ќе разговараме (лично или овде), дали постојат демоните!!!
     
    На slavica999 и Orthophill им се допаѓа ова.
  12. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Жигот на ѕверот

    Тотално си ја утнала поентата на текстот кој си го цитирала. Единствен случај во кој Телемитот може да убие, е кога ќе биде загрозен, нападнат и слично - кога правата наведени во Liber Oz ќе му бидат ускратени, кога некој ќе му застане на патот на неговата вистинска Волја.
    Тоа го има и во речиси секој закон во светот. Тоа е едно од основните човечки права - право на самоодбрана и право на живот. Сите револуции и востанија кој сега државата ги слави како национални празници, се токму тоа!
    Прави што ти е Волја, не значи прави што сакаш! Чистата вистинска Волја според Телемата е дел од Божјата и таа никогаш не е во конфликт со чистата Волја на останатите. Ако секој ја следи својата вистинска Волја, нема да има конфликти. Проблемите настануваат кога таа се меша со желбите, страстите, очекувањата и стремежите:

    Liber Al vel Legis
    Поглавје I
    Поопширно е објаснето во LIBER II
    Ваквите предрасуди кој ги имаат луѓето се причина за безбројните демонизирањa и осуда кон Телемитите.
    Јас затоа уште во првот пост замолив првин да се запознае тоа по што се плука и се суди, но очигледно дека полесно било само да се каже било што.

    Љубовта е закон, љубов под Волја!
     
  13. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Жигот на ѕверот

    ^Во ред.
    Да речеме дека не сум разбрала што сакаш да кажеш и која е вистинската поента.

    Сега љубезно би те замолила да кажеш. Бидејќи еве јас пример, не разбирам и не сфаќам која е твојата цел во организацијата.
    Што сакаш всушност да постигнеш? Што барате и не можете да најдете, па го пронајдовте таму?
    Објасни ми ги тогаш сите тие нејасни 5 точки на Liber Oz, кои се многу „тешки’’ за разбирање?
    Зашто сепак не можам да се ставам на твое ниво на разбирање на нештава, кога добро ги знаеш.
    Биди љубезен, објасни ми.
    Да се разбереме еднаш, за да не тропам тогаш колку да се каже било што :^) .

    Особено ова!
     
  14. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Жигот на ѕверот

    Целта на секој телемит е да ја пронајде својата чиста - вистинска Волја. Тоа веќе го кажав и го посочив Liber II како подетален извор. Еве потсетување:

    Мојата цел на овој форум е да реагирам на невистините кој беа кажани за О.Т.О.
    Редот беше посочен како сатанистичка секта, и му беа припишани некој сегменти од христијанската теологија. Поточно беше речено дека паднатиот ангел Луцифер е централна фигура во обожавањето на Телемитите. Тоа е дрска лага, која нема ништо заедничко со вистината. Ако ги погледнеш моите предходни постови ќе видиш колку пати тоа го негирав, нагласувајќи дека во Телемата непостои концепт за ѓавол, ниту за грев, туку причина и последица:
    http://heptagramxi.wordpress.com/2011/1 ... %82%D0%B0/

    За Liber Oz незнам што не ти е јасно. Таму се посочени правата на секој човек, и според телемитското стојалиште, телемитот има право да ги убие оние што ќе му ги ускратат - ќе му застанат на патот на неговата вистинска - чиста Волја.

    Љубовта е закон, љубов под Волја!
     
  15. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.631
    Допаѓања:
    9.091
    Пол:
    Женски
    Жигот на ѕверот

    ОК,и јас видов убаво си објаснил,до тука се е јасно.
    Не си запрашал зошто тоа се поврзува со Луцифер :^) ?Или ти дотичната -ѓаволот не го сфаќаш сериозно?
    Значи,да се разбереме,не сакам да ти ги оспорам правата,но замките и лажните учења на овој свет се премногу.
    Гревот постои,затоа има и последици!
    Луци е многу лукава,пази се од неа :x
     
  16. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Жигот на ѕверот

    Нема да шпекулирам зошто некој прави такви обиди да го прикаже редот и Телемата во такво светло.
    Никој не тера никого да верува или прави било што, но никој не е ни должен да биде деградиран и оцрнуван поради нечии фрустрации, незнаење или едноставно - злонамерност.
    Ако за вас постои грев, тогаш тоа е ваше, никој не ви брани да верувате во тоа. Ние велиме дека нема такво нешто. Единствениот грев е ограничувањето:

    Liber Al vel Legis
    Поглавје I
    41. Зборот на Гревот е Ограничување. О мажу! Не одбивај ја твојата жена, ако и е волја! О Љубовнику, ако ти е волја, напушти! Не постои врска што ќе ги соедини разделените освен љубовта: се друго е проклетство.

    Љубовта е закон, љубов под Волја!
     
  17. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Жигот на ѕверот

    Вие се залагате за откривање на вашата Телема ( Волја).
    Во која смисла?

    На некој тоа ќе биде преку преубава храна, пиење на пенливи вина, .... а на сите преку полово општење, задоволување на своите страсти со сите што посакува. Нели и тоа е навдено дека можете да бидете со кого сакате, кога сакате и како сакате, па тоа воопшто не е забрането, туку напротив оправдано. Што всушност на тој начин вие преку жената, како преку небесна капија, доаѓате во највисоките духовни сфери кои се необјасниви, фасцинантни, спиритуални... На тој начин се отвораат вашите енергетски центри (чакри), при што ја примате таа енергија преку половиот чин. Односно, го достигнувате врвот, преминувањето преку Бездната и преминувањето во Божественото.
    Зашто преку половото општење (помогнато со било што друго, храна, алкохол, дрога, )на некој му е дадено да го доживее она што никогаш и на никаков друг начин нема да го доживее.

    Е сега вака.
    Пример, сестрата моја е во вашата организација. Пример ти си со неа и само со неа ти ја откриваш својата Телема. А јас како православна христијанка, која се тоа го побива и која сака да ја заштити својата сестра од грев, правам се за да ја оттргнам. Не го прифаќам блудот, не сакам да блудничи; не ги прифаќам дрогирањата, не сакам да се дрогира и да си го уништи животот; не сакам да се пијани... со еден збор не сакам да живее неморален живот и најмногу да не си става гревови на душата.
    Значи.
    Од ова ти си најмногу загрозен. Јас од петни жили се ќе правам за да ја оттргам од таму, а твојата Телема е загрозена од мене.
    Тоа сепак значи дека сум на мета за убивство!!!

    И всушност тоа е она што беше наведено во Liber Oz, да се убие секој кој ја загрозува или ја ускратува неговата - чиста Волја.
    Мислам дека сепак не се работи само за самоодбрана при физички напад, туку при духовен напад на твојата/неговата/нечија Телема.
    Сепак се работи за убивство :x . А убивството мислам дека многу кажува кога е дозволено.
    Прости што ќе бидам можеби директна и груба, но искрена. Зашто за да убиеш човек, ти или некој друг, треба да дојдеш до највисокиот врв на бесчувствителност, омраза... но не би рекла и љубов.
    Зашто љубовта простува и се жртвува, но не убива.
    И затоа ќе се навратам само на Господ Исус Христос и тука ќе направам паралела.
    Ако Тој сакаше, сите ќе ги убиеше за да се спаси од крстот. И немаше да викне луѓе, туку ангели, но Тој што направи?
    Кога го распнаа само рече: Господи прости им, не знаат што прават.
    Тоа е разликата меѓу вас и нас.
    Вистинската и чиста љубов.
    Онаа што се жртвува за ближниот и не го поштедува својот живот, а не пак да убие.

    Што се однесува до постоењето или не постоењето на мрачните сили, демони, ќе го повторам истото.
    Се додека не вкусиш на своја кожа, нема да знаеш. Но сепак, ти си имаш слободна волја да одлучиш во што ќе веруваш.

    Мислам дека доволно кажав и не дискутирам повеќе.
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Жигот на ѕверот

    Погрешно! Нема јас зошто да те сметам тебе за мета, доколку ЛИЧНО МЕНЕ не ми забраниш или ускратиш. Во цитатот што погоре го постирав од книгата на законот многу јасно се вели следново:
    Liber Al vel Legis
    Поглавје I
    41. Зборот на Гревот е Ограничување. О мажу! Не одбивај ја твојата жена, ако и е волја! О Љубовнику, ако ти е волја, напушти! Не постои врска што ќе ги соедини разделените освен љубовта: се друго е проклетство.
    Што значи ако таа потклекне на желбите и барањата на останатите, никој нема со сила да ја тера да направи било што, но таа ќе биде онаа која ќе ја потисне својата вистинска Волја и поради тоа ќе страда. Исто така, ако таа е личност која толку лесно потклекнува на туѓи влијанија, значи не е личност со која јас би ја открил својата вистинска Волја. Види што вели - Liber Al I 41.
    Пропагирањето на било која крајност, секогаш води кон слепа улица. Целта е рамнотежата, еквилибриумот, а не одење во онаа крајност, која изгледа примамливо или совршено.
    Како што никој неможе да се радува наместо тебе, така никој неможе ни да ги превземе на себе твоите страдања и искушенија. Можеби звучи благородно, но сепак е крајност, која неизбежно ќе донесе страдање.
    За каква Љубов се зборува и се мисли во Телемата, ќе се обидам да доловам со следниов цитат од

    Liber ll:
    Исто така, овој пост објаснува доста за природата на Љубовта - http://heptagramxi.wordpress.com/2012/0 ... E%D0%B2-6/

    Јас не сум тука за да убедувам било кого дали и што постои. Реагирам само на некои очигледни предрасуди и стереотипи. Целта ми е да ја изнесам вистината за Телемата, дали некому ќе се допаѓа или не, воопшто не ме засега тоа.

    Liber Al
    Поглавје lll
    42. Успех е твојот доказ: не расправај; не преобратувај; не зборувај премногу!

    Љубовта е закон, љубов под Волја!
     
  19. drive-me-wild

    drive-me-wild Активен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    сектите не се оние кои што своите припадници ги принудуваат на самоубиства и сл.. тие имаат поинакво мислење и учење според кое се водат(поинакво на пример од христијанството и исламот), но култовите се оние страшните .. како црна ружа, кои тераат на жртви и такви глупости. сектите не се толку страшни .. тие имаат поинакво мислење .. иако и овде има некои такви забегани . сепак .. овие имаат поинакво мислење и се нормални и здрави луѓе.. додека припадниците на култовите се болни . и најчесто се некои луѓе со психички проблем или пак имаат некои проблеми, стресови и сомнежи .. чии решенија и одговори ги наоѓаат во овие култови
     
  20. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Господ ми го даде животот, и тој само може да ми го зеде!!!
    Инаку, во врска со темата, ете такви ни ја растурија нашата фамилија! Јеховини сведоци, срам да им е, имаат и смелост после сето тоа да контактираат со нас.
    Сум слушнала дека и сектата Црна Ружа ги убедуваат младите да се самоубиваат, еве во Богданци само се беси млад народ.
    И мене ме фака од време на време страв ама тоа е ..